Не ме прашувајте ништо. Мислев дека е некоја глупост и вака сум под стрес со денови. Не можам да се соземам од шокот од гледањето на фотографиите од смачканиот автомобил, а тој не ми крева на телефон, вели Бранка, мајката на Дарко Лазиќ, по веста дека српскиот фолкер повторно преживеа тешка сообраќајка.

Подоцна слушнав дека е приведен. Страшно. Никој ништо не ми кажа. Плачев цело попладне. Дури доцна синоќа ме контактираше дека сè е во ред и дека е добро. Што нема да преживеам со него? Не знам детали, рече ќе дојде да ми каже сè, изјави Бранка за српски „Курир“.

На прашањето дали се подготвува за венчавката и како несреќата ќе се одрази на организацијата, таа рече дека сега не размислува за тоа.

Ама, каква црна свадба? Не ми е до свадба сега, видете што нè снајде? Тоа е на последно место сега. Дали ќе се венчаат или не, нивна работа. Ако Катарина му е лута и сака да откаже сè, јас ја разбирам. Не би ѝ се налутила. И јас така би направила во ваква ситуација, нагласила мајката на Лазиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.