Мајката на Северина Вучковиќ, Ана, беше сослушана во петокот во Жупанискиот суд во Сплит. Таа беше сослушана како сведок за тепачката меѓу нејзините ќерки Северина и Маријана Поповиќ што се случи во август минатата година во нејзиниот стан.
Ана дојде во придружба на адвокатот на Северина и избегна средба со медиумите. Пејачката не била со својата мајка, бидејќи се уште е на одмор на Малдиви.
Што му кажала Ана на судијата во едночасовниот распит, уште не се знае, но се прошири веста дека во еден момент и се слошило. Но, подоцна било утврдено дека тоа не е точно, туку дека сведочењето било накратко прекинато затоа што Вучковиќ побарала само да се напие вода.
Северина не се појави ниту на претходното рочиште, но доби оправдување поради здравствени причини. Таа изјавила дека мора да се оперира и ветила дека ќе ја придружува нејзината мајка кога ќе има сослушување.
Таа не се појавила во петокот, ниту, според хрватските медиуми, го известила судот дека нема да дојде. Судот не сакаше повеќе да ја чека пејачката, па во среда рочиштето на Ана Вучковиќ го закажа за в петок. Со оглед на тоа дека пејачката не можела да дојде, го испратила својот адвокат со нејзината мајка.
Откако ќе бидат сослушани сведоците, ќе се одлучува дали против Северина ќе се покрене обвинителен акт или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.