Сексот во авион е една од најчестите секси фантазии, на коишто не се имуни ниту најголемите ѕвезди од џет-сетот.

Голем број славни личности и јавно зборуваа за моментите кога дозволиле да ги понесат страстите додека летале во авион.

Кристина Агилера

Кристина Агилера (46) во еден поткаст отворено говореше за своите сексуални искуства и призна дека имала секс и во авион.

Пејачката која од 2014 година е свршена за Метју Рутлер, призна дека тие двајца повеќепати имале секс во авион.

Сексот во авион може да биде забавен. Дефинитвно скривме некои работи под ќебињата кога седиштата беа доволно големи. Не ми се верува дека не нѐ фатиле во голем број ситуации. Фала му на Бога“, вели Агилера.

Миранда Кер

Поранешниот модел на „Викторијас сикрет“ отворено призна дека имала сексуално задоволство додека патувала со авион. Како што вели, имала секс со партнер, но уживала и во мастурбирањето.

Да кажеме вака: сум имала оргазам додека сум летала. И сама и со некој друг“, вели Кер.

Кара Делевињ

Манекенката Кара Делевињ призна дека имала секс во авион повеќепати, а дека дури еднаш тоа го правела додека друг маж ја гледал.

Сум имала повеќепати секс во авион. Но, секогаш ме фаќале. Многу е тешко да не те фатат.  Имав секс на седиште во авионот и имаше еден маж што нè гледаше. Дури и се пожаливме кај стјуардесата дека човекот постојано гледа во нас, и ја замоливме да му каже да се сврти“, раскажа Кара.

Ким Кардашијан

Во една прилика додека одговараше на прашања од обожаватели, Ким Кардашијан призна дека имала секс во авион.

Таа не откри со кого имала секс на небото, но призна дека научила нешто од нејзината мајка.

Бевме во приватен авион. Не бевме во патнички авион и тоа беше меѓународен, ноќен лет, кога немаше никој друг околу нас“, раскажа Ким.

Крис и Кејтлин Џенер

Крис и Кејтлин Џенер, која во минатото беше позната како маж под името Брус, беа во брак повеќе од 15 години.

Крис во една прилика призна дека мигот во кој се чувствувала најзасрамено е кога ги фатиле како имаат секс во авионот.

Моментот во којшто сум се почувствувала најзасрамено е кога летавме заедно со Кејтлин во патнички авион во прва класа. Имавме секс во тоалетот и мислевме дека се извлековме, затоа што кога излеговме никој не ни рече ништо“, изјави таа и појасни дека откако слетале сфатиле дека биле фатени на дело и сите ја знаеле нивната тајна.

Криси Тајген и Џон Леџенд

Во една прилика Криси откри дека таа и Џон биле на пат да ги посетат нејзините родители во Тајланд и летале со патнички авион во прва класа.

Бевме под ќебе. Чувствувам дека треба да ни дадат трофеј за тоа“, раскажа Криси.

Ралф Фајнс

Во 2007 година една стјуардеса призна дека имала секс со актерот Ралф Фајнс во тоалет, додека летале од Дарвин до Бомбај.

Стјуардесата прво не признаваше, а потоа потврди дека имале секс во тоалетот, но стравувала дека може да го загуби работното место.

Знам дека некои луѓе мислат дека е одвратно. Не се гордеам за тоа што го направив. Но, не жалам за тоа. Ралф е прекрасен и хемијата меѓу нас беше прекрасна. Која жена не би сакала да води љубов со него?“, вели таа.

Џенет Џексон

Џенет Џексон во една прилика откри дека имала секс во авион додека околу неа имало други патници. На прашањето дали била во тоалет или некаде каде што никој нема да ги види, пејачката одговори:

Не, тоа е она поради што целото искуство беше полошо – имавме секс на моето седиште!“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.