Ламбе Арнаудов

Празникот 23 Октомври, денот на формирањето на историското ВМРО е нашиот најголем и најсветол ден, светлина на светлината за македонскиот народ.
И тука нема ништо спорно или нејасно за секој цивилизиран и објективен граѓанин на Македонија.

Овој ден, 23 Октомври, сега не можам со сигурност да тврдам, ама мислам дека не е случајно избран за ден на таков свет значаен датум за нашиот македонски народ.

Имено, 23 Октомври е и ден на постанокот на светот.

Убеден сум дека малкумина знаат, можеби и никој, но точно е дека овој ден е потврден како ден на постанок на светот на голем црковно научен собир од многу учесници, теолози, астрономи, астрофизичари, математичари, одржан пред неколку векови и до ден денешен, и покрај сите нови научно технолошки технички откритија и сознанија, останува запишан и потврден ден: 23 ОКТОМВРИ – ДЕН НА ПОСТАНОКОТ НА СВЕТОТ.

По кој календар? Сигурно се прашувате.

Календари нема. Календар не може никој да направи, може да го преправи, продолжи или скуси.
Календар е еден неменлив и е природно создаден од СОЗДАТЕЛОТ и е последица на атрибутите на движењето во космосот,
Овде топло ве замолувам да го отфрлите како причина за постанокот (Големиот прасак-експлозија).
Така им давате алиби на сите милитанти, кои со експлозиите на куршуми, бомби, проектили – небаре со нив обезбедуваат живот а не уништуваат на милиони и десетици милиони луѓе. Верувајте далеку е од здравиот разум да се прифати вакво небулозно и недокажано „научно“ докажување.

Има уште многу нешта што 23 октомври го прават посебен ден:

На овој ден 1940 година е роден Edson Arantes do Nascimento – ПЕЛЕ, најдобриот фудбалер на сите времиња, потоа Gertrude Ederle која е првата жена која го препливалаLa Manche во 1925 година соборувајќи ги рекордите како женски така и машки, и многу други настани и личности.

И, сега, се собрале една банда празноглавци, кретени, простаци, дебелоглавци критичари, скептичари, сите под заеднички именител КАТАСТРОФИЧАРИ и се дрзнаа пристрасно и крајно нецивилизирано и простачки за овој светол ден да прашаат: Чиј празник е 23 октомври?

Е, па еве ви го одговорот. Одговор најрелевантен и стопроцентно точен. Одговор од твојот народ, искажан преку песна (стих парафразиран):

…Народе македонски
Со какви идеи си ти
Срам голем е за тебе
Сам да се не знаеш
Другите да те знаат…“

Затоа никогаш не прашувај чиј празник е 23 Октомври, прашај се себе: Чиј си ти? Штом го најдеш одговорот во себе и сé ќе ти стане јасно. Тогаш наместо да прашуваш ЌЕ СЛАВИШ И ЧЕСТВУВАШ.

Жртвите и саможртвите тоа го заслужуваат, покажи достојна почит спрема ним, титаните на македонската борба за национално ослободување, за и ти барем малку допреш до нивните безвремени дела и станеш некој и нешто.
Вака, кога се правиш будала и прашуваш нешто што го покажува твојот обезличен лик и поматен разум, си никој и ништо. И тоа си никој и ништо од кога си се родил.

Ќе те потсетам одроду!

Симболот на непокор и лојалност, икона на истрајност и издржливост на македонскиот народ, ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО, додека го тепале, измачувале, гореле, еден од мачителите восхитен од неговото машко држење и со должна почит му се обратил:

„Еве ти ја тојагава што те тепам, удри по мене да видам дали боли, оти ти глас не пушташ на толку тепање.“

Завалијата ДОНЧО претепан и измачуван со денови не можел ни тојагата да ја држи со искршените раце.

„Како ќе нé тепате и победите кога не можеш на нозе да стоиш и си без раце?“
Претепан си и поразен до нога, од моето срце, и ти и сите како тебе.

Ти стоиш исправен над мене, испотен и бесен, нозете не те држат од воената униформа и медалите за злосторства и предавства те влечат надолу и сигурно ќе се срушиш до мене врзаниот и претепан но непоразен.

Тежината што македонското срце и дух можат да ја поднесат, тебе не ти се јасни – му одговорил на крвникот стаписан.

И повторно кон заглавието.

Земи, позајми или замоли го јунакот ДОНЧО да се напиеш од неговиот вечен извор на инспирација, барем малку да се доближиш до него.
ТОЈ, ЈУНАКОТ, ДОНЧО галантно ќе ти ги подари своите свети дарови затоа, знае дека си НЕГОВ.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.