Популарната британска пејачка Дуа Липа (28) и францускиот режисер Ромен Гаврас (42) раскинаа по осум месеци врска, пренесува Дејли Мејл.

Ромен мисли дека Дуа е работохолик, но таа нема намера да успори за ништо и за никого – открил извор близок на поранешната двојка, додавајќи дека моментално сака да се фокусира исклучиво на работата бидејќи наскоро ќе излезе нејзиниот нов албум.

Поранешната двојка ја потврди својата врска уште во март, кога беа видени како се упатуваат дома заедно по ревијата на Ив Сен Лоран на модната недела во Париз. Последен пат беа видени минатата недела во друштво на нејзиниот брат Ѓин (17).

Инаку, музичарката се прослави во 2017 година со својот деби албум „Dua Lipa“, по што следеше албумот „Future Nostalgia“ објавен во 2020 година. Таа моментално го завршува својот трет албум, кој, како што еднаш откри, е многу “личен”.

Зборува за различните емоции и чувства кои ги имав додека бев сингл, но и за разбирањето. Да разбереш што сакаш, што ти треба и што заслужуваш. Започнува Поаѓа од фазата на разбирање на она кога си слободен до потенцијално нова врска. Потоа, тука се оние рани денови кога ќе ја видиш вистината зад некого – дали е вистинскиот или не. Или кои се тие, објасни таа.

24sata



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.