Познатата пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“.
Таа стана светска ѕвезда во 1990 година. За време на нејзината богата кариера објави 10 студиски албуми. Нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“ на Принс беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди. Во 1991 година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум „I Do Not Want What I Haven’t Got“.
О’Конор го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година, откако се одлучи да премине во ислам. Веста за нејзината смрт е по долгогодишна борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.