Српската пејачка, Ксенија Пајчин, доживеа трагична смрт на 16 март пред 12 години, кога беше убиена од нејзиното момче Филип Каписода во нејзиниот стан на улицата Никшичка, во Белград, по што тој изврши самоубиство. По повод годишнината од оваа трагедија, многу ѕвезди од естрадата јавно си спомнуваат на деновите и случките што ги минале со Ксенија, при што има неколку многу интересни и непознати стории.

Еден од таквите, кој предизвикува големо внимание во јавноста е пејачот Аца Лукас, кој во својата автобиографска книга „Ова сум јас“ открива детали од тајната врска што ја имал со убиената пејачка.

Бевме заедно една година. Врската ни беше страсна и искрена. За разлика од повеќето жени со кои бев, Ксенија не се обидуваше да ме промени. Ако некој ме праша да ја опишам, ќе речам: „Добар човек. Убава, убава  и несреќна. Беше многу несигурна. Седеше дома, читаше весник и гледаше телевизија и прашуваше „Како успеа оваа, а јас не направив ништо – пишува Лукас.

Аца вели дека медиумите имале многу погрешна слика за неа.

Во весниците се пишуваше се и сешто за Ксенија, меѓу другото и дека е тешка наркоманка. Но таа беше убава, силна, пукаше од здравје! Тренираше секој ден – пишува Лукас.

Тој открива и дека ја молел Ксенија да ја крие врската, бидејќи тогаш тој се уште бил во брак со втората сопруга Наташа.

Од Ксенија барав само едно – да не им кажува на медиумите за нашата врска и таа го почитуваше тоа. А, сонот на секој маж беше да го видат со Ксенија Пајчин. Сепак, поважно ми беше да сме заедно секој ден отколку да бидам на насловните страници – раскажува фолкерот.

Аца открива и како неговата жена на крајот ја открила неговата афера со Ксенија.

Пеев на тераса во Сутоморе. За време на паузата и пишав на Ксенија. Набројав што се ќе и правам и што таа ќе ми прави мене. Тогаш слушнава еден колега: „Ацо, готов одмор“, станав и набрзина ја испратив порака. Кога завршив следната тура песни, го земав мобилниот телефон и тој беше преоплн со пораки од истиот број. Мојата втора сопруга Наташа ја добила пораката наместо Ксенија. Таа веднаш ми одговори – во една порака само пцовки, во друга пцовки, во третата комбинација на пцовки и пцовки – пишува Лукас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.