Канје Вест и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори добија доживотна забрана да изнајмуваат чамци во каналите во Венеција по минатонеделниот скандал, кога беа забележани како разменуваат нежности на брод во италијанскиот град. Раперот (46) го покажа голиот задник, додека 28-годишната сопруга ја потпираше главата во неговиот скут.

Компанијата која им го изнајми бродот за Вест и Ценсора, за „Дејли мејл“ потврди дека парот „повеќе не е добредојден“ на нивните чамци. Во соопштението, компанијата ја осуди „непристојната активност“ на парот, велејќи дека не биле свесниза тоа што се случувало на бродот.

Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не го виде нивното непристојно однесување. Да ги забележал, веднаш ќе ги истоварел и ќе ги пријавил кај надлежните. Покрај тоа, во пловилото имало и трето лице, кое ги следело г-дин и г-ѓа Вест, кое му го блокираше погледот на капетанот кон задниот дел на бродот, велат од водечката приватна транспортна компанија во Венеција.

Бјанка и Канје веќе неколку недели се на одмор во Италија, а ова не е првпат да се соочат со казни или забрани. Италијанците веќе го изразија своето незадоволство од облеките на Бјанка, па ја пријавија новата сопруга на раперот во полиција поради нејзиниот контроверзен стил што го покажува на улиците на нивната католичка земја. Додека голиот задник на Канје ќе остане неказнет, барем засега, Ценсори ја чека казна за нејзиното „речиси голо“ шетање по улиците на Италија во полупроѕирен беж комбинезон.

Според италијанскиот Уставен суд, казната за нејзиното однесување се движи од 5.000 до 10.000 евра. А, оној што на таков начин ќе се изложи на места каде што се наоѓаат малолетници, може да се казни со казна затвор од четири месеци до четири години.

Покрај бројните коментари и јавните негодувања на Интернет, поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, исто така, упати загриженост за раперот велејжи дека „очигледно нешто не е во ред со него“ и не знае како „ќе им објасни сè на децата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.