Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа вчера на Флорида, а првите фотографии од младенците ќе бидат објавени во магазинот „Вог“.

Церемонијата се одржа на имотот на таткото на Никол, Нелсон во Палм Бич, чија вредност е 103 милиони долари.

Пелц двапати одлета во Рим за да проба венчаница, изработена од брендот Валентино.

На венчавката присуствуваа многу познати имиња, а некои од нив беа Серена Вилијамс, Гордон Ремзи, Ева Лонгорија, Марк Ентони, Мел Би, Том Брејди… Бруклин и Никола се одлучија за еврејска венчавка бидејќи невестата е со еврејско потекло.

Дедото на Бруклин од страна на таткото исто така бил Евреин. Младенците танцуваа на песната „Only Fools Rush In“ од легендарниот Елвис Присли.

Бруклин Бекам ќе го земе презимето на својата свршеница Никол Пелц како средно име за да ја покаже својата посветеност кон неа, пренесе „Дејли мејл“.

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам има 23 години, а неговата избраничка е четири години постара.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.