Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/skopje/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 19:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/skopje/ 32 32 Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-se-vrakaat-na-skopskite-ulitsi-nova-tsena-po-izvozen-kilometar-ochekuvaat-od-nova-godina/ Sat, 30 Nov 2024 19:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=843505

Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавуваат дека од утре се враќаат на улиците, откако на денешната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар.

Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.

-Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.

Од Град Скопје претходно соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници.

На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.

-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.

Координаторот на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата, Мартин Стојановски, на фејсбук објави дека присуствувал на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје, координаторите на советничките групи и приватните превозници, но ја напуштил таа средба откако не добил предлог за проблемот со приватните превозници и посочи дека за нив вчерашната одлука е легитимна.

-Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО – ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ,Град Скопје, ДУИ и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница Советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на Советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар, стои во објавата на Мартин Стојановски

The post Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници се откажаа од блокадите и најавуваат дека од утре се враќаат на улиците, откако на денешната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар. Во изјава дадена по состанокот, претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари, идната година.
-Успеавме да се договриме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас, со координаторите на советничките групи, ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари, 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот, рече Зафировски.
Од Град Скопје претходно соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници. На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање на предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.
-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.
Координаторот на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата, Мартин Стојановски, на фејсбук објави дека присуствувал на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје, координаторите на советничките групи и приватните превозници, но ја напуштил таа средба откако не добил предлог за проблемот со приватните превозници и посочи дека за нив вчерашната одлука е легитимна.
-Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО – ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ,Град Скопје, ДУИ и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница Советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на Советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар, стои во објавата на Мартин Стојановски

The post Приватните превозници се враќаат на скопските улици, нова цена по извозен километар очекуваат од Нова година appeared first on Република.

]]>
Донесена е легитимна одлука за зголемување на тарифата за приватните превозници на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/donesena-e-legitimna-odluka-za-zgolemuvane-na-tarifata-za-privatnite-prevoznitsi-na-predlog-na-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata/ Sat, 30 Nov 2024 17:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=843491

Донесена е легитимна одлука за зголемување на тарифата за приватните превозници на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, со што се одбегна предлогот на СДС поддржан од Левица и ДУИ за зголемување на цената на билетот за превоз за граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ демантирајќи ја претходната објавата на Град Скопје дека не е донесена одлука во врска со барањата на приватните превозници.

Данела Арсовска може да не се согласува со оваа одлука, но таа е легитимна и денес свесно внесува неоснована забуна во јавноста и медиумите кога вели дека истата не е донесена, поради недостиг на кворум. Што не е вистина и истото го демантираме и тоа може лесно да се заклучи од снимките кои се јавни. Со таквото нејзино тврдење штитејќи ги тесноградите и партиски интереси на триото СДС, ДУИ и Левица, на штета на скопјани, практично сака да се врати проблемот од почеток и да не се решат барањата на превозниците и Скопје да е во повторен хаос. Апелираме да се стави во сила легално и легитимно изгласаната одлука на Советот кој е орган чии надлежности се над криминалните желби на кумата и господарот на хаосот во Скопје Данела Арсовска, стои во соопштението.

Воедно, се упатува апел и до советниците на СДС и координаторката Љубица Јанчева, како и до советниците на Левица и ДУИ, како што се наведува, да не се прават крпи и да го губат достоинството пред налетот на сценаријата за хаос на Арсовска и да ја деградираат функцијата советник потчинувајќи се на Арсовска.

Одлука и решение е донесено на последната седница. И истото треба да се спроведе, стои во демантот од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Град Скопје претходно, соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници. На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање во предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници.

-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.

The post Донесена е легитимна одлука за зголемување на тарифата за приватните превозници на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата appeared first on Република.

]]>

Донесена е легитимна одлука за зголемување на тарифата за приватните превозници на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, со што се одбегна предлогот на СДС поддржан од Левица и ДУИ за зголемување на цената на билетот за превоз за граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ демантирајќи ја претходната објавата на Град Скопје дека не е донесена одлука во врска со барањата на приватните превозници.
Данела Арсовска може да не се согласува со оваа одлука, но таа е легитимна и денес свесно внесува неоснована забуна во јавноста и медиумите кога вели дека истата не е донесена, поради недостиг на кворум. Што не е вистина и истото го демантираме и тоа може лесно да се заклучи од снимките кои се јавни. Со таквото нејзино тврдење штитејќи ги тесноградите и партиски интереси на триото СДС, ДУИ и Левица, на штета на скопјани, практично сака да се врати проблемот од почеток и да не се решат барањата на превозниците и Скопје да е во повторен хаос. Апелираме да се стави во сила легално и легитимно изгласаната одлука на Советот кој е орган чии надлежности се над криминалните желби на кумата и господарот на хаосот во Скопје Данела Арсовска, стои во соопштението.
Воедно, се упатува апел и до советниците на СДС и координаторката Љубица Јанчева, како и до советниците на Левица и ДУИ, како што се наведува, да не се прават крпи и да го губат достоинството пред налетот на сценаријата за хаос на Арсовска и да ја деградираат функцијата советник потчинувајќи се на Арсовска.
Одлука и решение е донесено на последната седница. И истото треба да се спроведе, стои во демантот од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Град Скопје претходно, соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи кои ги претставуваат политичките партии во Советот на Град Скопје, членови на Советот, претставници на стручните служби на Град Скопје и претставниците на приватните превозници. На средбата, се посочува, е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз, од страна на експерти вешти лица, претставници на стручните служби на Град Скопје од соодветните сектори и со земање во предвид на поднесените податоци од страна на претставниците на приватните превозници. -Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје, стои во соопштението од Град Скопје.

The post Донесена е легитимна одлука за зголемување на тарифата за приватните превозници на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата appeared first on Република.

]]>
Стојановски: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ, Град Скопје, ДУИ и Левица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojanovski-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-nema-da-navleguva-vo-zadkulisnite-i-nechesni-igri-na-koalitsijata-sdsm-grad-skopje-dui-i-levitsa/ Sat, 30 Nov 2024 15:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=843460

Денеска во својство на координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, присуствував на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје,координаторите на советничките групи и приватните превозници.

На таа средба, присуствував се со цел да слушнам предлог од Градот Скопје за решавање на проблемот со приватните превозници. На моето прашање за предлог, одговор не добив, вели Мартин Стојановски, советник на ВМРО ДПМНЕ во Советот на град Скопје.

На средбата иако бев информиран дека средбата ќе биде само со координатори и Градоначалник, на средбата имаше голем број присутни вработени од градот Скопје и повеќе советници од советничките групи за кој не беше договорено за таква средба. Јас како координатор ја напуштив таа средба после добиени навреди и омаловажувања од неколку од присутните советници и секако не добив предлог за проблемот со приватните превозници.

Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата Сдсм,Град Скопје,Дуи и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје.

Секако, на вчерашната седница советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар“, стои во објавата на Мартин Стојановски.

The post Стојановски: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ, Град Скопје, ДУИ и Левица appeared first on Република.

]]>

Денеска во својство на координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, присуствував на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје,координаторите на советничките групи и приватните превозници. На таа средба, присуствував се со цел да слушнам предлог од Градот Скопје за решавање на проблемот со приватните превозници. На моето прашање за предлог, одговор не добив, вели Мартин Стојановски, советник на ВМРО ДПМНЕ во Советот на град Скопје.
На средбата иако бев информиран дека средбата ќе биде само со координатори и Градоначалник, на средбата имаше голем број присутни вработени од градот Скопје и повеќе советници од советничките групи за кој не беше договорено за таква средба. Јас како координатор ја напуштив таа средба после добиени навреди и омаловажувања од неколку од присутните советници и секако не добив предлог за проблемот со приватните превозници. Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата Сдсм,Град Скопје,Дуи и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар“, стои во објавата на Мартин Стојановски.

The post Стојановски: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ, Град Скопје, ДУИ и Левица appeared first on Република.

]]>
Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-donese-zakluchok-i-ja-zadolzhi-arsovska-da-dostavi-izmeni-na-odlukata-za-vrednosta-na-nadomestokot-vo-liniskiot-prevoz-na-patnitsi/ Fri, 29 Nov 2024 19:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=843225

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото.

Претседателот на Советот, Трајко Славески, посочи дека одлуката ќе се применува до истекот на важноста на договорите што приватните превозници ги имаат со Град Скопје за вршење на услуги во јавниот градски превоз.

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот, Љубица Јанчева пред гласањето за овој заклучок повторно побара пауза од пет минути без да се гласа, но тоа не беше прифатено, по што претседателот на Советот, Славески паралелно додека советниците од СДСМ ја напуштаа салата продолжи и побара да се брои гласањето, по што констатираше дека „заклучокот е усвоен со мнозинството гласови од присутните, воздржани и против нема“.

Пауза пет минути. Кворумот ќе ви го срушиме. Претседателе, ве молам пауза без да гласате. Надминете се себеси, не ВМРО-ДПМНЕ. Претседателе ве молам надминете се, изјави Јанчева, и ги повика советниците да излезат за да нема 23 внатре.

Во меѓувреме, Славески побара од службите да избројат колку гласале „за“.

Ве молам, колку се „за“... има кворум. Броите, затоа што ќе бидете повикани на одговорност... Дали има некој против... нема, воздржани, нема. Констатирам дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните. Со тоа ја заклучувам денешната седница, изјави Славески.

По расправата на која беа образложени мислењата во однос на проблематиката, претседателот на Советот, Славевски, рече дека ќе мора да донесат заклучок и како „соломонско решение“ постојат две алтернативи.

Едната е да се раководиме од предложениот заклучок на подносителот на Иницијативата. Но, со оглед на одредени дискусии, заклучоци, расположенија и т.н. нудам заклучок под број два, за што ќе треба поддршка и мислење од Сектор за сообраќај и од госпоѓата градоначалник. За да го скратиме процесот, предлагам да го овластиме и побараме од градоначалник на Град Скопје, во најкус можен рок, за неколку часа во текот на денешниот ден да изготви измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериум - остварен километар донесен на 24 февруари 2017 година. Тоа е наједоставниот начин. Со тоа, смислата на одлуката, за оние што не ја виделе и за јавноста, е две страници табела, многу колони, каде што надоместокот е врзан со висината на цената на горивото. Значи, да се корегираат износите овдека, имаше предлог секој износ соодветен за одредена цена на горивото да се зголеми за 30 денари. Ова е единственото што со мојата памет можам да го предложам како алтернативен заклучок, а со кој што, ако има согласност, би се вратиле на седницата по одредена пауза и би донеле одлука, појасни Славески.

Во однос на оваа предлог-одлука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, посочи дека е невозможно за толку кратко време да се направи пресметка во секторите. Таа посочи дека нема да понесе одговорност за одлука, како што рече, за која што смета дека е потребна многу подетална анализа за која што е потребно многу повеќе време.

Она што го предлагате е малку паушално и никој тука во секторите и овие луѓе, кои што ја работат експертизата нема да се нафати паушално, во рамки на 30-тина минути, да нуди решенија за кои што утре ќе треба да носи одговорност. Доколку вие сметате дека математичкото пресметано решение по формулите го имате и таа е цената зад која стоите, дајте го предлогот на Советот и гласајте го сите тука. Ако не, направете Комисија, јас ќе ја прифатам, ќе номинираме лица од секторите да учествуваат, од ЈСП, од приватните превозници, има формули врз основ на кои се дошло на таа одлука. Значи, не можете паушално, ќе зголемиме толку, да некому наметнете тука за 30 минути да прави одлука. Имавме три месеци, втора е оваа иницијатива. Луѓето доаѓаа на состаноци, разговараа, нудеа решенија, требаше да се дискутира, не се дискутираше и сега во 30 минути сакате да извршите притисок врз службите да сите неопходни постапки ги завршат за да се понуди решение, изјави Арсовска.

Мартин Стојановски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата рече дека е добро што се донел заклучок со кој се задолжува градоначалникот во најкус можен рок да достави измени и дополнување за одлуката.

Ние, како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и советничка група, сме тука за да бидеме во интерес на граѓаните и да ги решаваме проблемите на граѓаните. Денеска се случи еден таков театар од останатите советнички групи, видовме дека советниците кои се дел заедно со градоначалничката Арсовска беа многу деструктивни, агитираа на тоа да не се донесе никаков заклучок. Колегите од СДСМ, исто така беа против, сакаа предвреме да ја напуштат седницата и ги повикуваа останатите советнички групи да ја напуштат седницата и тоа значи дека не се за решение граѓаните повторно да имаат приватен превоз. За колегите советници од Левица, немам што да коментирам, уште на самиот почеток ја напуштија седницата и ја покажаа онаа деструктивност што ја има во нивната советничка група, дека се против граѓаните, изјави Стојановски.

Прашан дали заклучокот е валиден, Стојановски рече дека тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје, посочувајќи дека ова е брзо решение до, како што рече, месец мај.

Јас седам напред во вториот ред и не можев да ги бројам гласовите од позади, тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје... Ќе видиме како ќе постапи градоначалничката, ќе чекаме одговор, а со тоа ќе се изјаснат и приватните превозници кој бил нивниот став. Ние нашето, како советничка група го направивме во интерес на граѓаните, изјави Стојановски.

Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од СДСМ, по седницата рече дека иницијативата поднесена од нив со заклучок да се започне транспарентна постапка била одбиена од мнозинството во Советот на Град Скопје и излегло со свој предлог цената да се зголеми за 30 денари.

Кажавме дека не може тоа да се направи, од аспект на тоа дека се поминати законските рокови од 15 ноември, каде што може да се достави ребаланс на Буџетот на Град Скопје и на сите единици на локалната самоуправа и затоа ќе бидеме во неможност, доколку го изгласаме заклучокот, така, како што е дефиниран од претседателот на Советот, истиот да биде апликативен, односно да добие реализација од страна на службите, односно ЈСП, изјави Шутаров.

Прашан дали заклучокот е валиден, Шутаров, рече дека за работа на Советот на Град Скопје потребни се 23 советници присутни во салата.

Во моментот на изгласување на одлуката, по некои пресметки беа присутни 19 советници, рече Шутаров.

Денешната итна седница на Советот на Град Скопје беше свикана откако вчера јавниот градски превоз повторно се најде во фокусот на јавноста поради најавата на приватните превозници дека доколку не се исполни нивното барање за зголемување на цената за изминат километар, од понеделник ќе ги блокираат улиците.

Тие ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт поради тоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на редовната седницата на Советот на Град Скопје.

По преписките и меѓусебните обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, за тоа зошто оваа точка не се нашла на дневен ред на седница на Советот, вчера попладне се одржа средбата меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и приватните превозници. По средбата на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија, оценувајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ како одличен.

Директорот на ЈСП Драги Кушовски, претходно, во изјава за медиумите рече дека ЈСП неколку дена е со блокирана сметка по основ на долг до добавувач за нафата и дека се работи на деблокада.

The post Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото. Претседателот на Советот, Трајко Славески, посочи дека одлуката ќе се применува до истекот на важноста на договорите што приватните превозници ги имаат со Град Скопје за вршење на услуги во јавниот градски превоз. Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот, Љубица Јанчева пред гласањето за овој заклучок повторно побара пауза од пет минути без да се гласа, но тоа не беше прифатено, по што претседателот на Советот, Славески паралелно додека советниците од СДСМ ја напуштаа салата продолжи и побара да се брои гласањето, по што констатираше дека „заклучокот е усвоен со мнозинството гласови од присутните, воздржани и против нема“.
Пауза пет минути. Кворумот ќе ви го срушиме. Претседателе, ве молам пауза без да гласате. Надминете се себеси, не ВМРО-ДПМНЕ. Претседателе ве молам надминете се, изјави Јанчева, и ги повика советниците да излезат за да нема 23 внатре.
Во меѓувреме, Славески побара од службите да избројат колку гласале „за“.
Ве молам, колку се „за“... има кворум. Броите, затоа што ќе бидете повикани на одговорност... Дали има некој против... нема, воздржани, нема. Констатирам дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните. Со тоа ја заклучувам денешната седница, изјави Славески.
По расправата на која беа образложени мислењата во однос на проблематиката, претседателот на Советот, Славевски, рече дека ќе мора да донесат заклучок и како „соломонско решение“ постојат две алтернативи.
Едната е да се раководиме од предложениот заклучок на подносителот на Иницијативата. Но, со оглед на одредени дискусии, заклучоци, расположенија и т.н. нудам заклучок под број два, за што ќе треба поддршка и мислење од Сектор за сообраќај и од госпоѓата градоначалник. За да го скратиме процесот, предлагам да го овластиме и побараме од градоначалник на Град Скопје, во најкус можен рок, за неколку часа во текот на денешниот ден да изготви измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериум - остварен километар донесен на 24 февруари 2017 година. Тоа е наједоставниот начин. Со тоа, смислата на одлуката, за оние што не ја виделе и за јавноста, е две страници табела, многу колони, каде што надоместокот е врзан со висината на цената на горивото. Значи, да се корегираат износите овдека, имаше предлог секој износ соодветен за одредена цена на горивото да се зголеми за 30 денари. Ова е единственото што со мојата памет можам да го предложам како алтернативен заклучок, а со кој што, ако има согласност, би се вратиле на седницата по одредена пауза и би донеле одлука, појасни Славески.
Во однос на оваа предлог-одлука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, посочи дека е невозможно за толку кратко време да се направи пресметка во секторите. Таа посочи дека нема да понесе одговорност за одлука, како што рече, за која што смета дека е потребна многу подетална анализа за која што е потребно многу повеќе време.
Она што го предлагате е малку паушално и никој тука во секторите и овие луѓе, кои што ја работат експертизата нема да се нафати паушално, во рамки на 30-тина минути, да нуди решенија за кои што утре ќе треба да носи одговорност. Доколку вие сметате дека математичкото пресметано решение по формулите го имате и таа е цената зад која стоите, дајте го предлогот на Советот и гласајте го сите тука. Ако не, направете Комисија, јас ќе ја прифатам, ќе номинираме лица од секторите да учествуваат, од ЈСП, од приватните превозници, има формули врз основ на кои се дошло на таа одлука. Значи, не можете паушално, ќе зголемиме толку, да некому наметнете тука за 30 минути да прави одлука. Имавме три месеци, втора е оваа иницијатива. Луѓето доаѓаа на состаноци, разговараа, нудеа решенија, требаше да се дискутира, не се дискутираше и сега во 30 минути сакате да извршите притисок врз службите да сите неопходни постапки ги завршат за да се понуди решение, изјави Арсовска.
Мартин Стојановски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата рече дека е добро што се донел заклучок со кој се задолжува градоначалникот во најкус можен рок да достави измени и дополнување за одлуката.
Ние, како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и советничка група, сме тука за да бидеме во интерес на граѓаните и да ги решаваме проблемите на граѓаните. Денеска се случи еден таков театар од останатите советнички групи, видовме дека советниците кои се дел заедно со градоначалничката Арсовска беа многу деструктивни, агитираа на тоа да не се донесе никаков заклучок. Колегите од СДСМ, исто така беа против, сакаа предвреме да ја напуштат седницата и ги повикуваа останатите советнички групи да ја напуштат седницата и тоа значи дека не се за решение граѓаните повторно да имаат приватен превоз. За колегите советници од Левица, немам што да коментирам, уште на самиот почеток ја напуштија седницата и ја покажаа онаа деструктивност што ја има во нивната советничка група, дека се против граѓаните, изјави Стојановски.
Прашан дали заклучокот е валиден, Стојановски рече дека тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје, посочувајќи дека ова е брзо решение до, како што рече, месец мај.
Јас седам напред во вториот ред и не можев да ги бројам гласовите од позади, тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје... Ќе видиме како ќе постапи градоначалничката, ќе чекаме одговор, а со тоа ќе се изјаснат и приватните превозници кој бил нивниот став. Ние нашето, како советничка група го направивме во интерес на граѓаните, изјави Стојановски.
Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од СДСМ, по седницата рече дека иницијативата поднесена од нив со заклучок да се започне транспарентна постапка била одбиена од мнозинството во Советот на Град Скопје и излегло со свој предлог цената да се зголеми за 30 денари.
Кажавме дека не може тоа да се направи, од аспект на тоа дека се поминати законските рокови од 15 ноември, каде што може да се достави ребаланс на Буџетот на Град Скопје и на сите единици на локалната самоуправа и затоа ќе бидеме во неможност, доколку го изгласаме заклучокот, така, како што е дефиниран од претседателот на Советот, истиот да биде апликативен, односно да добие реализација од страна на службите, односно ЈСП, изјави Шутаров.
Прашан дали заклучокот е валиден, Шутаров, рече дека за работа на Советот на Град Скопје потребни се 23 советници присутни во салата.
Во моментот на изгласување на одлуката, по некои пресметки беа присутни 19 советници, рече Шутаров.
Денешната итна седница на Советот на Град Скопје беше свикана откако вчера јавниот градски превоз повторно се најде во фокусот на јавноста поради најавата на приватните превозници дека доколку не се исполни нивното барање за зголемување на цената за изминат километар, од понеделник ќе ги блокираат улиците. Тие ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт поради тоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на редовната седницата на Советот на Град Скопје. По преписките и меѓусебните обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, за тоа зошто оваа точка не се нашла на дневен ред на седница на Советот, вчера попладне се одржа средбата меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и приватните превозници. По средбата на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија, оценувајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ како одличен. Директорот на ЈСП Драги Кушовски, претходно, во изјава за медиумите рече дека ЈСП неколку дена е со блокирана сметка по основ на долг до добавувач за нафата и дека се работи на деблокада.

The post Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници appeared first on Република.

]]>
Блокирана е сметката на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/blokirana-e-smetkata-na-jsp/ Fri, 29 Nov 2024 14:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=843146

Блокирана е банкарската сметка на ЈСП, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушовски.

Пред почетокот на вонредната седница во Советот на Град Скопје, Кушовски рече дека сметката е блокирана од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Тој не знаеше да каже колку точно изнесува долгот. Нагласи дека активно се работи на деблокада на сметката.

The post Блокирана е сметката на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Блокирана е банкарската сметка на ЈСП, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушовски. Пред почетокот на вонредната седница во Советот на Град Скопје, Кушовски рече дека сметката е блокирана од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Тој не знаеше да каже колку точно изнесува долгот. Нагласи дека активно се работи на деблокада на сметката.

The post Блокирана е сметката на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-so-rekonstruktsija-sportskata-sala-rasadnik-dobiva-nov-sovremen-moderen-lik-kojshto-ke-bide-dom-na-mnogu-sportski-klubovi/ Fri, 29 Nov 2024 12:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=843103

Ова е посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови, рече денеска Премиерот Мицкоски во салата Расадник која ќе се реконструира.

Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“.

Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет.

Нема да застанеме тука, во периодот којшто следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти, проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните.

Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока.

Сакам да изразам голема благодарност што тука денеска заедно со градоначалникот и со министерот за спорт се и граѓаните коишто можат да посведочат на еден почеток на работа, на реконструкција на овој спортски храм, којшто наскоро денеска треба да биде. Тие се сведоци на сите ветувања во минатото коишто за жал не биле исполнети.

Да аплаудирам на посветената работа и на министерот и на градоначалникот. Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности.

Уште еднаш посакувам успешна работа. Честитам на отпочнатиот проект и уште многу вакви проекти да ни се случуваат.

The post Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови appeared first on Република.

]]>

Ова е посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови, рече денеска Премиерот Мицкоски во салата Расадник која ќе се реконструира.
Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“. Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет. Нема да застанеме тука, во периодот којшто следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти, проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните. Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока. Сакам да изразам голема благодарност што тука денеска заедно со градоначалникот и со министерот за спорт се и граѓаните коишто можат да посведочат на еден почеток на работа, на реконструкција на овој спортски храм, којшто наскоро денеска треба да биде. Тие се сведоци на сите ветувања во минатото коишто за жал не биле исполнети. Да аплаудирам на посветената работа и на министерот и на градоначалникот. Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности. Уште еднаш посакувам успешна работа. Честитам на отпочнатиот проект и уште многу вакви проекти да ни се случуваат.

The post Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови appeared first on Република.

]]>
Вонредната седница на Советот на Град Скопје за барањето за приватните превозници најавена за 13 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vonrednata-sednitsa-na-sovetot-na-grad-skopje-za-baraneto-za-privatnite-prevoznitsi-najavena-za-13-chasot/ Fri, 29 Nov 2024 10:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=843073

Советот на Град Скопје, според најавите, денеска во 13 часот треба да одржи вонредна седница за предлог одлуката за зголемување на цената за изминат километар за приватните превозници.

Тие вчера имаа средба со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари. Ваквиот предлог беше прифатлив за приватните превозници кои се откажаа од најавените блокади во понеделник и најавија дека наместо на блокади најверојатно од понеделник ќе се вклучат во сообраќај.

Треба да направиме координација со нашите превозници, знаете дека финансиски ние сме исцрпени. Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже градот во однос на ова и откако ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје, изјави вчера Јовица Зафировски како претставник на приватните превозници.

Приватните превозници во знак на револт ги исклучија своите автобуси од сообраќај затоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје.

The post Вонредната седница на Советот на Град Скопје за барањето за приватните превозници најавена за 13 часот appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје, според најавите, денеска во 13 часот треба да одржи вонредна седница за предлог одлуката за зголемување на цената за изминат километар за приватните превозници. Тие вчера имаа средба со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари. Ваквиот предлог беше прифатлив за приватните превозници кои се откажаа од најавените блокади во понеделник и најавија дека наместо на блокади најверојатно од понеделник ќе се вклучат во сообраќај. Треба да направиме координација со нашите превозници, знаете дека финансиски ние сме исцрпени. Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже градот во однос на ова и откако ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје, изјави вчера Јовица Зафировски како претставник на приватните превозници. Приватните превозници во знак на револт ги исклучија своите автобуси од сообраќај затоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје.

The post Вонредната седница на Советот на Град Скопје за барањето за приватните превозници најавена за 13 часот appeared first on Република.

]]>
Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dhabe-i-e-toa-shto-na-zajdisontse-na-nejziniot-mandat-arsovska-se-obiduva-da-glumi-krotko-jagne/ Fri, 29 Nov 2024 07:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=842963

За Данела Арсовска сите се криви, само таа не.Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.

За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен.

Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска.

Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне.

Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа.

The post Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне appeared first on Република.

]]>

За Данела Арсовска сите се криви, само таа не.Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.
За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен. Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска. Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне. Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа.

The post Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне appeared first on Република.

]]>
Падна договор: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/padna-dogovor-ke-im-se-zgolemi-tsenata-po-izminat-kilometar-na-privatnite-prevoznitsi/ Thu, 28 Nov 2024 19:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=842909

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, вечерва по завршување на средбата со приватните превозници информираше дека дале предлог да се зголеми цената по километар од 70 на 100 денари во период од први декември до мај следната година. Тој побара што е можно побрзо да се свика вонредна седница на Град Скопје, на која овој предлог ќе се стави како точка на дневен ред. Претставниците на приватните превозници се задоволни од предлогот, се откажуваат од најавената блокада, но во текот на утрешниот ден нема да возат.

– Дадовме предлог дека ние ќе иницираме вонредна седница со единствена точка да ги прифатиме условите на приватните превозници за покачување на цената за километар, заклучно со месец мај 2025 година. Како што бевме информирани од приватните превозници, цената е 69 до 70 денари за изминат километар. Нашиот предлог е со измена со одлука на Совет, цената да биде 100 денари од километар заклучно со мај, додека им трае првиот дел од договорот, изјави Стојановски.

Тој додаде дека приватните превозници го прифатиле предлогот и напомена оти се надева дека утре или задутре ќе се одржи вонредната седница и заедно со останатите советници ќе го изгласаат предлогот.

Ваквото зголемување, како што посочи, нема да значи зголемување на цената на билет што ја плаќаат граѓаните.

– Се надевам дека и градоначалничката Данела Арсовска ќе ја стави како точка на дневен ред оваа иницијатива и ќе го прифати овој предлог, за најдоцна до понеделник веќе да ги имаме приватни превозници на улиците. Повикувам на разум кај сите колеги советници и на разум на градоначалничката да им се исплати долгот на приватните превозници, затоа што пред малку бев информиран дека на некои од приватните превозници не им е исплатен долгот од петти, а на некои од шести месец, рече Стојановски.

Прашан дали има доволно буџет за да се обезбедат овие средства, Стојановски одговори дека ќе побараат измени во буџетот за декември.

– Ќе побараме да има измена во буџетот за декември, затоа што преостанува уште еден месец до крајот на годината, додека за месеците од јануари до мај ќе има нов буџет што ќе се гласа во декември. Треба да има предвидени средства и тие да бидат наменски за покачување на цената по километар за приватните превозници, за да може да се искористат за исплата, за граѓаните веќе да не чекаат по станиците на минусните температури, додаде Стојановски.

Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски по средбата изјави дека се откажуваат од блокадите што ги најавуваа за понеделник, посочувајќи дека е одличен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Цело време повикуваме на состаноци, да не повика кој било, за да можеме да си го кажеме конкретно нашиот проблем. Ниска ни е цената за изминат километар, немаме верификувани извештаи, имаме долг, бараме само решение на нашите проблеми, сакаме да бидеме сервис на граѓаните во Градот Скопје. Предлогот е одличен, го прифаќаме. Иако е времена мерка, веруваме дека во понатамошните преговори и со градот и со советниците, ќе се изгласа некое трајно решение, рече Зафировски.

На новинарско прашање дали утре ќе возат, тој одговори дека најверојатно нема, но се надева оти од понеделник повторно ќе бидат на скопските улици.

– Треба да направиме координација со нашите превозници, знаете дека финансиски ние сме исцрпени. Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже градот во однос на ова и откако ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје, додаде Зафировски.

The post Падна договор: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници appeared first on Република.

]]>

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, вечерва по завршување на средбата со приватните превозници информираше дека дале предлог да се зголеми цената по километар од 70 на 100 денари во период од први декември до мај следната година. Тој побара што е можно побрзо да се свика вонредна седница на Град Скопје, на која овој предлог ќе се стави како точка на дневен ред. Претставниците на приватните превозници се задоволни од предлогот, се откажуваат од најавената блокада, но во текот на утрешниот ден нема да возат.
– Дадовме предлог дека ние ќе иницираме вонредна седница со единствена точка да ги прифатиме условите на приватните превозници за покачување на цената за километар, заклучно со месец мај 2025 година. Како што бевме информирани од приватните превозници, цената е 69 до 70 денари за изминат километар. Нашиот предлог е со измена со одлука на Совет, цената да биде 100 денари од километар заклучно со мај, додека им трае првиот дел од договорот, изјави Стојановски.
Тој додаде дека приватните превозници го прифатиле предлогот и напомена оти се надева дека утре или задутре ќе се одржи вонредната седница и заедно со останатите советници ќе го изгласаат предлогот. Ваквото зголемување, како што посочи, нема да значи зголемување на цената на билет што ја плаќаат граѓаните.
– Се надевам дека и градоначалничката Данела Арсовска ќе ја стави како точка на дневен ред оваа иницијатива и ќе го прифати овој предлог, за најдоцна до понеделник веќе да ги имаме приватни превозници на улиците. Повикувам на разум кај сите колеги советници и на разум на градоначалничката да им се исплати долгот на приватните превозници, затоа што пред малку бев информиран дека на некои од приватните превозници не им е исплатен долгот од петти, а на некои од шести месец, рече Стојановски.
Прашан дали има доволно буџет за да се обезбедат овие средства, Стојановски одговори дека ќе побараат измени во буџетот за декември.
– Ќе побараме да има измена во буџетот за декември, затоа што преостанува уште еден месец до крајот на годината, додека за месеците од јануари до мај ќе има нов буџет што ќе се гласа во декември. Треба да има предвидени средства и тие да бидат наменски за покачување на цената по километар за приватните превозници, за да може да се искористат за исплата, за граѓаните веќе да не чекаат по станиците на минусните температури, додаде Стојановски.
Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски по средбата изјави дека се откажуваат од блокадите што ги најавуваа за понеделник, посочувајќи дека е одличен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
– Цело време повикуваме на состаноци, да не повика кој било, за да можеме да си го кажеме конкретно нашиот проблем. Ниска ни е цената за изминат километар, немаме верификувани извештаи, имаме долг, бараме само решение на нашите проблеми, сакаме да бидеме сервис на граѓаните во Градот Скопје. Предлогот е одличен, го прифаќаме. Иако е времена мерка, веруваме дека во понатамошните преговори и со градот и со советниците, ќе се изгласа некое трајно решение, рече Зафировски.
На новинарско прашање дали утре ќе возат, тој одговори дека најверојатно нема, но се надева оти од понеделник повторно ќе бидат на скопските улици.
– Треба да направиме координација со нашите превозници, знаете дека финансиски ние сме исцрпени. Треба да видиме дали ќе ни се исплатат средствата, да видиме што ќе каже градот во однос на ова и откако ќе ја направиме консултацијата, ќе донесеме одлука од кога ќе почнеме да возиме. Се надевам дека од понеделик наместо блокади, ние ќе бидеме на скопските улици и ќе бидеме на сервис на градот Скопје, додаде Зафировски.

The post Падна договор: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници appeared first on Република.

]]>
Приватните превозници на средба во советниците на Град Скопје – се бара решение за проблемите со автобускиот превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-na-sredba-vo-sovetnitsite-na-grad-skopje-se-bara-reshenie-za-problemite-so-avtobuskiot-prevoz/ Thu, 28 Nov 2024 19:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=842905

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, вечерва пред средбата со приватните превозници, изјави дека целта е да се предложи решение за проблемот со автобускиот превоз. Тој нагласи дека ќе дискутираат за нивните барања и се надева дека за еден час по средбата ќе има решение што ќе го реши проблемот со превозот во Скопје.

– Пред малку бевме во контакт со приватните превозници и се договоривме за средба во Град Скопје. Целта е да се најде решение за нивните проблеми, изјави Стојановски.

На прашањето дали предложеното решение е во врска со барањето за зголемување на цената за километар, Стојановски одговори дека прво ќе ги слушнат предлозите на превозниците и потоа ќе излезат со свој предлог.

– Прво ќе ги слушнеме нивните предлози и потоа ќе понудиме решение, рече Стојановски, додавајќи дека како советници ќе направат сè што е во нивна моќ за да им помогнат на приватните превозници и да се реши проблемот, без политиканство и заткулисни игри.

Претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, изрази надеж дека средбата ќе биде конструктивна и дека ќе се најде решение за нивните проблеми.

– Се надеваме дека ќе имаме конструктивна средба и ќе ги изложиме нашите предлози, рече Зафировски, додавајќи дека ќе видат што ќе се предложи на средбата.

Независната советничка Ирена Витина, пак, информираше дека се собрани 17 потписи за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје.

The post Приватните превозници на средба во советниците на Град Скопје – се бара решение за проблемите со автобускиот превоз appeared first on Република.

Комисија за спречување и заштита од дискриминација: Недостапноста на јавниот превоз дискриминира повеќе групи граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/komisija-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija-nedostapnosta-na-javniot-prevoz-diskriminira-poveke-grupi-gragani/ Thu, 28 Nov 2024 13:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=842819

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека во изминатиот период добива претставки од различни групи граѓани кои се жалат на дискриминација поради недостапноста на јавниот превоз во Скопје.

Во соопштението се наведува дека многу групи граѓани зависат од јавниот превоз за да ги остварат своите основни човекови права како правото на образование, движење, здравје, работа, пристап до добра и услуги и други.

Недостапноста на јавниот превоз непропорционално повеќе засега одредени групи на граѓани како жени, млади луѓе и ученици, пензионери и други возрасни лица, Роми, луѓе што живеат во населби пооддалечени од центарот на градот. Особено е загрижувачка состојбата со јавниот превоз од населбата Шуто Оризари, каде повремено возат само приватни превозници, со што се врши дополнителна дискриминација врз основа на етничка припадност и раса, соопштија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Изразуваат загриженост и за неможноста учениците да посетуваат настава, да го остваруваат правото на образование поради недостапноста на јавниот превоз, гарантирано со член 44 од Уставот на Република Македонија, каде е наведено дека образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Јавниот превоз, се подвлекува, има многу значајна улога во општеството и носи бројни економски, социјални, здравствени и еколошки бенефити. Преку јавниот превоз се промовира и зајакнува инклузивноста бидејќи тој овозможува сите луѓе да учествуваат во животот во градот и да ги остварат своите права. Со јавниот превоз се промовира независноста и мобилноста на граѓаните, се зајакнуваат социјалните интеракции и чувството на живеење во заедница. Клучна карактеристика на општества во кои има повисоко ниво на еднаквост е добро организиран, достапен и пристапен јавен превоз кој го користи голем дел од населението. Недостапноста на јавниот превоз ги продлабочува нееднаквостите на сметка на и онака помалку привилегираните групи во општеството.

- Исто така, недостапноста на јавниот превоз го зголемува користењето на приватните возила и ја зголемува фреквентноста во сообраќајот, што директно влијае на загадувањето на возухот и на оневозможување на правото за здрава животна средина. Согласно член 43 од Уставот секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и Републиката е должна да обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина, соопштија од Комисијата.

Од овие причини, од Комисијата апелираат до централните и локалните власти да ги остават настрана партиските интереси и итно да донесат долгорочни решенија за унапредување на достапноста и пристапноста на јавниот превоз.

The post Комисија за спречување и заштита од дискриминација: Недостапноста на јавниот превоз дискриминира повеќе групи граѓани appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека во изминатиот период добива претставки од различни групи граѓани кои се жалат на дискриминација поради недостапноста на јавниот превоз во Скопје. Во соопштението се наведува дека многу групи граѓани зависат од јавниот превоз за да ги остварат своите основни човекови права како правото на образование, движење, здравје, работа, пристап до добра и услуги и други. Недостапноста на јавниот превоз непропорционално повеќе засега одредени групи на граѓани како жени, млади луѓе и ученици, пензионери и други возрасни лица, Роми, луѓе што живеат во населби пооддалечени од центарот на градот. Особено е загрижувачка состојбата со јавниот превоз од населбата Шуто Оризари, каде повремено возат само приватни превозници, со што се врши дополнителна дискриминација врз основа на етничка припадност и раса, соопштија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Изразуваат загриженост и за неможноста учениците да посетуваат настава, да го остваруваат правото на образование поради недостапноста на јавниот превоз, гарантирано со член 44 од Уставот на Република Македонија, каде е наведено дека образованието е достапно на секого под еднакви услови. Јавниот превоз, се подвлекува, има многу значајна улога во општеството и носи бројни економски, социјални, здравствени и еколошки бенефити. Преку јавниот превоз се промовира и зајакнува инклузивноста бидејќи тој овозможува сите луѓе да учествуваат во животот во градот и да ги остварат своите права. Со јавниот превоз се промовира независноста и мобилноста на граѓаните, се зајакнуваат социјалните интеракции и чувството на живеење во заедница. Клучна карактеристика на општества во кои има повисоко ниво на еднаквост е добро организиран, достапен и пристапен јавен превоз кој го користи голем дел од населението. Недостапноста на јавниот превоз ги продлабочува нееднаквостите на сметка на и онака помалку привилегираните групи во општеството. - Исто така, недостапноста на јавниот превоз го зголемува користењето на приватните возила и ја зголемува фреквентноста во сообраќајот, што директно влијае на загадувањето на возухот и на оневозможување на правото за здрава животна средина. Согласно член 43 од Уставот секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и Републиката е должна да обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина, соопштија од Комисијата. Од овие причини, од Комисијата апелираат до централните и локалните власти да ги остават настрана партиските интереси и итно да донесат долгорочни решенија за унапредување на достапноста и пристапноста на јавниот превоз.

The post Комисија за спречување и заштита од дискриминација: Недостапноста на јавниот превоз дискриминира повеќе групи граѓани appeared first on Република.

]]>
Приватните превозници во Скопје ни в четврток нема да возат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-vo-skopje-ni-v-chetvrtok-nema-da-vozat/ Wed, 27 Nov 2024 20:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=842517

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави вечерва за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозиците.

Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои денеска попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната едница информираше дека иницијативата на превозниците била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот, објасни Славески.

Тој вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска. Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов.

Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесе Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Град Скопје, пак, претходно реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел, како што наведоа, за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

Град Скопје во соопштението наведе дека „советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси“ и оти „денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај“.

Дел од приватните превозници повторно се вклучија во јавниот градски превоз на почетокот на неделава. Нивните претставници викендот изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние кои имаат финансиски можности и апелираа до градоначалничката Арсовска, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

The post Приватните превозници во Скопје ни в четврток нема да возат appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави вечерва за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозиците. Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои денеска попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната едница информираше дека иницијативата на превозниците била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.
Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот, објасни Славески.
Тој вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска. Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов.
Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесе Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Град Скопје, пак, претходно реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел, како што наведоа, за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот. Град Скопје во соопштението наведе дека „советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси“ и оти „денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај“. Дел од приватните превозници повторно се вклучија во јавниот градски превоз на почетокот на неделава. Нивните претставници викендот изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние кои имаат финансиски можности и апелираа до градоначалничката Арсовска, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

The post Приватните превозници во Скопје ни в четврток нема да возат appeared first on Република.

]]>
Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цената на услуги преку член во Советот на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-arsovska-e-na-poteg-privatnite-prevoznitsi-baraat-zgolemuvane-na-tsenata-na-uslugi-preku-chlen-vo-sovetot-na-grad-skopje/ Wed, 27 Nov 2024 19:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=842499

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.

Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов.

Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска приватните превозници ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната седница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

Од Град Скопје, пак, реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

The post Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цената на услуги преку член во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска. Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов.
Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска приватните превозници ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната седница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата. Од Град Скопје, пак, реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

The post Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цената на услуги преку член во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Сакајќи да се прикаже како жртва, Арсовска ги жртвуваше граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sakajki-da-se-prikazhe-kako-zhrtva-arsovska-gi-zhrtvuvashe-graganite/ Wed, 27 Nov 2024 19:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=842488

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, смета дека скопската градоначалничка, Данела Арсовска, сакајќи да се претстави како жртва, направила жртва од граѓаните. Вели до неа не допира ништо и нема чувство за одговорност за ништо. Медиумите немаат пристап до информации во Град Скопје.

Не би рекол дека предуслов е сите да бидеме од иста политичка гарнитура за да функционира системот. Низ годиниве се покажа дека не е така. Ние сега имаме прикажување на жртва. Арсовска сакајќи да биде жртва, нè направи нас жртви. Дури ни тоа не ја допира, не чувствува ни грам одговорност, за каква комуникација може да се зборува со човек кој што одбива да комуницира со сите, ниту со членовите на советот, ниту со администрацијата, ниту пак со медиумите. Тоа кажува сѐ. Повеќе од 24 месеци не беше појавена на ниту една седница, па како сакате кооперативност со советничките групи. Треба да покажеме широка визија, најнапред поради граѓаните - изјави министерот Перински во интервју за Алсат.

The post Сакајќи да се прикаже како жртва, Арсовска ги жртвуваше граѓаните appeared first on Република.

Перински: Состојбата во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-sostojbata-vo-javniot-prevoz-pred-se-e-krah-a-ne-kriza/ Wed, 27 Nov 2024 19:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=842483

Актуелната состојба во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза. Јавниот превоз е актуелна тема не само деновиве, туку во изминативе неколку години. Градоначалничката и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, не се решаваат - смета министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Во своето гостување за Алсат, Перински вели дека не е проблемот само ЈСП, поради што е потребно системско решение. Посочува дека Владата одвои нафта од државните резерви како итна мерка, но ја коментира и нефункционалноста на голем дел од автобусите. Владата интервентно пак ќе реагира, но, нагласува дека јавниот превоз во градот е исклучиво належност од локален карактер и владата нема никакви ингеренции. Одговорноста е на Град Скопје и ЈСП.

Нам ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци, знаме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа. Тоа се премногу натрупани проблеми, кои некој во иднина треба системски да ги решава. Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа и долготрајна терапија. Треба јасна и конкретна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само залекување на рани. Не е системско решение. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој - вели Перински.

Тој додаде дека се разгледувала и можноста за изземање на надлежностите на Град Скопје во однос на јавниот превоз, но во постојното законско решение, во законот за локална самоуправа и законот за Град Скопје надлежностите се строго утврдени и неделиви. Треба дополнителни соодветни интервенции во други закони за да може да се пристапи до вакво решение. Скопјани, вели Перински, не се должни да го трпат овој хаос.

The post Перински: Состојбата во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза appeared first on Република.

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-povtorno-se-iskluchija-od-soobrakaj-i-se-upatija-kon-grad-skopje/ Wed, 27 Nov 2024 12:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=842307

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје за да го изразат своето незадоволство.

Како причина за тоа е незадоволството што нивното барање не се најде на денешната седница на советот на Град Скопје.

The post Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје за да го изразат своето незадоволство. Како причина за тоа е незадоволството што нивното барање не се најде на денешната седница на советот на Град Скопје.

The post Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Бојковски: Нацрт-буџетот на Арсовска без советници, парите на граѓаните се делат зад затворени врати https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/bojkovski-natsrt-budhetot-na-arsovska-bez-sovetnitsi-parite-na-graganite-se-delat-zad-zatvoreni-vrati/ Wed, 27 Nov 2024 12:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=842286

Денес на седницата на Град Скопје, се обрати советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Бојковски кој реагираше поради тоа што смета дека советниците се изоставени од процесот на креирање на буџетот за 2025 година

Бојковски објасни што значи процесот на изработка на нацрт-буџет.

Нацрт-буџет значи учество на сите советници со предлози – советници што се избрани од граѓаните. Согласно програмата што била доставена за време на изборите, таа програма може да трпи и измени затоа што потребите на граѓаните можат да се разликуваат од потребите пред 3 или 4 години. Или, во најмала рака, некоја дополнување со нови предлози или со стари предлози што пред 3 години не биле направени, оваа година да се направат - истакна Бојковски

Бојковски кој има долгогодишно искуство во локалната самоуправа додаде дека оваа ситуација е без преседан.

Сум бил 4 години претседател на Совет, 4 години сум бил член на Управен одбор на ЗЕЛС, 4 години сум бил потпретседател на Комитет на Совети на Република Македонија и не можам да разберам дека и претходните 3 години немало нацрт-буџет или немало креирање на буџет во согласност со советниците - рече Бојковски.

Бојковски упати повик до администрацијата и градоначалничката Данела Арсовска да го променат пристапот и да вклучат повеќе страни.

Јас ве замолувам како администрација секретар, и ја замолувам госпоѓа Арсовска да не вклучи во работата со администрацијата на Град Скопје во креирање на буџетот за 2025 година. Да направиме еден нацрт-буџет да ги усогласиме сите работи што треба да сe усогласат, за кога ќе имаме седница со точка на дневен ред буџет за 2025 година да немаме разногласие, да немаме дополнителни амандмани, да немаме дополнителни различни мислења, па прекинување на седница, па некоја друга ситница или да се доведеме до ситуација да мора да го изгласаме до рок  - истакна Бојковски.

Бојковски предупреди дека граѓаните и советниците треба да бидат вклучени во креирањето на буџетот за 2025 година.

Мислам дека ако се такви намерите, не е добро затоа што граѓаните и советниците треба да бидат вклучени во креирање на буџетот 2025 година - нагласи Бојковски.

Бојковски ја истакна потребата од поширока консултација со месните и урбаните заедници, невладините организации и останатите релевантни групи.

Вклучување на месни заедници, урбани заедници, авторитети, таргет групи, невладини организации. Затоа што, тоа е буџет, пари на граѓаните, и мислам дека треба да знаат за што ќе бидат потрошени парите во 2025 година - заклучи Бојковски.

The post Бојковски: Нацрт-буџетот на Арсовска без советници, парите на граѓаните се делат зад затворени врати appeared first on Република.

]]>

Денес на седницата на Град Скопје, се обрати советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Бојковски кој реагираше поради тоа што смета дека советниците се изоставени од процесот на креирање на буџетот за 2025 година Бојковски објасни што значи процесот на изработка на нацрт-буџет.
Нацрт-буџет значи учество на сите советници со предлози – советници што се избрани од граѓаните. Согласно програмата што била доставена за време на изборите, таа програма може да трпи и измени затоа што потребите на граѓаните можат да се разликуваат од потребите пред 3 или 4 години. Или, во најмала рака, некоја дополнување со нови предлози или со стари предлози што пред 3 години не биле направени, оваа година да се направат - истакна Бојковски
Бојковски кој има долгогодишно искуство во локалната самоуправа додаде дека оваа ситуација е без преседан.
Сум бил 4 години претседател на Совет, 4 години сум бил член на Управен одбор на ЗЕЛС, 4 години сум бил потпретседател на Комитет на Совети на Република Македонија и не можам да разберам дека и претходните 3 години немало нацрт-буџет или немало креирање на буџет во согласност со советниците - рече Бојковски.
Бојковски упати повик до администрацијата и градоначалничката Данела Арсовска да го променат пристапот и да вклучат повеќе страни.
Јас ве замолувам како администрација секретар, и ја замолувам госпоѓа Арсовска да не вклучи во работата со администрацијата на Град Скопје во креирање на буџетот за 2025 година. Да направиме еден нацрт-буџет да ги усогласиме сите работи што треба да сe усогласат, за кога ќе имаме седница со точка на дневен ред буџет за 2025 година да немаме разногласие, да немаме дополнителни амандмани, да немаме дополнителни различни мислења, па прекинување на седница, па некоја друга ситница или да се доведеме до ситуација да мора да го изгласаме до рок  - истакна Бојковски.
Бојковски предупреди дека граѓаните и советниците треба да бидат вклучени во креирањето на буџетот за 2025 година.
Мислам дека ако се такви намерите, не е добро затоа што граѓаните и советниците треба да бидат вклучени во креирање на буџетот 2025 година - нагласи Бојковски.
Бојковски ја истакна потребата од поширока консултација со месните и урбаните заедници, невладините организации и останатите релевантни групи.
Вклучување на месни заедници, урбани заедници, авторитети, таргет групи, невладини организации. Затоа што, тоа е буџет, пари на граѓаните, и мислам дека треба да знаат за што ќе бидат потрошени парите во 2025 година - заклучи Бојковски.

The post Бојковски: Нацрт-буџетот на Арсовска без советници, парите на граѓаните се делат зад затворени врати appeared first on Република.

]]>
Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ni-avtobusite-od-eu-nema-da-go-reshat-problemot-so-javniot-prevoz-vo-skopje/ Wed, 27 Nov 2024 07:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=842101

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра. По минатонеделниот речиси целосен прекин на јавниот превоз во Скопје, автобусите на ЈСП сообраќаат со нафта од државните резерви и се очекува исходот од итната јавна набавка на нафта. Од Владата најавуваат дека повторно ќе го поддржат ЈСП доколку има потреба. Се подготвува и документацијата за тендерот за набавка на околу 100 електрични автобуси за ЈСП, што се очекува да биде распишан до крајот на годината.

На примопредавањето на автобусите, евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека проектот  „ЕУ за чист воздух“  ќе помогне за намалување на загаденоста на воздухот, што, како што рече, е сериозен еколошки проблем со којшто се соочуваме со самиот почеток на грејната сезона и веќе со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните.

null

-Целта е Скопје заедно со другите градови да се претвори во живописно место за живеење, нагласувајќи дека граѓаните ќе почнат повеќе да го користат јавниот превоз кога системот ќе биде подобро опремен. Не треба да очекуваме уште утре сите да се качат на автобус, меѓутоа мислам дека кога е вистинско време, кога системот ќе биде подобро опремен, ова ќе се случи, рече Рокас.

И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити укажа на придобивките од збогатувањето на возниот парк на ЈСП и оти се подобруваат условите за користење на јавниот превоз. Во таа насока рече дека е и планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси што ја најави премиерот.

-МЖСПП и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположливи ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на загаденоста, изјави Меџити.

Тој најави дека Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта.

- Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени - оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет...Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити на новинарско прашање.

За градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, набавката на шесте автобуси е доказ дека кога не е блокирана градската администрација, е способна да спроведе ваков проект. Се надева дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Одлуката на Владата да набави електрични автобуси ја оцени како задоцнета.

null

- Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска.

Како што рече, во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и никогаш нема оправдување зошто не се гласа.

- Очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, рече Арсовска.

Таа укажа и дека долгот на централните власти кон ЈСП Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите.

Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови.

Откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие минатата недела останаа во гаражите поради немање гориво, Владата на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП. Тие количини се доволни за 10-тина дена, а решение се очекува од исходот на почнатата итна набавка на нафта со преговарање, на која на барање на раководството на JCП, Бирото за јавни набавки одговори позитивно.

null

Премиерот Христијан Мицкоски завчера порача дека обезбедените 250.000 литри нафта ќе бидат доволни за извесен период, но оти градот ќе треба трајно да го реши проблемот.

Тендерот за планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси за јавниот градски превоз се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува и се утврдуваат условите за плаќање.  Најголемиот дел од новите автобуси ќе бидат за Скопје, а ќе има и за другите општини со организиран јавен градски превоз

The post Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра. По минатонеделниот речиси целосен прекин на јавниот превоз во Скопје, автобусите на ЈСП сообраќаат со нафта од државните резерви и се очекува исходот од итната јавна набавка на нафта. Од Владата најавуваат дека повторно ќе го поддржат ЈСП доколку има потреба. Се подготвува и документацијата за тендерот за набавка на околу 100 електрични автобуси за ЈСП, што се очекува да биде распишан до крајот на годината. На примопредавањето на автобусите, евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека проектот  „ЕУ за чист воздух“  ќе помогне за намалување на загаденоста на воздухот, што, како што рече, е сериозен еколошки проблем со којшто се соочуваме со самиот почеток на грејната сезона и веќе со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните. null
-Целта е Скопје заедно со другите градови да се претвори во живописно место за живеење, нагласувајќи дека граѓаните ќе почнат повеќе да го користат јавниот превоз кога системот ќе биде подобро опремен. Не треба да очекуваме уште утре сите да се качат на автобус, меѓутоа мислам дека кога е вистинско време, кога системот ќе биде подобро опремен, ова ќе се случи, рече Рокас.
И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити укажа на придобивките од збогатувањето на возниот парк на ЈСП и оти се подобруваат условите за користење на јавниот превоз. Во таа насока рече дека е и планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси што ја најави премиерот. -МЖСПП и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположливи ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на загаденоста, изјави Меџити. Тој најави дека Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта. - Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени - оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет...Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити на новинарско прашање. За градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, набавката на шесте автобуси е доказ дека кога не е блокирана градската администрација, е способна да спроведе ваков проект. Се надева дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Одлуката на Владата да набави електрични автобуси ја оцени како задоцнета. null
- Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска.
Како што рече, во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и никогаш нема оправдување зошто не се гласа. - Очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, рече Арсовска. Таа укажа и дека долгот на централните власти кон ЈСП Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите. Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови. Откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие минатата недела останаа во гаражите поради немање гориво, Владата на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП. Тие количини се доволни за 10-тина дена, а решение се очекува од исходот на почнатата итна набавка на нафта со преговарање, на која на барање на раководството на JCП, Бирото за јавни набавки одговори позитивно. null Премиерот Христијан Мицкоски завчера порача дека обезбедените 250.000 литри нафта ќе бидат доволни за извесен период, но оти градот ќе треба трајно да го реши проблемот. Тендерот за планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси за јавниот градски превоз се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува и се утврдуваат условите за плаќање.  Најголемиот дел од новите автобуси ќе бидат за Скопје, а ќе има и за другите општини со организиран јавен градски превоз

The post Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>
Владата одвои финансиски средства за изградба на катна гаража кај „Скендербег“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vladata-odvoi-finansiski-sredstva-za-izgradba-na-katna-garazha-kaj-skenderbeg/ Tue, 26 Nov 2024 14:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=841957

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити најави дека Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендерберг“ во Скопје.

Проектот предвидува изградба на 371 паркинг место, распоредени на две подземни нивоа на површина од повеќе од 13 илјади метри квадратни.

Ваквата одлука била официјализирана на денешната редовна седница на Владата.

Според Меџити, изградбата на ваквиот проект е особено значајна за Старата скопска чаршија и општина Чаир. Добивањето на дозволата за изградба е при крај од Министерството за транспорт, а градежните активности треба да започнат на почетокот на наредната година.

The post Владата одвои финансиски средства за изградба на катна гаража кај „Скендербег“ appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити најави дека Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендерберг“ во Скопје. Проектот предвидува изградба на 371 паркинг место, распоредени на две подземни нивоа на површина од повеќе од 13 илјади метри квадратни. Ваквата одлука била официјализирана на денешната редовна седница на Владата. Според Меџити, изградбата на ваквиот проект е особено значајна за Старата скопска чаршија и општина Чаир. Добивањето на дозволата за изградба е при крај од Министерството за транспорт, а градежните активности треба да започнат на почетокот на наредната година.

The post Владата одвои финансиски средства за изградба на катна гаража кај „Скендербег“ appeared first on Република.

]]>
Долгот на централните власти кон ЈСП во 2025 година ќе достигне десет милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dolgot-na-tsentralnite-vlasti-kon-jsp-vo-2025-godina-ke-dostigne-deset-milioni-evra/ Tue, 26 Nov 2024 12:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=841916

Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Превозот за студентите, вкучително и за оние од приватните факултети, како што посочи, требало да биде обезбеден од централните власти како дотација кон претпријатието и како дел од мерката за поддршка на студентскиот стандард.

Долгот кон ЈСП е веќе осум милиони евра. Од почетокот на наредната година долгот ќе изнесува десет милиони евра, долг на централната власт кон градот Скопје, односно кон Јавното Сообраќајно Претпријатие така што веќе не можеме да дискутираме за бесплатен јавен превоз, не само за студентите од приватните универзитети. Јавното градско претпријатие функционира со тоа што генерира навистина големи трошоци за разлика од претходните мандати кога во година имало и до 30- 40 милиони евра коишто се слевале од страна на централниот буџет во касата на јавните претпријатија. Сега во изминативе три години имаме дефицит односно помалку средства од она што го должат, не зборувам за студентите, туку за она што го должат околу 20 милиони евра долг од централните власти и институции во државата кон јавните претпријатија, рече Арсовска.

Според неа, советниците на Скопје ќе мора да донесат одлука затоа што без да има покритие на трошоците, ЈСП ќе тоне се повеќе во долгови.

Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови.

Во однос на новогодишното украсување на главниот град, Арсовска рече дека постапките се започнати и наредната недела ќе има повеќе информации.

The post Долгот на централните власти кон ЈСП во 2025 година ќе достигне десет милиони евра appeared first on Република.

]]>

Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Превозот за студентите, вкучително и за оние од приватните факултети, како што посочи, требало да биде обезбеден од централните власти како дотација кон претпријатието и како дел од мерката за поддршка на студентскиот стандард.
Долгот кон ЈСП е веќе осум милиони евра. Од почетокот на наредната година долгот ќе изнесува десет милиони евра, долг на централната власт кон градот Скопје, односно кон Јавното Сообраќајно Претпријатие така што веќе не можеме да дискутираме за бесплатен јавен превоз, не само за студентите од приватните универзитети. Јавното градско претпријатие функционира со тоа што генерира навистина големи трошоци за разлика од претходните мандати кога во година имало и до 30- 40 милиони евра коишто се слевале од страна на централниот буџет во касата на јавните претпријатија. Сега во изминативе три години имаме дефицит односно помалку средства од она што го должат, не зборувам за студентите, туку за она што го должат околу 20 милиони евра долг од централните власти и институции во државата кон јавните претпријатија, рече Арсовска.
Според неа, советниците на Скопје ќе мора да донесат одлука затоа што без да има покритие на трошоците, ЈСП ќе тоне се повеќе во долгови. Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови. Во однос на новогодишното украсување на главниот град, Арсовска рече дека постапките се започнати и наредната недела ќе има повеќе информации.

The post Долгот на централните власти кон ЈСП во 2025 година ќе достигне десет милиони евра appeared first on Република.

]]>