Актерот, режисер, поет и музичар Радет Шербеџија го најави неговиот концерт што во октомври ќе се одржи во Белград и истакна дека тој „не е класичен пејач“ и дека „не се заработува за живот од тоа“.
„Моите концерти ми се хоби. Во театар играм само во претстави во режија на мојата сопруга. Тоа е специјална мисија. Во текот на летото глумам месец и пол. Ме исцрпува, но и ме исполнува. Снимам само филмови и серии. Оваа година два ипол месеци снимав серија во Америка. Бев во три од шесте епизоди, како гостин“, изјави Шербеџија, пренесе Мондо.
Тој се пофали и дека во текот на јули снимал филм во Бугарија со таткото на Анџелина Џоли.
„Работев со Џон Војт, таткото на Анџелина. Интересен актер и човек. Одличен“, го пофалил Шербеџија холивудскиот колега.
Во минатото Шербеџија соработувал и со Анџелина, за време на нејзиното режисерксо деби, воената драма „Во земјата на крвта и медот“, филм што се снимаше во Босна и Херцеговина.
За Анџелина и нејзиниот живот, Шербеџија изјавил дека токму тоа е тоа што воопшто не го сака, притоа алудирајќи на Холивуд и сето тоа што ѝ го носи нејзината слава.
„Воопшто не ѝ завидувам. Тоа е страшен живот, без вистински мир“ – изјави Шербеџија за Анџелина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.