Во Загреб, на 23 годишна возраст, ненадејно почина млада популарна тиктокерка од Пожега, Дијана Де Марко.

Причината за смртта не е позната.

Дијана на социјалната мрежа „ТикТок“ ја следеа повеќе од 120 илјади следбеници и секојдневно ги развеселуваше со своите објави од различен тип – за пеење, шминкање, однесување пред огледало…

Шармантната девојка одела во Католичката гимназија во Пожега, а потоа се преселила во Загреб. Извесно време била во врска со Паоло Фанизи, познат како Фазо кој исто така е успешен тиктокер со повеќе од 200 илјади следбеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.