Писателката и главна критичарка на општествениот живот во регионот, Ведрана Рудан, на својот блог ја коментираше веста која го шокираше регионот, дека Здравко Мамиќ се жени со 30 години помладата Јелена.

Многу ме израдува веста дека нашиот народен херој повторно се заљуби. Девојката е триесет години помлада од него. Нека пати оној кому му смета. Мене не ми пречи, но… Не е фер. Кога по третпат се омажив за шеснаесет години помлад човек, Хрватска стана на нозе. Сите се чудеа како „бабата“, која со едната нога е во гроб, фатила пиле. А, моето „пиле“ имаше 56 години. Сеедно. Луѓето пишуваа и зборуваа за мене како в кревет да одведов некого од 30. Тие беа загрижени за чувствата на моите дечиња на педесет години и за мојот поранешен сопруг од шеесет и пет. Многумина знаеја дека не сум нормална и дека едноставно треба да ме сместат во институција каде што со мене ќе работи тим кој знае како да се справи со особено перверзни луди жени. А тој беше само шеснаесет години помлад. Да имаше 30, децата ќе ми ја одземеа деловната способност и ќе ми го украдеа целиот недвижен имот, пишува Ведрана Рудан на својот познат блог Rudan.info.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.