Манекенката Емили Ратајковски (31) има нов партнер.

Како што пишува „Дејли Мејл“, судејќи според снимките кои се појавија во јавност, Ратајковски е во врска со Џек Грир.

Според британскиот таблоид, тоа ги потврдува шпекулациите дека Емили раскинала со комичарот Пит Дејвидсон.

На почетокот на овој месец, извор близок до манекенката за медиумите информираше дека нивната врска станува се поцврста и дека тие уживаат заедно, но, се чини дека љубовта им е завршена затоа што Дејвидсон поминува време со друга девојка, колешката Суи Вондерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.