Ламбе Арнаудов
Денес, 4-2-2024 година, чекајќи ред да оддадеме почит на титанот и апостолот на Македонската револуционерна борба, да му го честитаме роденденот и да си посакаме сите Македонци уште многу, многу идеали што извираат од непресушниот кладенец на срцето и душата на великанот Гоце, за жал тогаш и често недоволно разбран, а сега кристално јасни пораки, не‘рѓосувачки вредности и излезни решенија, помалку несмасно и би рекол пакосно, познавајќи ја определеноста на новинарот, ме праша:
Што за тебе значи роденденот на Гоце Делчев?
Роденденот на Гоце Делчев гледајќи од денешен агол, е роденден и на слободна современа општо призната држава, самостојна со сите обележја и атрибути. – одговорив.
Скоро и не го дочека одговорот до крај и замина видно нерасположен би рекол и помалку гневен.
Ниту јас, ниту било кој Македонец нема што воопшто да ја става својата совест на испит, за точноста на мојот одговор. Впрочем, неговиот од низ сите овие за Гоце и македонскиот народ, ОЛОВНИ ГОДИНИ, неговата посветеност, ентузијазам, истрајност, енергичност, идеолошки набој, но и рационалност и разумност на вистински лидер и народен голем трибун, тоа го потврдува и е регистрирано длабоко во внатрешноста на душата на секој Македонец и безвремено запечатено.
Ако продолжам да набројувам, само ќе се повторувам, а никако нем а да стигнам ни близу до крајот, затоа тој и неговото дело се во вечна симбиоза со македонскиот народ и неговата чиста прва и вечна љубов МАКЕДОНИЈА.
НЕМА КРАЈ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, НЕМА КРАЈ ЗА МАКЕДОНИЈА, ИМА КРАЈ ЗА непријателите НА МАКЕДОНИЈА!
Еве каков монумент од човек бил Гоце Делчев, нека послужи и ова моја анегдота, ексклузивно првпат спомената, никаде запишана, потврдена и вистинита од меморијата заедничка и еднообразна на неколкумина присутни на настанот.
Сите врвни интелектуалци Охриѓани од одамна порано формираниот Охридски кружок, десетина петнаесет години пред формирањето на ВМРО..
Сите тие предвесници на слободарскиот дух, и освестени национални промотори, станале верни следбеници на Гоце, а некои како Лев Огненов, Климент Шапкарев, Климент Заров, мојот дедо и други станале и соработници негови.
Во времето на големиот прогон врз Гоце Делчев и кога се инсистирало на крајна конспиративност за негова заштита, ТОЈ смело без трунка страв, со оригинален изглед, опишан во потерницата, се појавил на свадба на еден од членовите на Охридскиот кружок, сега негов соработник, инаку мој подалечен предок, но непосреден род на еден поранешен министер во Владата на Република Македонија.
Кога го виделе сите се стаписале и скаменети чекале секој другиот да го праша додека еден не се одважил и прашал:
Брату, дојде ли на свадба?
Да, дојдов на свадба, има ли нешто почесно и посвето да се дојде на заклетвата пред Господ дека ќе основаш семејство и ќе ти се изнародат деца твои, ама и на Македонија, и продолжил:
Свадбата е симбол што ме потсетува на моето, ваше и на многумина венчајне со нашата заедничка љубов, МАКЕДОНИЈА.
Свадбата става печат што никогаш не се брише на љубовта помеѓу мажот и жената, која ќе создаде семејство, синови, ќерки среќни, под еден кров исполнет со безгранична љубов, среќа и сигурност.
Нашето пак, венчајне свадба со нашата татковина и родина, е исто. Ќе создадеме огромно семејно стебло од македонскиот народ под свој кров заштитнички што се вика МАКЕДОНИЈА во своите етнички и географски граници што ќе биде родителка и грижлива хранителка на сите луѓе. Има ли подобро од тоа?
Ете, ме разбравте ли сега зошто дојдов?
Дојдов зошто вие го создавате коренот на тоа семејство големо, а јас што се залагам за тоа, Ме личи ли да се КРИЈАМ?
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.