Од почит кон жртвите и семејствата на повредените деца во Белград, моите настапи во Германија ги откажувам. Наскоро ќе бидат објавени новите датуми. Тоа е најмалку што можам да направам во овој тежок, трагичен момент. Уште еднаш, најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Сега оставете ме во тишина да тагувам, вака порачува мега-ѕвездата Лепа Брена, која исто така како мајка на синови, никако не може да се помири со тоа каква несреќа ни се случува.

Додава дека е згрозена, вчудовидена и воопшто не ѝ е јасно, како е можно детето од финансиски богато семејство да направи таков ужасен крвав пир. – Што треба да речат оние кутри деца кои трпат за леб, трпат за одмор на море, трпат за нови патики, нови панталони, за обичен мобилен…не знам и не можам да си објаснам? Многу сум гневна, разочарана, избезумена.Страшно е ова, езиво, убиените деца не можеме да ги вратиме. Не сакам ни да мислам како им е сега на мајките, на родителите…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.