Пејачот Саша Ковачевиќ откри дека конечно ќе заплови во брачните води со неговата долгогодишна девојка Зорана Тасовац, која е всушност поранешна сопруга на Богдан Срејовиќ, кој стана познат по врската со Цеца Ражнатовиќ. Во интервју за „Хит Информер“, Ковачевиќ раскажа дека подготовките за венчавката веќе се во тек. Спомена дека свадбената церемонија нема да се случи во Србија, туку на егзотична дестинација.
Ковачевиќ откри и дека дека е многу близок со ќерката на Зорана и Богдан, малата Искра која му се обраќа со папи, иако е многу блиска и со татко си. Богдан и Зорана и по разводот имаат одлични односи, и тоа најмногу заради нивната ќерка. Тие кратко време беа во брак, па откако нивната љубов се „потрошила“, и двајцата одлучиле дека е најдобро да се разделат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.