Српската естрадна ѕвезда, Рада Манојловиќ, на модна ревија во Белград се појави во ново и екстравагантно издание, кое предизвика многу коментари.

Иако, повеќето од присутните се појавија во елегантни комбинации на облека, Рада се одлучи за нешто поинакво.

Проѕирниот горен дел, панталоните од латекс и очилата за сонце беа доволни за сите присутни да зборуваат за неа.

Не изостанаа ниту коментарите на социјалните мрежи, а многумина порачаа дека никому не му е јасно од каде и текнало да се појави во вакви издание на елегантен собир како што била ревијата.

Рада со години се наоѓа на листите на модни катастрофи, но во неколку наврати порачуваше дека не ја трогнуваат коментарите во однос на нејзините стајлинзи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.