Сагата околу разводот на една од најпознатите музичко-спортски двојки во светот, Шакира и Жерар Пике, има ново поглавје. Како што објавува новинарката на „Телемундо“, Вероника Бастос, братот на пејачката, Тонино Мебарак, имал физичка пресметка со поранешниот фудбалер.

Инцидентот се случил при првата посета на Пике на нивните деца во Мајами, кога дошло до негова расправија со Шакира. Каталонецот престојувал во луксузен хотел и уживал на базенот со децата, излегувајќи по ресторани за да јаде пица со нив. Но, не било сè забавно за време на посетата, нешто што го потврдуваат различни латиноамерикански медиуми, кои ги повторуваат изјавите на Бастос, пишувајќи за наводниот инцидент меѓу Пике и братот на Шакира.

Новинарката во програмата „La mesa caliente“ на Телемундо тврди дека Тонино тргнал кон Пике, откако тој се расправал со неговата поранешна сопруга.

Шакира се скарала со бившиот, при што дискусијата, наводно, станала толку насилна, што Тонино, братот на пејачката, требало да го претепа Пике за да ја одбрани својата сестра“, вели таа, објавувајќи неколку слики од посетата а Пике на Мајами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Mesa Caliente (@lamesacaliente)

Бастос додава дека дури неколку луѓе од безбедносните служби требало да интервенираат за да се прекине тепачката, но нема официјален документ што ја потврдува тепачката.

Според гласините, полицијата морала да интервенира за да се прекине оваа расправија и мора да разјасниме дека нема полициски извештај, нема официјален јавен извештај за наведениот инцидент“, објаснува таа.

Ниту една од страните не се огласила јавно за ова прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.