Познатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров добил понуда да влезе во популарното српско реално шоу „Задруга 5“. Ова се случило откако раперот Ша влезе повторно во реалното шоу и пред камерите и сите присутни таму ја обвини неговата девојка Тара Симов дека го изневерувала токму со нашиот Лазаров.
Тара го демантираше раперот и ги отфрли сите негови обвинувања. На истата тема влог сними и Стефан, во кој се обиде да објасни што точно се случувало.
Дали Лазаров ќе ја прифати понудата и ќе влезе во „Задруга“ да ги разреши недоразбирањата со Ша, останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.