Калеидоскоп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/zivot/kaleidoskop/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 16:53:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Калеидоскоп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/zivot/kaleidoskop/ 32 32 Дојава за бомба во куќата на Арнолд Шварценегер https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dojava-za-bomba-vo-kukata-na-arnold-shvartseneger/ Sat, 30 Nov 2024 16:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=843483

Сомнителен пакет на улица во луксузниот кварт Брентвуд, каде живее познатиот актер и поранешен Мистер Универзум, Арнолд Шварценегер, бил пријавен околу 10:30 часот на Денот на благодарноста во четвртокот.

Заканата за бомба најпрво беше објавена од „TMZ“, кој ова го окарактеризира како инцидент со „swatting“ (сторителите преку лажни изговори предизвикуваат итна реакција на полицијата против жртвата), пренесува Лос Анџелес Тајмс.

Портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес не можеше да потврди дека полицајците реагирале токму на адресата на куќата на Шварценегер, но потврди дека имало повик за сомнителен пакет околу 10:30 часот во четвртокот на истата улица во Брентвуд – каде што живее Шварценегер.

Инаку како што изјави извор близок до Шварценегер, тој во тие моменти се наоѓал во теретана, додека тој самиот сè уште не се огласил во врска со овој инцидент.

 

The post Дојава за бомба во куќата на Арнолд Шварценегер appeared first on Република.

]]>

Сомнителен пакет на улица во луксузниот кварт Брентвуд, каде живее познатиот актер и поранешен Мистер Универзум, Арнолд Шварценегер, бил пријавен околу 10:30 часот на Денот на благодарноста во четвртокот. Заканата за бомба најпрво беше објавена од „TMZ“, кој ова го окарактеризира како инцидент со „swatting“ (сторителите преку лажни изговори предизвикуваат итна реакција на полицијата против жртвата), пренесува Лос Анџелес Тајмс. Портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес не можеше да потврди дека полицајците реагирале токму на адресата на куќата на Шварценегер, но потврди дека имало повик за сомнителен пакет околу 10:30 часот во четвртокот на истата улица во Брентвуд – каде што живее Шварценегер. Инаку како што изјави извор близок до Шварценегер, тој во тие моменти се наоѓал во теретана, додека тој самиот сè уште не се огласил во врска со овој инцидент.  

The post Дојава за бомба во куќата на Арнолд Шварценегер appeared first on Република.

]]>
Почина проф. д-р Марија Христова, доајен на македонската педијатрија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-prof-d-r-marija-hristova-doajen-na-makedonskata-pedijatrija/ Sat, 30 Nov 2024 16:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=843476

Вчера почина проф. д-р Марија Христова, доајен на македонската педијатрија.

Со неизмерна тага и скршени срца ве известуваме дека на 29.11.2024, Проф д-р Марија Христова замина од овој свет. Беше еден од доајените на македонската педијатрија, која целиот свој животен век го посвети на лекувањето и здравјето на најмладите и најранливите. Остави празнина што никогаш нема да може да се пополни, но спомените за нејзиниот живот и љубов ќе останат засекогаш со нас. Погребот ќе се одржи утре (Недела) на 01.12.2024 на градските гробишта Бутел. Изразување сочувство во капела од 12:30 до 13:30 часот, објави нејзината ќерка, Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист.

 

The post Почина проф. д-р Марија Христова, доајен на македонската педијатрија appeared first on Република.

]]>

Вчера почина проф. д-р Марија Христова, доајен на македонската педијатрија.
Со неизмерна тага и скршени срца ве известуваме дека на 29.11.2024, Проф д-р Марија Христова замина од овој свет. Беше еден од доајените на македонската педијатрија, која целиот свој животен век го посвети на лекувањето и здравјето на најмладите и најранливите. Остави празнина што никогаш нема да може да се пополни, но спомените за нејзиниот живот и љубов ќе останат засекогаш со нас. Погребот ќе се одржи утре (Недела) на 01.12.2024 на градските гробишта Бутел. Изразување сочувство во капела од 12:30 до 13:30 часот, објави нејзината ќерка, Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист.
 

The post Почина проф. д-р Марија Христова, доајен на македонската педијатрија appeared first on Република.

]]>
Натпревар по математика за средношколци „UltiMATH“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/natprevar-po-matematika-za-srednoshkoltsi-ultimath/ Sat, 30 Nov 2024 09:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=843326

Натпревар по математика за средношколци во земјава, насловен „UltiMATH“ ќе се одржи во денеска, во Ист Гејт Мол во Скопје.

Според органзиаторите, „UltiMATH“ е најголемиот годишен натпревар кој ќе ги награди најдобрите математичари во земјава и чија цел е да ги инспирира младите кон кариера во математика, технологија и наука.

„UltiMATH“ го организираат факултетот Бреинстер НЕКСТ и NU Колеџот за средношколци. На „UltiMATH“ ќе учествуваат најдобрите 350 средношколци од цела Македонија кои ја поминаa квалификациската фаза. Задачите што ќе ги решаваат натпреварувачите ќе ги тестираат нивната логика, брзина и аналитички способности. По завршувањето на двете рунди од првата фаза, најдобрите 50 учесници продолжуваат во втората фаза составена од две рунди – Супер финале и „UltiMATH Challenge“ што ќе се одржат утре, наведуваат организаторите.

Најдобриот математичар ќе ја освои главната награда од 10.000 евра, што претставува највисока награда за ваков тип натпревар во регионот. Покрај паричната награда, победникот ќе добие и 100-процентна стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот.

Вредни награди ќе има за најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци, посочуваат од Едукативно-образовниот центар Бреинстер.

The post Натпревар по математика за средношколци „UltiMATH“ appeared first on Република.

]]>

Натпревар по математика за средношколци во земјава, насловен „UltiMATH“ ќе се одржи во денеска, во Ист Гејт Мол во Скопје. Според органзиаторите, „UltiMATH“ е најголемиот годишен натпревар кој ќе ги награди најдобрите математичари во земјава и чија цел е да ги инспирира младите кон кариера во математика, технологија и наука.
„UltiMATH“ го организираат факултетот Бреинстер НЕКСТ и NU Колеџот за средношколци. На „UltiMATH“ ќе учествуваат најдобрите 350 средношколци од цела Македонија кои ја поминаa квалификациската фаза. Задачите што ќе ги решаваат натпреварувачите ќе ги тестираат нивната логика, брзина и аналитички способности. По завршувањето на двете рунди од првата фаза, најдобрите 50 учесници продолжуваат во втората фаза составена од две рунди – Супер финале и „UltiMATH Challenge“ што ќе се одржат утре, наведуваат организаторите.
Најдобриот математичар ќе ја освои главната награда од 10.000 евра, што претставува највисока награда за ваков тип натпревар во регионот. Покрај паричната награда, победникот ќе добие и 100-процентна стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот. Вредни награди ќе има за најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци, посочуваат од Едукативно-образовниот центар Бреинстер.

The post Натпревар по математика за средношколци „UltiMATH“ appeared first on Република.

]]>
Дипломатски добротворен базар https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/diplomatski-dobrotvoren-bazar/ Sat, 30 Nov 2024 08:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=843303

Дипломатски добротворен базар - „2024 DMWC“, ќе се одржи денеска во Скопје, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“.

Настанот се одржува по повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.

Со свои штандови ќе се престават амбасадите на: Република Австрија, Република Бугарија, Народна Република Кина, Република Хрватска, Чешката Република, Италијанската Република, Јапонија, Република Казахстан, Република Косово, Република Литванија, Канцеларија во Скопје, Република Словачка, Република Словенија, Кралството Шпанија, Швајцарија, Делегација на Европската Унија и Институт Конфучие при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да уживааат во културната разновидност преку вкусна храна, пијалоци и уникатни традиционални производи. За најмалите посетители е понудена богата детска музичка програма, деца од домашни и меѓународни училишта и културни центри.

 

Средствата добиени од овој настан се наменети за поддршка на деца, вклучително и деца со посебни потреби од училиштата „Св. Климент Охридски“ (Македонски Брод) и „Братство-Миѓени“ (Тетово). Влезот е бесплатен, затоа поканете пријатели и колеги! Да здружиме сили за посветла иднина за оние на кои им е најпотребна!, повикуваат организаторите.

The post Дипломатски добротворен базар appeared first on Република.

]]>

Дипломатски добротворен базар - „2024 DMWC“, ќе се одржи денеска во Скопје, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“. Настанот се одржува по повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Со свои штандови ќе се престават амбасадите на: Република Австрија, Република Бугарија, Народна Република Кина, Република Хрватска, Чешката Република, Италијанската Република, Јапонија, Република Казахстан, Република Косово, Република Литванија, Канцеларија во Скопје, Република Словачка, Република Словенија, Кралството Шпанија, Швајцарија, Делегација на Европската Унија и Институт Конфучие при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Посетителите ќе имаат можност да уживааат во културната разновидност преку вкусна храна, пијалоци и уникатни традиционални производи. За најмалите посетители е понудена богата детска музичка програма, деца од домашни и меѓународни училишта и културни центри.   Средствата добиени од овој настан се наменети за поддршка на деца, вклучително и деца со посебни потреби од училиштата „Св. Климент Охридски“ (Македонски Брод) и „Братство-Миѓени“ (Тетово). Влезот е бесплатен, затоа поканете пријатели и колеги! Да здружиме сили за посветла иднина за оние на кои им е најпотребна!, повикуваат организаторите.

The post Дипломатски добротворен базар appeared first on Република.

]]>
Почнува 9. Фестивал „Богородичен покров“, на програмата 11 духовни филмови https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuva-9-festival-bogorodichen-pokrov-na-programata-11-duhovni-filmovi/ Sat, 30 Nov 2024 08:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=843294

Со проекција на рускиот документарен филм „Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот венец на Спасителот, вечер во 21 часот, ќе биде отворен 9. Меѓународeн филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“, што ќе се одржува онлајн на You Tube до 7 декември.

Во тек на фестивалот ќе бидат прикажани 11 филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски, вели за МИА Зорица Костоска, основач и директор на Фестивалот.

Костоска истакнува дека мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности. Се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во филмот со кој се отвора фестивалот се раскажува за историјатот на Трновиот венец на Спасителот, една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови, каква е оваа светиња и која е нејзината историја. Автор и водител е митрополит Иларион (Алфеев). Филмот, во времетраење од 26 минути, е во продукција на Добротворен фонд „Познание”. Режијата е на Мариа Вилкасте, a продуцент e Дмитриј Менделеев.

На првата фестивалска вечер во 21.30 минути ќе има проекција и  „Утрински камбани“, српски документарец, во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега епископ Хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о.Тадеј за манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане.

Според пророштвото на отец Тадеј, во манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане, по 20 години, пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Во филмот се и мудрите поуки на епископ Хвостански, дека прво треба да се грижиме за своите души, зашто душата е поважна од телото.... Сценариото и режијата се на Дејан Вученовиќ. Филмот, во продукција на Прва ТВ трае 32.15 минути.

Единаесетте филмови што се на фестивалската програма се обезбедени со поддршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и ТВ Канал 5 од Македoнија.

Интернационална премиера на Фестивалот ќе имаат „Утрински камбани” од Србија и чешкиот филм „Štreit: Фотографирам, значи постојам”. Генерални покровители на Фестивалот традиционално се Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, а годинава и на митрополитот Иларион /Алфеев / со два негови филма и Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот, вели Костоска.

Утре ќе бидe прикажан американскиот документарен филм „ПЛАШТАНИЦАТА- Лице в лице“, во сценарија и режија на Роберт Орландо. Ненадејната смрт на таткото на сценаристот и режисер на овој филм Орландо, поттикнала многу прашања кои барале одговори. Тој го почнува големото истражување за барање на вистината за Плаштаницата, а со тоа и на смислата на животот. Со таа цел, тој патува и снима во Калифорнија, Њу Џерси, Колорадо, Вирџинија, Тексас, Италија, Израил. Одговорите од тие патувања се во овој филм на Vision продукција, а трае 74 минути.

На 2 декември на програмата се премиерата на „Божикни празници и обичаи“, со почеток во 21 часот и „Велигден во Хиландар“ во 21.35 часот, српски документарци од ТВ серијалот „Приказни од Атос”, а на 3 декември (21.00) „Свети Никола - Лицето на благоста“, романски документарен филм.

Рускиот документарец „Ризата на Богородица“  е на програмата на 4 декември во 21 часот, како и српскиот „За нашиот доктор, а писател“. На 5 декември ќе биде прикажан чешкиот документарен филм „ŠTREIT: Фотографирам, значи постојам“, а на 6 декември рускиот „Сакам да бидам светец“.

Затворањето на Фестивалот е на 7 декември, во 21 часот со македонскиот документарен филм од архивата на ТВ Канал 5 „Историјата на Црквата на Св.великомаченик Димитриј“ во Скопје. Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г. Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Фестивалот е основан во 2016. година и досега е поддржан од 12 амбасади во државава и бројни стопански субјекти. Почесен претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, автор на многу трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Македонија во Светата Столица, Ватикан.

Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, монтажер во МРТ и режисер , наградуван за бројни филмови, посебно за историјата на Македонија и МПЦ-ОА и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен помошник генерален директор на МРТ, 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог.

Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ, МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал.

Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.

The post Почнува 9. Фестивал „Богородичен покров“, на програмата 11 духовни филмови appeared first on Република.

]]>

Со проекција на рускиот документарен филм „Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот венец на Спасителот, вечер во 21 часот, ќе биде отворен 9. Меѓународeн филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“, што ќе се одржува онлајн на You Tube до 7 декември.
Во тек на фестивалот ќе бидат прикажани 11 филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски, вели за МИА Зорица Костоска, основач и директор на Фестивалот.
Костоска истакнува дека мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности. Се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во филмот со кој се отвора фестивалот се раскажува за историјатот на Трновиот венец на Спасителот, една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови, каква е оваа светиња и која е нејзината историја. Автор и водител е митрополит Иларион (Алфеев). Филмот, во времетраење од 26 минути, е во продукција на Добротворен фонд „Познание”. Режијата е на Мариа Вилкасте, a продуцент e Дмитриј Менделеев. На првата фестивалска вечер во 21.30 минути ќе има проекција и  „Утрински камбани“, српски документарец, во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега епископ Хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о.Тадеј за манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане. Според пророштвото на отец Тадеј, во манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане, по 20 години, пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Во филмот се и мудрите поуки на епископ Хвостански, дека прво треба да се грижиме за своите души, зашто душата е поважна од телото.... Сценариото и режијата се на Дејан Вученовиќ. Филмот, во продукција на Прва ТВ трае 32.15 минути. Единаесетте филмови што се на фестивалската програма се обезбедени со поддршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и ТВ Канал 5 од Македoнија.
Интернационална премиера на Фестивалот ќе имаат „Утрински камбани” од Србија и чешкиот филм „Štreit: Фотографирам, значи постојам”. Генерални покровители на Фестивалот традиционално се Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, а годинава и на митрополитот Иларион /Алфеев / со два негови филма и Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот, вели Костоска.
Утре ќе бидe прикажан американскиот документарен филм „ПЛАШТАНИЦАТА- Лице в лице“, во сценарија и режија на Роберт Орландо. Ненадејната смрт на таткото на сценаристот и режисер на овој филм Орландо, поттикнала многу прашања кои барале одговори. Тој го почнува големото истражување за барање на вистината за Плаштаницата, а со тоа и на смислата на животот. Со таа цел, тој патува и снима во Калифорнија, Њу Џерси, Колорадо, Вирџинија, Тексас, Италија, Израил. Одговорите од тие патувања се во овој филм на Vision продукција, а трае 74 минути. На 2 декември на програмата се премиерата на „Божикни празници и обичаи“, со почеток во 21 часот и „Велигден во Хиландар“ во 21.35 часот, српски документарци од ТВ серијалот „Приказни од Атос”, а на 3 декември (21.00) „Свети Никола - Лицето на благоста“, романски документарен филм. Рускиот документарец „Ризата на Богородица“  е на програмата на 4 декември во 21 часот, како и српскиот „За нашиот доктор, а писател“. На 5 декември ќе биде прикажан чешкиот документарен филм „ŠTREIT: Фотографирам, значи постојам“, а на 6 декември рускиот „Сакам да бидам светец“. Затворањето на Фестивалот е на 7 декември, во 21 часот со македонскиот документарен филм од архивата на ТВ Канал 5 „Историјата на Црквата на Св.великомаченик Димитриј“ во Скопје. Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г. Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија“ во Охрид. Фестивалот е основан во 2016. година и досега е поддржан од 12 амбасади во државава и бројни стопански субјекти. Почесен претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, автор на многу трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Македонија во Светата Столица, Ватикан. Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, монтажер во МРТ и режисер , наградуван за бројни филмови, посебно за историјата на Македонија и МПЦ-ОА и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен помошник генерален директор на МРТ, 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог. Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ, МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал. Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.

The post Почнува 9. Фестивал „Богородичен покров“, на програмата 11 духовни филмови appeared first on Република.

]]>
Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата, на 7 декември се отвора Нотр Дам https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pet-godini-po-katastrofalniot-pozhar-i-po-restavratsijata-na-7-dekemvri-se-otvora-notr-dam/ Thu, 28 Nov 2024 14:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=842831

Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата вредна 700-тини милиони евра, Богородичната црква Нотр Дам е подготвена повторно да блесне во целиот свој сјај.

Официјалното отворање е закажано за следниот викенд, 7 и 8 декември. Но претходно катедралата ќе ја посети францускиот претседател Емануел Макрон. Тоа ќе биде првиот поглед во нејзината внатрешност по 5 години, но и ново поглавје во 860-годишната приказна на Нотр Дам.

Низ историјата Нотр Дам била сведок на крунисувања, протести, перформанси како што се бракот на Џејмс V и крунисувањето на Наполеон. За овие, но и за други настани сведочат бројни слики и фотографии. Една од најпознатите е сликата на Жак-Луј Давид на крунисувањето на Наполеон Бонапарта како император, настан на кој уметникот лично присуствувал во 1804 година. Освен што прикажува важни ликови, вклучително и членови на семејството Бонапарта, уметничкото дело ја открива внатрешноста на катедралата во тоа време.

The post Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата, на 7 декември се отвора Нотр Дам appeared first on Република.

]]>

Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата вредна 700-тини милиони евра, Богородичната црква Нотр Дам е подготвена повторно да блесне во целиот свој сјај. Официјалното отворање е закажано за следниот викенд, 7 и 8 декември. Но претходно катедралата ќе ја посети францускиот претседател Емануел Макрон. Тоа ќе биде првиот поглед во нејзината внатрешност по 5 години, но и ново поглавје во 860-годишната приказна на Нотр Дам. Низ историјата Нотр Дам била сведок на крунисувања, протести, перформанси како што се бракот на Џејмс V и крунисувањето на Наполеон. За овие, но и за други настани сведочат бројни слики и фотографии. Една од најпознатите е сликата на Жак-Луј Давид на крунисувањето на Наполеон Бонапарта како император, настан на кој уметникот лично присуствувал во 1804 година. Освен што прикажува важни ликови, вклучително и членови на семејството Бонапарта, уметничкото дело ја открива внатрешноста на катедралата во тоа време.

The post Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата, на 7 декември се отвора Нотр Дам appeared first on Република.

]]>
Уапсен германски лекар кој убил осум пациенти https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/uapsen-germanski-lekar-koj-ubil-osum-patsienti/ Thu, 28 Nov 2024 13:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=842816

Докторот кој беше уапсен во август во Берлин, сега е осомничен дека убил осум пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење пожари, соопштија денеска германските истражители.

Неидентификуваниот лекар, кој бил дел од тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа со помалку или повеќе успех се обидел да ги запали нивните станови.

Полицијата и обвинителството денеска соопштија дека се појавиле дополнителни случаи кога ги прегледале досиејата на пациентите и извршиле форензички прегледи на жртви, од кои две биле ексхумирани.

Во првиот случај тој е осомничен дека во јануари на 70-годишникот му дал смртоносна мешавина на лекови. Во сличен случај на почетокот на април, жртвата била 61-годишна жена. Неколку недели подоцна, тој убил 83-годишен маж во својата соба во хоспис во Берлин со мешавина на лекови. Во четвртиот случај во јуни убил 70-годишна жена во нејзиниот стан, а потоа го запалил. Пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири на останатиот дел од зградата.

Четириесет-годишниот лекар првично беше уапсен поради сомнение за убиство од небрежност, подметнување пожар и обид за подметнување пожар. Обвинителите рекоа дека сега ги третираат случаите како убиства бидејќи се чини дека осомничениот немал друг мотив освен да ги убие пациентите.

Името на осомничениот не е објавено, во согласност со германските правила за приватност. Обвинителите велат дека тој засега се брани со молчење.

 

The post Уапсен германски лекар кој убил осум пациенти appeared first on Република.

]]>

Докторот кој беше уапсен во август во Берлин, сега е осомничен дека убил осум пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење пожари, соопштија денеска германските истражители. Неидентификуваниот лекар, кој бил дел од тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа со помалку или повеќе успех се обидел да ги запали нивните станови. Полицијата и обвинителството денеска соопштија дека се појавиле дополнителни случаи кога ги прегледале досиејата на пациентите и извршиле форензички прегледи на жртви, од кои две биле ексхумирани. Во првиот случај тој е осомничен дека во јануари на 70-годишникот му дал смртоносна мешавина на лекови. Во сличен случај на почетокот на април, жртвата била 61-годишна жена. Неколку недели подоцна, тој убил 83-годишен маж во својата соба во хоспис во Берлин со мешавина на лекови. Во четвртиот случај во јуни убил 70-годишна жена во нејзиниот стан, а потоа го запалил. Пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири на останатиот дел од зградата. Четириесет-годишниот лекар првично беше уапсен поради сомнение за убиство од небрежност, подметнување пожар и обид за подметнување пожар. Обвинителите рекоа дека сега ги третираат случаите како убиства бидејќи се чини дека осомничениот немал друг мотив освен да ги убие пациентите. Името на осомничениот не е објавено, во согласност со германските правила за приватност. Обвинителите велат дека тој засега се брани со молчење.  

The post Уапсен германски лекар кој убил осум пациенти appeared first on Република.

]]>
Почна божикниот пост: Исчистете ја душата од лоши мисли, гнев, себичност и нечисти желби https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochna-bozhikniot-post-ischistete-ja-dushata-od-loshi-misli-gnev-sebichnost-i-nechisti-zhelbi/ Thu, 28 Nov 2024 07:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=842567

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во тие денови не се јаде месо, туку се јадат млеко и јајца и продукти што ги содржат нив. Со месо се запостува претходната недела нав

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот.

Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден.

Според типикот на црквата, божикните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.

Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости.

Рождество Христово (Божик) Празник на радоста и надежта (Именден празнуваат: Христо, Христина, Божин, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка...) Божик спаѓа меѓу најголемите христијански праз

Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот - Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград во 1166 година.

 

The post Почна божикниот пост: Исчистете ја душата од лоши мисли, гнев, себичност и нечисти желби appeared first on Република.

]]>

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во тие денови не се јаде месо, туку се јадат млеко и јајца и продукти што ги содржат нив. Со месо се запостува претходната недела нав Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба. На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Според типикот на црквата, божикните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези. Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости. Рождество Христово (Божик) Празник на радоста и надежта (Именден празнуваат: Христо, Христина, Божин, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка...) Божик спаѓа меѓу најголемите христијански праз Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот - Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград во 1166 година.  

The post Почна божикниот пост: Исчистете ја душата од лоши мисли, гнев, себичност и нечисти желби appeared first on Република.

]]>
Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика, фотографиите од „Солсбери Плејн“ ги воодушевија обожавателките https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/jas-ne-sum-od-onie-luge-koi-mislat-deka-printsot-vilijam-e-ubav-mazh-no-ova-e-dobra-slika-fotografiite-od-solsberi-plejn-gi-voodushevija-obozhavatelkite/ Wed, 27 Nov 2024 13:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=842339

Принцот Вилијам, поранешен армиски офицер, го посети „Солсбери Плејн“ во јужна Англија и имаше тренинг сесија со велшката гарда. За таа прилика, Вилијам облече воена униформа.

Војниците му го покажале оружјето. За време на обуката тој управувал со дрон и пукал од снајпер и автомат. Инаку, Вилијам е полковник и таа функција ја извршува од 2022 година.

Фотографиите ги воодушевија обожавателките

Оваа посета на принцот Вилијам беше фатена од фотографите.

Фотографиите го привлекоа вниманието на обожавателите на кралското семејство, кои коментираат дека Вилијам изгледа одлично во војничка униформа и со нов имиџ, брада и мустаќи.

Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика“, „Дами и господа, принцот Вилијам“, „Колку е симпатичен“, се некои од коментарите.

The post Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика, фотографиите од „Солсбери Плејн“ ги воодушевија обожавателките appeared first on Република.

]]>

Принцот Вилијам, поранешен армиски офицер, го посети „Солсбери Плејн“ во јужна Англија и имаше тренинг сесија со велшката гарда. За таа прилика, Вилијам облече воена униформа. Војниците му го покажале оружјето. За време на обуката тој управувал со дрон и пукал од снајпер и автомат. Инаку, Вилијам е полковник и таа функција ја извршува од 2022 година. Фотографиите ги воодушевија обожавателките Оваа посета на принцот Вилијам беше фатена од фотографите. Фотографиите го привлекоа вниманието на обожавателите на кралското семејство, кои коментираат дека Вилијам изгледа одлично во војничка униформа и со нов имиџ, брада и мустаќи.
Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика“, „Дами и господа, принцот Вилијам“, „Колку е симпатичен“, се некои од коментарите.

The post Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика, фотографиите од „Солсбери Плејн“ ги воодушевија обожавателките appeared first on Република.

]]>
Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lokalnoto-novinarstvo-vo-fokusot-na-osmoto-izdanie-na-mediumskiot-festival-skopje-2/ Tue, 26 Nov 2024 09:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=841814

Осмиот Медиумски фестивал Скопје ќе се одржува од денеска до 28 ноември во мултимедијалниот простор Котур, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Оваа година, како што посочуваат организаторите, фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување.

Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните гласови и новинарството на локално ниво“, на која ќе се разгледаат предизвиците и улогата на локалните медиумски работници, како и проблемите со кои тие се соочуваат.

Филмската програма ја отвораат документарците „За весникот” на добитничката на наградата „Еми“, Хедер Кортни, и „Лош печат”, преку чии примери се отсликува судбината на безброј локални весници ширум светот. На вториот фестивалски ден ќе бидат прикажани „Залутани тела”, за принудниот т.н. медицински туризам во Европа и „Небото над Зеница” за погубното загадување во Босна. Фестивалот го затвора „Промена на вестите”, за дигитална платформа создадена како обид да се разбие едноличната машка доминација во редакциите во САД.

Медиумски фестивал Скопје традиционално ги разгледува и предизвиците со кои се соочуваат жените во медиумската сфера во земјава, годинава преку дискусија за солидарноста и градењето заедница меѓу жените во медиумите.

Третиот фестивалски ден е фокусиран на учеството на младите во медиумите, започнувајќи со работилница за фото-новинарство каде на младите новинари ќе им биде претставена моќта на визуелните приказни. Дискусија за како да се поттикне вклучување на младите во новинарската професија ќе следи веднаш по прикажувањето на два кратки документарни филма изработени во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА.

Фестивалските содржини се бесплатни.

 

The post Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје appeared first on Република.

]]>

Осмиот Медиумски фестивал Скопје ќе се одржува од денеска до 28 ноември во мултимедијалниот простор Котур, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Оваа година, како што посочуваат организаторите, фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување. Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните гласови и новинарството на локално ниво“, на која ќе се разгледаат предизвиците и улогата на локалните медиумски работници, како и проблемите со кои тие се соочуваат. Филмската програма ја отвораат документарците „За весникот” на добитничката на наградата „Еми“, Хедер Кортни, и „Лош печат”, преку чии примери се отсликува судбината на безброј локални весници ширум светот. На вториот фестивалски ден ќе бидат прикажани „Залутани тела”, за принудниот т.н. медицински туризам во Европа и „Небото над Зеница” за погубното загадување во Босна. Фестивалот го затвора „Промена на вестите”, за дигитална платформа создадена како обид да се разбие едноличната машка доминација во редакциите во САД. Медиумски фестивал Скопје традиционално ги разгледува и предизвиците со кои се соочуваат жените во медиумската сфера во земјава, годинава преку дискусија за солидарноста и градењето заедница меѓу жените во медиумите. Третиот фестивалски ден е фокусиран на учеството на младите во медиумите, започнувајќи со работилница за фото-новинарство каде на младите новинари ќе им биде претставена моќта на визуелните приказни. Дискусија за како да се поттикне вклучување на младите во новинарската професија ќе следи веднаш по прикажувањето на два кратки документарни филма изработени во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА. Фестивалските содржини се бесплатни.  

The post Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје appeared first on Република.

]]>
Половина од жените во Македонија биле жртви на насилство, алармира ОБСЕ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/polovina-od-zhenite-vo-makedonija-bile-zhrtvi-na-nasilstvo-alarmira-obse/ Mon, 25 Nov 2024 20:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=841700

На јавната расправа посветена на „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, истакна дека законите во Македонија се солидни, но нивната имплементација останува клучен предизвик.

„Законите против насилството се делотворни онолку колку што е нивното спроведување. Тоа бара ресурси, обука и координиран пристап меѓу полицијата, судството, здравствените и социјалните служби. Разрешувањето на насилството врз жените значи градење општество во кое секој може да живее без страв“, рече Вал. Тој потсети дека вистинската примена на Инстанбулската конвенција е од суштинско значење за подобра заштита на жртвите.

Според истражувањето на ОБСЕ, половина од жените во Македонија искусиле некаква форма на насилство, а 14% биле жртви на физичко или сексуално насилство. Една од десет жени се соочила со демнење.

Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените истакна дека и покрај унапредувањето на законската рамка, имплементацијата е сериозно ограничена од недостаток на финансии. „Три години по донесувањето на законот, не сме ни блиску до исполнување на минимум стандардите за специјализирани услуги. Без да обезбедиме средства, сите законски измени се непотребни“, порача таа.

Дополнително, Димушевска ја изрази загриженоста за кратењето на буџетот за социјални услуги, нагласувајќи: „Мора да предвидиме пари во националниот буџет, инаку напредокот ќе биде само на хартија.“

Заменик-министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски, призна дека државата е далеку од исполнување на стандардите на Истанбулската конвенција, но најави напредок.

„Во седум плански региони се воспоставени специјализирани сервиси за жени жртви на насилство, а во наредниот период ќе се отворат нови десет. Подготвуваме осумгодишна национална стратегија со акциски план“, рече Велковски.

 

The post Половина од жените во Македонија биле жртви на насилство, алармира ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

На јавната расправа посветена на „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, истакна дека законите во Македонија се солидни, но нивната имплементација останува клучен предизвик. „Законите против насилството се делотворни онолку колку што е нивното спроведување. Тоа бара ресурси, обука и координиран пристап меѓу полицијата, судството, здравствените и социјалните служби. Разрешувањето на насилството врз жените значи градење општество во кое секој може да живее без страв“, рече Вал. Тој потсети дека вистинската примена на Инстанбулската конвенција е од суштинско значење за подобра заштита на жртвите. Според истражувањето на ОБСЕ, половина од жените во Македонија искусиле некаква форма на насилство, а 14% биле жртви на физичко или сексуално насилство. Една од десет жени се соочила со демнење. Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените истакна дека и покрај унапредувањето на законската рамка, имплементацијата е сериозно ограничена од недостаток на финансии. „Три години по донесувањето на законот, не сме ни блиску до исполнување на минимум стандардите за специјализирани услуги. Без да обезбедиме средства, сите законски измени се непотребни“, порача таа. Дополнително, Димушевска ја изрази загриженоста за кратењето на буџетот за социјални услуги, нагласувајќи: „Мора да предвидиме пари во националниот буџет, инаку напредокот ќе биде само на хартија.“ Заменик-министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски, призна дека државата е далеку од исполнување на стандардите на Истанбулската конвенција, но најави напредок. „Во седум плански региони се воспоставени специјализирани сервиси за жени жртви на насилство, а во наредниот период ќе се отворат нови десет. Подготвуваме осумгодишна национална стратегија со акциски план“, рече Велковски.  

The post Половина од жените во Македонија биле жртви на насилство, алармира ОБСЕ appeared first on Република.

]]>
Датумот на раѓање открива каква боја треба да биде вашиот паричник за секогаш да имате пари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/datumot-na-ragane-otkriva-kakva-boja-treba-da-bide-vashiot-parichnik-za-sekogash-da-imate-pari/ Sun, 24 Nov 2024 17:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=832033

Според фенг шуи, паричникот не е само предмет за чување пари и документи, туку може да стане и важна алатка за привлекување на енергијата на изобилството. Затоа, се верува дека е важно да го изберете вистинскиот паричник за себе, земајќи ги предвид големината, материјалот и бојата.

Нумерологијата може да ви помогне да ја одредите вистинската боја на вашиот паричник, што ќе привлече пари. Само треба да ги соберете сите цифри од датумот на раѓање, а потоа кога ќе добиете двоцифрен број, да ги соберете и неговите цифри. На пример, ако сте родени на 4 април 1989 година, го пресметувате вашиот број на следниов начин: 4 + 4 + 1 + 9 + 8 + 9 = 35 = 3 + 5 = 8.

Во зависност од добиениот број, пронајдете ја соодветната боја на паричникот:

1 – Бронзена, златна, портокалова

2 - Бела, светло зелена

3 - Сина, розова, виолетова

4 – Индиго сина, сива

5 – Црна, нијанси на црвена и бела, сива

6 – Сите нијанси на сина и на зелена боја

7 – Индиго сина, виолетова

8 – Црна, смарагд зелена, кафеава

9 – Розова, црвена, виолетова

 

The post Датумот на раѓање открива каква боја треба да биде вашиот паричник за секогаш да имате пари appeared first on Република.

]]>

Според фенг шуи, паричникот не е само предмет за чување пари и документи, туку може да стане и важна алатка за привлекување на енергијата на изобилството. Затоа, се верува дека е важно да го изберете вистинскиот паричник за себе, земајќи ги предвид големината, материјалот и бојата. Нумерологијата може да ви помогне да ја одредите вистинската боја на вашиот паричник, што ќе привлече пари. Само треба да ги соберете сите цифри од датумот на раѓање, а потоа кога ќе добиете двоцифрен број, да ги соберете и неговите цифри. На пример, ако сте родени на 4 април 1989 година, го пресметувате вашиот број на следниов начин: 4 + 4 + 1 + 9 + 8 + 9 = 35 = 3 + 5 = 8. Во зависност од добиениот број, пронајдете ја соодветната боја на паричникот: 1 – Бронзена, златна, портокалова 2 - Бела, светло зелена 3 - Сина, розова, виолетова 4 – Индиго сина, сива 5 – Црна, нијанси на црвена и бела, сива 6 – Сите нијанси на сина и на зелена боја 7 – Индиго сина, виолетова 8 – Црна, смарагд зелена, кафеава 9 – Розова, црвена, виолетова  

The post Датумот на раѓање открива каква боја треба да биде вашиот паричник за секогаш да имате пари appeared first on Република.

]]>
Казна од 200 евра ако се вози во зимска јакна или капут https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kazna-od-200-evra-ako-se-vozi-vo-zimska-jakna-ili-kaput/ Sun, 24 Nov 2024 16:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=841058

Ако возите во зимска јакна или во капут, дури и ако носите шал или ракавици, може да бидете казнети и до 200 евра. Ова важи во Шпанија и во неколку други земји, а зад правилото стои фактот дека ваквите дополнителни слоеви на облека го ограничуваат возењето, односно ги ограничуваат движењата на возачот зад воланот.

Тестовите на германскиот автоклуб (АДАК) покажаа дека може да има повеќе проблеми со зимската јакна.

Тоа ќе го оневозможи правилното затегнување на безбедносниот појас, кој може да се лизне преку желудникот и да ги повреди цревата, црниот дроб или слезината.

Имено, поради полнењето на зимската облека, останува простор помеѓу ременот и телото, па ременот може длабоко да пресече во стомакот во случај на несреќа.
Потоа може да има сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и внатрешно крварење.

Затоа, се препорачува да ја извадите јакната пред да влезете во автомобилот.

Исто така, децата во седиштето треба да бидат без густа зимска облека.

The post Казна од 200 евра ако се вози во зимска јакна или капут appeared first on Република.

]]>

Ако возите во зимска јакна или во капут, дури и ако носите шал или ракавици, може да бидете казнети и до 200 евра. Ова важи во Шпанија и во неколку други земји, а зад правилото стои фактот дека ваквите дополнителни слоеви на облека го ограничуваат возењето, односно ги ограничуваат движењата на возачот зад воланот. Тестовите на германскиот автоклуб (АДАК) покажаа дека може да има повеќе проблеми со зимската јакна. Тоа ќе го оневозможи правилното затегнување на безбедносниот појас, кој може да се лизне преку желудникот и да ги повреди цревата, црниот дроб или слезината. Имено, поради полнењето на зимската облека, останува простор помеѓу ременот и телото, па ременот може длабоко да пресече во стомакот во случај на несреќа. Потоа може да има сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и внатрешно крварење. Затоа, се препорачува да ја извадите јакната пред да влезете во автомобилот. Исто така, децата во седиштето треба да бидат без густа зимска облека.

The post Казна од 200 евра ако се вози во зимска јакна или капут appeared first on Република.

]]>
Испила чај од мистериозна билка, па починала: Последиците кои ги остава се страшни, а во се го замешаа и принцот Хари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ispila-chaj-od-misteriozna-bilka-pa-pochinala-posleditsite-koi-gi-ostava-se-strashni-a-vo-se-go-zameshaa-i-printsot-hari/ Sun, 24 Nov 2024 10:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=841227

Морин Рејнфорд (54) починала во одмаралиште во Боливија  откако конзумирала чај од психоделична билка ајахуаска, јавува Д Сан.

Во прашање е истата дрога за која минатата година принцот Хари откри дека ја земал како би се изборил со смртта на мајка му, принцезата Дајана.

Семејството на починатата жена нагласило дека Морин била во форма и здрава, а амазонската комуна во која престојувала наводно е велнес и детоксикационен центар со контролирана исхрана.

Ајахуаска- илегална дрога А класа во Велика Британија церемонијално ја дава шаман, а предизвикува реакции, вклучувајќи визии, вишок енергија и еуфорија.

Очевидците тврделе дека 10 минути откако Морин го испила чајот, се пожалила дека се чувствува лошо бидејќи рабортата на срцето и дишењето нагло опаднале.

Починала еден час по пиењето на чајот и покрај напорите да и се пржи помош, а наводно лекарот стигнал доцна.

The post Испила чај од мистериозна билка, па починала: Последиците кои ги остава се страшни, а во се го замешаа и принцот Хари appeared first on Република.

]]>

Морин Рејнфорд (54) починала во одмаралиште во Боливија  откако конзумирала чај од психоделична билка ајахуаска, јавува Д Сан. Во прашање е истата дрога за која минатата година принцот Хари откри дека ја земал како би се изборил со смртта на мајка му, принцезата Дајана. Семејството на починатата жена нагласило дека Морин била во форма и здрава, а амазонската комуна во која престојувала наводно е велнес и детоксикационен центар со контролирана исхрана. Ајахуаска- илегална дрога А класа во Велика Британија церемонијално ја дава шаман, а предизвикува реакции, вклучувајќи визии, вишок енергија и еуфорија. Очевидците тврделе дека 10 минути откако Морин го испила чајот, се пожалила дека се чувствува лошо бидејќи рабортата на срцето и дишењето нагло опаднале. Починала еден час по пиењето на чајот и покрај напорите да и се пржи помош, а наводно лекарот стигнал доцна.

The post Испила чај од мистериозна билка, па починала: Последиците кои ги остава се страшни, а во се го замешаа и принцот Хари appeared first on Република.

]]>
Пет месеци ги немав видено децата, плачев секоја минута и притоа банкротирав: Пејачката Грајмс проговори за борбата за старателство со Илон Маск https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pet-mesetsi-gi-nemav-videno-detsata-plachev-sekoja-minuta-i-pritoa-bankrotirav-pejachkata-grajms-progovori-za-borbata-za-staratelstvo-so-ilon-mask/ Sun, 24 Nov 2024 10:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=841220

Музичарката Клер Елис Буше, попозната како Грајмс, вели дека банкротирала за време на битката за старателство над децата што ги има со деловниот магнат Илон Маск.

Спорот за старателството над нивните три деца, X Æ A-Xii, Exa Dark Sideræl и Techno Mechanicus, започна во 2023 година кога Грајмс и Маск поднесоа посебни тужби еден против друг во Калифорнија и Тексас. Минатиот декември спорот беше затворен за јавноста, па не се знае дали сè уште трае, пишува „Бизнис инсајдер“.

Грајмс и Маск не зборуваа јавно за нивниот спор, но Грајмс неодамна сподели детали за тоа како судењето влијаело врз неа.

На прашањето на платформата Икс, која Маск ја поседува, зошто во последно време нема нови проекти, Грајмс напиша дека „заканата да ги изгубите вашите деца и да банкротирате борејќи се за нив не е многу погодна за креативна мисла“.

Само спиев и плачев секоја минута кога не се борев за моите деца во текот на таа година, рече таа.

Во друга објава, Грајмс вели дека голем дел од нејзината уметничка работа била одложена во последните четири години бидејќи имала деца, а потоа поминала една година на суд, веројатно мислејќи на спорот со Маск.

Во засебна објава, таа рече дека има само мал дел од ресурсите на Маск, кој е најбогатиот човек на светот со нето богатство од 315 милијарди долари.

Поминав една година борејќи се за старателство во држава со ужасни мајчински права. Моите објави на Инстаграм и манекенството беа искористени како доказ дека не сум добра мајка и се борев да се одвојам од љубовта на мојот живот бидејќи тој стана целосно непрепознатлив. за мене. Во цело тоа време, цели пет месеци, јас не добив можност да си го видам едно од моите деца, рече таа.

Се чини дека Грајмс мисли на најстарото дете на поранешната двојка, Х, кое често е со Маск во јавноста.

Иако не е познато дали спорот е завршен, Грајмс и Маск беа видени заедно во април, кога се чинеше дека се во добри односи.

Во јули оваа година, мајката на Грајмс во серија објави на Икс изјави дека Маск ги одвојува своите деца од остатокот од семејството.

The post Пет месеци ги немав видено децата, плачев секоја минута и притоа банкротирав: Пејачката Грајмс проговори за борбата за старателство со Илон Маск appeared first on Република.

]]>

Музичарката Клер Елис Буше, попозната како Грајмс, вели дека банкротирала за време на битката за старателство над децата што ги има со деловниот магнат Илон Маск. Спорот за старателството над нивните три деца, X Æ A-Xii, Exa Dark Sideræl и Techno Mechanicus, започна во 2023 година кога Грајмс и Маск поднесоа посебни тужби еден против друг во Калифорнија и Тексас. Минатиот декември спорот беше затворен за јавноста, па не се знае дали сè уште трае, пишува „Бизнис инсајдер“. Грајмс и Маск не зборуваа јавно за нивниот спор, но Грајмс неодамна сподели детали за тоа како судењето влијаело врз неа. На прашањето на платформата Икс, која Маск ја поседува, зошто во последно време нема нови проекти, Грајмс напиша дека „заканата да ги изгубите вашите деца и да банкротирате борејќи се за нив не е многу погодна за креативна мисла“. Само спиев и плачев секоја минута кога не се борев за моите деца во текот на таа година, рече таа. Во друга објава, Грајмс вели дека голем дел од нејзината уметничка работа била одложена во последните четири години бидејќи имала деца, а потоа поминала една година на суд, веројатно мислејќи на спорот со Маск. Во засебна објава, таа рече дека има само мал дел од ресурсите на Маск, кој е најбогатиот човек на светот со нето богатство од 315 милијарди долари. Поминав една година борејќи се за старателство во држава со ужасни мајчински права. Моите објави на Инстаграм и манекенството беа искористени како доказ дека не сум добра мајка и се борев да се одвојам од љубовта на мојот живот бидејќи тој стана целосно непрепознатлив. за мене. Во цело тоа време, цели пет месеци, јас не добив можност да си го видам едно од моите деца, рече таа. Се чини дека Грајмс мисли на најстарото дете на поранешната двојка, Х, кое често е со Маск во јавноста. Иако не е познато дали спорот е завршен, Грајмс и Маск беа видени заедно во април, кога се чинеше дека се во добри односи. Во јули оваа година, мајката на Грајмс во серија објави на Икс изјави дека Маск ги одвојува своите деца од остатокот од семејството.

The post Пет месеци ги немав видено децата, плачев секоја минута и притоа банкротирав: Пејачката Грајмс проговори за борбата за старателство со Илон Маск appeared first on Република.

]]>
Објавена фотографија од Лиам Пејн направена 13 минути пред смртта: Го носеле тројца мажи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/objavena-fotografija-od-liam-pejn-napravena-13-minuti-pred-smrtta-go-nosele-trojtsa-mazhi/ Sun, 24 Nov 2024 09:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=841216

Станува збор за фотографија од надзорните камери. Таа била направена на 16 октомври во 16:52 часот. Очевидците изјавиле дека пејачот очигледно бил под дејство на психоактивни супстанции, а еден сведок рекол дека во еден момент Лиам почнал да се фрла на подот.

Извор за „New York Post“ изјавил дека оваа фотографија особено ја вознемирила неговата девојка Кејт Кесиди.

Секогаш кога се чини дека ова не може да биде поболно за Кејт, токму тоа се случува. Можеше да биде спасен, можеше да му се помогне, кажа изворот.

Аутопсијата утврди дека Пејн имал мешавина од дрога во неговото тело во моментот на смртта – вклучувајќи крек и таканаречен розов кокаин, мешавина од кетамин и други дроги.

Оваа фотографија од надзорните камери е дел од материјалот на истрагата за смртта на Пејн. Истражителите исто така собираат сведоштва од персоналот на хотелот, членовите на семејството, пријателите, медицинските работници, биохемичарите и психијатрите.

The post Објавена фотографија од Лиам Пејн направена 13 минути пред смртта: Го носеле тројца мажи appeared first on Република.

]]>

Станува збор за фотографија од надзорните камери. Таа била направена на 16 октомври во 16:52 часот. Очевидците изјавиле дека пејачот очигледно бил под дејство на психоактивни супстанции, а еден сведок рекол дека во еден момент Лиам почнал да се фрла на подот. Извор за „New York Post“ изјавил дека оваа фотографија особено ја вознемирила неговата девојка Кејт Кесиди. Секогаш кога се чини дека ова не може да биде поболно за Кејт, токму тоа се случува. Можеше да биде спасен, можеше да му се помогне, кажа изворот. Аутопсијата утврди дека Пејн имал мешавина од дрога во неговото тело во моментот на смртта – вклучувајќи крек и таканаречен розов кокаин, мешавина од кетамин и други дроги. Оваа фотографија од надзорните камери е дел од материјалот на истрагата за смртта на Пејн. Истражителите исто така собираат сведоштва од персоналот на хотелот, членовите на семејството, пријателите, медицинските работници, биохемичарите и психијатрите.

The post Објавена фотографија од Лиам Пејн направена 13 минути пред смртта: Го носеле тројца мажи appeared first on Република.

]]>
Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/richard-gir-pokazha-sreden-prst-vo-emisija-vo-zhivo/ Fri, 22 Nov 2024 09:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=840676

Ричард Гир се појави во емисијата Today во средата за да ја промовира својата нова ТВ серија The Agency. Водителката Савана Гатри на гледачите им најави клип од серијата, а кога камерата се врати на нив, познатиот актер беше снимен со средниот прст во воздух.

„Само што направивте непристоен гест во оваа семејна утринска емисија!“, му рече водителката, а 75-годишниот актер се бранеше: „Не го покажавте, но јас така направив во клипот. Тоа беше во клипот!“.

Водителката му рече дека тие намерно го исекле тој дел, но Гир тврдел дека клипот „нема смисла“ без гестот и се пошегувал: „Мојата рака го направи тоа, јас сум надвор од контрола“.

Неговиот потег налути дел од гледачите, кои сметаат дека е несоодветен за утринска емисија, додека на некои целата приказна им е урнебесна.

„Кој друг мисли дека и покажа среден прст на водителката?“, „Добро се снајде“, „Зошто го направи тоа? Не знам“, се дел од коментарите.

https://www.youtube.com/watch?v=Sjlm35W6Zeo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BE-%25D1%2580%25D0%25B8%25D1%2587%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B4-%25D0%25B3%25D0%25B8%25D1%2580-%25D0%25BF&source_ve_path=OTY3MTQ

The post Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо appeared first on Република.

]]>

Ричард Гир се појави во емисијата Today во средата за да ја промовира својата нова ТВ серија The Agency. Водителката Савана Гатри на гледачите им најави клип од серијата, а кога камерата се врати на нив, познатиот актер беше снимен со средниот прст во воздух. „Само што направивте непристоен гест во оваа семејна утринска емисија!“, му рече водителката, а 75-годишниот актер се бранеше: „Не го покажавте, но јас така направив во клипот. Тоа беше во клипот!“. Водителката му рече дека тие намерно го исекле тој дел, но Гир тврдел дека клипот „нема смисла“ без гестот и се пошегувал: „Мојата рака го направи тоа, јас сум надвор од контрола“. Неговиот потег налути дел од гледачите, кои сметаат дека е несоодветен за утринска емисија, додека на некои целата приказна им е урнебесна. „Кој друг мисли дека и покажа среден прст на водителката?“, „Добро се снајде“, „Зошто го направи тоа? Не знам“, се дел од коментарите. https://www.youtube.com/watch?v=Sjlm35W6Zeo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BE-%25D1%2580%25D0%25B8%25D1%2587%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B4-%25D0%25B3%25D0%25B8%25D1%2580-%25D0%25BF&source_ve_path=OTY3MTQ

The post Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо appeared first on Република.

]]>
Архангел Михаил ни покажа какви ќе ни бидат зимата и пролетта https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/arhangel-mihail-ni-pokazha-kakvi-ke-ni-bidat-zimata-i-proletta/ Thu, 21 Nov 2024 18:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=837731

Православните христијани денеска го празнуваат Соборoт на св. Aрхангел Михаил, празник во чест на сите ангелски чинови и еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Миле, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии.

Постојат многу народни верувања за овој ангел, а едно од нив вели дека според временските услови на овој ден можете да одредите каква ќе биде годината.

Се вели: Какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет.

Па, ако е вистина ова верување, затоа што денеска беше обчано, но релативно топло, тогаш и престојните зима и пролет ќе ни бидат поблаги од обично.

Исто така, на овој ден, се верува во народот, потребно е да се моли за исцелување, но и да се простат гревовите на сите неверници и тогаш ќе им се оствари најголемата желба – тие и нивните најблиски да бидат здрави.

 

The post Архангел Михаил ни покажа какви ќе ни бидат зимата и пролетта appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска го празнуваат Соборoт на св. Aрхангел Михаил, празник во чест на сите ангелски чинови и еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Миле, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка… Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Постојат многу народни верувања за овој ангел, а едно од нив вели дека според временските услови на овој ден можете да одредите каква ќе биде годината. Се вели: Какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Па, ако е вистина ова верување, затоа што денеска беше обчано, но релативно топло, тогаш и престојните зима и пролет ќе ни бидат поблаги од обично. Исто така, на овој ден, се верува во народот, потребно е да се моли за исцелување, но и да се простат гревовите на сите неверници и тогаш ќе им се оствари најголемата желба – тие и нивните најблиски да бидат здрави.  

The post Архангел Михаил ни покажа какви ќе ни бидат зимата и пролетта appeared first on Република.

]]>
Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mu-ukrale-se-od-avtomobilot-pa-duri-i-podarotsite-za-detsata-vlado-georgiev-ograben-srede-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 20:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=840097

Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната случка.

Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле се од неговото возило.

Им посакувам сè најубаво на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар Дајмонд во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите, напиша познатиот Барба.

The post Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје appeared first on Република.

]]>

Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната случка. Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле се од неговото возило. Им посакувам сè најубаво на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар Дајмонд во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите, напиша познатиот Барба.

The post Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје appeared first on Република.

]]>
Работи кои не смеете да ги правите на Свети Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-sveti-arhangel-za-da-izbegnete-losha-sreka-i-neuspeh-drzhete-se-do-ovie-obichai/ Wed, 20 Nov 2024 19:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=840084

Еден од најважните празници во православниот календар, Архангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил.

Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.

Се верува дека Свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.

Обичаи за Свети Архангел

*Свечена церемонија и славска трпеза

Архангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.

*Молитва за заштита и мир

Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.

*Забрането е извршување на потешки работи

Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Архангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.

*Помагање на сиромашните и донирање

Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.

Што не треба да се прави на Архангел?

Свадби и прослави

На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.

Избегнувајте конфликти

Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.

Непосветување на празникот

Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

The post Работи кои не смеете да ги правите на Свети Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи appeared first on Република.

]]>

Еден од најважните празници во православниот календар, Архангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил. Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика. Се верува дека Свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба. Обичаи за Свети Архангел *Свечена церемонија и славска трпеза Архангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна. *Молитва за заштита и мир Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви. *Забрането е извршување на потешки работи Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Архангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување. *Помагање на сиромашните и донирање Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите. Што не треба да се прави на Архангел? Свадби и прослави На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави. Избегнувајте конфликти Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството. Непосветување на празникот Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

The post Работи кои не смеете да ги правите на Свети Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи appeared first on Република.

]]>