Познатата српска актерката Слобода Миќаловиќ физички била нападната од жена со иницијали С.Д. (47).
Како што пренесуваат медиуми кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта 0,66 промили. Тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно го управувала возилото, кога се движела напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт. Пријавената ја влечела актерката за коса и ја извлекла од возилото.
Актерката се наоѓа во Ургентниот центар, додека пријавената С.Д. исто така се пожалила на повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.