Српската пејачка Јелена Томашевиќ и нејзиниот сопруг, актерот Иван Босиљчиќ, доживеаја кратка пауза во емотивната врска. Исто како Рос и Рејчел во „Пријатели“, и оваа славна двојка во минатото имала пауза.

По една година емотивна врска, тие кратко се разделија, а за тоа време актерот стапил во врска со убавата балерина Лидија Новаковиќ.

Мјузиклот „Циганите летаат кон небото“ ги спои Лидија и Иван. Иван го толкуваше главниот лик во претставата, а убавата балерина беше дел од балетската група.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Novakovic (@lidijanovakovic_)


Љубовта на Иван и Лидија се сметала за тајна и траела неколку месеци. Брзо раскинале и Иван ја обновил врската со Јелена. Тие се венчаа во 2011 година, а како круна на нивната љубов се роди нивната ќерка Нина.

Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Јас и Иван се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за тоа: дали треба или не, изјави во една пригода Томашевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.