Музичарот Јасмин Ставрос почина денеска во Загреб на 69-годишна возраст, откако во последните месеци се бореше со рак на коските, дознава „Јутарњи лист“.

Неговата животна битка почна кон средината на март, кога поради болки во грбот отишол во болница, а откако ја добил дијагнозата бил на болничко лекување.

Се започнало со дуоденален улкус. Потоа ме оперираа во Карловац. После тоа ме пуштија дома, но грбот почна постојано да ме боли. Не можев повеќе да сторам ништо. Потоа ме однесоа во Виноградска, каде што открија дека имам рак на коските“, изјави музичарот откако во јавноста излезе веста за неговата болест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.