Две и пол години откако почина нејзиниот сопруг, Бранка, мајката на фолкерот Дарко Лазиќ, повторно ја пронајде среќата во љубовта, пишува „Блиц“.
Таа веќе десет месеци се забавува со Драган, кој живее и работи во Холандија. Како што пренесува весникот, тој бил одлично пречекан од Дарко и од неговиот брат Драган, а бил и меѓу гостите на свадбата на пејачот.
Novi dečko majke Darka Lazića pic.twitter.com/AuEWPhBfz8
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) September 20, 2023
Драган е од Велико Градиште, но со години живее и работи во Холандија. Семејството Лазиќ таму го запознало кога живееле во странство пред многу години. Тој е разведен и има пет деца. Не ни знаел дека Милан починал, а кога слушнал, ја нашол Бранка на „Фејсбук“ и изразил сочувство. По неколку месеци почнале да се допишуваат. Кога отворил фирма и во Белград, ѝ се јавил на Бранка да се видат, почнале да се дружат, се родиле емоции и сега се заедно. Дарко и целото семејство одлично го прифатиле, сите се согласуваат, беше и тој на свадбата и сè е како што треба. Бранка е млада жена, синовите имаат свои семејства и животи, што ќе прави…, вели за весникот извор близок на семејството Лазиќ.
Милан Лазиќ, таткото на пејачот, почина по операција за намалување на желудникот, каква што направи и неговиот син, по што следеа компликации и со денови беше во кома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.