Семејство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/zivot/semejstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 20:22:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Семејство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/zivot/semejstvo/ 32 32 Исчезната е Анастасија Камчева од Штип https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ischeznata-e-anastasija-kamcheva-od-shtip/ Fri, 29 Nov 2024 20:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=843247

Анастасија последен пат била видена пред училиштето денеска и потоа и се губи секаква трага,

Семејството моли за помош.

The post Исчезната е Анастасија Камчева од Штип appeared first on Република.

]]>

Анастасија последен пат била видена пред училиштето денеска и потоа и се губи секаква трага, Семејството моли за помош.

The post Исчезната е Анастасија Камчева од Штип appeared first on Република.

]]>
Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок? https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/zoshto-prviot-obrok-po-poroduvaneto-e-tolku-sladok/ Thu, 28 Nov 2024 19:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=842763

Бременоста бара прилагодувања и откажувања. Многу жени се придржуваат до целосно здрава исхрана, додека други малку им се препуштаат и на „недозволените“ слатки задоволства.

Во секој случај, секоја идна мајка се придржува до своите правила и, пред сѐ - до она што го чувствува. Некои жени избегнуваат храна како салама и други месни производи, печурки, мајонез, кафе, морски плодови, туна, топла храна, газирани пијалаци... Па, во еден миг се откажуваат од сѐ што претходно им било на дневното мени.

Од друга страна, пак, многу жени се согласуваат дека е неверојатно добро чувството да го имате првиот оброк во болничката соба. По породувањето, кога жената е уморна, исцрпена и гладна, таа прифаќа сѐ што ќе ѝ се понуди... Но, што и да има таа пред себе по големиот миг, тој прв оброк потоа е „божествен“, велат сведоштвата.

Следат трите причини поради коишто жените толку многу уживаат во првото јадење по породувањето.

Стресот предизвикува глад

Бременоста и породувањето може да бидат стресни. Кога една жена е под стрес, хормонот кортизол се ослободува, па телото ја зголемува стапката на преработка на јаглени хидрати и масти. Тоа прави за човекот да има доволно енергија за да се справи со стресната состојба во којашто се наоѓа, пишува порталот „Кликс“.

Зголемениот стрес, како и согорувањето масти и јаглехидрати предизвикува - глад и особено голема потреба од масти и јаглехидрати.

Бременоста секако носи одреден степен на нервоза, грижи и зголемен стрес. И самото породување носи високо ниво грижа за сè да оди добро, напнатост, непријатности, болка, возбуда - сè тоа значи повисоко ниво на кортизол.

Одредени намирници нè прават посреќни

Според некои научници, одредена храна може да го стимулира лачењето на серотонин - хормонот на среќа во човековото тело. Тоа, меѓу другото, се случува со јадење храна што ја содржи аминокиселината триптофан. Повисокото ниво на триптофан му олеснува на телото да создава и користи серотонин.

Го сакаме она што не може да го имаме

Повеќето здравствени институции ги советуваат бремените жени да избегнуваат одредена храна за да ја намалат опасноста од внесување опасни бактерии. Така, телото копнее по забранетите јадења во бременоста, па веднаш потоа, таа храна е неколкукратно попосакувана.

The post Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок? appeared first on Република.

]]>

Бременоста бара прилагодувања и откажувања. Многу жени се придржуваат до целосно здрава исхрана, додека други малку им се препуштаат и на „недозволените“ слатки задоволства. Во секој случај, секоја идна мајка се придржува до своите правила и, пред сѐ - до она што го чувствува. Некои жени избегнуваат храна како салама и други месни производи, печурки, мајонез, кафе, морски плодови, туна, топла храна, газирани пијалаци... Па, во еден миг се откажуваат од сѐ што претходно им било на дневното мени. Од друга страна, пак, многу жени се согласуваат дека е неверојатно добро чувството да го имате првиот оброк во болничката соба. По породувањето, кога жената е уморна, исцрпена и гладна, таа прифаќа сѐ што ќе ѝ се понуди... Но, што и да има таа пред себе по големиот миг, тој прв оброк потоа е „божествен“, велат сведоштвата. Следат трите причини поради коишто жените толку многу уживаат во првото јадење по породувањето.

Стресот предизвикува глад

Бременоста и породувањето може да бидат стресни. Кога една жена е под стрес, хормонот кортизол се ослободува, па телото ја зголемува стапката на преработка на јаглени хидрати и масти. Тоа прави за човекот да има доволно енергија за да се справи со стресната состојба во којашто се наоѓа, пишува порталот „Кликс“. Зголемениот стрес, како и согорувањето масти и јаглехидрати предизвикува - глад и особено голема потреба од масти и јаглехидрати. Бременоста секако носи одреден степен на нервоза, грижи и зголемен стрес. И самото породување носи високо ниво грижа за сè да оди добро, напнатост, непријатности, болка, возбуда - сè тоа значи повисоко ниво на кортизол.

Одредени намирници нè прават посреќни

Според некои научници, одредена храна може да го стимулира лачењето на серотонин - хормонот на среќа во човековото тело. Тоа, меѓу другото, се случува со јадење храна што ја содржи аминокиселината триптофан. Повисокото ниво на триптофан му олеснува на телото да создава и користи серотонин.

Го сакаме она што не може да го имаме

Повеќето здравствени институции ги советуваат бремените жени да избегнуваат одредена храна за да ја намалат опасноста од внесување опасни бактерии. Така, телото копнее по забранетите јадења во бременоста, па веднаш потоа, таа храна е неколкукратно попосакувана.

The post Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок? appeared first on Република.

]]>
Анџелина Џоли веќе не е толку битна, сите гледаа во синот Нокс https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/andhelina-dholi-veke-ne-e-tolku-bitna-site-gledaa-vo-sinot-noks/ Tue, 19 Nov 2024 13:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=839633

Ниту еден важен настан не може да помине без Анџелина Џоли, која овој пат дојде со синот Нокс.

Анџелина и Нокс заедно го украдоа целото внимание, а многумина забележаа колку Нокс (16) личи на Бред Пит.

Актерката заедно со Бред Пит ги има близнаците Нокс и Вивиен, потоа ќерките Захара и Шајло и синовите Медокс и Пакс. Неодамна многу се пишуваше за Шајло, која се откажа од презимето Пит, а истото го направи и Вивиен.

The post Анџелина Џоли веќе не е толку битна, сите гледаа во синот Нокс appeared first on Република.

]]>

Ниту еден важен настан не може да помине без Анџелина Џоли, која овој пат дојде со синот Нокс. Анџелина и Нокс заедно го украдоа целото внимание, а многумина забележаа колку Нокс (16) личи на Бред Пит. Актерката заедно со Бред Пит ги има близнаците Нокс и Вивиен, потоа ќерките Захара и Шајло и синовите Медокс и Пакс. Неодамна многу се пишуваше за Шајло, која се откажа од презимето Пит, а истото го направи и Вивиен.    

The post Анџелина Џоли веќе не е толку битна, сите гледаа во синот Нокс appeared first on Република.

]]>
Маскирани крадци влегле во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и децата спиеле https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/maskirani-kradtsi-vlegle-vo-zamokot-vindzor-dodeka-printsot-vilijam-kejt-midlton-i-detsata-spiele/ Mon, 18 Nov 2024 13:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=839202

Маскирани крадци влегле во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца спиеле во нивниот дом во близина, објави вчера британски Сан.

Крадците користеле украден камион за да ја пробијат безбедносната капија на кралскиот имот. Според некои извори, тие најверојатно некое време го набљудувале замокот Виндзор.

Се верува дека принцот и принцезата од Велс, заедно со нивните три деца биле во замокот Аделаида, кој е оддалечен само пет минути пеш од местото каде што влегле крадците.

„Сан“ претходно објави дека вооружените полицајци биле отстранети од двата главни влеза во замокот Виндзор, иако се претпоставува дека тие сè уште патролираат околу имотот.

The post Маскирани крадци влегле во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и децата спиеле appeared first on Република.

]]>

Маскирани крадци влегле во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца спиеле во нивниот дом во близина, објави вчера британски Сан. Крадците користеле украден камион за да ја пробијат безбедносната капија на кралскиот имот. Според некои извори, тие најверојатно некое време го набљудувале замокот Виндзор. Се верува дека принцот и принцезата од Велс, заедно со нивните три деца биле во замокот Аделаида, кој е оддалечен само пет минути пеш од местото каде што влегле крадците. „Сан“ претходно објави дека вооружените полицајци биле отстранети од двата главни влеза во замокот Виндзор, иако се претпоставува дека тие сè уште патролираат околу имотот.  

The post Маскирани крадци влегле во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и децата спиеле appeared first on Република.

]]>
Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/zatsrtanite-rutini-na-igra-i-son-pozitivno-vlijaat-vrz-detskiot-razvoj/ Sun, 17 Nov 2024 07:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=838666

Воспоставувањето рутина е предизвик за родителите - поради енергијата и љубопитноста на малечкото, но е исклучително важно за децата, бидејќи има клучно влијание врз нивниот развој и стабилност. Истражување спроведено во Југоисточна Европа, покажува дека 67 отсто од децата ноќе бараат „засолниште“ кај своите родители, пренесува порталот „Кликс“.

Докажано е дека зацртаните рутини позитивно влијаат врз детскиот развој. Рамномерниот ритам на игра, спиење, учење и хранење им носи на децата чувство на удобност дома и мир. Детето на тој начин се чувствува безбедно во својата предвидлива средина, бидејќи инстинктивно знаат што да очекуваат и што се очекува од нив. Рутината е полезна не само за физичкото здравје, туку и за емоционално-менталната благосостојба. Ги учи децата да ги препознаваат и да управуваат со своите емоции, што им помага да се справат со предизвиците и стресните случаи.

Стручњаците издвојуваат две многу важни рутини во животот на детето: Играта и спиењето.

Воспоставувањето дневна рутина на време за игра и спиење може да биде предизвик за родителите, бидејќи децата често се борат да преминат од енергична игра во сон.

Кога собата е неуредна и преполна со играчки, едно дете тешко би можело да престане да си игра и да се смири. Освен тоа, прекумерната „стимулација“ како што се цртаните и енергичните игри, вообичаено и премногу „го разбудуваат“ детето пред спиење, што го отежнува смирувањето и влијае на квалитетот на одморот.

Кога воспоставуваат рутина, родителите често се соочуваат со отпорот на детето кон спиењето. Тоа е така, според познавачите, бидејќи децата, поради нивната љубопитност, се плашат дека ќе пропуштат нешто.

Може да има и повеќе причини за овој вид анксиозност, но тие најчесто произлегуваат од недостатокот на чувство на сигурност, удобност и - стравот од темнина. Ноќното будење на децата освен што ги вознемирува децата, е проблем и за сонот на родителите.

The post Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој appeared first on Република.

]]>

Воспоставувањето рутина е предизвик за родителите - поради енергијата и љубопитноста на малечкото, но е исклучително важно за децата, бидејќи има клучно влијание врз нивниот развој и стабилност. Истражување спроведено во Југоисточна Европа, покажува дека 67 отсто од децата ноќе бараат „засолниште“ кај своите родители, пренесува порталот „Кликс“. Докажано е дека зацртаните рутини позитивно влијаат врз детскиот развој. Рамномерниот ритам на игра, спиење, учење и хранење им носи на децата чувство на удобност дома и мир. Детето на тој начин се чувствува безбедно во својата предвидлива средина, бидејќи инстинктивно знаат што да очекуваат и што се очекува од нив. Рутината е полезна не само за физичкото здравје, туку и за емоционално-менталната благосостојба. Ги учи децата да ги препознаваат и да управуваат со своите емоции, што им помага да се справат со предизвиците и стресните случаи. Стручњаците издвојуваат две многу важни рутини во животот на детето: Играта и спиењето. Воспоставувањето дневна рутина на време за игра и спиење може да биде предизвик за родителите, бидејќи децата често се борат да преминат од енергична игра во сон. Кога собата е неуредна и преполна со играчки, едно дете тешко би можело да престане да си игра и да се смири. Освен тоа, прекумерната „стимулација“ како што се цртаните и енергичните игри, вообичаено и премногу „го разбудуваат“ детето пред спиење, што го отежнува смирувањето и влијае на квалитетот на одморот. Кога воспоставуваат рутина, родителите често се соочуваат со отпорот на детето кон спиењето. Тоа е така, според познавачите, бидејќи децата, поради нивната љубопитност, се плашат дека ќе пропуштат нешто. Може да има и повеќе причини за овој вид анксиозност, но тие најчесто произлегуваат од недостатокот на чувство на сигурност, удобност и - стравот од темнина. Ноќното будење на децата освен што ги вознемирува децата, е проблем и за сонот на родителите.

The post Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој appeared first on Република.

]]>
Ако ја возев таа вечер во Париз, ќе беше жива, вели шоферот на принцезата Дајана https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ako-ja-vozev-taa-vecher-vo-pariz-ke-beshe-zhiva-veli-shoferot-na-printsezata-dajana/ Tue, 12 Nov 2024 18:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=836923

Поранешниот возач на британската принцеза Дијана, Стив Дејвис, изминативе денови повторно се најде во фокусот на јавноста откако реши да го прекине молкот по трагичниот настан во Париз во кој миленичката на јавноста го загуби животот. Поранешниот војник Дејвис беше покрај Дијана осум години, обезбедувајќи ја нејзината безбедност и приватност, меѓутоа, неговиот деловен однос со принцезата ненадејно завршил кога тој ја изгубил својата позиција.

За овој ненаден прекин на соработката, тој молчеше со години, но сега го прекинува молкот, тврдејќи дека се можело да биде поинаку доколку ја возел таа кобна ноќ во 1997 година. Отказот на Дејвис беше шок, со оглед на неговата долгогодишна беспрекорна услуга на принцезата, пренесува шпанска Марка.

Дури подоцна, додека ја гледал серијата „Круната“ почнал да ја разбира целосната големина на она што се случува зад сцената. Неговото ненадејно отстранување како технолошки вишок не беше само прашање на протокол, туку, вели тој, насочен потег под влијание на погрешни наводи. Имено, новинарот Мартин Башир ширел лаги за него за да ја добие довербата на принцезата Дијана пред интервјуто во емисијата „Панорама“.

Мојата работа беше мојот живот. Секогаш бев тука за неа, секогаш заштитен. Да бев јас таму, таа сè уште ќе беше тука. Да тргнеше животот по друг пат, да ја возев таа вечер во Париз, таа сепак ќе беше тука. Јас би се грижел за неа – изјавил Стив за британскиот медиум „Ледбајбл“.

The post Ако ја возев таа вечер во Париз, ќе беше жива, вели шоферот на принцезата Дајана appeared first on Република.

Дали женско дете може да ја наследи татковата слава? https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/dali-zhensko-dete-mozhe-da-ja-nasledi-tatkovata-slava/ Fri, 08 Nov 2024 12:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=835567

Прашањето кое на многумина не им е јасно се однесува на начинот на кој традицијата на празнување на слава се пренесува на женските членови на семејството, особено во случаите кога жената доаѓа во ново семејство, по бракот.

Славите се карактестични за Македонците и се пренесуваат низ генерациите, зачувувајќи ја врската со верата и обичаите.

https://republika.mk/zivot/servisi/nokta-sproti-mitrovden-se-sedi-doma-denot-ke-pokazhe-kakva-zima-ne-cheka/

Како ја добивате славата од вашиот татко?

Во првата година, кога синот основа независно домаќинство, доаѓа кај татко му да прослави. Кога се сече празничната торта, таткото му дава на синот четвртина од колачот од десната рака, се бакнуваат, си ја честитаат славата, а таткото посакува синот да ја слави славата со сопругата и децата, иднината внуци и потомци, долго време во добро здравје и добро расположение.

Синот зема дел од колачот дома, го дели со семејството и веќе следната година почнува редовно да ја слави својата  слава.

https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-tezhok-praznik-imenden-slavat-dimitrija-mitre-dimo-dimko/

Меѓутоа, се поставува прашањето - како и на кој начин таткото ѝ ја пренесува славата на својата ќерка, и дали е тоа воопшто возможно?

Свештениците наведуваат дека е возможно пренесување на слава од татко на ќерка. Ќерката ја презема славата ако таткото веќе не може да слави или поради старост повеќе не може,

The post Дали женско дете може да ја наследи татковата слава? appeared first on Република.

]]>

Прашањето кое на многумина не им е јасно се однесува на начинот на кој традицијата на празнување на слава се пренесува на женските членови на семејството, особено во случаите кога жената доаѓа во ново семејство, по бракот. Славите се карактестични за Македонците и се пренесуваат низ генерациите, зачувувајќи ја врската со верата и обичаите. https://republika.mk/zivot/servisi/nokta-sproti-mitrovden-se-sedi-doma-denot-ke-pokazhe-kakva-zima-ne-cheka/ Како ја добивате славата од вашиот татко? Во првата година, кога синот основа независно домаќинство, доаѓа кај татко му да прослави. Кога се сече празничната торта, таткото му дава на синот четвртина од колачот од десната рака, се бакнуваат, си ја честитаат славата, а таткото посакува синот да ја слави славата со сопругата и децата, иднината внуци и потомци, долго време во добро здравје и добро расположение. Синот зема дел од колачот дома, го дели со семејството и веќе следната година почнува редовно да ја слави својата  слава. https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-tezhok-praznik-imenden-slavat-dimitrija-mitre-dimo-dimko/ Меѓутоа, се поставува прашањето - како и на кој начин таткото ѝ ја пренесува славата на својата ќерка, и дали е тоа воопшто возможно? Свештениците наведуваат дека е возможно пренесување на слава од татко на ќерка. Ќерката ја презема славата ако таткото веќе не може да слави или поради старост повеќе не може,

The post Дали женско дете може да ја наследи татковата слава? appeared first on Република.

]]>
Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/avstralija-na-chekor-od-zabrana-na-sotsijalni-mrezhi-za-detsa-pomali-od-16-godini/ Fri, 08 Nov 2024 10:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=835479

Австралија влезе во директен судир со антисоцијалните „придобивки“ на социјалните мрежи, кои најмногу влијаат на децата и младите. Ќе забрани, со закон, употреба на овие мрежи за деца под 16 години. За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот да го протурка низ парламентот во следните три недели.

Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години.

Целата работа е така поставена што децата кои ќе пристапат до социјалните мрежи нема да бидат казнети за тоа, ниту нивните родители, меѓутоа ќе има казна за компанијата што управува со платформата.

Забелешката е дека до сега ниту една држава не успеала да имплементира систем за потврдување на возраста без дополнителни проблеми.

The post Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години appeared first on Република.

Работилница инспирирана од „Разбуди го родителот во себе“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/rabotilnitsa-inspirirana-od-razbudi-go-roditelot-vo-sebe-vo-bitola/ Tue, 29 Oct 2024 14:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=832099

Како да зборувате за вашето дете да ве слуша, како да ја поттикнете неговата самодоверба, како да се поврзете со него пред да го коригирате... се само дел од темите што ќе бидат опфатени на работилницата за родители инспирирана од книгата „Разбуди го родителот во себе“ што ќе ја води авторката проф. д-р Соња Китановска-Кимовска во Битола.

На настанот, кој ќе се одржи на 6 ноември (среда) во 18:30 часот во Дом „Софија“, во Битола, покрај миниработилницата, ќе се одржи и промоција на книгата во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Кон книгата ќе се осврнат проф. д-р Олга Мурџева-Шкариќ и проф. д-р Сашо Кочанковски, а во улога на модератор ќе биде Софија Ристевска-Петрушева. Настанот е во организација на Македонско научно друштво - Битола, Интимен театар - Битола и Приватна установа за социјална заштита на стари лица Дом „Софија“, Битола.

Соња Китановска-Кимовска е преведувач, универзитетски професор, активист и едукатор за родители, и воедно е мајка на малолетни деца. Вели дека идејата за „Разбуди го родителот во себе“ настанала откако се соочила со проблеми и дилеми за кои не била лично подготвена и почнала да бара помош во книгите за самопомош на родители.

Книгата обработува теми и прашања од областа на детската психологија, родителството и воспитувањето деца. Тие се нераздвоен дел од секојдневниот живот во семејството и навлегуваат во суштината на односот меѓу родителите и децата. Научните сознанија и докажаните практики извлечени од референтна научна и стручна литература во книгата се претставени преку личното родителско искуство на авторката. Ова е прва книга од ваков вид напишана на македонски јазик и од македонска авторка. Книгата е поделена на два дела. Во првиот дел се обработени емоциите, а вториот дел е посветен на воспитувањето на децата.

Книгата изобилува со применливи техники и активности што им овозможуваат на родителите непосредна позитивна интеракција и комуникација со децата и нивно мотивирање за позитивни промени... Книгата плени со искреност, едноставност, непосредност, но и научна издржаност и мудрост. Почнува како автобиографски роман, со што авторката ве вовлекува во својот интимен, домашен свет за да ги сподели сопствените размислувања, дилеми, подеми и падови, лекции научени на сопствената кожа. Книгата изобилува со практични знаења и вештини што не само што се научно засновани туку и произлегуваат од личното искуство на авторката. Како совети од прва рака, добиваат непроценливо значење за проактивниот читател. Импресионира со способноста да му се доближи на читателот непосредно, на јазикот разбирлив за него.
Целта на книгата е да им послужи на родителите како дневен прирачник, што ќе ги поттикне да си ја преиспитаат сопствената родителска улога и да им помогне во комуникацијата со детето. Конципирана е во форма на прашања и одговори, за да може читателот полесно да се снајде и брзо да го најде тоа што му е потребно.

Соња Китановска-Кимовска има завршено магистерски студии по англиски јазик и применета лингвистика на Универзитетот „Кембриџ“, Обединето Кралство, а докторирала во областа на преведувањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Од 2003 година работи како слободен преведувач/толкувач, а 2010 година предава на Катедрата за преведување и толкување при УКИМ. Од 2019 г. е сертифициран едукатор за позитивна дисциплина, а од 2023 г. соосновач на платформата за позитивна дисциплина во Македонија (www.pozitivnadisciplina.mk). Нејзината мисија е да ги заштити децата од насилство при воспитувањето во домот и надвор од него, да ја подигне општествената и индивидуалната свест за позитивните пристапи кон воспитувањето и родителството, да ги зајакне социјалните и емоционалните вештини на родителите/старателите и, индиректно, на децата заради градење позитивни односи меѓу нив и олеснување на меѓусебната комуникацијата. 

The post Работилница инспирирана од „Разбуди го родителот во себе“ во Битола appeared first on Република.

„Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/hotel-mama-mladite-makedontsi-najdotsna-go-napushtaat-domot-na-roditelite/ Tue, 29 Oct 2024 06:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=831896

Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години.

Во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители. Во Северна Европа, пак, овој процент е под 20%, па дури и под 10%.

Најрано од домовите на нивните родители си заминуваат младите во скандинавските земји. Со просечна возраст од 21,4 години, младите Финци се тие кои најрано за заминуваат. Веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8, па Норвежаните на 22,5 години.

Меѓу западновропските земаји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години

The post „Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите appeared first on Република.

]]>

Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години. Во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители. Во Северна Европа, пак, овој процент е под 20%, па дури и под 10%. Најрано од домовите на нивните родители си заминуваат младите во скандинавските земји. Со просечна возраст од 21,4 години, младите Финци се тие кои најрано за заминуваат. Веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8, па Норвежаните на 22,5 години. Меѓу западновропските земаји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години

The post „Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите appeared first on Република.

]]>
Министерот Цветан Трипуновски стана татко https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ministerot-tsvetan-tripunovski-stana-tatko/ Wed, 23 Oct 2024 13:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=830212

Министерот за земјоделство, шумарство и воостопанство, Цветан Трипуновски и неговата сопруга Моника Станковска станаа родители.

Денес на овој голем ден мојата сопруга Monika Stankovska на свет донесе здраво машко дете!

Му благодарам на Господ за сите благослови што ни ги дарува . Нека овој нов живот биде извор на гордост и радост за нас, исполнет со многу среќни моменти, пишува во својата објава на Фејсбук Трипуновски.

The post Министерот Цветан Трипуновски стана татко appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и воостопанство, Цветан Трипуновски и неговата сопруга Моника Станковска станаа родители.
Денес на овој голем ден мојата сопруга Monika Stankovska на свет донесе здраво машко дете! Му благодарам на Господ за сите благослови што ни ги дарува . Нека овој нов живот биде извор на гордост и радост за нас, исполнет со многу среќни моменти, пишува во својата објава на Фејсбук Трипуновски.

The post Министерот Цветан Трипуновски стана татко appeared first on Република.

]]>
Отец Предраг советува: Кога одите кај семејство на починат човек, не велете „Примете го моето сочуство“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/otets-predrag-sovetuva-koga-odite-kaj-semejstvo-na-pochinat-chovek-ne-velete-primete-go-moeto-sochustvo/ Tue, 22 Oct 2024 19:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=829676

Свештеникот на Српската православна црква Предраг Поповиќ советува зошто  зошто во случај на смрт не треба да се каже „Прифатете го моето сочувство“ на семејството.

Кога изразувате сочувство, не бидете плитки, не кажувајте „Прифатете ми сочувство“, а потоа „што беше тоа, што се случи“. Му приоѓаш на човек и му велиш „Христос воскресна“. Вака се изразува сочувство. Ќе се запраша и ќе рече: „Што ми рече сега овој, зошто Христос воскресна“. Но, тој ќе разбере, тие зборови ќе му се откријат кога ќе треба“,Најважно е да бидете присебни и да се сретнете со ужаленото семејство во секое време. Во тој момент сакаме да го утешиме семејството на починатиот, но ни е тешко да составиме реченица. Тешко е да се состави адекватна порака без да се додаде на болката што ја чувствува ужалениот.

The post Отец Предраг советува: Кога одите кај семејство на починат човек, не велете „Примете го моето сочуство“ appeared first on Република.

Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/od-makedonskoto-tsrkovno-kalendarche-ova-se-najubavite-imina-na-bukvata-m/ Tue, 22 Oct 2024 16:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=824720

Иако името не го прави човеко, вистинското име и неговото значење може да влијаат врз самодовербата и развојот на личноста која го носи. Затоа, доколку сте во процес на одбирање на име за вашето идно новороденче, погледнете ги овие имиња избрани од македонското православно црковно календарче, а почнуваат на буквата М.

Машко:

Методиј - Името е со грчко потекло. Доаѓа од грчиот збор methodos, со значење метод, упатство, што значи дека личностите со ова име се методични и средени.

Марин - Името е со латинско потекло, и значи - од морето. Оние што го носат ова име ги карактеризира мажественоста и борбеноста.

Женско:

Макрина - Доаѓа од старогрчкиот термин „макариос“, кој се преведува како „среќен“ или „благословен“. Името има длабоко значење во христијанството, и со него може да се опише духовната среќа и благословите што доаѓаат од Бога.

Меглена - Името доаѓа од македонскиот термин за жена која доаѓа од Меглен, Егејска Македонија и е едно од оние ретки стари имиња кои заслужуваат да заживеат.

The post Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М appeared first on Република.

]]>

Иако името не го прави човеко, вистинското име и неговото значење може да влијаат врз самодовербата и развојот на личноста која го носи. Затоа, доколку сте во процес на одбирање на име за вашето идно новороденче, погледнете ги овие имиња избрани од македонското православно црковно календарче, а почнуваат на буквата М.

Машко:

Методиј - Името е со грчко потекло. Доаѓа од грчиот збор methodos, со значење метод, упатство, што значи дека личностите со ова име се методични и средени. Марин - Името е со латинско потекло, и значи - од морето. Оние што го носат ова име ги карактеризира мажественоста и борбеноста.

Женско:

Макрина - Доаѓа од старогрчкиот термин „макариос“, кој се преведува како „среќен“ или „благословен“. Името има длабоко значење во христијанството, и со него може да се опише духовната среќа и благословите што доаѓаат од Бога. Меглена - Името доаѓа од македонскиот термин за жена која доаѓа од Меглен, Егејска Македонија и е едно од оние ретки стари имиња кои заслужуваат да заживеат.

The post Од македонското црковно календарче: Ова се најубавите имиња на буквата М appeared first on Република.

]]>
Ова се советите за квалитетна врска https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ova-se-sovetite-za-kvalitena-vrska/ Mon, 21 Oct 2024 14:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=829402

Љубовта или поточно заљубеноста првично доаѓа со „заслепеност“, а тоа, пак, за жал, понекогаш нè води на погрешен пат. Многумина се нашле во случаи кога, откако првично се заљубиле, потоа сфаќаат дека се работи за лош избор и погрешна љубовна врска.

Во такви мигови, важно е да се препознаат знаците и признаците што укажуваат дека се губи драгоцено време. Такви се изговорите како „ќе ти се јавам подоцна“ или „премногу сум уморен /-а за да зборувам“, на пр., што стануваат вообичаени... Иако сите имаме обврски, важно е партнерот да се чувствува ценет и важен во врската. Ако се чувствуваме запоставено, треба да размислиме колку таквата врска ги исполнува нашите емоционални потреби, објави „Кликс“.

Комуникацијата е клучот за здрава врска. Ако забележите дека партнерот или партнерката ве избегнува или не ги споделува неговите  ејзините чувства, тоа може да значи дека нешто не е в ред.

Во такви случаи, важно е да има прашања и објаснување. Ако вашиот партнер одговори со на пр. - „Отсекогаш сум бил таков/таква“, размислете колку вреди да вложувате со некој што не е доволно отворен за разговор, советуваат стручњаците.

И ако постојано мора да бараме од партнерот да ни даде време (за размислување), секако - може да биде сериозен предупредувачки знак за лоша врска.

Следен знак дека сте во погрешна врска може да биде и комуникацијата - ако таа се одвива само кога вашиот партнер е добро расположен. Ако постојано чекате да му/ѝ се промени расположението пред да може да разговарате, тоа се чини, сериозно укажува дека врската нема здрава и цврста основа. Ако мора да се чека за нешто со денови или недели, преиспитајте го вашиот избор.

Препознавањето на клучните знаци може да биде тешко, но е од битно значење за емоционалната благосостојба. Ако врската не ги исполнува основните критериуми, веројатно „нешто чкрипи“ и време е и да се размисли за иднината и секој да го побара она што навистина го заслужува. Здравата врска треба да биде урамнотежена, а не водена од емоционални бури

The post Ова се советите за квалитетна врска appeared first on Република.

]]>

Љубовта или поточно заљубеноста првично доаѓа со „заслепеност“, а тоа, пак, за жал, понекогаш нè води на погрешен пат. Многумина се нашле во случаи кога, откако првично се заљубиле, потоа сфаќаат дека се работи за лош избор и погрешна љубовна врска. Во такви мигови, важно е да се препознаат знаците и признаците што укажуваат дека се губи драгоцено време. Такви се изговорите како „ќе ти се јавам подоцна“ или „премногу сум уморен /-а за да зборувам“, на пр., што стануваат вообичаени... Иако сите имаме обврски, важно е партнерот да се чувствува ценет и важен во врската. Ако се чувствуваме запоставено, треба да размислиме колку таквата врска ги исполнува нашите емоционални потреби, објави „Кликс“. Комуникацијата е клучот за здрава врска. Ако забележите дека партнерот или партнерката ве избегнува или не ги споделува неговите  ејзините чувства, тоа може да значи дека нешто не е в ред.
Во такви случаи, важно е да има прашања и објаснување. Ако вашиот партнер одговори со на пр. - „Отсекогаш сум бил таков/таква“, размислете колку вреди да вложувате со некој што не е доволно отворен за разговор, советуваат стручњаците.
И ако постојано мора да бараме од партнерот да ни даде време (за размислување), секако - може да биде сериозен предупредувачки знак за лоша врска. Следен знак дека сте во погрешна врска може да биде и комуникацијата - ако таа се одвива само кога вашиот партнер е добро расположен. Ако постојано чекате да му/ѝ се промени расположението пред да може да разговарате, тоа се чини, сериозно укажува дека врската нема здрава и цврста основа. Ако мора да се чека за нешто со денови или недели, преиспитајте го вашиот избор. Препознавањето на клучните знаци може да биде тешко, но е од битно значење за емоционалната благосостојба. Ако врската не ги исполнува основните критериуми, веројатно „нешто чкрипи“ и време е и да се размисли за иднината и секој да го побара она што навистина го заслужува. Здравата врска треба да биде урамнотежена, а не водена од емоционални бури

The post Ова се советите за квалитетна врска appeared first on Република.

]]>
Џенифер Лоренс е бремена со второ дете https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/dhenifer-lorens-e-bremena-so-vtoro-dete/ Mon, 21 Oct 2024 09:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=829353

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (33) е бремена со второ дете, објавија светските медиуми.

„Честитки за Џенифер Лоренс! Оскаровката, актерка го чека своето второ дете со сопругот Кук Марони“, напиша „Вог“ , додавајќи дека претставниците на Лоренс ја потврдиле среќната вест.

Актерката веќе го има двегодишниот син Кја со сопругот Кук Марони. Двојката се венча во 2019 година.

Ова вест е најновото поглавје во интересната фаза од животот на оскаровката. В петок премиерно ќе се прикаже документарецот „Zurawski vs. Texas“, кој зборува за влијанието на строгите закони против абортус во Тексас, а го продуцираше заедно со Хилари Клинтон.

The post Џенифер Лоренс е бремена со второ дете appeared first on Република.

]]>

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (33) е бремена со второ дете, објавија светските медиуми.
„Честитки за Џенифер Лоренс! Оскаровката, актерка го чека своето второ дете со сопругот Кук Марони“, напиша „Вог“ , додавајќи дека претставниците на Лоренс ја потврдиле среќната вест.
Актерката веќе го има двегодишниот син Кја со сопругот Кук Марони. Двојката се венча во 2019 година. Ова вест е најновото поглавје во интересната фаза од животот на оскаровката. В петок премиерно ќе се прикаже документарецот „Zurawski vs. Texas“, кој зборува за влијанието на строгите закони против абортус во Тексас, а го продуцираше заедно со Хилари Клинтон.

The post Џенифер Лоренс е бремена со второ дете appeared first on Република.

]]>
Ова се причините поради кои жените ги надживуваат мажите https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ova-se-prichinite-poradi-koi-zhenite-gi-nadzhivuvaat-mazhite/ Fri, 11 Oct 2024 18:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=825693

Ова се најмоќните фактори што го кратат животниот век на машката популација:

1.Преземаат поголеми ризици

Многу повеќе момчиња и мажи умираат во несреќи или насилство отколку девојчињата и жените. Тоа вклучува возење во пијана состојба или со недозволена брзина и недостиг на проценка и разгледување на последиците.

2.Имаат понебезбедни работни места

Мажите се многу побројни во некои од најризичните професии, како што се воена заштита, гаснење пожари и работа на градилишта.

3.Срцеви заболувања

Всушност, мажите имаат 50% поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања од жените. Фактот дека мажите имаат пониско ниво на естроген од жените може да биде дел од причината.

4.Проблеми со ментално здравје

Мажите избегнуваат да бараат грижа за депресија и културните норми ги обесхрабруваат да работат на менталното здравје.

5.Избегнуваат лекари

Тие имаат многу поголема веројатност да ги прескокнат рутинските здравствени прегледи и многу помала е веројатноста од жените да посетиле лекар од кој било вид во текот на претходната година.

The post Ова се причините поради кои жените ги надживуваат мажите appeared first on Република.

]]>

Ова се најмоќните фактори што го кратат животниот век на машката популација: 1.Преземаат поголеми ризици Многу повеќе момчиња и мажи умираат во несреќи или насилство отколку девојчињата и жените. Тоа вклучува возење во пијана состојба или со недозволена брзина и недостиг на проценка и разгледување на последиците. 2.Имаат понебезбедни работни места Мажите се многу побројни во некои од најризичните професии, како што се воена заштита, гаснење пожари и работа на градилишта. 3.Срцеви заболувања Всушност, мажите имаат 50% поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања од жените. Фактот дека мажите имаат пониско ниво на естроген од жените може да биде дел од причината. 4.Проблеми со ментално здравје Мажите избегнуваат да бараат грижа за депресија и културните норми ги обесхрабруваат да работат на менталното здравје. 5.Избегнуваат лекари Тие имаат многу поголема веројатност да ги прескокнат рутинските здравствени прегледи и многу помала е веројатноста од жените да посетиле лекар од кој било вид во текот на претходната година.

The post Ова се причините поради кои жените ги надживуваат мажите appeared first on Република.

]]>
Жени читајте внимателно: Еве кои особини треба да ги има еден верен маж https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/zheni-chitajte-vnimatelno-eve-koi-osobini-treba-da-gi-ima-eden-veren-mazh/ Mon, 23 Sep 2024 20:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=819042

Кога некој бара партнер, на врвот на приоритетите скоро секогаш се верноста, лојалноста и доверливоста. Со еден збор: Луѓето кои се во потрага по сериозна врска, сакаат партнер кој не изневерува.

За жал, таа желба понекогаш завршува со болно разочарување. Тоа е затоа што и луѓето и околностите се менуваат со текот на времето.

Иако е тешко да се дојде до точна статистика - многу луѓе не сакаат да признаат неверство, истражувачите се согласуваат дека меѓу 30 и 50 отсто од мажите и 20 до 40 отсто од жените се неверни. Значи, може ли има целосна сигурност дека тој / таа до нас нема да изневерува? - Не.

Сепак, според стручњаците, треба да се обрне внимание на неколку одредени особини коишто укажуваат на верен маж...

1. Се држи до зборот и во другите области од животот

Довербата и сигурноста во различни области од животот - се добри показатели за верноста и во љубовта. Според главните психолошки теории, довербата е клучна за развивање и одржување долгорочна љубовна врска.

Како што пренесува порталот „Индекс“, истражувањата потврдуваат дека високото ниво на доверба во партнерот позитивно влијае на љубовта, среќата, погледот и квалитетот на врската, секојдневните односи, проактивните потфати во корист на врската и чувството на посветеност.

2. Тој „ги загледува“ твоите пријател(к)и, но држи растојание

Истражувачите од Универзитетот на Викторија во Канада открија дека речиси половина (45 насто) од мажите и повеќе од четвртина (26 отсто) од жените чувствуваат привлечност кон пријател(к)ите на нивниот партнер и понекогаш се во искушение да постапат според нагоните и страстите.

Сепак, верните мажи држат пристојно растојание во однос на другите жени во опкружувањето.

3. Не чува тајни

Малите тајни со текот на времето можат да станат големи. Истражувањата покажуваат дека чувањето тајни може да му наштети на менталното здравје. Постојаното премолчување негативно влијае на врската затоа што поттикнува недоверба и, подоцна - недостаток на поддршка.

4. Тој вложува напор за одржување на пријателството и романтиката со партнерката

Многу луѓе кои влегуваат во афери не успеале да ја продлабочат својата љубовна врска вон почетната „фаза на занес и возбуда“, посочуваат стручњаците. Според истражувањето на Американската психолошка асоцијација (АПА), љубовните врски можат да бидат поисполнувачки ако се засноваат на пријателство. Анализата на речиси 8.000 испитаници од „Британскиот панел за домаќќинства и испитувања“ (Panel of British Household Surveys), покажа дека оние кои изјавиле дека нивниот брачен другар е и нивен најдобар пријател, се двојно позадоволни од врската и животот.

The post Жени читајте внимателно: Еве кои особини треба да ги има еден верен маж appeared first on Република.

]]>

Кога некој бара партнер, на врвот на приоритетите скоро секогаш се верноста, лојалноста и доверливоста. Со еден збор: Луѓето кои се во потрага по сериозна врска, сакаат партнер кој не изневерува. За жал, таа желба понекогаш завршува со болно разочарување. Тоа е затоа што и луѓето и околностите се менуваат со текот на времето. Иако е тешко да се дојде до точна статистика - многу луѓе не сакаат да признаат неверство, истражувачите се согласуваат дека меѓу 30 и 50 отсто од мажите и 20 до 40 отсто од жените се неверни. Значи, може ли има целосна сигурност дека тој / таа до нас нема да изневерува? - Не. Сепак, според стручњаците, треба да се обрне внимание на неколку одредени особини коишто укажуваат на верен маж... 1. Се држи до зборот и во другите области од животот Довербата и сигурноста во различни области од животот - се добри показатели за верноста и во љубовта. Според главните психолошки теории, довербата е клучна за развивање и одржување долгорочна љубовна врска. Како што пренесува порталот „Индекс“, истражувањата потврдуваат дека високото ниво на доверба во партнерот позитивно влијае на љубовта, среќата, погледот и квалитетот на врската, секојдневните односи, проактивните потфати во корист на врската и чувството на посветеност. 2. Тој „ги загледува“ твоите пријател(к)и, но држи растојание Истражувачите од Универзитетот на Викторија во Канада открија дека речиси половина (45 насто) од мажите и повеќе од четвртина (26 отсто) од жените чувствуваат привлечност кон пријател(к)ите на нивниот партнер и понекогаш се во искушение да постапат според нагоните и страстите. Сепак, верните мажи држат пристојно растојание во однос на другите жени во опкружувањето. 3. Не чува тајни Малите тајни со текот на времето можат да станат големи. Истражувањата покажуваат дека чувањето тајни може да му наштети на менталното здравје. Постојаното премолчување негативно влијае на врската затоа што поттикнува недоверба и, подоцна - недостаток на поддршка. 4. Тој вложува напор за одржување на пријателството и романтиката со партнерката Многу луѓе кои влегуваат во афери не успеале да ја продлабочат својата љубовна врска вон почетната „фаза на занес и возбуда“, посочуваат стручњаците. Според истражувањето на Американската психолошка асоцијација (АПА), љубовните врски можат да бидат поисполнувачки ако се засноваат на пријателство. Анализата на речиси 8.000 испитаници од „Британскиот панел за домаќќинства и испитувања“ (Panel of British Household Surveys), покажа дека оние кои изјавиле дека нивниот брачен другар е и нивен најдобар пријател, се двојно позадоволни од врската и животот.

The post Жени читајте внимателно: Еве кои особини треба да ги има еден верен маж appeared first on Република.

]]>
Совети околу можното губење тежина за време на бременоста https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/soveti-okolu-mozhnoto-gubene-tezhina-za-vreme-na-bremenosta/ Sat, 21 Sep 2024 07:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=818396

Губењето килограми за време на бременоста може да биде збунувачко, а понекогаш и загрижувачко. Затоа е важно консултирањето со лекар за да се знае со сигурност причината за тоа.

Идните мајки и нивните лекари обично зборуваат за зголемување на телесната тежина во бременоста. Според центрите за контрола и превенција на болести, генерално, нормално е жените да добијат меѓу 10 и 14 килограми во бременоста, но тоа зависи и од нивниот индекс на телесна маса (БМИ). Според порталот „Кликс“, сепак, можно е и намалување на килограмите на жената за време на бременоста, што е сосем нормална појава.

Општо кажано, ниту една идна мајка не треба намерно да се обидува да изгуби тежина откако ќе дознае дека е бремена, дури и ако таа има прекумерна тежина.

Научните истражувања покажуваат дека намерното слабеење во бременоста може да ги зголеми опасностите за бебето. Натаму, се вели, ограничувањето на калориите и хранливите материи може да биде штетно и за трудницата и за бебето кое се развива.

Ако жената е со прекумерна тежина, лекарот ќе понуди совети за контрола на тежината при бременоста, за да се избегнат можните компликации.

За зголемување на телесната тежина за време на бременоста, нашите препораки ги базираме на БМИ на жената пред бременоста, вели гинекологот Кимберли Хендерсон.

Според надлежните, жените кои пред бременоста имаат БМИ 30, или повисок треба да накачат меѓу пет и девет килограми во бременоста. Жените кои имале БМИ над 40 може и да не ја покачат тежината за време на бременоста.

Лекарите забележуваат дека повеќето жени накачуваат само меѓу 400 грама и два килограми во првите три месеци од бременоста... Така што, губењето тежина во првото тримесечје веројатно не е повод за грижи.

Губењето апетит поради утринска мачнина е исто така честа причина за губење на тежината во бременоста. Според Хендерсон, причина за загриженост е она ако губењето тежина во бременоста достигне пет до 10 отсто од вкупната телесна тежина на жената.

Губење тежина во бременоста може да се случи и ако сте почнале да вежбате секојдневно и се обидувате да јадете поздрава храна. Ако е така, можеби ќе ви требаат неколку дополнителни калории во текот на денот за поддршка на бебето кое се развива, зависно од БМИ на жената.

Советот на стручњаците тука гласи: Ако жената губи тежина, а веќе е во четвртиот месец од бременоста, јавете се на лекар. Тоа може да биде и нешто безопасно, како дневни флуктуации во задржувањето на водата, но заради сигурност, секогаш е најдобро да се консултирате со Вашиот лекар.

Слабеењето во третото тримесечје може да биде причина за загриженост. Губењето на тежината во оваа доцна фаза на бременоста може да биде поврзано со слаб раст на бебето, ниска содржина на амнионска течност, или хипертензија, или прееклампсија индуцирана од бременоста.

The post Совети околу можното губење тежина за време на бременоста appeared first on Република.

]]>

Губењето килограми за време на бременоста може да биде збунувачко, а понекогаш и загрижувачко. Затоа е важно консултирањето со лекар за да се знае со сигурност причината за тоа. Идните мајки и нивните лекари обично зборуваат за зголемување на телесната тежина во бременоста. Според центрите за контрола и превенција на болести, генерално, нормално е жените да добијат меѓу 10 и 14 килограми во бременоста, но тоа зависи и од нивниот индекс на телесна маса (БМИ). Според порталот „Кликс“, сепак, можно е и намалување на килограмите на жената за време на бременоста, што е сосем нормална појава. Општо кажано, ниту една идна мајка не треба намерно да се обидува да изгуби тежина откако ќе дознае дека е бремена, дури и ако таа има прекумерна тежина. Научните истражувања покажуваат дека намерното слабеење во бременоста може да ги зголеми опасностите за бебето. Натаму, се вели, ограничувањето на калориите и хранливите материи може да биде штетно и за трудницата и за бебето кое се развива. Ако жената е со прекумерна тежина, лекарот ќе понуди совети за контрола на тежината при бременоста, за да се избегнат можните компликации.
За зголемување на телесната тежина за време на бременоста, нашите препораки ги базираме на БМИ на жената пред бременоста, вели гинекологот Кимберли Хендерсон.
Според надлежните, жените кои пред бременоста имаат БМИ 30, или повисок треба да накачат меѓу пет и девет килограми во бременоста. Жените кои имале БМИ над 40 може и да не ја покачат тежината за време на бременоста. Лекарите забележуваат дека повеќето жени накачуваат само меѓу 400 грама и два килограми во првите три месеци од бременоста... Така што, губењето тежина во првото тримесечје веројатно не е повод за грижи. Губењето апетит поради утринска мачнина е исто така честа причина за губење на тежината во бременоста. Според Хендерсон, причина за загриженост е она ако губењето тежина во бременоста достигне пет до 10 отсто од вкупната телесна тежина на жената. Губење тежина во бременоста може да се случи и ако сте почнале да вежбате секојдневно и се обидувате да јадете поздрава храна. Ако е така, можеби ќе ви требаат неколку дополнителни калории во текот на денот за поддршка на бебето кое се развива, зависно од БМИ на жената. Советот на стручњаците тука гласи: Ако жената губи тежина, а веќе е во четвртиот месец од бременоста, јавете се на лекар. Тоа може да биде и нешто безопасно, како дневни флуктуации во задржувањето на водата, но заради сигурност, секогаш е најдобро да се консултирате со Вашиот лекар. Слабеењето во третото тримесечје може да биде причина за загриженост. Губењето на тежината во оваа доцна фаза на бременоста може да биде поврзано со слаб раст на бебето, ниска содржина на амнионска течност, или хипертензија, или прееклампсија индуцирана од бременоста.

The post Совети околу можното губење тежина за време на бременоста appeared first on Република.

]]>
Бранислав бил најосамениот човек во светот: Србин во Шведска неколку години лежел мртов дома, никој не го побарал https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/branislav-bil-najosameniot-chovek-vo-svetot-srbin-vo-shvedska-nekolku-godini-lezhel-mrtov-doma-nikoj-ne-go-pobaral/ Fri, 13 Sep 2024 18:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=814406

Србинот Бранислав Тешановиќ речиси четири години бил починат во неговиот дом во  Стокхолм, а никој не го побарал  забележал дека е умрен. Овој случај е инспирација за филмот „Најосамениот човек во Стокхолм“ (Stockholm’s loneliest man?).

Телото на 78-годишниот Бранислав пред пет години било најдено во неговиот стан во Стокхолм од страна на сосетката.Интересно е што радиото се уште работело и светлото било уклучено.

Интересно е што од станот не се чуствувала никаква миризба бидејќи прозорецот бил подотворен.

The post Бранислав бил најосамениот човек во светот: Србин во Шведска неколку години лежел мртов дома, никој не го побарал appeared first on Република.

]]>

Србинот Бранислав Тешановиќ речиси четири години бил починат во неговиот дом во  Стокхолм, а никој не го побарал  забележал дека е умрен. Овој случај е инспирација за филмот „Најосамениот човек во Стокхолм“ (Stockholm’s loneliest man?). Телото на 78-годишниот Бранислав пред пет години било најдено во неговиот стан во Стокхолм од страна на сосетката.Интересно е што радиото се уште работело и светлото било уклучено. Интересно е што од станот не се чуствувала никаква миризба бидејќи прозорецот бил подотворен.

The post Бранислав бил најосамениот човек во светот: Србин во Шведска неколку години лежел мртов дома, никој не го побарал appeared first on Република.

]]>
Tреба ли ова кај нас? Мобилните телефони забранети во училиштата во Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/treba-li-ova-kaj-nas-mobilnite-telefoni-zabraneti-vo-uchilishtata-vo-grtsija/ Wed, 11 Sep 2024 08:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=815184

Над 1,3 милиони ученици во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, а новата учебна година започнува со десет промени, меѓу кои и забрана за користење на мобилните телефони за време на наставата, додека за прекршување на мерката, но и за снимање или сликање предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина.

Првото училишно ѕвонче наместо денеска ќе заѕвони утре во училиштата во северниот дел на Грција, откако поради невремето „Атена“ што ја зафати земјата беше одлучено да се пролонгира за еден ден почетокот на наставата.

Учебната година во Грција носи и новини, а меѓу другото, годинава има дополнителни вработувања на 10.000 просветни работници, се воведуваат автономни класови во оддалечени и малку населени места, а први се малите острови Гавдос и Арки, се проширува програмата со интерактивните табли; се воведува специјална апликација e-Parents за информирање на родителите и старателите за оценките на учениците, а за оние кои ќе полагаат државна матура, ќе постојат попладневни бесплатни дополнители часови за подготовка.

Новините, што имаат за цел да го подобрат наставниот процес и училишниот живот, беа презентирани пред две седмици на средбата на грчкиот премиер со раководството на Министерството за образование, религија и спорт, додека пак Мицотакис преку видео што синоќа го објави на Тик Ток говори за „Десетте промени што ќе ги видиш годинава на училиште пред да излезе новата GTA 6“.

-Училниците се менуваат и наставата веќе ќе биде со речиси 40.000 дигитални интерактивни табли, кои ќе бидат поставени до крајот на 2024 година за учениците од петто одделение до оние во средните училишта. Веќе осум од десет училишта имаат такви интерактивни табли. За родителите: преку дигиталната апликација e-Parents може да следат оценки и отсуства. Извинете, деца!, вели грчкиот премиер во видеото.

Во продолжение се осврнува на новиот начин на работа на училиштата со построги правила, објаснувајќи дека ако еден ученик предизвика штета, санацијата ќе биде на товар на родителите, додека пак за употребата на мобилниот телефон посочува дека за време на наставата „мобилниот треба да биде во ранец“.

Од Министерството за образование, религија и спорт пред две седмици информираа дека Грција им се приклучува на европските земји кои се стремат кон забрана за користење на мобилни телефони во училиштата, објаснувајќи дека Португалија и Шпанија целосно ја применуваат, во Франција и Финска се применува со одредени промена, додека Кипар и Шведска се блиску до нејзино усвојување.

За непочитување на забраната, предвидено е ученикот да биде избркан од сите часови во текот на денот, во случај да ги снима или фотографира наставниците или соученици, без нивна согласност, казната е тридневна суспензија, додека ако е со согласност ќе биде суспендиран од еден до три дена

The post Tреба ли ова кај нас? Мобилните телефони забранети во училиштата во Грција appeared first on Република.

]]>

Над 1,3 милиони ученици во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, а новата учебна година започнува со десет промени, меѓу кои и забрана за користење на мобилните телефони за време на наставата, додека за прекршување на мерката, но и за снимање или сликање предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина. Првото училишно ѕвонче наместо денеска ќе заѕвони утре во училиштата во северниот дел на Грција, откако поради невремето „Атена“ што ја зафати земјата беше одлучено да се пролонгира за еден ден почетокот на наставата. Учебната година во Грција носи и новини, а меѓу другото, годинава има дополнителни вработувања на 10.000 просветни работници, се воведуваат автономни класови во оддалечени и малку населени места, а први се малите острови Гавдос и Арки, се проширува програмата со интерактивните табли; се воведува специјална апликација e-Parents за информирање на родителите и старателите за оценките на учениците, а за оние кои ќе полагаат државна матура, ќе постојат попладневни бесплатни дополнители часови за подготовка. Новините, што имаат за цел да го подобрат наставниот процес и училишниот живот, беа презентирани пред две седмици на средбата на грчкиот премиер со раководството на Министерството за образование, религија и спорт, додека пак Мицотакис преку видео што синоќа го објави на Тик Ток говори за „Десетте промени што ќе ги видиш годинава на училиште пред да излезе новата GTA 6“.
-Училниците се менуваат и наставата веќе ќе биде со речиси 40.000 дигитални интерактивни табли, кои ќе бидат поставени до крајот на 2024 година за учениците од петто одделение до оние во средните училишта. Веќе осум од десет училишта имаат такви интерактивни табли. За родителите: преку дигиталната апликација e-Parents може да следат оценки и отсуства. Извинете, деца!, вели грчкиот премиер во видеото.
Во продолжение се осврнува на новиот начин на работа на училиштата со построги правила, објаснувајќи дека ако еден ученик предизвика штета, санацијата ќе биде на товар на родителите, додека пак за употребата на мобилниот телефон посочува дека за време на наставата „мобилниот треба да биде во ранец“. Од Министерството за образование, религија и спорт пред две седмици информираа дека Грција им се приклучува на европските земји кои се стремат кон забрана за користење на мобилни телефони во училиштата, објаснувајќи дека Португалија и Шпанија целосно ја применуваат, во Франција и Финска се применува со одредени промена, додека Кипар и Шведска се блиску до нејзино усвојување. За непочитување на забраната, предвидено е ученикот да биде избркан од сите часови во текот на денот, во случај да ги снима или фотографира наставниците или соученици, без нивна согласност, казната е тридневна суспензија, додека ако е со согласност ќе биде суспендиран од еден до три дена

The post Tреба ли ова кај нас? Мобилните телефони забранети во училиштата во Грција appeared first on Република.

]]>