Мала незгода се случила вчеравечер пред пробната вечера за свадбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек која се одржува викендот. На фотографиите од папараците се гледа дека на местото каде што ќе се одржи веселбата пристигнала Брза помош.

Како што пишува „Дејли мејл“, мајката на актерот, Крис Ен Болд, доживеала мала несреќа кога паднала од една клупа. Таа си ја пресекла ногата за време на падот, за што сега ѝ биле потребни три шавови.

Штом Бен ја нашол, се јавил на 911, а подоцна во текот на денот, Џенифер и Бен биле видени во локалната болница во Савана со мајката на Бен.
Актерот бил доста нервозен, а Џенифер не го оставала и цело време го тешела.

Пред речиси еден месец Џенифер Лопез и Бен Афлек се заколнаа на својата вечна љубов во Лас Вегас, а сега одлучија да направат свадбена веселба за своите најблиски која ќе трае три дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.