Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/makedonija/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 19:10:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/makedonija/ 32 32 Стани Киро, јави се Бранко, твоиве го палат кучата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stani-kiro-javi-se-branko-tvoive-go-palat-kuchata/ Sat, 30 Nov 2024 19:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=843497

На што спадна некогаш “државотворниот“ СДСМ на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски. Да биде соучесник на корумпираните од ДУИ да предизвикаат меѓуетничка тепачка од масовни размери. Дно.

Можам само да замислам како Киро ги гледа од горе, од небото, а како Бранко од сенката во која живее... Но, ако првиот нема директна линија со СДСМ, вториов, Бранко, мора да гукне и да каже: другари – доста е!!! Отидовте у три пичке материне со лудилото и крадењето, а сега за да ги сочувате парите се ујдисавте со битанги и станавте соучесници на најлошите. Станавте пиромани.

Со месеци Али Ахмети најавува немири и инциденти. Чекаше ден кога е погоден за неговиот план да распали емоции бидејќи неможе да распали ум на Албанците во ситуација кога нема што да им понуди за размислување. Ништо освен сеење магла додека он, неговата фамилија, Аратан Груби и гангот ги штекаат милионите и спремни се на се да ги сочуваат, слободни, па макар и гинеле Албанци и Македонци по улици во маглата на ДУИ.

Да, тоа беше планот. Во емотивен ден, ден на албанското знаме, да собереш навивачки групи и да тргнат во најголем сообраќаен шпиц во Скопје од Партизанка па натаму за да обележат територија на која сакаат да покажат дека владеат и ја контролираат, да врескаат, и да веат знамиња на друга држава пред нос на шокираните и изнервирани скопјани и да чекаат некој да грене глас и рака на нив. Небитно кој, дали граѓани, дали полиција. Да пукне динамитот.

И, потоа, следи излегување на пар иљади спремни преторијанци на ДУИ за масовни немири, кршење, сликање полицајци како дигаат пендреци, Македонци како бегаат од толпата, хаос кој веднаш ќе се слика, снима и шири по социјалните мрежи, соросидите ќе ја нападнат власта и ќе се пакува за итни средби по странските амбасади. Косово од осумдесеттите и деведесттите години.

Тоа е “политиката“ на Али Ахмети, трета лига на УЧК и човек чиј ум застанал во тоа време незабележувајќи дека времињата, местото и околностите се смениле. Како глумец од времето на немиот црно-бел филм кој пропаднал во новото време и станува насилник кој крши кино сали затоа што народот гледа други филмови, во боја, со тон и слика, а тој е небитен како семафор во Чаир, и никому потребен.

Никому, освен на бандата што ја ограби државата и сега е спремна да фрли и стотици Албанци на улица, да ги жртвува, само за да се скрие себе и својот грабеж во маглата. Тие на улица ќе страдаат, Груби и бандата ќе штекаат кеш.

Али Ахмети е надвор од филмот. Бивш политичар, неук и застарен. Не треба поголем доказ за тоа од фактот дека ДУИ ја води Артан Груби и неговата банда а Али Ахмети е само англиска кралица во тој состав. Кога ќе посака да биде нешто повеќе од тоа Артан Груби и бандата ќе достават некои документи, сметки и детали до порталите како се богати неговата фамилија и – ќе го заќутат. Ќе го вратат на фабричко подешавање. Не сме само ние лопови, и твоите се, ќе му порачаат. Ќе го потсетат дека е третокласен глумец во униформа на УЧК и со божем книга во рацете, демоинтиран политичар со манири од пред 30 години.

Со план да се содаде физичка пресметка помеѓу Албанците и полицијата, како и меѓу Албанците и сите други во Скопје, на чувствителен и емотивен ден, ден на албанското знаме, ДУИ и СДСМ туркаа конфликт. А по конфликтот ДУИ да излезе со приказна дека Македонија и Македонците дигнале рака врз нив на тој свет ден и нема веќе што да се разговара за соживот. Дека Влен ги продал Албанците кои се тепани од власта во кои тие учествуваат со Макеоднци кои ДУИ не ги признава.

СДСМ ќе бараше нови избори заради експлозија на меѓуетнички односи со фразата “оваа антиевропска влада“ создава тензии, не оддалеува од Европа... бла, бла, бла... Избори и Венко Филипче за премиер, а Зоран Заев за губернатор. Да, затоа што со тој план Македонија и формлано паѓа во рацете на мафијата и станува губернија водена од мафијашите. Веќе видено, и на избори отфрлено.

Замисли, ДУИ на денот на демонстрациите низ Скопје бара беља, а СДСМ бара насилна интервенција на полицијата која на ДУИ би им дала повод за следниот чекор – насилни масовни демонстрации. Педантно планирана соработка. Ќар и за двете страни. Зијан за сите други.

СДСМ и ДУИ, на тој ден, беа спремни да ја запалат државата. Како и сите корумпирани криминалци, кога се близжи денот на проверка на сметките прво што им паѓа на ум е да го запалат сметководството. Да ги снема трагите, и казната.

За ДУИ, со дезориентораниот Али Ахмети и богатата банда на Артан Груби ништо чудно но, и покрај се што СДСМ со Заев, Филипче и гревон од Куманово што веруваше дека е премиер, Ковачевски, за СДСМ не верував дека се до ушите пропаднати во кал, и дека има некој освен наброените во таа партија што е спремен да биде асистент на ДУИ во палење на Макеоднија. На денот на албанското знаме. Сум се излажал. Има такви.

Има. Особено откако соросидите сега и формално ја преземаа партијата СДСМ. Ние први имаме “невладина“ која и формално владее со партија. А тие, соросоидите, се познати по насилства, кршења, притисоци, гушење слобода на говор, демонстрации... Но, кога СДСМ ќе падне тотално, тие ќе си заминат а партијата ќе ги брои поразите и омразата стекната во јавноста поради нив.

Времињата се менуваат, иако Али Ахмети тоа не го забележал. Луѓето се други и понакви од мафијата која ја создадоа и со која живееа ДУИ, Заев и СДСМ. Ова се нови луѓе со нови планови. Нови навики и нова памет и перспектива. Не наседнаа. Не наседнаа ни Македонците ни Албанците. Јасно им беше се.

Како што не наседнаа ни Албанците во Косово и Албанија. Никој не ги поддржа Али Ахмети и СДСМ на Заев/Филипче и соросоидите. Напротив.

Власта остави навивачките групи, Шверцерите, да дивеат низ Скопје, се издишаа. Полицијата ги следеше на секој чекор за да нема лични инциденти и, им залепи кривични пријави по кои некои од нив завршија во притвор и заедно со другите ги чека судење. Македонија се спаси од динамитот на ДУИ и СДСМ. Сега следи контрола на сметководството кое избегна пожар, и од книгите ќе излезат нови притвори и судења, Овојпат не за навивачките групи, туку за богатите нарачатели.

Црно белите филмови каде Али Ахмети е третокласен глумец во немите филмови а Заев е негов дојебник, завршуваат. Ново време, нови правила. Во новото време добивме нова вредност: Албанците и Македонците, заедно, покажаа дека имаат заеднички потреби за мир, за работа, за стабилност, за еднаквост и за правна држава со која мафијата не владее со судиите, обвинителите, тендерите... а сите други трпат и го плаќаат тоа од свој џеб.

Албанците не дозволија, уште еднаш, светот да ги гледа како насилници кои потпалуваат пожари насекаде по Балканов. Македонците покажаа тактичност и свест дека една група не идентификува цела една етничка заедница. Го знаат, и едните и другите, Артан Груби и неговите насилства, дали е тапечката на Македонци на Кале, дали кршењето на новиот театар од страна на неговите Шверцери, дали се уште неразјасненетата негова улога во злосторствата во “Жолатата куќа“ на Косово во која се ваделе човечки органи и се тргувало со нив за што во Хаг се води судски процес..

Накусо, на сите се им е јасно, и порачаа: доста е! И од едните и од другите пиромани аир не видовме, ама гледаме како доаѓате како клошари а заминуваат како милионери, едните во Швицарска другите во Дубаи.

Сите, и ВМРО и Влен ја осудија провокацијата како опасен обид да се запали државата за да се скријат криминалите на мафијата и запрат истраги. Чудно, дојебнците на СДСМ, кловновите од Левица, ќутеа. Мукла. Пропадна планот.

ОК, беше што беше и заврши на најдобар можен начин. Јавноста задоволна што се врати мирот за помлаку од 24 часа. Власта сега доби нов поттик да ја зачисти куќата и теренот воочи реконструкциа на државниот систем и започнување на реализација на плановите. А бандите од врвот на ДУИ и СДСМ? Соголени до коска.

Па, затоа, му пишав на Киро Глигоров за дешавкиве, можеби таму горе се уште нема интернет да види како овде стојат работите во неговата Македонија.

На Бранко не му пишав, он не е ни горе ни овде доле. Он е во лимбо состојба. Но, да го потсетам, он ги внесе ДУИ во политиката, он го измисли Заев, он му даде амнестија од судење за корупција, он тераше насилни демонстрации за влез во Собраието заедно со него, он имаше вонбрачни политички врски со соросидите и го внесе тогашниот шеф на соросидите Владе Милчин во раководството на СДСМ... Сето ова не е спремано од вчера.

Татковците одговараат за неделата на своите малоумни деца затоа што ги спремале за тоа: како во случај Рибникар во Београд. Излези Бранко, и кажи им што треба на твоите пиромани. Кажи им бидејќи твојата куќа на Бихаќка е во пламен. Без таа куќа ти си никој и ништо.

The post Стани Киро, јави се Бранко, твоиве го палат кучата appeared first on Република.

]]>

На што спадна некогаш “државотворниот“ СДСМ на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски. Да биде соучесник на корумпираните од ДУИ да предизвикаат меѓуетничка тепачка од масовни размери. Дно. Можам само да замислам како Киро ги гледа од горе, од небото, а како Бранко од сенката во која живее... Но, ако првиот нема директна линија со СДСМ, вториов, Бранко, мора да гукне и да каже: другари – доста е!!! Отидовте у три пичке материне со лудилото и крадењето, а сега за да ги сочувате парите се ујдисавте со битанги и станавте соучесници на најлошите. Станавте пиромани. Со месеци Али Ахмети најавува немири и инциденти. Чекаше ден кога е погоден за неговиот план да распали емоции бидејќи неможе да распали ум на Албанците во ситуација кога нема што да им понуди за размислување. Ништо освен сеење магла додека он, неговата фамилија, Аратан Груби и гангот ги штекаат милионите и спремни се на се да ги сочуваат, слободни, па макар и гинеле Албанци и Македонци по улици во маглата на ДУИ. Да, тоа беше планот. Во емотивен ден, ден на албанското знаме, да собереш навивачки групи и да тргнат во најголем сообраќаен шпиц во Скопје од Партизанка па натаму за да обележат територија на која сакаат да покажат дека владеат и ја контролираат, да врескаат, и да веат знамиња на друга држава пред нос на шокираните и изнервирани скопјани и да чекаат некој да грене глас и рака на нив. Небитно кој, дали граѓани, дали полиција. Да пукне динамитот. И, потоа, следи излегување на пар иљади спремни преторијанци на ДУИ за масовни немири, кршење, сликање полицајци како дигаат пендреци, Македонци како бегаат од толпата, хаос кој веднаш ќе се слика, снима и шири по социјалните мрежи, соросидите ќе ја нападнат власта и ќе се пакува за итни средби по странските амбасади. Косово од осумдесеттите и деведесттите години. Тоа е “политиката“ на Али Ахмети, трета лига на УЧК и човек чиј ум застанал во тоа време незабележувајќи дека времињата, местото и околностите се смениле. Како глумец од времето на немиот црно-бел филм кој пропаднал во новото време и станува насилник кој крши кино сали затоа што народот гледа други филмови, во боја, со тон и слика, а тој е небитен како семафор во Чаир, и никому потребен. Никому, освен на бандата што ја ограби државата и сега е спремна да фрли и стотици Албанци на улица, да ги жртвува, само за да се скрие себе и својот грабеж во маглата. Тие на улица ќе страдаат, Груби и бандата ќе штекаат кеш. Али Ахмети е надвор од филмот. Бивш политичар, неук и застарен. Не треба поголем доказ за тоа од фактот дека ДУИ ја води Артан Груби и неговата банда а Али Ахмети е само англиска кралица во тој состав. Кога ќе посака да биде нешто повеќе од тоа Артан Груби и бандата ќе достават некои документи, сметки и детали до порталите како се богати неговата фамилија и – ќе го заќутат. Ќе го вратат на фабричко подешавање. Не сме само ние лопови, и твоите се, ќе му порачаат. Ќе го потсетат дека е третокласен глумец во униформа на УЧК и со божем книга во рацете, демоинтиран политичар со манири од пред 30 години. Со план да се содаде физичка пресметка помеѓу Албанците и полицијата, како и меѓу Албанците и сите други во Скопје, на чувствителен и емотивен ден, ден на албанското знаме, ДУИ и СДСМ туркаа конфликт. А по конфликтот ДУИ да излезе со приказна дека Македонија и Македонците дигнале рака врз нив на тој свет ден и нема веќе што да се разговара за соживот. Дека Влен ги продал Албанците кои се тепани од власта во кои тие учествуваат со Макеоднци кои ДУИ не ги признава. СДСМ ќе бараше нови избори заради експлозија на меѓуетнички односи со фразата “оваа антиевропска влада“ создава тензии, не оддалеува од Европа... бла, бла, бла... Избори и Венко Филипче за премиер, а Зоран Заев за губернатор. Да, затоа што со тој план Македонија и формлано паѓа во рацете на мафијата и станува губернија водена од мафијашите. Веќе видено, и на избори отфрлено. Замисли, ДУИ на денот на демонстрациите низ Скопје бара беља, а СДСМ бара насилна интервенција на полицијата која на ДУИ би им дала повод за следниот чекор – насилни масовни демонстрации. Педантно планирана соработка. Ќар и за двете страни. Зијан за сите други. СДСМ и ДУИ, на тој ден, беа спремни да ја запалат државата. Како и сите корумпирани криминалци, кога се близжи денот на проверка на сметките прво што им паѓа на ум е да го запалат сметководството. Да ги снема трагите, и казната. За ДУИ, со дезориентораниот Али Ахмети и богатата банда на Артан Груби ништо чудно но, и покрај се што СДСМ со Заев, Филипче и гревон од Куманово што веруваше дека е премиер, Ковачевски, за СДСМ не верував дека се до ушите пропаднати во кал, и дека има некој освен наброените во таа партија што е спремен да биде асистент на ДУИ во палење на Макеоднија. На денот на албанското знаме. Сум се излажал. Има такви. Има. Особено откако соросидите сега и формално ја преземаа партијата СДСМ. Ние први имаме “невладина“ која и формално владее со партија. А тие, соросоидите, се познати по насилства, кршења, притисоци, гушење слобода на говор, демонстрации... Но, кога СДСМ ќе падне тотално, тие ќе си заминат а партијата ќе ги брои поразите и омразата стекната во јавноста поради нив. Времињата се менуваат, иако Али Ахмети тоа не го забележал. Луѓето се други и понакви од мафијата која ја создадоа и со која живееа ДУИ, Заев и СДСМ. Ова се нови луѓе со нови планови. Нови навики и нова памет и перспектива. Не наседнаа. Не наседнаа ни Македонците ни Албанците. Јасно им беше се. Како што не наседнаа ни Албанците во Косово и Албанија. Никој не ги поддржа Али Ахмети и СДСМ на Заев/Филипче и соросоидите. Напротив. Власта остави навивачките групи, Шверцерите, да дивеат низ Скопје, се издишаа. Полицијата ги следеше на секој чекор за да нема лични инциденти и, им залепи кривични пријави по кои некои од нив завршија во притвор и заедно со другите ги чека судење. Македонија се спаси од динамитот на ДУИ и СДСМ. Сега следи контрола на сметководството кое избегна пожар, и од книгите ќе излезат нови притвори и судења, Овојпат не за навивачките групи, туку за богатите нарачатели. Црно белите филмови каде Али Ахмети е третокласен глумец во немите филмови а Заев е негов дојебник, завршуваат. Ново време, нови правила. Во новото време добивме нова вредност: Албанците и Македонците, заедно, покажаа дека имаат заеднички потреби за мир, за работа, за стабилност, за еднаквост и за правна држава со која мафијата не владее со судиите, обвинителите, тендерите... а сите други трпат и го плаќаат тоа од свој џеб. Албанците не дозволија, уште еднаш, светот да ги гледа како насилници кои потпалуваат пожари насекаде по Балканов. Македонците покажаа тактичност и свест дека една група не идентификува цела една етничка заедница. Го знаат, и едните и другите, Артан Груби и неговите насилства, дали е тапечката на Македонци на Кале, дали кршењето на новиот театар од страна на неговите Шверцери, дали се уште неразјасненетата негова улога во злосторствата во “Жолатата куќа“ на Косово во која се ваделе човечки органи и се тргувало со нив за што во Хаг се води судски процес.. Накусо, на сите се им е јасно, и порачаа: доста е! И од едните и од другите пиромани аир не видовме, ама гледаме како доаѓате како клошари а заминуваат како милионери, едните во Швицарска другите во Дубаи. Сите, и ВМРО и Влен ја осудија провокацијата како опасен обид да се запали државата за да се скријат криминалите на мафијата и запрат истраги. Чудно, дојебнците на СДСМ, кловновите од Левица, ќутеа. Мукла. Пропадна планот. ОК, беше што беше и заврши на најдобар можен начин. Јавноста задоволна што се врати мирот за помлаку од 24 часа. Власта сега доби нов поттик да ја зачисти куќата и теренот воочи реконструкциа на државниот систем и започнување на реализација на плановите. А бандите од врвот на ДУИ и СДСМ? Соголени до коска. Па, затоа, му пишав на Киро Глигоров за дешавкиве, можеби таму горе се уште нема интернет да види како овде стојат работите во неговата Македонија. На Бранко не му пишав, он не е ни горе ни овде доле. Он е во лимбо состојба. Но, да го потсетам, он ги внесе ДУИ во политиката, он го измисли Заев, он му даде амнестија од судење за корупција, он тераше насилни демонстрации за влез во Собраието заедно со него, он имаше вонбрачни политички врски со соросидите и го внесе тогашниот шеф на соросидите Владе Милчин во раководството на СДСМ... Сето ова не е спремано од вчера. Татковците одговараат за неделата на своите малоумни деца затоа што ги спремале за тоа: како во случај Рибникар во Београд. Излези Бранко, и кажи им што треба на твоите пиромани. Кажи им бидејќи твојата куќа на Бихаќка е во пламен. Без таа куќа ти си никој и ништо.

The post Стани Киро, јави се Бранко, твоиве го палат кучата appeared first on Република.

]]>
ДУИ бара оставка од Тошковски и неговиот заменик Исени, најавуваат и интерпелација за нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-bara-ostavka-od-toshkovski-i-negoviot-zamenik-iseni-najavuvaat-i-interpelatsija-za-niv/ Sat, 30 Nov 2024 16:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=843485

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска побара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и на неговиот заменик Астрит Исени за, како што велат, главно одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

ДУИ бара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи и на заменик-министерот за внатрешни работи како главно одговорни за настанот. Ако оставката не се случува, ние деновиве во Собранието ќе покренеме интерпелација за министерот за внатрешни работи и за заменик-министерот. Најверојатно интерпелацијата ќе биде поднесена на почетокот на наредната недела. Кога нашите служби и пратеничката група ќе биде спремна, веднаш ќе биде поднесена, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ДУИ, Бајрам Реџепи.

Последните случувања, како што рече Реџепи, не се само јасен показател за неуспехот на институциите, туку и вистинско огледало за правецот што оваа држава го има земено со оваа Влада.

Кога се пали албанското национално знаме и провокациите спрема Албанците поминуваат без никаква казна, додека полициското насилство спрема една традиционална манифестација завршува со казнување само на Албанците, станува јасно дека таквиот пристап е намерен за да се навредува и омаловажува една цела нација. Огорчени и загрижени од насилството и омаловажувањето на знамињата од страна на сомнителните групации кои не и посакуваат добро на оваа држава и посебно од неодговорниот, непрофесионалниот и поттикнувачкиот однос на државната полиција, ДУИ апелира до сите граѓани да бидат мирни и да избегнуваат било какви провокации во наредниот период од страна на одредени структури кои работат против мирот и стабилноста на нашата земја и на целиот регион, рече Реџепи.

Бара од институциите неселективно да ги донесат пред лицето на правдата сите одговорни на овие, како што вели, срамни и монструозни случувања.

The post ДУИ бара оставка од Тошковски и неговиот заменик Исени, најавуваат и интерпелација за нив appeared first on Република.

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-baraneto-za-ostavka-na-dui-e-legitimno-no-manipulativno/ Sat, 30 Nov 2024 16:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=843474

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме, обвинувајќи го министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, министерот Тошковски изјави дека нивното барање е легитимно, но ги обвини за манипулации и лаги. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, го оцени барањето како нелогично и збунувачко.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција изјави дека е легитимно Демократската унија за интеграција (ДУИ) да бара оставка од член на владата, но ги обвини за манипулации и лаги.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со ова прашање рече дека е работа на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.

Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара итна оставка од Министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме. Според ДУИ, интервенцијата предизвикала тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија. Дополнително, ДУИ го обвини Министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, што ја поткопува довербата во институциите и ги продлабочува поделбите во општеството.

The post Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно appeared first on Република.

]]>

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме, обвинувајќи го министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, министерот Тошковски изјави дека нивното барање е легитимно, но ги обвини за манипулации и лаги. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, го оцени барањето како нелогично и збунувачко. Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција изјави дека е легитимно Демократската унија за интеграција (ДУИ) да бара оставка од член на владата, но ги обвини за манипулации и лаги.
Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со ова прашање рече дека е работа на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.
Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара итна оставка од Министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на прославите на Денот на албанското знаме. Според ДУИ, интервенцијата предизвикала тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија. Дополнително, ДУИ го обвини Министерството за селективен и пристрасен пристап кон граѓаните, што ја поткопува довербата во институциите и ги продлабочува поделбите во општеството.

The post Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-uapseni-17-litsa-povrzani-so-skvernavene-na-natsionalni-simboli-apeliram-da-go-pochituvame-zakonot-i-edni-so-drugi/ Sat, 30 Nov 2024 15:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=843468

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.

Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.

Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол.

Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.

Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.

Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник.

Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.

Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.

Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.

Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.

Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.

„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.

Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела.

Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата. Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.
Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.
Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол. Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.
Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.
Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник. Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.
Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.
Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.
Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.
Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.
Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.
Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.
„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.
Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела. Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-se-borime-da-ima-pravda-vo-sudskiot-sistem/ Sat, 30 Nov 2024 15:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=843463

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се борат за да има правда во судскиот систем.

Господинот Љупчо Коцевски доби шанса и плеќа како никој негов претходник. Еве веќе петти-шести месец, иако ние имаме комотно мнозинство ако сакаме да го разрешиме од таа позиција. Ние не сме како што тоа го правеше СДСМ во 2017 година кога по секоја цена го разреши државниот јавен обвинител и на тој начин политички процеси да покрене против тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ние одлучивме да бидеме над ситуацијата, да размислуваме надвор од политичката матрица и да дадеме шанса. Што добивме? Добивме стотици истраги и процеси и обвинители кои кога треба да стават потпис на налог за увид, за претрес, за лишување од слобода или добиваат наеднаш грозница, покачена температура, грчеви во стомак, дијареја и анксиозност или се трудат на било кој начин да го опструираат процесот. И навистина, трпението на граѓаните им е при крај, но и нашето, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот вели дека граѓаните и забележуваат на Владата за тоа што не се спроведува правдата. Вели дека тоа некогаш е со право.

- Проекти, пензии, плати, сето тоа е супер реформи, но овие што крадат уште се шетаат слободни, уживаат во скапи возила, ги гледаме на егзотични дестинации и ништо не направивте и со право ни ја кажуваат таа критика. Граѓаните треба да знаат дека во случајот сме немоќни бидејќи помеѓу нас и правдата има две институции а тоа се обвинители и судиите. Овој обвинител го избра претходното мнозинство во парламентот на СДСМ и ДУИ. Овие обвинители кои се негови потчинети се исто така избрани од тефтерчињата на две локации. И кога ќе имате една таква ситуација, тогаш единственото нешто што ви преостанува е да се борите и ќе се бориме. Досега покажавме дека во тие борби победуваме. И оваа борба ќе ја добиеме. А правдата ќе дојде, рече Мицкоски при неговата посета во во Општина Јегуновце.

Во врска со изјавата на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски дека станува збор за само еден изолиран случај на обвинител кој поради вирус не можел да ги исполнува работните обврски, премиерот истакна дека тој што се огрешил треба да одговара пред законот.

Не треба да сме многу вешти во истрагите. Само треба да се прошетаме на неколку десетици локации и се ќе ви стане јасно како луѓе од голтари станаа милионери. На грбот на народот. Ако ништо повеќе, треба барем да им дадете фер шанса да докажат дека го стекнале тоа богатство на чесен начин. Тоа треба да се направи. Но, ние ниту тоа не можеме, бидејќи на првата станица ние сме блокирани како извршна власт. Ние не сме судска власт. Ние не сме обвинители. Не сакаме тоа да бидеме. Нема да правиме циркуси и естрада. Нема да влегуваме во домови на опозиционери со специјални полициски единици, пред очите на децата да понижуваме и омаложуваме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме демохристијанска партија и така ќе се однесуваме, рече Мицкоски.

Нагласува дека тој што се огрешил пред законот, мора да го добие заслуженото без разлика од каде доаѓа и кој е.

 Сега на што ќе личам јас кога сум велел дека и родена сестра да ми ако се огрешила пред законот ќе одговара, а од друга страна шести месец супер си работиме, ама нема правда. Зошто нема? Затоа што овие имаат дијареја, анксиозност, покачена температура и наеднаш грчеви во цревата, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем appeared first on Република.

Во Јегуновце се реализираат проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-jegunovtse-se-realiziraat-proekti-za-podobruvane-na-kvalitetot-na-zhivot-na-graganite/ Sat, 30 Nov 2024 15:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=843458

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Јегуновце.

Тој го посети Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj, а вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на општината. Во Раотинце е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда, а средства во висина од еден милион денари исто така од буџетот на општината. Во населеното место Јегуновце се врши комплетна реконструкција на локални улици и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри нивно асфалтирање. Средствата во висина од 37.000.000 денари се обезбедени од Министерство за транспорт иод буџетот на Општина Јегуновце.

Мицкоски беше и во Вратница каде се врши реадаптација на постоечки објект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.

Во изјава за медиумите за време на посетата Мицкоски кажа дека бил во посета на овие локации за да види како се реализираат проектите коишто треба да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општината.

Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме, да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија. И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува, рече Мицкоски.

Според премиерот, за овие близу шест месеци како што се на власт носечките ветувања се реализирани: повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн.

Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме. Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања, со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото. Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија, рече Мицкоски.

За време на посетата тој беше придружуван од градоначалникот на општината, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од овој крај, како и други граѓани.

The post Во Јегуновце се реализираат проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Јегуновце. Тој го посети Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj, а вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на општината. Во Раотинце е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда, а средства во висина од еден милион денари исто така од буџетот на општината. Во населеното место Јегуновце се врши комплетна реконструкција на локални улици и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри нивно асфалтирање. Средствата во висина од 37.000.000 денари се обезбедени од Министерство за транспорт иод буџетот на Општина Јегуновце. Мицкоски беше и во Вратница каде се врши реадаптација на постоечки објект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија. Во изјава за медиумите за време на посетата Мицкоски кажа дека бил во посета на овие локации за да види како се реализираат проектите коишто треба да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општината.
Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме, да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија. И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува, рече Мицкоски.
Според премиерот, за овие близу шест месеци како што се на власт носечките ветувања се реализирани: повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн.
Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме. Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања, со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото. Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија, рече Мицкоски.
За време на посетата тој беше придружуван од градоначалникот на општината, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од овој крај, како и други граѓани.

The post Во Јегуновце се реализираат проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-graganite-da-ne-nasednuvaat-na-provokatsii-upatuvam-poraka-za-edinstvo-i-smirenost/ Sat, 30 Nov 2024 14:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=843449

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска испрати порака до граѓаните за единство и смиреност, да не паѓаат на провокации нагласувајќи дека доста беа поделби. Тој кажа дека случувањата поврзани со знамињата нема да влијаат туку дополнително ќе ја зајакнат врската во Владата и со граѓаните.

Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје реагираа многу трезвено на тоа без да се ескалира тоа, без да настанат инциденти, а сите оние сторители на кривично дело согласно членот 319 од Кривичниот законик веднаш беа лишени од слобода, извадени пред јавен обвинител и од сега па натаму е веќе судски процес на кој ние како Влада не можеме да влијаеме. Но, исто така предупредувам дека тој член 319 од Кривичниот законик се однесува не само за државното знаме, туку и за знамиња на други држави. Затоа повикувам на смиреност, да не бидеме жртви на провокација, рече Мицкоски кој беше во посета на неколку населени места во Тетовско.

Мораме да бидеме зрели и свесни, додаде тој, дека вакви работи ќе се случуваат затоа што, како што кажа „овие луѓе се исплашени за милионите кои ги спечалија на грбот на обичниот народ и сега знаат дека доаѓа време за правда, правдата е бавна но таа доаѓа“.

Мојата порака до граѓаните без разлика од етничката припадност и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми, и Бошњаци, сите... е да не наседнуваме на овие луѓе, да не наседнуваме бидејќи тие за неколку месеци од денеска ќе бидат и фактички минато на политичката сцена, ќе бидат поразени на локалните избори и со тоа трајно ќе заминат од политичката сцена. Затоа да не наседнуваат на таков тип на провокации. За жал ќе има таков тип на провокации, но ги молам од мое име од името на Владата да ги отфлат како туѓо тело, рече Мицкоски.

Според него, последните настани со знамињата не само што нема да влијае, туку дополнително ја зајакнува врската во рамките на Владата, но и на Владата со граѓаните.

Знам дека постои една изолирана политичка група која изминативе пет, сега веќе шести месец тешко се навикнува после повеќе од две децении во власта да биде во опозиција, но она кое што нив ги вознемирува е фактот дека можеби правдата е спора, но полека се доближува до нив. Тие се свесни што правеа овие две децении и бидејќи знаат што правеа, стануваат уплашени и единствената алатка која што им останува на располагање е токму кое што вие го споменавте, раздорот, обидот за прадизвикување меѓуетнички тензии, итн. Тоа нема да го дозволиме, потенцира Мицкоски.

Премиерот кажа дека е во интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, со членовите на Владата, со други групи и со граѓани.

Еве денеска сум во Јегуновце, продолжуваме понатаму и во Тетово, и во Теарце денеска. Сакам да испратам порака на единство, доста беше поделби, сега кога имаме и суфицит во Буџетот, кога конечно се реализираат проекти, кога носиме странски инвеститори, кога се прават реформи, кога се зголемуваат пензии, плати итн, кога после многу квартали и години и тргнува на македонската економија. Јас сум свесен дека овие сеништа од минатото ќе сакаат да не вратат во минатото, нема да дозволиме. Отпорни сме на тоа, имаме стратегија и ќе се спротиставиме на тоа, затоа повикувам на смиреност, на единство, рече Мицкоски.

Ова, нагласи тој, е наша заедничка татковина, тука сме се родиле, тука сме се радувале, сме тагувале, и најверојатно најголемиот дел од нас и тука ќе го заврши нашиот живот.

Затоа треба заеднички да се бориме за една модерна, просперитетна Македонија, рече Мицкоски.

Потсети дека предупредувал на вакви сценарија уште од пред неколку месеци и рече дека нема да биде ова последниот обид.

Ќе има и други обиди за ексалација, за меѓуетнички тензии итн, дури и ова што се случуваше пред неколку дена од наша страна беше превенирано и антиципирано и беа предупредени сите релевантни фактори и нашите стратешки партнери, рече Мицкоски.

За барањето на ДУИ за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и рекациите на опозицијата рече дека работа е на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.

Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност appeared first on Република.

Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-za-intsidentite-na-denot-na-albanskoto-zname-ke-odgovaraat-site-koi-go-prekrshile-zakonot/ Sat, 30 Nov 2024 14:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=843437

За инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме со палењето и сквернавењето на државното и албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лицо кој го прекршил законот, истакна денеска во изјава за медиумите првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Меџити нагласи дека во регионот има деструктивни сили кои сакаат да дестабилизираат.

-28 ноември или отпочинувајќи од 22 ноември – Денот на албанската азбука беше прославено како никогаш досега, со свечен седница на Владата и други настани и прослави се до завршување со концертот на плоштадот Скендербег. Евидентно е дека во регионот има деструктивни сили кои сакаат да дестабилизираат како што е случајот во Митровица. За време на прославата се течеше добро, но тоа не годеше на некои и за жал злоупотребија млади луѓе за да не биде се како што треба. Најодговорно како прв заменик премиер тврдам сите тие кои згрешиле по член 393 ќе одговараат. И тие кои запалија и сквернавеа државно знаме, и тие со албанското знаме во Прилеп, ќе добијат кривични пријави. Ќе се покрене дисциплинска постапка за полицаецот од Куманово кој место да држи ред и мир, се бави со знамињата што не е негова одговорност. Тоа е одговорност на општината или на јавното претпријатие кое ги поставува и ги отстранува знамињата, а во овој случај не беше така, рече тој посочувајќи дека Владата повикува да се смири ситуацијата, со ладни глави ќе постапат кон сите тие кои го прекршија законот.

Во однос на најавената иницијатива на ДУИ за интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, вицепремиерот рече дека треба да се остават институциите да го расветлат случајот и ситуацијата и на крај, како што кажа, ќе бидат евидентни одговорите зошто баш тие луѓе некако се поврзуваат токму со овие што покренуваат интерпелација.

-Треба да оставиме на органите да го расветлат случајот и ситуацијата и на крај ќе бидат евидентни одговорите зошто баш тие луѓе некако се поврзуваат токму со овие што покренуваат интерпелација, се вработени во нивните претпријатија и ред други работи. Подобро е прво јавноста да се соочи со аргументите, фактите кој и како делувал во текот на прославата. Никој не е казнет зошто има прославено или уважил некое знаме, туку напротив сите ќе бидат казнети кои го прекршиле законот. Ќе оставиме на органите да ги дадат информациите, но случајно или не испаѓа дека се луѓе блиски до ДУИ, работат во нивните јавни претпријатија каде што се нивни директори и се сликани со нив, рече Меџити.

The post Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот appeared first on Република.

]]>

За инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме со палењето и сквернавењето на државното и албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лицо кој го прекршил законот, истакна денеска во изјава за медиумите првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Меџити нагласи дека во регионот има деструктивни сили кои сакаат да дестабилизираат. -28 ноември или отпочинувајќи од 22 ноември – Денот на албанската азбука беше прославено како никогаш досега, со свечен седница на Владата и други настани и прослави се до завршување со концертот на плоштадот Скендербег. Евидентно е дека во регионот има деструктивни сили кои сакаат да дестабилизираат како што е случајот во Митровица. За време на прославата се течеше добро, но тоа не годеше на некои и за жал злоупотребија млади луѓе за да не биде се како што треба. Најодговорно како прв заменик премиер тврдам сите тие кои згрешиле по член 393 ќе одговараат. И тие кои запалија и сквернавеа државно знаме, и тие со албанското знаме во Прилеп, ќе добијат кривични пријави. Ќе се покрене дисциплинска постапка за полицаецот од Куманово кој место да држи ред и мир, се бави со знамињата што не е негова одговорност. Тоа е одговорност на општината или на јавното претпријатие кое ги поставува и ги отстранува знамињата, а во овој случај не беше така, рече тој посочувајќи дека Владата повикува да се смири ситуацијата, со ладни глави ќе постапат кон сите тие кои го прекршија законот. Во однос на најавената иницијатива на ДУИ за интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, вицепремиерот рече дека треба да се остават институциите да го расветлат случајот и ситуацијата и на крај, како што кажа, ќе бидат евидентни одговорите зошто баш тие луѓе некако се поврзуваат токму со овие што покренуваат интерпелација. -Треба да оставиме на органите да го расветлат случајот и ситуацијата и на крај ќе бидат евидентни одговорите зошто баш тие луѓе некако се поврзуваат токму со овие што покренуваат интерпелација, се вработени во нивните претпријатија и ред други работи. Подобро е прво јавноста да се соочи со аргументите, фактите кој и како делувал во текот на прославата. Никој не е казнет зошто има прославено или уважил некое знаме, туку напротив сите ќе бидат казнети кои го прекршиле законот. Ќе оставиме на органите да ги дадат информациите, но случајно или не испаѓа дека се луѓе блиски до ДУИ, работат во нивните јавни претпријатија каде што се нивни директори и се сликани со нив, рече Меџити.

The post Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, но ќе размисли на темата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-gleda-prichina-za-liderska-sredba-no-ke-razmisli-na-temata/ Sat, 30 Nov 2024 14:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=843431

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за такво нешто.

„Во овој момент не сум размислувал. Но, деновиве што се пред мене, ќе размислувам на таа тема. Доколку навистина има аргументи кои одат во таа насока, зошто да не. Но во моментов не гледам причина за такво нешто, ако гледам објективно“, рече Мицкоски при неговата посета во Општина Јегуновце.

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара итно одржување на лидерска средба на парламентарни политички партии.

„Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна“, рече Илиевски на прес-конференција.

СДСМ, како што кажа, цврсто верува дека дијалогот, разбирањето и заедничката акција се единствениот пат напред.

The post Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, но ќе размисли на темата appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за такво нешто. „Во овој момент не сум размислувал. Но, деновиве што се пред мене, ќе размислувам на таа тема. Доколку навистина има аргументи кои одат во таа насока, зошто да не. Но во моментов не гледам причина за такво нешто, ако гледам објективно“, рече Мицкоски при неговата посета во Општина Јегуновце. Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара итно одржување на лидерска средба на парламентарни политички партии. „Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна“, рече Илиевски на прес-конференција. СДСМ, како што кажа, цврсто верува дека дијалогот, разбирањето и заедничката акција се единствениот пат напред.

The post Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, но ќе размисли на темата appeared first on Република.

]]>
Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-apelirame-graganite-da-ne-potpagaat-na-tsrnite-stsenarija-za-etnichki-konflikti/ Sat, 30 Nov 2024 14:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=843434

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме.

Не успеа планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите.

СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност.

Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат Македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава.

И СДС и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле.

Граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот.

Институциите ќе делуваат, согласно закон и неселективно и ќе бидат поразени сите други вакви тенденции и планови.

Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДС и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум.

Граѓаните да не бидат жртва на ваквите сценарија чиј единствен мотив е заштитата на бизнисите и криминалот на ДУИ и СДС.

The post Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме. Не успеа планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите. СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност. Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат Македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава. И СДС и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле. Граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот. Институциите ќе делуваат, согласно закон и неселективно и ќе бидат поразени сите други вакви тенденции и планови. Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДС и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум. Граѓаните да не бидат жртва на ваквите сценарија чиј единствен мотив е заштитата на бизнисите и криминалот на ДУИ и СДС.

The post Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во Јегуновце се реализираат проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-jegunovtse-se-realiziraat-proekti-koi-go-podobruvaat-kvalitetot-na-zhivot-na-graganite/ Sat, 30 Nov 2024 13:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=843423

Денеска овде во општина Јегуновце присуствуваме на неколку локации каде што се гледа дека се реалзираат проекти кои што се со цел да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општина Јегуновце, рече Премиерот Мицкоски.

Многу инспиративно делува ова што градоначалникот го кажа, но и она што го прави. Јас би сакал посебно да му се заблагодарам нему за посветеноста, енергијата и мотивот кои што ги има.

Да се заблагодарам на советниците во општината кои што ја подржуваат неговата работа, администрацијата се разбира, пратениците од полошкиот регион кои што секогаш се тука, нормално да помогнат и нормално на граѓаните на општината Јегуновце кои што ја даваат поддршката за сето ова коешто се планира да се реализира.

Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме , да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подбрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија.

И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува.

Еве веќе шести месец откако сме избрани како Влада, пет цели месеци и некоја недела. Сите оние суштински би рекол, носечки ветувања кои што ги ветувавме за мандат од четири години можам да кажам дека во првите половина година од мандатот се реализирани; повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн. Сега да не се повторувам. Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме.

Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања , со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото.

Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=1K84heQpGG4

The post Мицкоски: Во Јегуновце се реализираат проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Денеска овде во општина Јегуновце присуствуваме на неколку локации каде што се гледа дека се реалзираат проекти кои што се со цел да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општина Јегуновце, рече Премиерот Мицкоски.
Многу инспиративно делува ова што градоначалникот го кажа, но и она што го прави. Јас би сакал посебно да му се заблагодарам нему за посветеноста, енергијата и мотивот кои што ги има. Да се заблагодарам на советниците во општината кои што ја подржуваат неговата работа, администрацијата се разбира, пратениците од полошкиот регион кои што секогаш се тука, нормално да помогнат и нормално на граѓаните на општината Јегуновце кои што ја даваат поддршката за сето ова коешто се планира да се реализира. Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме , да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подбрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија. И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува. Еве веќе шести месец откако сме избрани како Влада, пет цели месеци и некоја недела. Сите оние суштински би рекол, носечки ветувања кои што ги ветувавме за мандат од четири години можам да кажам дека во првите половина година од мандатот се реализирани; повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн. Сега да не се повторувам. Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме. Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања , со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото. Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=1K84heQpGG4

The post Мицкоски: Во Јегуновце се реализираат проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Јаневска најавува постапка за училиште во Челопек за облекување на ученици во униформи на неформални воени групи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-najavuva-postapka-za-uchilishte-vo-chelopek-za-oblekuvane-na-uchenitsi-vo-uniformi-na-neformalni-voeni-grupi/ Sat, 30 Nov 2024 13:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=843421

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку објава на нејзиниот профил на Фејсбук најавува поведување постапка против раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек за организирање на училишна приредба на која ученици се облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации.

The post Јаневска најавува постапка за училиште во Челопек за облекување на ученици во униформи на неформални воени групи appeared first on Република.

Следете во живо: Тошковски ја посети Единицата за интервентна полиција во полицискиот центар Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-toshkovski-ja-poseti-edinitsata-za-interventna-politsija-vo-politsiskiot-tsentar-gorche-petrov/ Sat, 30 Nov 2024 13:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=843387

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (30.11.2024) во 14.00 часот ќе ја посети Единицата за интервентна полиција во полицискиот центар Ѓорче Петров, по што ќе следува изјава за медиумите.

The post Следете во живо: Тошковски ја посети Единицата за интервентна полиција во полицискиот центар Ѓорче Петров appeared first on Република.

Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrobarometar-mnozinstvoto-makedonski-gragani-imaat-doverba-vo-eu/ Sat, 30 Nov 2024 10:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=843348

Мнозинството граѓани на Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година.

Исто ниво на доверба кон ЕУ како македонските државјани, изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина. Меѓу останатите земји кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 отсто, пред Црна Гора со 75, Косово со 70 и Грузија со 58 проценти. Пониска доверба кон ЕУ од македонските државјани изразуваат Молдавците и тоа од 52 отсто, што сепак укажува дека мнозинството граѓани на Молдавија, како и на останатите споменати земји кандидати веруваат во Унијата.

Пониска доверба кон ЕУ од 50 отсто имаат државјаните на Турција и тоа од 42 проценти и граѓаните на Србија од 38 отсто. Сепак, и ова податоци претставуваат пораст на довербата во ЕУ за четири проценти во Турција и за два отсто во Србија споредено со овогодишното пролетно истражување.

Доверба кон ЕУ од 38 проценти изразуваат и жителите на Велика Британија, што претставува пораст за шест отсто.

Кога станува збор, пак, за граѓаните на ЕУ, мнозинството од нив или 51 отсто веруваат во Унијата, што претставува највисоко измерено ниво на доверба на Европејците кон блокот во последните 17 години.

Кинеските заеми на Западен Балкан привлекуваат сè поголемо внимание како резултат на геополитичките и економските последици, а нивниот удел во надворешните долгови на регионот веројатно ќе се

Според овие податоци, на рекордно највисоко ниво е и поддршката на Европејците за еврото, тие имаат пооптимистички поглед кон иднината и би сакале да видат посилна и понезависна ЕУ, особено во услови на актуелните глобални предизвици. Најголема поддршка кон ЕУ или 59 отсто од испитаниците искажале младите Европејци на возраст од 15 до 24 години.

Иста поддршка како кон ЕУ од 51 отсто, Европејците изразуваат и кон Европската комисија, со што таа е на највисоко ниво од 2007 година.

Речиси три четвртини од испитаниците или 74 проценти од државјаните на земјите членки на ЕУ изјавиле велат дека се чувствуваат како граѓани на ЕУ, што претставува највисоко ниво во повеќе од две децении, додека 61 отсто од Европејците се оптимисти околу иднината на ЕУ.

Речиси седум од десет испитаници или 69 отсто се согласуваат дека ЕУ има доволно моќ и инструменти за да ги брани економските интереси на Европа во глобалната економија, а ист процент се согласуваат дека Европската Унија е место на стабилност во денешниот проблематичен свет.

Една третина од Европејците или 33 отсто сметаат дека главен приоритет на дејствувањето на ЕУ на среден рок треба да бидат безбедноста и одбраната, 29 проценти тоа треба да биде миграцијата, за по 28 отсто економијата и животната средина, а за 27 проценти здравјето. Во исто време, 44 отсто од европските граѓани сметаат дека обезбедувањето мир и стабилност ќе има највисоко позитивно влијание врз нивниот живот на краток рок, следено со обезбедување на храна, здравствена заштита и индустриски резерви и со справувањето со миграцијата, со по 27 проценти.

Честичките во воздухот предизвикаа околу 250.000 смртни случаи низ Европската унија во 2021 година, објави денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА), пренесе ДПА.

Кога станува збор за специфични области за дејствување на ЕУ во областа на заштитата на животната средина, 38 отсто од Европејците веруваат дека приоритет треба да се даде на користењето на енергија од обновливите извори, 31 проценти на инвестициите во одржливо земјоделство, а по 28 отсто во изградба на енергетска инфраструктура и инвестирање во чиста технологија.

Истражувањето регистрира и досега најголемата поддршка за заедничката европска валута, која на ниво на цела ЕУ изнесува 74 отсто и само во Еврозоната 81 процент. Кога станува збор за перцепцијата за состојбата на европската економија, 48 отсто од Европејците сметаат дека таа е добра, додека 43 проценти оценуваат дека е лоша.

Дури 76 отсто од европските испитаници сметаат дека руската инвазија врз Украина претставува закана за безбедноста на ЕУ.

Од таму, 87 проценти од анкетираните се согласуваат со обезбедување хуманитарна поддршка на луѓето погодени од војната во Украина, 71 отсто ги поддржуваат економски санкции кон руската влада, компании и поединци, а 68 проценти се согласуваат со обезбедување финансиска поддршка за Киев. Околу 60 отсто од Европејците одобруваат ЕУ да и додели кандидатски статус на Украина, а 58 проценти се согласуваат Унијата да го финансира купувањето и снабдувањето со воена опрема за земјата.

Ова есенско истражување на Евробарометар е спроведено помеѓу 10 октомври и 5 ноември во 27-те земји членки на ЕУ, во девет од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата (сите освен Украина), како и во Велика Британија. Само во ЕУ со анкетата биле опфатени 26.525 граѓани.

The post Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Мнозинството граѓани на Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година. Исто ниво на доверба кон ЕУ како македонските државјани, изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина. Меѓу останатите земји кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 отсто, пред Црна Гора со 75, Косово со 70 и Грузија со 58 проценти. Пониска доверба кон ЕУ од македонските државјани изразуваат Молдавците и тоа од 52 отсто, што сепак укажува дека мнозинството граѓани на Молдавија, како и на останатите споменати земји кандидати веруваат во Унијата. Пониска доверба кон ЕУ од 50 отсто имаат државјаните на Турција и тоа од 42 проценти и граѓаните на Србија од 38 отсто. Сепак, и ова податоци претставуваат пораст на довербата во ЕУ за четири проценти во Турција и за два отсто во Србија споредено со овогодишното пролетно истражување. Доверба кон ЕУ од 38 проценти изразуваат и жителите на Велика Британија, што претставува пораст за шест отсто. Кога станува збор, пак, за граѓаните на ЕУ, мнозинството од нив или 51 отсто веруваат во Унијата, што претставува највисоко измерено ниво на доверба на Европејците кон блокот во последните 17 години. Кинеските заеми на Западен Балкан привлекуваат сè поголемо внимание како резултат на геополитичките и економските последици, а нивниот удел во надворешните долгови на регионот веројатно ќе се Според овие податоци, на рекордно највисоко ниво е и поддршката на Европејците за еврото, тие имаат пооптимистички поглед кон иднината и би сакале да видат посилна и понезависна ЕУ, особено во услови на актуелните глобални предизвици. Најголема поддршка кон ЕУ или 59 отсто од испитаниците искажале младите Европејци на возраст од 15 до 24 години. Иста поддршка како кон ЕУ од 51 отсто, Европејците изразуваат и кон Европската комисија, со што таа е на највисоко ниво од 2007 година. Речиси три четвртини од испитаниците или 74 проценти од државјаните на земјите членки на ЕУ изјавиле велат дека се чувствуваат како граѓани на ЕУ, што претставува највисоко ниво во повеќе од две децении, додека 61 отсто од Европејците се оптимисти околу иднината на ЕУ. Речиси седум од десет испитаници или 69 отсто се согласуваат дека ЕУ има доволно моќ и инструменти за да ги брани економските интереси на Европа во глобалната економија, а ист процент се согласуваат дека Европската Унија е место на стабилност во денешниот проблематичен свет. Една третина од Европејците или 33 отсто сметаат дека главен приоритет на дејствувањето на ЕУ на среден рок треба да бидат безбедноста и одбраната, 29 проценти тоа треба да биде миграцијата, за по 28 отсто економијата и животната средина, а за 27 проценти здравјето. Во исто време, 44 отсто од европските граѓани сметаат дека обезбедувањето мир и стабилност ќе има највисоко позитивно влијание врз нивниот живот на краток рок, следено со обезбедување на храна, здравствена заштита и индустриски резерви и со справувањето со миграцијата, со по 27 проценти. Честичките во воздухот предизвикаа околу 250.000 смртни случаи низ Европската унија во 2021 година, објави денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА), пренесе ДПА. Кога станува збор за специфични области за дејствување на ЕУ во областа на заштитата на животната средина, 38 отсто од Европејците веруваат дека приоритет треба да се даде на користењето на енергија од обновливите извори, 31 проценти на инвестициите во одржливо земјоделство, а по 28 отсто во изградба на енергетска инфраструктура и инвестирање во чиста технологија. Истражувањето регистрира и досега најголемата поддршка за заедничката европска валута, која на ниво на цела ЕУ изнесува 74 отсто и само во Еврозоната 81 процент. Кога станува збор за перцепцијата за состојбата на европската економија, 48 отсто од Европејците сметаат дека таа е добра, додека 43 проценти оценуваат дека е лоша. Дури 76 отсто од европските испитаници сметаат дека руската инвазија врз Украина претставува закана за безбедноста на ЕУ. Од таму, 87 проценти од анкетираните се согласуваат со обезбедување хуманитарна поддршка на луѓето погодени од војната во Украина, 71 отсто ги поддржуваат економски санкции кон руската влада, компании и поединци, а 68 проценти се согласуваат со обезбедување финансиска поддршка за Киев. Околу 60 отсто од Европејците одобруваат ЕУ да и додели кандидатски статус на Украина, а 58 проценти се согласуваат Унијата да го финансира купувањето и снабдувањето со воена опрема за земјата. Ова есенско истражување на Евробарометар е спроведено помеѓу 10 октомври и 5 ноември во 27-те земји членки на ЕУ, во девет од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата (сите освен Украина), како и во Велика Британија. Само во ЕУ со анкетата биле опфатени 26.525 граѓани.

The post Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-tsarinskata-uprava-gi-zategna-cheshmite-sega-se-odi-vo-budhetot-rekordna-naplata-na-prihodite/ Sat, 30 Nov 2024 09:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=843339

Ги „затегнавме чешмите“, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите пет месеци. Поднесена е 31 дисциплинска постапка за царински службеници за злоупотреба на службена положба. Од први јули до 26 ноември има 211 случаи на заплени или двојно повеќе во однос на лани. Поднесени се 45 кривични пријави што е за три пати повеќе во однос на истиот период минатата година, во телевизиско интервју изјави директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Во гостувањето во емисијата „За или против" на Алфа телевизија Николовски потенцира дека наплатата на приходите бележи континуиран раст во изминатите пет месеци.

Во јули се наплатени речиси 12 милијарди денари што е историски најголема наплата во еден месец. Растот на наплатата на приходи се задржа и во наредните месеци. Така, во септември се наплатени 10,27 милијарди денари или 9,4 проценти повеќе од лани, при што приходите од царина се зголемени за 24,4 проценти, а на акциза за 25,9 проценти. Во октомври наплатени се 11,3 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе од истиот период минатата година, истакна Николовски.

Зголемената наплата се должи на зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека.

Растот на наплатата на приходи се должи на зголемени контроли, менување на свеста на царинските службеници за поголем интегритет и професионалност, но и воспоставениот ред по принципот награда за секој што заслужил, но и санкционирање на оној што постапувал спротивно на законите. Воспоставен е и нов Комитет за оперативно работење чија задача е поефикасна координација на оперативното работење, што подразбира и зајакната контрола на работата на царинските службеници. Воедно на граничните премини и граничните терминали веќе е имплементиран систем за видео надзор и систем за препознавање на регистарските таблички, вели Николовски.

Во интервјуто Николовски говореше и за модернизација на премините, како и за проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ.

The post Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите appeared first on Република.

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-vo-poseta-na-opshtina-jegunovtse-ke-prezentira-nekolku-realizirani-proekti/ Sat, 30 Nov 2024 09:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=843337

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Јегуновце, при што ќе ги посети повеќе населени места во кои се реализирани проекти.

Како што информираат од Владата, тој ќе го посети населеното место Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj. Вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на Општина Јегуновце, како и населеното место Раотинце каде што е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда. Средства за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце, во висина од 1.000.000 денари.

Премиерот Мицкоски ќе го посети и населеното место Јегуновце каде се врши комплетна реконструкција на локални улици во село Јегуновце и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри и асфалтирање на истите улици во должина од 3000 метри, со средства во висина од 37.000.000 денари обезбедени од Министерство за транспорт и буџетот на Општина Јегуновце.

Предвидена е и посета на населеното место Вратница каде се врши реадаптација на постоечки обект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.

The post Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Јегуновце, при што ќе ги посети повеќе населени места во кои се реализирани проекти. Како што информираат од Владата, тој ќе го посети населеното место Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj. Вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на Општина Јегуновце, како и населеното место Раотинце каде што е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда. Средства за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце, во висина од 1.000.000 денари. Премиерот Мицкоски ќе го посети и населеното место Јегуновце каде се врши комплетна реконструкција на локални улици во село Јегуновце и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри и асфалтирање на истите улици во должина од 3000 метри, со средства во висина од 37.000.000 денари обезбедени од Министерство за транспорт и буџетот на Општина Јегуновце. Предвидена е и посета на населеното место Вратница каде се врши реадаптација на постоечки обект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.

The post Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ нервозни, во паника и страв од соочување со правдата сеат раздор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-i-dui-nervozni-vo-panika-i-strav-od-soochuvane-so-pravdata-seat-razdor/ Sat, 30 Nov 2024 09:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=843329

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.

Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.

СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.

СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека за разлика од минатото кога „полицајци се удираа во пајаци“, сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.

МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.

ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.

Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ нервозни, во паника и страв од соочување со правдата сеат раздор appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.
Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.   СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.   СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека за разлика од минатото кога „полицајци се удираа во пајаци“, сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.
МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.   ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.   Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.   Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ нервозни, во паника и страв од соочување со правдата сеат раздор appeared first on Република.

]]>
Осма академија за здравство за правните предизвици во здравството во следниот период https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osma-akademija-za-zdravstvo-za-pravnite-predizvitsi-vo-zdravstvoto-vo-sledniot-period/ Sat, 30 Nov 2024 09:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=843320

Правни предизвици во здравството во следниот период, со фокус на: 

Укинување на медицински и организациски директор,

Дополнителна дејност

Простор во ЈЗУ издаден под закуп.

Ова беа аспектите од правното предавање на осмата академија за здравство на Стојанче Стојковски, правник со долгогодишно искуство со прописи кои произлегуваат од здравствената заштита.

Осврнувајќи се на законските услови во однос на дополнителната дејност, Стојковски истакна дека директорите на јавните здравствени установи здравствените работници-специјалисти вработени во ЈЗУ, кои вршат специјалистичко-консултативна болничка дејност со над 2 години работно искуство во специјалноста, можат да укажуваат здравствени услуги како дополнителна дејност по редовното работно време и во согласност со нивната лиценца за работа во ЈЗУ каде се вработени, или во друга јавна или приватна здравствена установа која е регистрирана за истата дејност, при што здравствената услуга ја укажуваат самостојно или во тим, предводена од здравствениот работник - специјалист, составен од здравствени работници и други вработени во здравствената установа во која се врши дополнителна дејност.

The post Осма академија за здравство за правните предизвици во здравството во следниот период appeared first on Република.

]]>

Правни предизвици во здравството во следниот период, со фокус на:  Укинување на медицински и организациски директор, Дополнителна дејност Простор во ЈЗУ издаден под закуп.
Ова беа аспектите од правното предавање на осмата академија за здравство на Стојанче Стојковски, правник со долгогодишно искуство со прописи кои произлегуваат од здравствената заштита. Осврнувајќи се на законските услови во однос на дополнителната дејност, Стојковски истакна дека директорите на јавните здравствени установи здравствените работници-специјалисти вработени во ЈЗУ, кои вршат специјалистичко-консултативна болничка дејност со над 2 години работно искуство во специјалноста, можат да укажуваат здравствени услуги како дополнителна дејност по редовното работно време и во согласност со нивната лиценца за работа во ЈЗУ каде се вработени, или во друга јавна или приватна здравствена установа која е регистрирана за истата дејност, при што здравствената услуга ја укажуваат самостојно или во тим, предводена од здравствениот работник - специјалист, составен од здравствени работници и други вработени во здравствената установа во која се врши дополнителна дејност.

The post Осма академија за здравство за правните предизвици во здравството во следниот период appeared first on Република.

]]>
Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-amandmanskata-rasprava-po-predlog-budhetot-za-2025-godina/ Fri, 29 Nov 2024 20:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=843253

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година.

По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што, согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа година.

Се очекува седницата за носење на Буџетот за 2025 година да биде закажана во втората недела во декември.

Во текот на денешното попладневно продолжение на седницата не беа прифатени амандманите на СДСМ, Левица и други опозициски пратеници, кои се однесуваа на различни области: социјална заштита, образование, иновации, претприемништво, земјоделство,… СДСМ, воедно, во текот на седницата повлече повеќе амандмани.

Амандманската расправа почна на 19 ноември. Поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 од СДСМ.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарда денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41 350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 процента како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 отсто, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка.

The post Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што, согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа година. Се очекува седницата за носење на Буџетот за 2025 година да биде закажана во втората недела во декември. Во текот на денешното попладневно продолжение на седницата не беа прифатени амандманите на СДСМ, Левица и други опозициски пратеници, кои се однесуваа на различни области: социјална заштита, образование, иновации, претприемништво, земјоделство,… СДСМ, воедно, во текот на седницата повлече повеќе амандмани. Амандманската расправа почна на 19 ноември. Поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 од СДСМ. Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарда денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41 350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 процента како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 отсто, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка.

The post Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година appeared first on Република.

]]>
Хајредини: Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-ne-e-znak-na-hrabrost-so-kola-da-gazish-nad-znameto-na-drzhavata-vo-koja-zhiveesh/ Fri, 29 Nov 2024 20:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=843245

Политичкиот аналитичар и поранешен министер, Џевдет Хајредини, на социјалните мрежи го коментира сквернавењето македонски знамиња, за време на прославата на Денот на албанското знаме.

Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш“, коменира Хајредини.

The post Хајредини: Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш appeared first on Република.