Адвокатите на актерката Амбер Херд и актерот Џони Деп ги дадоа своите завршни зборови, а сега се очекува и одлуката на поротата.
Како што истакнаа двете страни, пресудата во нивна полза ќе им го врати животот во нормала.
Поротниците треба да погледнат се што е досега прикажано на суд, како и изјавите на главните актери Џони и Амбер.
Во текот на судењето пред судот се појавија бројни сведоци, но и вештаци кои придонесоа за разрешување на овој случај.
Останува најважното, судот да донесе правосилна пресуда.
Фановите на Џони Деп со денови беа пред судницата, но денеска ги нема. Секако, причина е фактот што Деп ќе ја следи пресудата од Англија. За разлика од него, Амбер Херд пристигна во судницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.