Принцот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон, а она што малкумина го знаат е дека имало можност на нејзино место да биде американската поп-ѕвезда, Бритни Спирс.
Имено, во времето на најголемата слава на Бритни, таа имала романса со идниот престолонаследник на британскиот престол, принцот Вилијам.
Спирс во една пригода откри дека разменувала мејлови со принцот, го повикала на состанок додоека таа била на турнеја во Велика Британија, но до таква романтична средба не дошло.
Се допишувавме некое време на мејл и требаше лично да се сретнеме, но тоа не се случи – изјави Бритни во емисијата на Френк Скинер во 2002 година, објаснувајќи дека Вилијам не се појавил на договорениот состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.