Колумбиската поп-ѕвезда Шакира објави нова песна под наслов „El Jefe“ („Шефот“), но иако зборува за работничката класа и експлоатацијата кон нив – најголемо внимание привлече стихот посветен на нејзиниот поранешен свекор.
Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал в гроб, се вели во песната.
Во овој дел од видеото, танчерите ѝ ја покриваат устата на Шакира, како да сакаат таа да не го спомнува тоа. Инаку, таткото на поранешниот опруг на пејачката, Жерар Пике, Жуан е бизнисмен и управува со компаниите на својот син… Па така, многумина претпоставуваат дека Шакира можеби укажува дека и тој ги искористува своите работници.
Шакира ја сними песната заедно со мексиканската група „Фуерза регида“. За шест часа од пуштањето, видеото собра речиси три милиони прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.