Српскиот фудбалер Душко Тошиќ и пејачката Јелена Карлеуша се разведуваат по четиринаесет години брак.
Познатата пејачка оваа информација ја објави на нејзиниот Инстаграм профил.
Јас и Душко се договоривме да го прекинеме нашиот брак со заедничка согласност по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. За овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста… па ајде, напиша Карлеуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.