Дуа Липа, англиска пејачка родум Косово, во интервју за „Сандеј тајмс“ изјави дека ја повредиле зборовите на британскиот министер Суелу Браверман за Албанците.

Имено, министерот ги нарече албанските емигранти „криминалци кои го нападнаа Островот“.

Пејачката овие зборови ги оцени како „малоумни“.

Секако дека болат сите изјави за емигрантите. Отсекогаш сум го сметала Лондон за град во кој се „претопени културите“. Ваквите изјави се малоумни, но, за жал, многу луѓе сè уште размислуваат така, изјави пејачката.

Дуа Липа додаде дека е свесна дека секогаш ќе има луѓе кои ќе ги обвинуваат имигрантите дека доаѓаат да крадат работни места.

Меѓутоа, тие кои доаѓаат овде заработуваат со исклучително напорна работа. Мора да има поголема емпатија, бидејќи луѓето не ги напуштаат своите земји без причина, туку поради страв за опстанокот на нивните семејства, смета Дуа Липа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.