Јелена Карлеуша вчера околу пладне пријавила во полиција дека сопругот Душко Тошиќ и удрил шамар. Полицијата од Савски Венац веднаш одговорила на повикот на пејачот и пристигнала во нивниот семеен дом на Дедиње, каде останале извесно време, земајќи изјави од обвинетиот, оштетениот и сведокот, бидејќи инцидентот се случил пред нивните семејства за време на празничен ручек.

За овој случај вчера се сврте целата српска јавност, а како што објавија медиумите, Јелена одбила да даде изјава, а на Тошиќ му било изречена итна забрана за пристап и контакт со сопругата во следните 48 часа.

Јелена во тешки моменти доби јавна поддршка од трансродовата пејачка Електра Елит, која немаше влакна на јазикот:

– Од мене поддршка до небо за Јелена Карлеуша! Останете силни како и секогаш и по стоти пат престанете со насилството врз жените – напишала Електра на својата инстаграм сторија и ставила емотикон со срце. По оваа објава таа повторно проговори, а овој пат директно го удри Душко Тошиќ.

– Поддршка за Јелена! Душко е се освен машко…не знам како покрај ваква лавица не си научил дека агресијата се манифестира само во кревет. Но, таму веројатно не си можел ништо да и направиш – изјавила пејачката.

На Карлеуша своевидна поддршка и пружи и поранешната шминкерка и водителка Јелена Маќиќ, а нејзината објава најмногу е насочена кон тоа што повеќето членови на естрадата, но и пријателите на Јелена, вчера цел ден молчеа.

– Душко Тошиќ ја удри сопругата! Интересно… Не што направи, како и секој дуг слаб и енсигурен маж ја удри сопругата , а ги има толку многу! Интересно е што молчите за тоа! – напиша Јелена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.