Претходната година беше многу плодна и профитабилна за естрадните уметници, покажуваат официјалните документи. Според податоците на Агенцијата за економски регистри, Саша Матиќ заработил најмногу пари во 2022 година.

Неговата фирма „См мјузик“ остварила вкупен бруто промет од 1.050.000 евра. Кога од таа бројка ќе се одбијат деловните трошоци од 315.000 евра, како и државната такса од 75.000 евра, на Саша му остануваат чисти 662.000 евра.

На врвот на листата на најбогати забавувачи е и Цеца Ражнатовиќ. Бруто деловните приходи на нејзината компанија „Цеца мјузик“ во 2022 година изнесувале цели 1.886.000 евра, но пријавени се трошоци од 1.260.000 евра, па пејачката откако платила данок на државата од 94.000 евра, завршила со нето заработка од 532.000 евра.

Со огромни примања може да се пофали и Милица Павловиќ. Имаше најголем скок во однос на 2021 година (двојно повеќе), па така на крајот на 2022 година компанијата „Сењорита мјузик“ имаше бруто приход од 555.000 евра. Кога ќе се одбијат деловните трошоци од 272.000 евра, како и данокот од 31.000 платен на државата, на Павловиќ и останале 252.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.