Некрунисаниот крал на Звездара“ Дејан Марјановиќ Шабан, поранешно  момче на Светлана Цеца, тогаш Величковиќ, беше убиен пред 27 години, пред влез во зградата на каде што живеел.

Со истрели од револвер го убил неговиот малолетен кум, тогаш петнаесетгодишниот Александар Пауновиќ, познат како Малиот Паун.

Дејан Марјановиќ ги сакаше медиумите, а весниците постојано беа исполнети со неговите фотографии. Секогаш имаше брзи автомобили, скапа облека, егзотични дестинации и жешки, убави, познати девојки.

Тој бил претставен пред јавноста како млад, успешен бизнисмен кој поседува бутици и разни други објекти во градот. Весниците го нарекуваа „крал на Звездара“.

Два часа пред да биде убиен, Дејан Марјановиќ Шабан во интервју објавено пред 27 години ја откри вистината за врската со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Цеца исто така призна дека биле заедно накратко.

Мира Шкориќ ме запозна со него штом дојдов во Белград. Ми го претставија како сопственик на синџир бутици, ми кажаа дека татко му е архитект и дека е убаво и образовано момче. .Со него се забавував 17 дена и кога дознав кој е и што е, веднаш го оставив“-изјави своевремено Цеца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.