Покрај главниот лик најголем интерес во филмот „Тома“ имаше за неговиот доктор кој секаде одеше со него и станаа добри пријатели.

Некои делови во филмот се додадени, но некои се вистинити.

Докторот кој го лечел Здравковиќ се викал Дејан Елаковиќ од Клиниката за урологија.Тој вели дека добро го познавал Тома и дека музиката му била се во животот.

Го сакаше тој живот, ја сакаше музиката. На почетокот не знаев кој е тој но подоцна се запознавме кога доаѓаше на прегледи. Сите го сакаа на Клиниката, и пациентите и персоналот. Иако боледуваше од тумор на бешиката тој не придаваше на тоа големо значење и си го живееше нормално животот. Иако го предупредувавме тој доаѓаше во болницата кога сака, си заминуваше кога сака.Си го живееше животот-раскажува докторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.