Откако во медиумите се појавија информации дека Сораја Вучелиќ доживеала сообраќајна несреќа и дека се бори за живот, се објавуваат различни информации за здравствената состојба на старлетата.
Според српските медиумир, Сораја наводно немала посериозни повреди, но, како што тврди нејзината пријателка, се работи за набиено ребро и немала операција поради внатрешно крварење, поради што животот ѝ висил на конец.
Имено, редакцијата на српски Курир ја контактирала добра пријателка на старлетата која успеала да стапи во контакт со неа. Таа откри дека Вучелиќ нема сериозни повреди и дека сега е добро.
Сораја и кажала дека имала полесна сообраќајна несреќа и дека нема сериозни повреди, како и дека ја чека интервенција под локална анестезија.
Сега сум добро, немав сериозни повреди како што пишуваат во весниците, само си го набив реброто. Чекам интервенција на локална анестезија, по што мислам дека се ќе биде во ред, изјавила Сораја кога контактирала со својата пријателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.