Канцеларијата на државниот обвинител во Барселона соопшти дека ќе бара повеќе од осум години затвор за затајување данок за колумбиската ѕвезда Шакира, која го отфрли договорот за признавање вина.
Во обвинението до кое дојде АФП, обвинителството посочува дека од пејачката, која е обвинета дека од 2012 до 2014 година затаила 14,5 милиони евра од шпанските даночни власти, ќе бараат речиси 24 милиони евра. Адвокатите на Шакира тврдат дека пејачката во тој период не живеела во Шпанија.
Судот сега треба да одлучи дали и кога ќе поднесе обвинителен акт.
Колумбиската пејачка, која продаде повеќе од 80 милиони дискови ширум светот, секогаш ги исполнувала сите даночни обврски“, објавија во средата нејзините адвокати.
Пејачката е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата“, се вели во соопштението.
Условите на предложената спогодба не се откриени.
45-годишната пејачка, која многумина ја нарекуваат „кралица на латино-музиката“, тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике, играч на фудбалскиот клуб Барселона. Двојката има две деца, но неодамна веќе не живеат заедно.
Пејачката вели дека, иако нејзиниот адвокатски тим не се согласувал за наводниот долг, таа платила 17,2 милиони евра кои шпанската даночна служба тврдела дека ги должи. Според неа, со години нема неподмирен долг кон даночните власти, а убедена е дека ќе победи на суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.