Дека пејачот Борис Новковиќ (55) и манекенката Ирис Волф (30) имаат криза во бракот, навестија во септември 2020 година, кога решија да живеат одвоено.
Имено, најсексапилната Хрватка од 2015 година тогаш реши да се врати во манекенството, од кое паузираше две години поради семејството и бракот. Пандемијата со корона вирусот наруши многу нејзини планови. Борис и Ирис ја зацементираа својата љубов во 2021 година со раѓањето на нивниот син Нео. Заедно со момчето, тие имаат и девојче Си (3).
Сепак, по кулоарите се шпекулира дека Борис и неговата четврта сопруга, со која долго време не се појавил во јавноста, повторно се разделиле.
Не сакам да зборувам за мојот приватен живот, кратко изјавил Новковиќ за хрватските медиуми.
Пред Волф, Борис беше женет три пати. Првата жена на Борис била глумица Бојана Грегориќ, со која бил пет години во брак. После тоа тринаесет години бил во брак со новинарката Луција Матиќ. Со неа има два сина од 6 и 3 години.
Вториот брак се распаднал, како што пишувале хрватските медиуми, Борис Новковиќ се вљубил во сликарката Ива Вишошевиќ со која бил скоро три години.
Трет брак склучил со Инес Катиќ која е дваесет години помлада. Тој брак траел само пет месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.