Како што одминуваат деновите, во српската јавност се појавуваат се повеќе докази кои потврдуваат дека пејачката Душица Грабовиќ длабоко се занимавала со проституција.

Откако српските медиуми објавија дека синџирот бил разоткриен во голема полициска акција и дека се уапсени Душан Бањац, Никола Анѓелиќ и Јована Јојиќ, кои се осомничени дека мамеле сексуални работници, се отвори „Пандорината кутија“ од која излезе пејачката како еден од главните организатори на целиот синџир.

Сега, редакцијата на „курир.рс“ дошла до цел каталог на девојки кои работеле за Грабовиќ.

Во каталогот има девојки кои во оваа акција веќе биле сослушани од припадници на српското МВР. Девојките кои беа приведени во оперативната акција ќе платат парична казна која допрва ќе пристигне на нивната адреса, во износ од 50.000 до 100.000 динари.

Според доказите што „Курир“ ги добил од клиент кој ја барал Грабовиќ за да му обезбеди проститутки, Душица ги праќала фотографиите преку апликациите „Вајбер“ и „Воцап“. Пред да ја достави понудата на атрактивни девојки кои ги даваат услугите, Душица имала петминутен разговор со клиентот, што се гледа од ниовните порак. Тоа значи дека таа имала доверба во клиентот и дека многу добро се познавале.

Ви испратив слики од девојки на „Воцап“, да изберете – пишува Грабовиќ.

Според неговиот одговор, клиентот е многу задоволен.

Па, овие се топ – одговорил човекот за добиените фотографии од девојките.

Судејќи по каталогот, сите девојки се атрактивни, со надградена коса, максимално оперирани, фотошопирани и секси.

Клиентот, според сознанија на „Курир“, не и е познат на јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.