Кујнски тефтер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/zivot/kujnski-tefter/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 14:08:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кујнски тефтер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/zivot/kujnski-tefter/ 32 32 Куглоф со лимон: Мирисна и вкусна торта за постудените денови https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kuglof-so-limon-mirisna-i-vkusna-torta-za-postudenite-denovi/ Thu, 28 Nov 2024 14:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=842838

Состојки:

• 100 гр путер или маргарин

• 1 лимон (или мал портокал)

• 200 гр брашно

• 1 прашок за пециво

• 150 гр суво грозје

• 200 гр кисела павлака

• 5 јајца

• 200 гр шеќер

• 50 мл млеко

Подготовка:

1. Јајцата се матат со шеќер, па се додава брашното измешано со прашокот за пециво. Потоа, се додава ренданата кора од лимон (или портокал) и сокот од истото, сувото грозје, павлаката и млекото. Сите состојки се добро мешаат за да се добие хомогена смеса.

2. Подмачкувајте го куглофот со масло или маргарин, па истурете ја смесата во плехот за куглоф.

3. Печете на 200 степени околу 40 минути или додека не се залади и не добие златно-кафена боја.

4. По вадење од рерната, оставете го да се излади, а по желба посипете со шеќер во прав за финален додаток.

Оваа мирисна и вкусна торта е идеална за пријатни моменти со вашето семејство и пријатели, совршен десерт за студените денови!

The post Куглоф со лимон: Мирисна и вкусна торта за постудените денови appeared first on Република.

]]>

Состојки: • 100 гр путер или маргарин • 1 лимон (или мал портокал) • 200 гр брашно • 1 прашок за пециво • 150 гр суво грозје • 200 гр кисела павлака • 5 јајца • 200 гр шеќер • 50 мл млеко Подготовка: 1. Јајцата се матат со шеќер, па се додава брашното измешано со прашокот за пециво. Потоа, се додава ренданата кора од лимон (или портокал) и сокот од истото, сувото грозје, павлаката и млекото. Сите состојки се добро мешаат за да се добие хомогена смеса. 2. Подмачкувајте го куглофот со масло или маргарин, па истурете ја смесата во плехот за куглоф. 3. Печете на 200 степени околу 40 минути или додека не се залади и не добие златно-кафена боја. 4. По вадење од рерната, оставете го да се излади, а по желба посипете со шеќер во прав за финален додаток. Оваа мирисна и вкусна торта е идеална за пријатни моменти со вашето семејство и пријатели, совршен десерт за студените денови!

The post Куглоф со лимон: Мирисна и вкусна торта за постудените денови appeared first on Република.

]]>
Што открива изборот на пијалок за вас? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/shto-otkriva-izborot-na-pijalok-za-vas/ Mon, 25 Nov 2024 09:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=841516

Верувале или не, вашиот избор кажува многу за вашата личност.

Опција 1: Топло какао со шлаг

Ако го избравте класичното топло какао, вие сте носталгична душа која ги цени удобноста и традицијата. Вие сте некој што ја  сака пријатноста на познатите моменти, било да е тоа гушкање под ќебе или споделување приказни покрај огнот. Луѓето ве гледаат како топли, грижливи личности кои се секогаш подготвени да го подигнат својот дух.

Опција 2: Варено вино со зачини

Изборот на ароматично варено вино покажува дека имате софистицирана и авантуристичка страна. Ги цените фините животни искуства и уживате во истражувањето на различни култури и вкусови. Вашите пријатели се восхитуваат на вашата длабочина и вашата вештина за претворање на обичните моменти во извонредни спомени.

Опција 3: Капучино со пена

Љубителот на капучино е класичен перфекционист. Вие сте тип кој ја цени естетиката и вниманието на деталите, било во утринското кафе или во секојдневниот живот. Вие сте доверливи, водени од убавината и ги инспирирате другите да му пристапат на животот со страст.

Опција 4: Смути со јагоди

Ако освежителниот смути од јагоди ви го привлече вниманието, полни сте со енергија и позитивност. Имате енергична личност и секогаш сте во движење. Ги инспирирате оние околу вас да го живеат животот во целост, но и да ги прифатат здравите, радосни навики.

The post Што открива изборот на пијалок за вас? appeared first on Република.

]]>

Верувале или не, вашиот избор кажува многу за вашата личност.
Опција 1: Топло какао со шлаг Ако го избравте класичното топло какао, вие сте носталгична душа која ги цени удобноста и традицијата. Вие сте некој што ја  сака пријатноста на познатите моменти, било да е тоа гушкање под ќебе или споделување приказни покрај огнот. Луѓето ве гледаат како топли, грижливи личности кои се секогаш подготвени да го подигнат својот дух. Опција 2: Варено вино со зачини Изборот на ароматично варено вино покажува дека имате софистицирана и авантуристичка страна. Ги цените фините животни искуства и уживате во истражувањето на различни култури и вкусови. Вашите пријатели се восхитуваат на вашата длабочина и вашата вештина за претворање на обичните моменти во извонредни спомени. Опција 3: Капучино со пена Љубителот на капучино е класичен перфекционист. Вие сте тип кој ја цени естетиката и вниманието на деталите, било во утринското кафе или во секојдневниот живот. Вие сте доверливи, водени од убавината и ги инспирирате другите да му пристапат на животот со страст. Опција 4: Смути со јагоди Ако освежителниот смути од јагоди ви го привлече вниманието, полни сте со енергија и позитивност. Имате енергична личност и секогаш сте во движење. Ги инспирирате оние околу вас да го живеат животот во целост, но и да ги прифатат здравите, радосни навики.

The post Што открива изборот на пијалок за вас? appeared first on Република.

]]>
Брза торта со банани – без печење! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/brza-torta-so-banani-bez-pechene/ Sun, 24 Nov 2024 17:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=837749

Кремаста и сочна, за подготовката на оваа торта со банани ќе ви бидат потребни околу половина час.

Состојки:

600 до 700 гр излупени зрели банани
400 гр шлаг во прав
2 пакувања бисквити од 125 гр
1 пакување готови тортици
250 гр крем банани
200 гр шлаг за декорација

Подготовка:

https://youtu.be/ZzEieQHlscc?si=uR1aw042K86oMWCZ

The post Брза торта со банани – без печење! appeared first on Република.

]]>

Кремаста и сочна, за подготовката на оваа торта со банани ќе ви бидат потребни околу половина час.

Состојки:

600 до 700 гр излупени зрели банани 400 гр шлаг во прав 2 пакувања бисквити од 125 гр 1 пакување готови тортици 250 гр крем банани 200 гр шлаг за декорација

Подготовка:

https://youtu.be/ZzEieQHlscc?si=uR1aw042K86oMWCZ

The post Брза торта со банани – без печење! appeared first on Република.

]]>
Брза крем салата совршена за славење на име или мрсна слава https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/brza-krem-salata-sovrshena-za-slavene-na-ime-ili-mrsna-slava/ Thu, 21 Nov 2024 19:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=837740

Креаторката на оваа кремаста салата вели дека е совршена за секакви прослави и дека гостите ќе бараат лажица повеќе од неа. Откако ќе ги сварите пилешкото месо и јајцата, таа ќе биде готова за помалку од 10 минути.

Состојки:

450 гр варено пилешко бело месо
200 гр кулен
4 варени јајца
5-6 кисели краставички
50 гр рендано сирење
180 гр кисела павлака
170 гр мајонез
1 лажица сенф

https://youtu.be/HJLgm2cnOGQ?si=ObdasQmh9HjTxjGh

The post Брза крем салата совршена за славење на име или мрсна слава appeared first on Република.

]]>

Креаторката на оваа кремаста салата вели дека е совршена за секакви прослави и дека гостите ќе бараат лажица повеќе од неа. Откако ќе ги сварите пилешкото месо и јајцата, таа ќе биде готова за помалку од 10 минути.

Состојки:

450 гр варено пилешко бело месо 200 гр кулен 4 варени јајца 5-6 кисели краставички 50 гр рендано сирење 180 гр кисела павлака 170 гр мајонез 1 лажица сенф https://youtu.be/HJLgm2cnOGQ?si=ObdasQmh9HjTxjGh

The post Брза крем салата совршена за славење на име или мрсна слава appeared first on Република.

]]>
8. издание на Винодонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/8-izdanie-na-vinodonija/ Wed, 20 Nov 2024 12:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=839933

Осмото издание на Винодонија, престижниот Скопски вински салон, ќе се одржи на 13-ти и 14-ти декември во хотел „Мериот“ во Скопје. Настанот, кој традиционално ги собира најзначајните имиња од винската индустрија, оваа година продолжува со уште поголем ентузијазам и квалитетна програма.
Работното време на салонот ќе биде од 15:00 до 21:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат во уникатните вкусови на повеќе од 500 вина изложени од над 70 домашни и странски винарии. Винодонија 2024 и оваа година го истакнува значењето на винската култура и ја нагласува улогата на Македонија како винска дестинација во регионот.
Во богатата винска програма на настанот, посетителите ќе имаат можност да дегустираат разни вина од Македонија и странската винска сцена, но и да откријат и да се запознаат со нови вински приказни, кои ќе ги прераскажуваат уште многу време откако салонот ќе заврши. Водечкиот карактер на Винодонија 2024 ќе дојде повторно до израз преку едукативните работилници и предавања, на кои експерти од винската индустрија ќе ги споделат своите знаења преку мастер-клас дегустации и интерактивни сесии. Можноста за професионално вмрежување нема да биде изоставена, на настанот ќе присуствуваат менаџери и сопственици на хотели, ресторани и барови, дипломати и медиуми, обезбедувајќи одлична платформа за промоција и нови партнерства.
Освен извонредниот избор на вина, Винодонија 2024 и оваа година ќе има специјален гастрономски дел, кој ќе го заокружи винското уживање. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат внимателно одбрани гурмански специјалитети, локални и интернационални деликатеси кои совршено ќе се надополнуваат со презентираните вина. Оваа комбинација на вкус и квалитет ќе овозможи автентично искуство за сите љубители на доброто вино и храна, потврдувајќи го статусот на Винодонија 2024 како настан кој ги слави најдобрите аспекти на гастрономската и винската уметност.
Винодонија се има етаблирано како клучен настан за винската индустрија во Македонија, привлекувајќи вински ентузијасти, експерти и професионалци. Овој салон ја слави македонската винска традиција, промовирајќи го квалитетот на домашните вина и нивниот потенцијал за глобален успех.

 

The post 8. издание на Винодонија appeared first on Република.

]]>

Осмото издание на Винодонија, престижниот Скопски вински салон, ќе се одржи на 13-ти и 14-ти декември во хотел „Мериот“ во Скопје. Настанот, кој традиционално ги собира најзначајните имиња од винската индустрија, оваа година продолжува со уште поголем ентузијазам и квалитетна програма. Работното време на салонот ќе биде од 15:00 до 21:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат во уникатните вкусови на повеќе од 500 вина изложени од над 70 домашни и странски винарии. Винодонија 2024 и оваа година го истакнува значењето на винската култура и ја нагласува улогата на Македонија како винска дестинација во регионот. Во богатата винска програма на настанот, посетителите ќе имаат можност да дегустираат разни вина од Македонија и странската винска сцена, но и да откријат и да се запознаат со нови вински приказни, кои ќе ги прераскажуваат уште многу време откако салонот ќе заврши. Водечкиот карактер на Винодонија 2024 ќе дојде повторно до израз преку едукативните работилници и предавања, на кои експерти од винската индустрија ќе ги споделат своите знаења преку мастер-клас дегустации и интерактивни сесии. Можноста за професионално вмрежување нема да биде изоставена, на настанот ќе присуствуваат менаџери и сопственици на хотели, ресторани и барови, дипломати и медиуми, обезбедувајќи одлична платформа за промоција и нови партнерства. Освен извонредниот избор на вина, Винодонија 2024 и оваа година ќе има специјален гастрономски дел, кој ќе го заокружи винското уживање. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат внимателно одбрани гурмански специјалитети, локални и интернационални деликатеси кои совршено ќе се надополнуваат со презентираните вина. Оваа комбинација на вкус и квалитет ќе овозможи автентично искуство за сите љубители на доброто вино и храна, потврдувајќи го статусот на Винодонија 2024 како настан кој ги слави најдобрите аспекти на гастрономската и винската уметност. Винодонија се има етаблирано како клучен настан за винската индустрија во Македонија, привлекувајќи вински ентузијасти, експерти и професионалци. Овој салон ја слави македонската винска традиција, промовирајќи го квалитетот на домашните вина и нивниот потенцијал за глобален успех.  

The post 8. издание на Винодонија appeared first on Република.

]]>
Шпагети од рерна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/shpageti-od-rerna/ Sun, 17 Nov 2024 20:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=838950

Веројатно сте ги пробале во милион верзии, но мали се шансите дека сте јаделе шпагети од рерна! Овој рецепт стана вирален на ТикТок, бидејќи совршен е за брз ручек или вечера и лесно се приспособува на сечиј вкус.

Загрејте ја рерната и почнете да приготвувате сос болоњезе. Во меѓувреме, сварете ги шпагетите. Потоа, растопете путер, додајте лук, пропржете го кратко, па додајте павлака за готвење и гответе уште 10 минути додека се згусне.

Тргнете го од рингла, постепено додавајте пармезан и мешајте. Префрлете ги тестенините и белиот сос во подмачкан сад за печење.

Одозгора рамномерно распоредете го сосот болоњезе и по желба посипете моцарела и црвен пипер.

Печете додека зарумени, околу 25 минути. Бон апетит!


Убавина и здравје

The post Шпагети од рерна appeared first on Република.

]]>

Веројатно сте ги пробале во милион верзии, но мали се шансите дека сте јаделе шпагети од рерна! Овој рецепт стана вирален на ТикТок, бидејќи совршен е за брз ручек или вечера и лесно се приспособува на сечиј вкус. Загрејте ја рерната и почнете да приготвувате сос болоњезе. Во меѓувреме, сварете ги шпагетите. Потоа, растопете путер, додајте лук, пропржете го кратко, па додајте павлака за готвење и гответе уште 10 минути додека се згусне. Тргнете го од рингла, постепено додавајте пармезан и мешајте. Префрлете ги тестенините и белиот сос во подмачкан сад за печење. Одозгора рамномерно распоредете го сосот болоњезе и по желба посипете моцарела и црвен пипер. Печете додека зарумени, околу 25 минути. Бон апетит!
Убавина и здравје

The post Шпагети од рерна appeared first on Република.

]]>
Македонскиот зелник меѓу 10 најдобри пецива на светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/makedonskiot-zelnik-megu-10-najdobri-petsiva-na-svetot/ Sun, 17 Nov 2024 13:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=838841

Македонскиот зелник се најде на деветото место на листата на гастро водичот TasteAtlas, меѓу десетте најдобри пецива во светот. Зелникот е легендарна кулинарска класика во Македонија. Самиот поим доаѓа од поимот „зелје“, што всушност се однесува на самите зелјести растенија кои се ставаат во питата.

Првото место на оваа листа го заземаат Пазарските мантии.

„Вкусот на ова јадење потсетува на бурек, но формата е сосема поинаква – се обликува во мали топчиња кои се ставаат во тава и се печат заедно“, објаснуваат од TasteAtlas.

Второто место го зазема Пастел де Белем, трето е малезискиот карипап, четврто е грчката тригона панораматос, а на петтото место е францускиот кроасан.

На шесто место е грчката бугаца, седми турскиот катмер, осми пачки од Полска, а на деветото место е македонскиот зелник.

Атлас за вкус е онлајн платформа посветена на истражување на традиционални јадења и гастрономски специјалитети од различни земји и региони. Содржи информации за локални кујни, традиционални рецепти, ресторани и специјалитети, често со оценки и критики.

Корисниците можат да бараат различни видови храна, како и да откријат популарни јадења во различни делови на светот, помагајќи им да планираат патувања или да ги подобрат своите кулинарски вештини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)

The post Македонскиот зелник меѓу 10 најдобри пецива на светот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот зелник се најде на деветото место на листата на гастро водичот TasteAtlas, меѓу десетте најдобри пецива во светот. Зелникот е легендарна кулинарска класика во Македонија. Самиот поим доаѓа од поимот „зелје“, што всушност се однесува на самите зелјести растенија кои се ставаат во питата. Првото место на оваа листа го заземаат Пазарските мантии. „Вкусот на ова јадење потсетува на бурек, но формата е сосема поинаква – се обликува во мали топчиња кои се ставаат во тава и се печат заедно“, објаснуваат од TasteAtlas. Второто место го зазема Пастел де Белем, трето е малезискиот карипап, четврто е грчката тригона панораматос, а на петтото место е францускиот кроасан. На шесто место е грчката бугаца, седми турскиот катмер, осми пачки од Полска, а на деветото место е македонскиот зелник. Атлас за вкус е онлајн платформа посветена на истражување на традиционални јадења и гастрономски специјалитети од различни земји и региони. Содржи информации за локални кујни, традиционални рецепти, ресторани и специјалитети, често со оценки и критики. Корисниците можат да бараат различни видови храна, како и да откријат популарни јадења во различни делови на светот, помагајќи им да планираат патувања или да ги подобрат своите кулинарски вештини.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)

The post Македонскиот зелник меѓу 10 најдобри пецива на светот appeared first on Република.

]]>
Богата салата со круша и горгонзола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/bogata-salata-so-krusha-i-gorgonzola/ Sat, 16 Nov 2024 09:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=838407

Доколку обожавате добри салати, богати со текстура и вкусови, оваа есенска салата несомнено ќе ви ги исполни очекувањата. Слатката круша, преливот од сенф дижон, крцкавите оревчиња и кремавото сирење горгонзола создаваат вкусно есенско јадење, на кое нема да можете да му одолеете.

Состојки:

За салатата:

2 помали зрели круши, излупени и исечкани
60 г сирење горгонзола, здробено
околу 200 г мешана зелена салата, млад спанаќ, рукола
околу 20 оревчиња

За преливот:
2 лажици црвен вински оцет
1/2 лажиче сенф дижон
1 лажиче мед
1/4 лажиче сол
свежо мелен бибер
3 лажици маслиново масло

Приготвување:
1. Во помала чинија измешајте оцет, сенф, мед, сол и бибер. Додајте маслиново масло и изматете.

2. Во поголем сад измешајте зелена салата, круши, сирење горгонзола и ореви.

3. Пред самото послужување, додајте го преливот во салатата и убаво измешајте. Послужете ја веднаш.

The post Богата салата со круша и горгонзола appeared first on Република.

]]>

Доколку обожавате добри салати, богати со текстура и вкусови, оваа есенска салата несомнено ќе ви ги исполни очекувањата. Слатката круша, преливот од сенф дижон, крцкавите оревчиња и кремавото сирење горгонзола создаваат вкусно есенско јадење, на кое нема да можете да му одолеете.
Состојки:
За салатата: 2 помали зрели круши, излупени и исечкани 60 г сирење горгонзола, здробено околу 200 г мешана зелена салата, млад спанаќ, рукола околу 20 оревчиња За преливот: 2 лажици црвен вински оцет 1/2 лажиче сенф дижон 1 лажиче мед 1/4 лажиче сол свежо мелен бибер 3 лажици маслиново масло Приготвување: 1. Во помала чинија измешајте оцет, сенф, мед, сол и бибер. Додајте маслиново масло и изматете. 2. Во поголем сад измешајте зелена салата, круши, сирење горгонзола и ореви. 3. Пред самото послужување, додајте го преливот во салатата и убаво измешајте. Послужете ја веднаш.

The post Богата салата со круша и горгонзола appeared first on Република.

]]>
Норвешки крофнички од само 5 состојки https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/norveshki-krofnichki-od-samo-5-sostojki/ Thu, 14 Nov 2024 20:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=837868

Норвешките крофнички се приготвуваат неверојатно лесно, па нема да морате да поминувате со часови во кујна. Може да ги комбинирате со солени додатоци, како печеница, сирење, ајвар, но и како слатка варијанта со џем или чоколаден крем.

Состојки:

2,5 дл брашно
6 дл млеко
половина лажиче сол
3 јајца
6 лажици путер

Приготвување:
Во брашното додајте сол, потоа половина количина од млекото и матете додека добиете мазна смеса. Во друг сад, измешајте го преостанатото млеко, јајцата и 3 лажици путер, па сипете ги во претходно добиената смеса.

Оставете го тестото да нараснува половина час.

Пржете ги крофничките во преостанатиот путер, а можете да ги правите и големи и мали. Од оваа количина на тесто се добиваат дваесетина. Смесата можете и да ја замрзнете 7 дена.


Извор: Убавина и здравје

The post Норвешки крофнички од само 5 состојки appeared first on Република.

]]>

Норвешките крофнички се приготвуваат неверојатно лесно, па нема да морате да поминувате со часови во кујна. Може да ги комбинирате со солени додатоци, како печеница, сирење, ајвар, но и како слатка варијанта со џем или чоколаден крем. Состојки: 2,5 дл брашно 6 дл млеко половина лажиче сол 3 јајца 6 лажици путер Приготвување: Во брашното додајте сол, потоа половина количина од млекото и матете додека добиете мазна смеса. Во друг сад, измешајте го преостанатото млеко, јајцата и 3 лажици путер, па сипете ги во претходно добиената смеса. Оставете го тестото да нараснува половина час. Пржете ги крофничките во преостанатиот путер, а можете да ги правите и големи и мали. Од оваа количина на тесто се добиваат дваесетина. Смесата можете и да ја замрзнете 7 дена.
Извор: Убавина и здравје

The post Норвешки крофнички од само 5 состојки appeared first on Република.

]]>
Пијте какао да не ви побели косата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pijte-kakao-da-ne-vi-pobeli-kosata/ Tue, 12 Nov 2024 14:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=836692

Побелувањето на косата е природен процес. Сепак, седите влакна кај некои луѓе може да се појават многу порано отколку што тоа е вообичаено. Д-р Асиф Ахмед од британкиот Универзитет на аутемптон тврди дека седата коса и заморот може да бидат признаци на недостаток на бакар, пренесе порталот „Кликс“.

- Вашето ниво на бакар е директно поврзано со седата коса, како и со целокупното здравје на кожата, нивото на енергија и метаболизмот... Недостатокот на бакар е многу редок, но поради некоја причина гледам повеќе такви случаи, а не знам зошто? Од друга страна, преоптоварувањето со бакар е нешто што дефинитивно не сакате да го имате, затоа Ве молам не почнувајте со додатоци без да ги проверите нивоата, нагласи Ахмед.

Според Националната здравствена служба на Велика Британија, просечниот возрасен човек (меѓу 19 и 64 години) треба да има приближно 1,2 милиграми бакар дневно. Тој метал се добива преку јаткасти плодови, школки, но и органите од некои животни.

Следниот совет на лекарот гласи: Лажица какао во прав дневно помага во спречувањето појава на повеќе седа коса. Според него, и додадени протеини и влакна се благотворни, како и јогуртот, или напивката од какао

The post Пијте какао да не ви побели косата appeared first on Република.

]]>

Побелувањето на косата е природен процес. Сепак, седите влакна кај некои луѓе може да се појават многу порано отколку што тоа е вообичаено. Д-р Асиф Ахмед од британкиот Универзитет на аутемптон тврди дека седата коса и заморот може да бидат признаци на недостаток на бакар, пренесе порталот „Кликс“.
- Вашето ниво на бакар е директно поврзано со седата коса, како и со целокупното здравје на кожата, нивото на енергија и метаболизмот... Недостатокот на бакар е многу редок, но поради некоја причина гледам повеќе такви случаи, а не знам зошто? Од друга страна, преоптоварувањето со бакар е нешто што дефинитивно не сакате да го имате, затоа Ве молам не почнувајте со додатоци без да ги проверите нивоата, нагласи Ахмед.
Според Националната здравствена служба на Велика Британија, просечниот возрасен човек (меѓу 19 и 64 години) треба да има приближно 1,2 милиграми бакар дневно. Тој метал се добива преку јаткасти плодови, школки, но и органите од некои животни. Следниот совет на лекарот гласи: Лажица какао во прав дневно помага во спречувањето појава на повеќе седа коса. Според него, и додадени протеини и влакна се благотворни, како и јогуртот, или напивката од какао

The post Пијте какао да не ви побели косата appeared first on Република.

]]>
Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/dushko-od-gevgelija-im-odgovori-na-site-shto-velat-deka-500-denari-za-tegla-domashen-ajvar-e-preskapo/ Sun, 10 Nov 2024 16:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=836139

Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница

Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата).

Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан.

Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол.

Дрвата исто така не се бесплатни.

За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар.

Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле.

Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата.

Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.

 

 

 

The post Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо appeared first on Република.

]]>

Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан. Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол. Дрвата исто така не се бесплатни. За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар. Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле. Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата. Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.      

The post Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо appeared first on Република.

]]>
Една смеса, а шест варијанти на посни бомбици совршени за периодот на слави https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/edna-smesa-a-shest-varijanti-na-posni-bombitsi-sovrsheni-za-periodot-na-slavi/ Thu, 07 Nov 2024 18:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=834422

Посните солени бомбици, кои се прпелкаат во различни смеси, се совршени за послужување во време на слави.

Основата им е иста:

800 гр компири, лажичка сол, лук во прав, мелен црн пипер по вкус, мала кесичка посен мајонез.

Подготовка:

Излупете ги компирите, ставете ги во вода, посолете ги и ставете ги да се варат. Откако ќе се сварат компирите, извадете ги од водата и испасирајте ги. Додадете ги зачините (сол, бибер и кромид во прав) и мајонез.

Смесата поделете ја во 6 садови, во еднакви делови.

Потоа од секој дел формирајте топчиња и тркалајте ги во:

1 тип топчиња: мелени печени кикиритки (ви требаат отприлика 50 гр). Пред да направите топчиња може да ставите малку кикирики и во смесата.

2 тип топчиња: 50 грама магдонос (сув или свеж)

3 тип топчиња: исецкајте ситно неколку маслинки и измешајте ги низ смесата

4 тип на топчиња: 50 гр печен сусам (малку во смесата, а остатокот за тркалање) За пошарени топчиња ставете и малку црн сусам

5 тип на топчиња:  50 грама искршени парченца на фстаци

6 тип на топчиња: околу 30 гр лута црвена пипер (или буковец), малку во смесата и остатокот за тркалање

The post Една смеса, а шест варијанти на посни бомбици совршени за периодот на слави appeared first on Република.

]]>

Посните солени бомбици, кои се прпелкаат во различни смеси, се совршени за послужување во време на слави.

Основата им е иста:

800 гр компири, лажичка сол, лук во прав, мелен црн пипер по вкус, мала кесичка посен мајонез.

Подготовка:

Излупете ги компирите, ставете ги во вода, посолете ги и ставете ги да се варат. Откако ќе се сварат компирите, извадете ги од водата и испасирајте ги. Додадете ги зачините (сол, бибер и кромид во прав) и мајонез. Смесата поделете ја во 6 садови, во еднакви делови. Потоа од секој дел формирајте топчиња и тркалајте ги во: 1 тип топчиња: мелени печени кикиритки (ви требаат отприлика 50 гр). Пред да направите топчиња може да ставите малку кикирики и во смесата. 2 тип топчиња: 50 грама магдонос (сув или свеж) 3 тип топчиња: исецкајте ситно неколку маслинки и измешајте ги низ смесата 4 тип на топчиња: 50 гр печен сусам (малку во смесата, а остатокот за тркалање) За пошарени топчиња ставете и малку црн сусам 5 тип на топчиња:  50 грама искршени парченца на фстаци 6 тип на топчиња: околу 30 гр лута црвена пипер (или буковец), малку во смесата и остатокот за тркалање

The post Една смеса, а шест варијанти на посни бомбици совршени за периодот на слави appeared first on Република.

]]>
Златно млеко, мора да пробате https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/zlatno-mleko-mora-da-probate/ Tue, 05 Nov 2024 10:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=834308

Потребно е:

1 чаша млеко
половина лажичка куркума во прав
1 до 3 зрна бибер
1 кршена кардамон капсула

Подготовка:

Истурете млеко во тенџере и додајте ги сечканите зрна бибер и кардамон.

Промешајте ја куркумата и мешајте додека смесата не добие златна боја.

Следно, загрејте ја смесата на средна топлина додека не почне да врие.

Процедете и оставете да се излади.

Напитокот засладете го со мед или засладувач по ваш избор.

 

The post Златно млеко, мора да пробате appeared first on Република.

]]>

Потребно е:

1 чаша млеко
половина лажичка куркума во прав
1 до 3 зрна бибер
1 кршена кардамон капсула

Подготовка:

Истурете млеко во тенџере и додајте ги сечканите зрна бибер и кардамон.

Промешајте ја куркумата и мешајте додека смесата не добие златна боја.

Следно, загрејте ја смесата на средна топлина додека не почне да врие.

Процедете и оставете да се излади.

Напитокот засладете го со мед или засладувач по ваш избор.

 

The post Златно млеко, мора да пробате appeared first on Република.

]]>
Рецепт за леплив батак https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/retsept-za-lepliv-batak/ Sun, 03 Nov 2024 21:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=833758

Најдобро е да го сервирате со печен компир или пире

Состојки:
800 г пилешки батаци
400 г моцарела
400 мл неутрална павлака
сол и бибер по вкус
1 праз
мало гранче рузмарин

Приготвување:
1. Исчистете го батакот од коски и испечете го во тавче. Кога ќе биде речиси готов, извадете го од тавчето и на истото масло пропржете ситно сечкан праз и гранче рузмарин. Потоа, вратете го батакот во тавчето. Сипете неутрална павлака и оставете да се крчка 10 минути.

2. Потоа, сето тоа префрлете го во тепсија, исечкајте ја моцарелата на парчиња и наредете ја преку батакот. Ставете го јадењето во рерна и печете го 15 минути на 180 степени.

The post Рецепт за леплив батак appeared first on Република.

]]>

Најдобро е да го сервирате со печен компир или пире Состојки: 800 г пилешки батаци 400 г моцарела 400 мл неутрална павлака сол и бибер по вкус 1 праз мало гранче рузмарин Приготвување: 1. Исчистете го батакот од коски и испечете го во тавче. Кога ќе биде речиси готов, извадете го од тавчето и на истото масло пропржете ситно сечкан праз и гранче рузмарин. Потоа, вратете го батакот во тавчето. Сипете неутрална павлака и оставете да се крчка 10 минути. 2. Потоа, сето тоа префрлете го во тепсија, исечкајте ја моцарелата на парчиња и наредете ја преку батакот. Ставете го јадењето во рерна и печете го 15 минути на 180 степени.

The post Рецепт за леплив батак appeared first on Република.

]]>
Качамак со кајмак – старинска вечера што ќе ви ја врати силата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kachamak-so-kajmak-starinska-vechera-shto-ke-vi-ja-vrati-silata/ Sun, 03 Nov 2024 20:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=833757 ФОТО: Pexels

Качамакот со кајмак, во регионот познат како цицвара, се приготвува од жолто или бело пченкарно брашно со додаток кајмак или сирење.

Но старинскиот рецепт за цицвара крие една тајна. Колку помасен и повкусен е кајмакот толку повкусно ќе биде јадењето. Се верува дека качамакот е одличен за варењето, па го викаат и „мелем за цревата“.

Состојки:
2 дл вода
2 дл млеко
300-400 г сирење или кајмак
8 лажици бело пченкарно брашно
1 лажица нерастопена маст (ако користите кајмак, нема да ви треба)
1 лажиче сол
1 лажица мед

Приготвување:
Сипете млеко, вода и маст во тенџере и ставете ги да зовријат, па додајте сирење и сол и добро промешајте. Кога повторно ќе зоврие, намалете ја температурата, сипете пченкарно брашно и непрекинато мешајте. Оставете полека да крчка десетина минути. Кога смесата ќе почне да се лепи на дното од садот и да добива текстура на мастика, готова е.

Качамакот највкусен е топол. Можете да го послужите со кисела павлака, јогурт или кисело млеко, а може и да направите салата по желба. Добар апетит!

The post Качамак со кајмак – старинска вечера што ќе ви ја врати силата appeared first on Република.

]]>
ФОТО: Pexels

Качамакот со кајмак, во регионот познат како цицвара, се приготвува од жолто или бело пченкарно брашно со додаток кајмак или сирење. Но старинскиот рецепт за цицвара крие една тајна. Колку помасен и повкусен е кајмакот толку повкусно ќе биде јадењето. Се верува дека качамакот е одличен за варењето, па го викаат и „мелем за цревата“. Состојки: 2 дл вода 2 дл млеко 300-400 г сирење или кајмак 8 лажици бело пченкарно брашно 1 лажица нерастопена маст (ако користите кајмак, нема да ви треба) 1 лажиче сол 1 лажица мед Приготвување: Сипете млеко, вода и маст во тенџере и ставете ги да зовријат, па додајте сирење и сол и добро промешајте. Кога повторно ќе зоврие, намалете ја температурата, сипете пченкарно брашно и непрекинато мешајте. Оставете полека да крчка десетина минути. Кога смесата ќе почне да се лепи на дното од садот и да добива текстура на мастика, готова е. Качамакот највкусен е топол. Можете да го послужите со кисела павлака, јогурт или кисело млеко, а може и да направите салата по желба. Добар апетит!

The post Качамак со кајмак – старинска вечера што ќе ви ја врати силата appeared first on Република.

]]>
Какао-коцки на кои никој не може да им одолее https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kakao-kotski-na-koi-nikoj-ne-mozhe-da-im-odolee/ Sun, 03 Nov 2024 19:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=832943

Сите сакаат чоколадни колачи, а ова е еден од оние што едноставно се матат и се печат. Десерт толку лесен за приготвување и многу вкусен.

Овие какао-коцки се вистински хит на сите прослави, бидејќи се чоколадни, сочни и неодоливи. Брзо и лесно се прават, па затоа ова е идеален десерт за сите љубители на чоколадо. Коцките со какао се лесни за правење, а вкусот им е неодолив.

Состојки:

250 г путер
200 г шеќер
3 јајца
200 г брашно
50 гр какао во прав
1 прашок за печиво
200 мл млеко
100 г чоколадо за готвење
1 ванилин шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°C.

Растопете го путерот и додајте шеќер, па матете додека смесата стане пенеста. Додајте ги јајцата едно по едно и убаво изматете. Измешајте брашно, какао во прав и прашок за печиво, па додајте ги во смесата со путер, наизменично со млекото.

На крајот додајте ги растопеното чоколадо и ванилиниот шеќер, па сè убаво измешајте. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење.

Печете околу 25-30 минути, додека чепкалката за заби излезе сува. Оставете да се излади, исечете на коцки и послужете.

Добар апетит!

The post Какао-коцки на кои никој не може да им одолее appeared first on Република.

]]>

Сите сакаат чоколадни колачи, а ова е еден од оние што едноставно се матат и се печат. Десерт толку лесен за приготвување и многу вкусен. Овие какао-коцки се вистински хит на сите прослави, бидејќи се чоколадни, сочни и неодоливи. Брзо и лесно се прават, па затоа ова е идеален десерт за сите љубители на чоколадо. Коцките со какао се лесни за правење, а вкусот им е неодолив. Состојки: 250 г путер 200 г шеќер 3 јајца 200 г брашно 50 гр какао во прав 1 прашок за печиво 200 мл млеко 100 г чоколадо за готвење 1 ванилин шеќер Приготвување: Загрејте ја рерната на 180°C. Растопете го путерот и додајте шеќер, па матете додека смесата стане пенеста. Додајте ги јајцата едно по едно и убаво изматете. Измешајте брашно, какао во прав и прашок за печиво, па додајте ги во смесата со путер, наизменично со млекото. На крајот додајте ги растопеното чоколадо и ванилиниот шеќер, па сè убаво измешајте. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете околу 25-30 минути, додека чепкалката за заби излезе сува. Оставете да се излади, исечете на коцки и послужете. Добар апетит!

The post Какао-коцки на кои никој не може да им одолее appeared first on Република.

]]>
„Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/nie-sme-zaednitsa-e-mototo-na-tretiot-slou-fud-salon/ Sun, 03 Nov 2024 08:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=833637

„Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон што ќе се одржи на 9 ноември, во хoтел Лимак, Скопје.

На настанот ќе биде целата мрежа на Слоу Фуд: производителите, активистите, готвачите, младите, експертите, волонтерите, едукатирите…., ние што го носиме знакот на полжавчето и така размислуваме, ќе има шаренило од бои, вкусови, насмевки и енергии а локалните производи се на пиедестал: не поради носталгијата туку поради тоа што ни се идентитетот и културата. Да, ние сме заедница. Со заедничка мисија: нашето да го спасиме од забревтаната технологија, глобализираната трговија со храна и предизвиците на новото време, меѓусебно сплотени и поврзани го градиме локалниот систем на храна, обезбедувајќи- наша храна, а тоа е целта на секој член на Слоу Фуд Македонија“ велат организаторите.

Слоу фуд салон опфаќа повеќе сегменти: изложба и голем пазар на храна од мали производители, салон на семејни винарии, дестилерии и занаетчиски пивари, конференции посветени на малите производители и едукацијата во Слоу Фуд, семинар за новите иницијативи на Слоу Фуд, Мастер класови и работилници за вкус и катче за едукација за деца.

Слоу фуд салон 2024 ќе се организира со финансиска поддршка на шведската организација We Effect и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

The post „Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон appeared first on Република.

]]>

„Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон што ќе се одржи на 9 ноември, во хoтел Лимак, Скопје.

На настанот ќе биде целата мрежа на Слоу Фуд: производителите, активистите, готвачите, младите, експертите, волонтерите, едукатирите…., ние што го носиме знакот на полжавчето и така размислуваме, ќе има шаренило од бои, вкусови, насмевки и енергии а локалните производи се на пиедестал: не поради носталгијата туку поради тоа што ни се идентитетот и културата. Да, ние сме заедница. Со заедничка мисија: нашето да го спасиме од забревтаната технологија, глобализираната трговија со храна и предизвиците на новото време, меѓусебно сплотени и поврзани го градиме локалниот систем на храна, обезбедувајќи- наша храна, а тоа е целта на секој член на Слоу Фуд Македонија“ велат организаторите.

Слоу фуд салон опфаќа повеќе сегменти: изложба и голем пазар на храна од мали производители, салон на семејни винарии, дестилерии и занаетчиски пивари, конференции посветени на малите производители и едукацијата во Слоу Фуд, семинар за новите иницијативи на Слоу Фуд, Мастер класови и работилници за вкус и катче за едукација за деца.

Слоу фуд салон 2024 ќе се организира со финансиска поддршка на шведската организација We Effect и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

The post „Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон appeared first on Република.

]]>
Колач наречен „4 чаши“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kolach-narechen-4-chashi/ Sat, 02 Nov 2024 21:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=832946

Ова е совршениот колач за викенд: брзо се приготвува, сите состојки веќе ги имате во кујната, а толку е вкусен што сите ќе го обожаваат

Состојки:
1 чаша јогурт
1 чаша шеќер
1 чаша брашно
1 чаша брашно од гриз
100 г путер
1 прашок за печиво
2 кесички ванилин шеќер
1 лажица густин
400 г овошје по ваш избор
НАПОМЕНА: Сите чаши треба да се исти, од 200-250 мл.

Приготвување:
Измешајте ги сите состојки во една поголема чинија, па префрлете ги во плех и печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 25-30 минути.

The post Колач наречен „4 чаши“ appeared first on Република.

]]>

Ова е совршениот колач за викенд: брзо се приготвува, сите состојки веќе ги имате во кујната, а толку е вкусен што сите ќе го обожаваат Состојки: 1 чаша јогурт 1 чаша шеќер 1 чаша брашно 1 чаша брашно од гриз 100 г путер 1 прашок за печиво 2 кесички ванилин шеќер 1 лажица густин 400 г овошје по ваш избор НАПОМЕНА: Сите чаши треба да се исти, од 200-250 мл. Приготвување: Измешајте ги сите состојки во една поголема чинија, па префрлете ги во плех и печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 25-30 минути.

The post Колач наречен „4 чаши“ appeared first on Република.

]]>
Пита од тиква, најдобриот есенски деликатес https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pita-od-tikva-najdobriot-esenski-delikates/ Sat, 02 Nov 2024 20:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=832951

Кога ќе ги почувствувате првите есенски ветришта и ќе забележите како природата ги менува боите, знаете дека е време за највкусните есенски деликатеси. Еден од најомилените десерти во овој период е питата од тиква – кремаст, богат и миризлив вкус кој ги буди сите сетила. Тиквата не само што е симбол на есента, туку и одличен извор на хранливи материи, кои ќе ве стоплат и ќе ве нахранат со љубов во секоја залак.

Дали сте подготвени да подготвите највкусната пита од тиква која ќе стане традиција во вашето семејство? Еве еден рецепт кој не само што е лесен за подготовка, туку ќе ве освои со својата совршена комбинација на вкусови и ароми.

Состојки кои ќе ви бидат потребни:

За тестото:

250 г брашно
125 г ладен путер, исечкан на коцки
1 лажица шеќер
Прстофат сол
2-3 лажици ладна вода
За филот:

500 г свежо пире од тиква (печена или варена тиква)
200 мл слатка павлака
2 јајца
150 г кафеав шеќер
1 лажичка цимет
1/2 лажичка ѓумбир во прав
1/4 лажичка морско оревче
Прстофат сол
1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка на тестото:
Во голем сад, измешајте го брашното, шеќерот и солта.
Додадете го ладниот путер и замесете го тестото додека не добиете ронлива смеса.
Полека додавајте вода, лажица по лажица, додека не добиете компактно тесто.
Завиткајте го тестото во фолија и оставете го да одмори во фрижидер околу 30 минути.

Подготовка на филот:
Загрејте ја рерната на 180°C.
Во голем сад, измешајте го пирето од тиква со јајцата, шеќерот и зачини. Додадете ја слатката павлака и ванилата и матете додека не се добие кремаста смеса.
Извадете го тестото од фрижидерот, развлечете го и поставете го во округла тава за пита.
Пробијте го дното на тестото со виљушка на неколку места за да не нарасне при печењето.

Составување на питата:
Истурете ја смесата со тиква врз тестото и рамномерно распоредете ја.
Печете ја питата околу 45-50 минути или додека не се стврдне средината. За да бидете сигурни, пробајте ја питата со стапче – ако излезе чисто, питата е готова.
Оставете ја питата да се излади на собна температура.

Совети за совршена пита од тиква:

Тиква: За најдобар вкус, користете свежо пире од тиква наместо конзервирано. Најлесен начин да добиете пире е да ја испечете тиквата на 180°C околу 30-40 минути, а потоа да ја изблендирате.
Зачини: Не се плашете да експериментирате со количините на зачини. Ако обожавате интензивни ароми, слободно додајте уште малку цимет или морско оревче.
Тестото: Важно е да го замесите тестото со ладен путер и да не го месите премногу долго, за да остане крцкаво и ронливо.

Како да ја послужите?
Питата од тиква најдобро се служи со шлаг или топка сладолед од ванила. За дополнителна арома, посипете малку цимет врз шлагот или сладоледот и уживајте во совршениот баланс на вкусови. Овој десерт е идеален за семејни собири, но и за моментите кога сакате да се наградите со нешто вкусно и здраво.

The post Пита од тиква, најдобриот есенски деликатес appeared first on Република.

]]>

Кога ќе ги почувствувате првите есенски ветришта и ќе забележите како природата ги менува боите, знаете дека е време за највкусните есенски деликатеси. Еден од најомилените десерти во овој период е питата од тиква – кремаст, богат и миризлив вкус кој ги буди сите сетила. Тиквата не само што е симбол на есента, туку и одличен извор на хранливи материи, кои ќе ве стоплат и ќе ве нахранат со љубов во секоја залак. Дали сте подготвени да подготвите највкусната пита од тиква која ќе стане традиција во вашето семејство? Еве еден рецепт кој не само што е лесен за подготовка, туку ќе ве освои со својата совршена комбинација на вкусови и ароми. Состојки кои ќе ви бидат потребни: За тестото: 250 г брашно 125 г ладен путер, исечкан на коцки 1 лажица шеќер Прстофат сол 2-3 лажици ладна вода За филот: 500 г свежо пире од тиква (печена или варена тиква) 200 мл слатка павлака 2 јајца 150 г кафеав шеќер 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1/4 лажичка морско оревче Прстофат сол 1 лажичка екстракт од ванила Подготовка на тестото: Во голем сад, измешајте го брашното, шеќерот и солта. Додадете го ладниот путер и замесете го тестото додека не добиете ронлива смеса. Полека додавајте вода, лажица по лажица, додека не добиете компактно тесто. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го да одмори во фрижидер околу 30 минути. Подготовка на филот: Загрејте ја рерната на 180°C. Во голем сад, измешајте го пирето од тиква со јајцата, шеќерот и зачини. Додадете ја слатката павлака и ванилата и матете додека не се добие кремаста смеса. Извадете го тестото од фрижидерот, развлечете го и поставете го во округла тава за пита. Пробијте го дното на тестото со виљушка на неколку места за да не нарасне при печењето. Составување на питата: Истурете ја смесата со тиква врз тестото и рамномерно распоредете ја. Печете ја питата околу 45-50 минути или додека не се стврдне средината. За да бидете сигурни, пробајте ја питата со стапче – ако излезе чисто, питата е готова. Оставете ја питата да се излади на собна температура. Совети за совршена пита од тиква: Тиква: За најдобар вкус, користете свежо пире од тиква наместо конзервирано. Најлесен начин да добиете пире е да ја испечете тиквата на 180°C околу 30-40 минути, а потоа да ја изблендирате. Зачини: Не се плашете да експериментирате со количините на зачини. Ако обожавате интензивни ароми, слободно додајте уште малку цимет или морско оревче. Тестото: Важно е да го замесите тестото со ладен путер и да не го месите премногу долго, за да остане крцкаво и ронливо. Како да ја послужите? Питата од тиква најдобро се служи со шлаг или топка сладолед од ванила. За дополнителна арома, посипете малку цимет врз шлагот или сладоледот и уживајте во совршениот баланс на вкусови. Овој десерт е идеален за семејни собири, но и за моментите кога сакате да се наградите со нешто вкусно и здраво.

The post Пита од тиква, најдобриот есенски деликатес appeared first on Република.

]]>
Брзи погачи со сирење https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/brzi-pogachi-so-sirene/ Sat, 02 Nov 2024 19:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=832936

Овие вкусни погачи можат останат тазе и по неколку дена, но сигурни сме дека ќе се изедат веднаш.

Состојки:
400 г брашно
250 г свежо сирење
250 г путер
1 јајце
1 жолчка
сусамово семе
ким
сол

Приготвување:

1. Одвојте 3 лажици од вкупното количество на путер.

2. Замесете тесто од 300 г брашно, сирење и путер, а ако ви се лепи, додајте уште брашно.

3. Расучете тесто и премачкајте го со стопен путер (одвоеното количество). Преклопете. Повторно премачкате. Повторно преклопете, па ставете го тестото во фрижидер еден час.

4. Кога тестото ќе одмори, повторно расучете го, но не претенко. Вадете погачи со калап и редете ги на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце и жолчка, посипете ги со сусам или ким и печете ги во рерна на 190 степени, 12-15 минути.

The post Брзи погачи со сирење appeared first on Република.

]]>

Овие вкусни погачи можат останат тазе и по неколку дена, но сигурни сме дека ќе се изедат веднаш. Состојки: 400 г брашно 250 г свежо сирење 250 г путер 1 јајце 1 жолчка сусамово семе ким сол Приготвување: 1. Одвојте 3 лажици од вкупното количество на путер. 2. Замесете тесто од 300 г брашно, сирење и путер, а ако ви се лепи, додајте уште брашно. 3. Расучете тесто и премачкајте го со стопен путер (одвоеното количество). Преклопете. Повторно премачкате. Повторно преклопете, па ставете го тестото во фрижидер еден час. 4. Кога тестото ќе одмори, повторно расучете го, но не претенко. Вадете погачи со калап и редете ги на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце и жолчка, посипете ги со сусам или ким и печете ги во рерна на 190 степени, 12-15 минути.

The post Брзи погачи со сирење appeared first on Република.

]]>