Култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/kultura/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 14:58:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/kultura/ 32 32 Одложена е претставата „Хотел 88“, поради здравствени причини на еден од актерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odlozhena-e-pretstavata-hotel-88-poradi-zdravstveni-prichini-na-eden-od-akterite/ Sat, 30 Nov 2024 14:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=843455

Поради здравствени причини на еден од актерите, претставата „Хотел 88“, која требаше да се одигра денес, на 30 ноември 2024 година во Националната опера и балет, е одложена за февруари 2025 година, соопшти ЈЕС Продукција.

Новиот термин ќе биде објавен во првата недела од јануари 2025 година.Од продукцијата информираат дека купените билети остануваат важечки за новиот датум. Сепак, за оние што нема да можат да присуствуваат, постои можност за поврат на средствата веднаш или најдоцна пет дена по објавувањето на новиот термин. Од ЈЕС Продукција велат дека одлуката е донесена за да се овозможи највисок квалитет на изведбата, а на публиката ѝ се заблагодаруваат за разбирањето и поддршката. Повеќе детали околу новиот датум ќе бидат соопштени наскоро.

 

The post Одложена е претставата „Хотел 88“, поради здравствени причини на еден од актерите appeared first on Република.

]]>

Поради здравствени причини на еден од актерите, претставата „Хотел 88“, која требаше да се одигра денес, на 30 ноември 2024 година во Националната опера и балет, е одложена за февруари 2025 година, соопшти ЈЕС Продукција. Новиот термин ќе биде објавен во првата недела од јануари 2025 година.Од продукцијата информираат дека купените билети остануваат важечки за новиот датум. Сепак, за оние што нема да можат да присуствуваат, постои можност за поврат на средствата веднаш или најдоцна пет дена по објавувањето на новиот термин. Од ЈЕС Продукција велат дека одлуката е донесена за да се овозможи највисок квалитет на изведбата, а на публиката ѝ се заблагодаруваат за разбирањето и поддршката. Повеќе детали околу новиот датум ќе бидат соопштени наскоро.  

The post Одложена е претставата „Хотел 88“, поради здравствени причини на еден од актерите appeared first on Република.

]]>
„Симбиоза“ од Роберт Цветковски отворена во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/simbioza-od-robert-tsvetkovski-otvorena-vo-kits/ Sat, 30 Nov 2024 14:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=843452

„Симбиоза“ е насловот на изложбата од Роберт Цветковски што синоќа беше отворена во Културно-информативниот центар во Скопје. Суштината на неговите текстурирани слики е изградена преку експериментирање со примена на современи технолошки методи, како карактеристика на новата постмодерна естетика. Оваа фаза е особено свесна за сводовите низ Македонија. Неговите лакови еволуирале во симболи кои го одразуваат неговото истражување на односот помеѓу уметникот и местото. Овие пораки дејствуваат за да покажат не само од каде е авторот, туку тие се и приказни за тоа како природата и Универзумот постојано го менуваат начинот на кој ги гледаме работите.

Цветковски (Куманово, 1965 година) дипломирал ликовна уметност на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Реализирал 37 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија. Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 16 декември.

 

The post „Симбиоза“ од Роберт Цветковски отворена во КИЦ appeared first on Република.

]]>

„Симбиоза“ е насловот на изложбата од Роберт Цветковски што синоќа беше отворена во Културно-информативниот центар во Скопје. Суштината на неговите текстурирани слики е изградена преку експериментирање со примена на современи технолошки методи, како карактеристика на новата постмодерна естетика. Оваа фаза е особено свесна за сводовите низ Македонија. Неговите лакови еволуирале во симболи кои го одразуваат неговото истражување на односот помеѓу уметникот и местото. Овие пораки дејствуваат за да покажат не само од каде е авторот, туку тие се и приказни за тоа како природата и Универзумот постојано го менуваат начинот на кој ги гледаме работите. Цветковски (Куманово, 1965 година) дипломирал ликовна уметност на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Реализирал 37 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија. Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 16 декември.  

The post „Симбиоза“ од Роберт Цветковски отворена во КИЦ appeared first on Република.

]]>
„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nedostig-nov-roman-od-simeon-jankov/ Sat, 30 Nov 2024 14:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=843446

Од печат излезе романот „Недостиг“ од Симеон Јанков, како 330. книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје.

„Недостиг“ е повеќеслоен психолошки роман- мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ понапната, а со разврската на крајот, кој бездруго нуди повеќе толкувања, читателот осознава дека справувањето со сопствениот недостиг значи справување со сѐ.

Во романот се наметнуваат деликатни прашања: што ако веќе го нема минатото на кое сакаш да му се вратиш, што ако не можеш да го промениш она што никогаш не се случило, што ако дури ни во детството веќе никој не те чека, дали твојата неприпадност е нечија туѓа припадност?

Симеон Јанков е роден 1981 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во групата „Македонски и јужнословенски книжевности“. Автор е на романите „Црна шума“ (Ми-Ан, 2019) и „Најосаменото место“(Или-Или, 2021).

 

The post „Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков appeared first on Република.

]]>

Од печат излезе романот „Недостиг“ од Симеон Јанков, како 330. книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје. „Недостиг“ е повеќеслоен психолошки роман- мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ понапната, а со разврската на крајот, кој бездруго нуди повеќе толкувања, читателот осознава дека справувањето со сопствениот недостиг значи справување со сѐ. Во романот се наметнуваат деликатни прашања: што ако веќе го нема минатото на кое сакаш да му се вратиш, што ако не можеш да го промениш она што никогаш не се случило, што ако дури ни во детството веќе никој не те чека, дали твојата неприпадност е нечија туѓа припадност? Симеон Јанков е роден 1981 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во групата „Македонски и јужнословенски книжевности“. Автор е на романите „Црна шума“ (Ми-Ан, 2019) и „Најосаменото место“(Или-Или, 2021).  

The post „Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков appeared first on Република.

]]>
Претставата „Череп во Конемара“ вечерва во Театар Комедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-cherep-vo-konemara-vecherva-vo-teatar-komedija/ Sat, 30 Nov 2024 14:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=843401

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театар Комедија во Скопје, ќе биде изведена претставата „Череп во Конемара“.

Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.

 

Мартин Мекдона (1970) е препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Неговите најуспешни пиеси се сместени во Западна Ирска и се напишани на ирски идиом. Комбинацијата од руралните ирски предели и изместениот урбан сензибилитет им дава мрачен, насилен и смешен призвук на неговите дела.

Автор: Мартин Мекдона
Превод: Горјан Милошевски и Јане Спасиќ
Режија: Јане Спасиќ
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Ивана Каранфиловска
Автор на музика: Дарија Андовска
Асис. на костимограф: Марија Ѓоргиевска
Инспициент: Нурјамет Рушити
Суфлер: Весна Куковска

 

Играат:
Сергеј Димоски – МИК ДАУД
Елена Кузманов – МЕРИЏОНИ РАФЕРТИ
Виктор Арсов – МАРТИН ХЕНЛОН
Тони Денковски – ТОМАС ХЕНЛОН

The post Претставата „Череп во Конемара“ вечерва во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театар Комедија во Скопје, ќе биде изведена претставата „Череп во Конемара“. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.   Мартин Мекдона (1970) е препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Неговите најуспешни пиеси се сместени во Западна Ирска и се напишани на ирски идиом. Комбинацијата од руралните ирски предели и изместениот урбан сензибилитет им дава мрачен, насилен и смешен призвук на неговите дела. Автор: Мартин Мекдона Превод: Горјан Милошевски и Јане Спасиќ Режија: Јане Спасиќ Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Ивана Каранфиловска Автор на музика: Дарија Андовска Асис. на костимограф: Марија Ѓоргиевска Инспициент: Нурјамет Рушити Суфлер: Весна Куковска   Играат: Сергеј Димоски – МИК ДАУД Елена Кузманов – МЕРИЏОНИ РАФЕРТИ Виктор Арсов – МАРТИН ХЕНЛОН Тони Денковски – ТОМАС ХЕНЛОН

The post Претставата „Череп во Конемара“ вечерва во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/liminalni-prostori-liminalni-tela-proektsija-na-kratok-film-i-izvedba-na-tantsov-performans-vo-ohrid-2/ Sat, 30 Nov 2024 13:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=843393

На 30 ноември, сабота, со почеток во 20:00 часот, на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи уникатен културен настан кој ги спојува танцот и филмот.

Во организација на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени места“.

Настанот ќе започне со проекцијата на краткиот експериментален филм „ЛИМА“ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде поглед од нов ракурс на неколку простори во Охрид, кои припаѓаат на модернистичкото наследство. Режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова го осмислија и создадоа овој филм кој, играјќи си со спомените, минатото и трансформативната моќ на она што било и може да биде, прикажува една дисторзирана перцепција на просторот, телото и времето. Препуштајќи се на ритамот на овие простори, слушајќи ги нивните приказни и следејќи ја емоцијата, филмот креира еден нов свет во кој носталгијата се претвора во надеж.

Извршен продуцент: Јасмина Билаловиќ

Концепт: Ивана Балабанова, Батухан Ибрахим, Јасмина Билаловиќ;

- по оригинална идеја на И.Балабанова

Режија: Батухан Ибрахим

Кореографија: Ивана Балабанова

Асистент на режија: Марија Бошковска

Директор на фотографија: Стефан Ѓорѓиевски

Играат: Тереза Лазарев, Стефани Шааршмидт, Софи Ларсон

Композиција: Алесандро Ола

Костим: Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ, Маја Ѓуреска

Шминка: Павел Маслов

Фотографија на сет: Ања Калин

Видео на сет: Мартин Михајлов (Марсбен продукција)

По филмската проекција, публиката ќе има можност да го погледне танцовиот перформанс „Лиминално тело-2“, дело на кореографката Ивана Балабанова. Овој перформанс го истражува концептот на лиминалност како одраз на современото човечко искуство. Вкоренет во танцот, но збогатен со влијанија од музиката и театарот, делото го истражува внатрешниот пејзаж на поединци кои егзистираат во состојба на постојана трансформација, фатени меѓу транзициите и кои се борат да се прилагодат во светот што ги обзема. „Лиминално тело-2“ не е само апстрактен концепт, туку одговор на притисоците на модерниот живот - обид да се ослободиме од културните, социјалните и капиталистичките ограничувања.

Играат: Тереза Лазарев, Стефани Шааршмит

Кореографија: Ивана Балабанова

Музика: Алесандро Ола

Сценографија: Мартин Манев

Костими: Маја Ѓурчиноска и Антонија Гугинска

Светло: Игор Митревски, Борис Вељаноски

Тон: Митко Серафимоски

Вечерта ќе заврши со краток разговор со авторите, кој ќе им овозможи на присутните да ги споделат своите впечатоци и да добијат увид во креативниот процес потребен за создавање на овие дела.

The post „Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид appeared first on Република.

]]>

На 30 ноември, сабота, со почеток во 20:00 часот, на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи уникатен културен настан кој ги спојува танцот и филмот. Во организација на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени места“. Настанот ќе започне со проекцијата на краткиот експериментален филм „ЛИМА“ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде поглед од нов ракурс на неколку простори во Охрид, кои припаѓаат на модернистичкото наследство. Режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова го осмислија и создадоа овој филм кој, играјќи си со спомените, минатото и трансформативната моќ на она што било и може да биде, прикажува една дисторзирана перцепција на просторот, телото и времето. Препуштајќи се на ритамот на овие простори, слушајќи ги нивните приказни и следејќи ја емоцијата, филмот креира еден нов свет во кој носталгијата се претвора во надеж. Извршен продуцент: Јасмина Билаловиќ Концепт: Ивана Балабанова, Батухан Ибрахим, Јасмина Билаловиќ; - по оригинална идеја на И.Балабанова Режија: Батухан Ибрахим Кореографија: Ивана Балабанова Асистент на режија: Марија Бошковска Директор на фотографија: Стефан Ѓорѓиевски Играат: Тереза Лазарев, Стефани Шааршмидт, Софи Ларсон Композиција: Алесандро Ола Костим: Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ, Маја Ѓуреска Шминка: Павел Маслов Фотографија на сет: Ања Калин Видео на сет: Мартин Михајлов (Марсбен продукција)

По филмската проекција, публиката ќе има можност да го погледне танцовиот перформанс „Лиминално тело-2“, дело на кореографката Ивана Балабанова. Овој перформанс го истражува концептот на лиминалност како одраз на современото човечко искуство. Вкоренет во танцот, но збогатен со влијанија од музиката и театарот, делото го истражува внатрешниот пејзаж на поединци кои егзистираат во состојба на постојана трансформација, фатени меѓу транзициите и кои се борат да се прилагодат во светот што ги обзема. „Лиминално тело-2“ не е само апстрактен концепт, туку одговор на притисоците на модерниот живот - обид да се ослободиме од културните, социјалните и капиталистичките ограничувања.

Играат: Тереза Лазарев, Стефани Шааршмит

Кореографија: Ивана Балабанова

Музика: Алесандро Ола

Сценографија: Мартин Манев

Костими: Маја Ѓурчиноска и Антонија Гугинска

Светло: Игор Митревски, Борис Вељаноски

Тон: Митко Серафимоски

Вечерта ќе заврши со краток разговор со авторите, кој ќе им овозможи на присутните да ги споделат своите впечатоци и да добијат увид во креативниот процес потребен за создавање на овие дела.

The post „Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид appeared first on Република.

]]>
Скопската турнеја на претставата Импров Конект – Булевар и Импров терапија денеска во КИЦ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopskata-turneja-na-pretstavata-improv-konekt-bulevar-i-improv-terapija-deneska-vo-kits-skopje/ Sat, 30 Nov 2024 13:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=843390

Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во локална соработка со ФДУ Скопје/УКИМ, КИЦ Салон 1919 - Скопје, Градска библиотека „Браќа Миладиновци’’- Буњковец, Скопје 2028, Словачка амбасада Скопје на 30 ноември во Салон 1919 – КИЦ Скопје со почеток во 19 часот ќе биде изведена скопската турнеја на претставата Импров Конект – Булевар и Импров терапија.
Фокусот е на современ импровизациски театар – спонатност, непосредна креативност, флексибилност, снаоѓање, хумор, досетки ... координирани во театарска претстава.
Проектот е ко-финансиран од Вишеград фондот.
Одличниот актер Здравко Стојмиров е учесник во проектот како претставник од Македонија.
Домашни организатори и партнери на проектот се Македонскиот центар ИТИ / ПРОДУКЦИЈА.
Проектот е конципиран и реализиран во партнерска соработка помеѓу Itt és Most Társulat – Hungary, České národní improvizační divadlo, z.s. – Czechia, Fundacja Teatr Wschodni – Poland, Macedonian Center of International Theater Institute – North Macedonia, The International Society for Arts and Culture, o.z. (ISAC) – Slovakia.
ТИМ (Импров Конект Скопје):
Актери / ко-креатори – Здравко Стојмиров, Хон Чонг, Лада Карда, Криси Галамбос, Полина Прокопјук, Варју Нандор, Абел Фаркаш, Габор Шоке, Лукаш Војтович
Продуцент – Иванка Апостолова Баскар
Техника: светло и звук – Владо Кутузовски
Видео – Михаило Апостолов
Фотографија – Весна А. Бришкоска

Ивент повик за работилницата за импровизациски театар наменета за студенти (ментор Хон Чонг - режисер, актер, едукатор) – https://www.facebook.com/events/863979262611931/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22calendar_hosting_events_unit%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark_calendar%22%7D]%2C%22ref_notif_type%22%3Anull%7D
Ивент повик за јавна работилница за импровизациски театар наменета за сите заинтересирани (ментор Лада Карда – актер, стенд ап комичар, едукатор) - https://www.facebook.com/events/1080062610028017?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22calendar_hosting_events_unit%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark_calendar%22%7D]%2C%22ref_notif_type%22%3Anull%7D

The post Скопската турнеја на претставата Импров Конект – Булевар и Импров терапија денеска во КИЦ Скопје appeared first on Република.

]]>

Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во локална соработка со ФДУ Скопје/УКИМ, КИЦ Салон 1919 - Скопје, Градска библиотека „Браќа Миладиновци’’- Буњковец, Скопје 2028, Словачка амбасада Скопје на 30 ноември во Салон 1919 – КИЦ Скопје со почеток во 19 часот ќе биде изведена скопската турнеја на претставата Импров Конект – Булевар и Импров терапија. Фокусот е на современ импровизациски театар – спонатност, непосредна креативност, флексибилност, снаоѓање, хумор, досетки ... координирани во театарска претстава. Проектот е ко-финансиран од Вишеград фондот. Одличниот актер Здравко Стојмиров е учесник во проектот како претставник од Македонија. Домашни организатори и партнери на проектот се Македонскиот центар ИТИ / ПРОДУКЦИЈА. Проектот е конципиран и реализиран во партнерска соработка помеѓу Itt és Most Társulat – Hungary, České národní improvizační divadlo, z.s. – Czechia, Fundacja Teatr Wschodni – Poland, Macedonian Center of International Theater Institute – North Macedonia, The International Society for Arts and Culture, o.z. (ISAC) – Slovakia. ТИМ (Импров Конект Скопје): Актери / ко-креатори – Здравко Стојмиров, Хон Чонг, Лада Карда, Криси Галамбос, Полина Прокопјук, Варју Нандор, Абел Фаркаш, Габор Шоке, Лукаш Војтович Продуцент – Иванка Апостолова Баскар Техника: светло и звук – Владо Кутузовски Видео – Михаило Апостолов Фотографија – Весна А. Бришкоска Ивент повик за работилницата за импровизациски театар наменета за студенти (ментор Хон Чонг - режисер, актер, едукатор) – https://www.facebook.com/events/863979262611931/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22calendar_hosting_events_unit%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark_calendar%22%7D]%2C%22ref_notif_type%22%3Anull%7D Ивент повик за јавна работилница за импровизациски театар наменета за сите заинтересирани (ментор Лада Карда – актер, стенд ап комичар, едукатор) - https://www.facebook.com/events/1080062610028017?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22left_rail%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark%22%7D%2C%7B%22extra_data%22%3A%22%22%2C%22mechanism%22%3A%22calendar_hosting_events_unit%22%2C%22surface%22%3A%22bookmark_calendar%22%7D]%2C%22ref_notif_type%22%3Anull%7D

The post Скопската турнеја на претставата Импров Конект – Булевар и Импров терапија денеска во КИЦ Скопје appeared first on Република.

]]>
Во Народниот театар во Штип премиерно ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-narodniot-teatar-vo-shtip-premierno-ke-bide-izvedena-pretstavata-jas-na-nekoe-drugo-mesto/ Sat, 30 Nov 2024 11:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=843407

Во Народниот театар во Штип, вечерва, со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Јован Ристовски. Kостимограф во претставата е Марта Дојчиновска.

Станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска-Трпеноска го напишала инспирирана од вистинска приказна. Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија, како и деструктивното однесување во средината во која живееме.

 

Во претставата играат: Марија Минчева Андонов, Елена Шорова Дербов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Анѓелка Нашкова, Ава Хусеини, Пеце Ристевски, Стефанија Митовска, Миле Вратеовски.

Тој зборува, држи монолог, а јас го слушам и му дозволувам да се искаже.

 

Ние, луѓето заборавивме да зборуваме еден со друг.
Ние, луѓето заборавивме да се слушаме еден со друг.

А тоа е единственото нешто, што некој може да го стори за другиот.
Да биде тука…Едноставно да биде тука за некого…

The post Во Народниот театар во Штип премиерно ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ appeared first on Република.

]]>

Во Народниот театар во Штип, вечерва, со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Јован Ристовски. Kостимограф во претставата е Марта Дојчиновска. Станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска-Трпеноска го напишала инспирирана од вистинска приказна. Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија, како и деструктивното однесување во средината во која живееме.   Во претставата играат: Марија Минчева Андонов, Елена Шорова Дербов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Анѓелка Нашкова, Ава Хусеини, Пеце Ристевски, Стефанија Митовска, Миле Вратеовски. Тој зборува, држи монолог, а јас го слушам и му дозволувам да се искаже.   Ние, луѓето заборавивме да зборуваме еден со друг. Ние, луѓето заборавивме да се слушаме еден со друг. А тоа е единственото нешто, што некој може да го стори за другиот. Да биде тука…Едноставно да биде тука за некого…

The post Во Народниот театар во Штип премиерно ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ appeared first on Република.

]]>
Свечено доделување на наградата „ВАВИЛОН – ЗПРМ“ за најдобар млад преведувач за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svecheno-dodeluvane-na-nagradata-vavilon-zprm-za-najdobar-mlad-preveduvach-za-2024-godina/ Sat, 30 Nov 2024 11:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=843404

Денес, со почеток во 18:00 часот, во салата на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи свеченото доделување на наградата „ВАВИЛОН – ЗПРМ“ за најдобар млад преведувач за 2024 година, која ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Р. Македонија.

Програма:

 

18:00 – 18:10
Поздравно обраќање од претседателката на ЗПРМ, Лукреција Маљковиќ – Атанасовска

18:10 -18:20
Обраќање од Претседателот на Организацискиот одбор за Конкурсот за наградата Вавилон ЗПРМ и објавување на наградениот учесник на Конкурсот

 

18:30
Доделување на наградата „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 година.

The post Свечено доделување на наградата „ВАВИЛОН – ЗПРМ“ за најдобар млад преведувач за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Денес, со почеток во 18:00 часот, во салата на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи свеченото доделување на наградата „ВАВИЛОН – ЗПРМ“ за најдобар млад преведувач за 2024 година, која ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Р. Македонија. Програма:   18:00 – 18:10 Поздравно обраќање од претседателката на ЗПРМ, Лукреција Маљковиќ – Атанасовска 18:10 -18:20 Обраќање од Претседателот на Организацискиот одбор за Конкурсот за наградата Вавилон ЗПРМ и објавување на наградениот учесник на Конкурсот   18:30 Доделување на наградата „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 година.

The post Свечено доделување на наградата „ВАВИЛОН – ЗПРМ“ за најдобар млад преведувач за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии од Тони Коцев во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-od-toni-kotsev-vo-kavadartsi/ Fri, 29 Nov 2024 19:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=843228

Мултимедијална изложба на фотографии насловена ,,Моменти" од Тони Коцев, беше отворена вечерва  во Музеј галеријата во Кавадарци. Како што кажа самиот автор, станува збор за овековечени спонтани моменти. На четири видео бимови беа презентирани околу 160 фотографии, што сведочат за убавините на Кавадарци и македонските убавини. Станува збор за за фотографии фотографирани со мобилен телефон.

Директорот на Музејот, Јаким Зимоски изрази задоволство и рече дека изложбата е нешто поразлично од она што можело да се види досега.

Тони Коцев е роден во 1971 година, дипломирал на факултетот за филмски уметности при Универзитетот ЕСРА во Скопје, на катедрата за Филмска и ТВ камера. Работел на повеќе видео и филмски проекти како снимател и директор на фотографија. Реализирал 7 самостојни изложби и учествувал на повеќе групни во земјата и во странство (Франција, Шпанија, Шкотска, Србија, Луксембург). Добитник е на неколку награди за фотографија во земјава и во странство. Живее во Кавадарци, вработен е во Музеј галеријата.

Фотографиите се моменти замрзнати во времето. Тие ни овозможуваат да се потсетиме на важни настани, луѓе, чувства и моменти што понекогаш избледуваат во сеќавањата. Секој кадар има своја приказна а секоја фотографија носи емоции кои се неми но искрени. Фотографијата е мост меѓу минатото и сегашноста, а секој момент што е фотографиран е своја приказна што ќе живее долго. Емоциите што ги пренесуваат сликите често се многу посилни и од зборовите, вели историчарот на уметност и виш кустос во Музејот, Трајче Цветков.

Новинарката Мирјана Мукаетова, подвлече дека како своевидна увертира во одбележувањета на големиот јубилеј 30 години бавење со професионална фотографија, Коцев подготви една интересна видео проекција на фотографии сликани со мобилен телефон.

Идејата ја добива во 2020 година со почетокот на пандемијата кога како резултат на воведувањето на карантин се покажа потребата да се престојува надвор и тоа во природа. Карактеристично за оваа необична видео проекција на фотографии е тоа што се застапени најразлични мотиви и тематики. Фотографиите не се планирани и наменски направени, туку напротив, моментите што први го допреле фотографот и го провоцирале да ги фотографира. Почнувајќи од макро фотографии, до пејзажи ќе може да се видат многу интересни фотографии на урбани моменти, инсекти и многу познати воопшто непознати или пак незабележливи предели од Тиквешијата и градот Кавадарци, сподели Мукаетова.

Изложбата и каталогот финансиски се поддржани од градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.

The post Изложба на фотографии од Тони Коцев во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Мултимедијална изложба на фотографии насловена ,,Моменти" од Тони Коцев, беше отворена вечерва  во Музеј галеријата во Кавадарци. Како што кажа самиот автор, станува збор за овековечени спонтани моменти. На четири видео бимови беа презентирани околу 160 фотографии, што сведочат за убавините на Кавадарци и македонските убавини. Станува збор за за фотографии фотографирани со мобилен телефон. Директорот на Музејот, Јаким Зимоски изрази задоволство и рече дека изложбата е нешто поразлично од она што можело да се види досега. Тони Коцев е роден во 1971 година, дипломирал на факултетот за филмски уметности при Универзитетот ЕСРА во Скопје, на катедрата за Филмска и ТВ камера. Работел на повеќе видео и филмски проекти како снимател и директор на фотографија. Реализирал 7 самостојни изложби и учествувал на повеќе групни во земјата и во странство (Франција, Шпанија, Шкотска, Србија, Луксембург). Добитник е на неколку награди за фотографија во земјава и во странство. Живее во Кавадарци, вработен е во Музеј галеријата.
Фотографиите се моменти замрзнати во времето. Тие ни овозможуваат да се потсетиме на важни настани, луѓе, чувства и моменти што понекогаш избледуваат во сеќавањата. Секој кадар има своја приказна а секоја фотографија носи емоции кои се неми но искрени. Фотографијата е мост меѓу минатото и сегашноста, а секој момент што е фотографиран е своја приказна што ќе живее долго. Емоциите што ги пренесуваат сликите често се многу посилни и од зборовите, вели историчарот на уметност и виш кустос во Музејот, Трајче Цветков.
Новинарката Мирјана Мукаетова, подвлече дека како своевидна увертира во одбележувањета на големиот јубилеј 30 години бавење со професионална фотографија, Коцев подготви една интересна видео проекција на фотографии сликани со мобилен телефон.
Идејата ја добива во 2020 година со почетокот на пандемијата кога како резултат на воведувањето на карантин се покажа потребата да се престојува надвор и тоа во природа. Карактеристично за оваа необична видео проекција на фотографии е тоа што се застапени најразлични мотиви и тематики. Фотографиите не се планирани и наменски направени, туку напротив, моментите што први го допреле фотографот и го провоцирале да ги фотографира. Почнувајќи од макро фотографии, до пејзажи ќе може да се видат многу интересни фотографии на урбани моменти, инсекти и многу познати воопшто непознати или пак незабележливи предели од Тиквешијата и градот Кавадарци, сподели Мукаетова.
Изложбата и каталогот финансиски се поддржани од градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.

The post Изложба на фотографии од Тони Коцев во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Актерката Тинка Ристеска вечер ќе одбележи 55 години игра на сцената на струмичкиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akterkata-tinka-risteska-vecher-ke-odbelezhi-55-godini-igra-na-stsenata-na-strumichkiot-teatar/ Fri, 29 Nov 2024 15:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=843181

Со улогата на Марина во претставата „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Ангелов, која ќе се одигра вечер на сцената на НТ „Антон Панов“-Струмица, актерката Тинка Ристеска ќе одбележи 55 години театарска и актерска дејност.

Како што соопштија од струмичкиот театар, токму претставата „Вујко Вања“ и е посветена на долгогодишната актерка Тинка Ристеска, која своето театарско патешествие како уметник го започнала уште во далечната 1969 година.

Претставата, во која и таа самата игра, ќе биде одбележување на нејзиниот 55-годишен јубилеј актерска дејност. Триесет и шест години професионален стаж, плус уште 19 години актерски улоги како гостин на струмичката сцена по завршувањето на активната кариера - тоа е нејзиниот влог во македонската театарска уметност. Генерации струмичани и струмичанки растеле гледајќи ги претставите во кои таа играла станувајќи еден од препознатливите ликови на струмичката култура, се наведува во соопштението од Тетарот.

Во соопштението се додава дека уметникот останува уметник цел живот, а доказ за тоа е и Ристеска, која и по цели две децении по пензионирањето, уште е нераздвојна од театарската сцена.рт/

 

The post Актерката Тинка Ристеска вечер ќе одбележи 55 години игра на сцената на струмичкиот театар appeared first on Република.

]]>

Со улогата на Марина во претставата „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Ангелов, која ќе се одигра вечер на сцената на НТ „Антон Панов“-Струмица, актерката Тинка Ристеска ќе одбележи 55 години театарска и актерска дејност. Како што соопштија од струмичкиот театар, токму претставата „Вујко Вања“ и е посветена на долгогодишната актерка Тинка Ристеска, која своето театарско патешествие како уметник го започнала уште во далечната 1969 година.
Претставата, во која и таа самата игра, ќе биде одбележување на нејзиниот 55-годишен јубилеј актерска дејност. Триесет и шест години професионален стаж, плус уште 19 години актерски улоги како гостин на струмичката сцена по завршувањето на активната кариера - тоа е нејзиниот влог во македонската театарска уметност. Генерации струмичани и струмичанки растеле гледајќи ги претставите во кои таа играла станувајќи еден од препознатливите ликови на струмичката култура, се наведува во соопштението од Тетарот.
Во соопштението се додава дека уметникот останува уметник цел живот, а доказ за тоа е и Ристеска, која и по цели две децении по пензионирањето, уште е нераздвојна од театарската сцена.рт/  

The post Актерката Тинка Ристеска вечер ќе одбележи 55 години игра на сцената на струмичкиот театар appeared first on Република.

]]>
„Граници на архитектурата“ – Трета годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти од денес во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/granitsi-na-arhitekturata-treta-godishna-sredba-na-arhitekti-i-arhitekti-urbanisti-od-denes-vo-bitola/ Fri, 29 Nov 2024 12:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=843118

Денес, во Офицерскиот дом во Битола, ќе започне Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, организирана од Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Конференцијата, која ќе трае два дена, на 29 и 30 ноември 2024 година, ќе ја обработува темата „Граници на архитектурата“, истражувајќи ги ограничувањата и предизвиците со кои се соочуваат архитектите и урбанистите во нивната работа.

Програмата е богата со инспиративни содржини, меѓу кои говори, презентации и панел-дискусии од истакнати архитекти и урбанисти од Македонија, регионот и Европа. Учесниците ќе дискутираат за тоа како архитектурата ги надминува физичките, културните, правните, естетските и еколошките бариери, претворајќи ги во можности за создавање хумани и функционални простори.

Гостите на конференцијата вклучуваат:

•Рут Шагеман, претседател на Советот на архитекти на Европа

•Кристоф Најдовски, заменик-градоначалник на Париз

•Водечки архитекти и урбанисти од Македонија, регионот и пошироко.

Дополнителни активности вклучуваат изложба на „Атлас на македонската модерна архитектура“, тркалезни маси за урбанистичко планирање, како и можности за вмрежување и размена на искуства преку коктел-сесии.

 

Оваа конференција има за цел да ги истакне иновациите и добрите практики во архитектурата, како и да отвори нови перспективи за иднината на урбанистичкиот развој.

 

The post „Граници на архитектурата“ – Трета годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти од денес во Битола appeared first on Република.

]]>

Денес, во Офицерскиот дом во Битола, ќе започне Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, организирана од Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Конференцијата, која ќе трае два дена, на 29 и 30 ноември 2024 година, ќе ја обработува темата „Граници на архитектурата“, истражувајќи ги ограничувањата и предизвиците со кои се соочуваат архитектите и урбанистите во нивната работа. Програмата е богата со инспиративни содржини, меѓу кои говори, презентации и панел-дискусии од истакнати архитекти и урбанисти од Македонија, регионот и Европа. Учесниците ќе дискутираат за тоа како архитектурата ги надминува физичките, културните, правните, естетските и еколошките бариери, претворајќи ги во можности за создавање хумани и функционални простори. Гостите на конференцијата вклучуваат: •Рут Шагеман, претседател на Советот на архитекти на Европа •Кристоф Најдовски, заменик-градоначалник на Париз •Водечки архитекти и урбанисти од Македонија, регионот и пошироко. Дополнителни активности вклучуваат изложба на „Атлас на македонската модерна архитектура“, тркалезни маси за урбанистичко планирање, како и можности за вмрежување и размена на искуства преку коктел-сесии.   Оваа конференција има за цел да ги истакне иновациите и добрите практики во архитектурата, како и да отвори нови перспективи за иднината на урбанистичкиот развој.  

The post „Граници на архитектурата“ – Трета годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти од денес во Битола appeared first on Република.

]]>
Илина Мангова: Сликовницата „Градоначалник“ ги учи децата на одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ilina-mangova-slikovnitsata-gradonachalnik-gi-uchi-detsata-na-odgovornost/ Fri, 29 Nov 2024 12:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=843113

Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а на родителите и наставниците полесно да ги објаснат гломазните зборови, како политика, еманципација, екологија, идентитет и слично, издавачката куќа „Арс Ламина“, под импринтот за деца „Либи“ ја почна новата едиција „Големи зборови за мали уши“. Со оваа едиција учиме големи зборови преку мали приказни од секојдневието. Ги подготвуваме децата за светот што ги чека.
Првиот наслов од оваа едиција е сликовницата „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, што беше промовирана вчеравечер (28 ноември), во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, во присуство на многубројни деца и нивните родители.

Промоторката на изданието, уредничката Оливера Ќорвезироска, откри дека соработката на авторката Илина Мангова со „Арс Ламина“ почнала филмски, но и многу регуларно (нешто на што едуцира и самата сликовница), како што е редот, го пратила текстот за книгата на мејлот rakopisi@arslamina.com. По што ракописот бил разгледан од уредниците и прифатен за објавување.
- Илина нè изненади со понудениот текст, зашто ја знаевме од друг општествен контекст, од друго деловно поле - политикологијата. Текстот е мошне свеж и различен, поинаков од нештата со кои постојано се соочуваме, од нештата што постојани ни се нудат во издавачката куќа. Видовме дека текстот засекува длабоко со актуелното секојдневие и во состојбите со децата, со образованието, со „лудото“ време во кое живееме и ни требаше малку време да го обмислиме во поширок издавачки контекст - истакна Ќорвезироска.

Мангова откри дека идејата за приказната се родила кога учителката на нејзиниот син во градинка, Весна Пецeва, ги поканила родителите да бидат родители-учители на еден ден и својата работа да им ја претстават на децата.
- За мене ова беше голем предизвик, бидејќи работам на политички теми преку соработка со политички актери и институции, што беше комплицирано и неинтересно да им го доловам на деца од претшколска возраст. Ми текна дека можам да им доловам некој демократски процес кој на нив ќе им биде разбирлив и истовремено интересен. Најопиплив процес за таа цел ми беа изборите за градоначалник бидејќи децата имаат претстава за околината во која живеат и можат лесно да разберат дека луѓето кои живеат на едно место избираат некој - градоначалник кој ќе биде „главен“ за тоа место, и ќе биде одговорен за тоа како таа околина изгледа и да ја одржува. Смислив приказна за град по името на групата од градинка, четири кандидати за градоначалник, направив гласачка кутија и ги пречекав децата на моето работно место. Откако им ги претставив кандидатите на децата, тие можеа тајно да гласаат за еден кандидат. На крајот заедно ги броевме гласовите и можеа да видат кој победил. На децата им беше многу интересно, а по некој ден сфатив дека имам едукативна и забавна приказна и доволно текст кој можам да го доработам во текст за сликовница – рече Илина.

Главниот лик во оваа богато илустрирана книгичка, е малиот Тигран, кој од својата мајка добива одговор на прашањата - што е тоа градоначалник, што се избори и гласање. Преку јазик разбирлив за децата, таа му ги објаснува овие големи зборови, и процесот на гласање за нов градоначалник.
- Да не беше Тигран немаше никогаш да ја напишам книгата, ниту да размислувам за детскиот свет. Разговорите со мојот син ми беа главната инспирација, затоа и најавтентично ми беше ликот да го носи неговото име. Кога првпат му кажав дека приказната сум ја преточила во сликовница само смирено ја прими информацијата, но кога ја донесов сликовницата дома и му покажав дека главниот лик е тој, многу се возбуди и беше многу радосен. Малку беше критичен дека детето на сликовницата не личи на него, но му објаснив дека илустраторот има креативна слобода да го нацрта како што го замислил. Потоа ја читавме и гласаше за кандидатот што многу сака да направи паркови во градот, а потоа почна да ги собира и нашите гласови, на баба му и на тетка му, за да види кој кандидат ќе победи на овие мали семејни избори – рече таа.

Ова издание е корисен прирачник за сите родители, наставници и едукатори, кои сакаат да им го поедностават овој сложен збор и професија, но и да им помогнат да го разберат светот околу себе.
- Главната порака која ја учат децата преку оваа книга е за одговорност. Дека сите ние имаме некакви одговорности и нив треба да ги исполнуваме. Неопходно е децата од мала возраст да ги учиме на одговорност со цел да градиме поодговорни генерации. Преку оваа сликовница исто така децата учат и за изборите како демократски процес во кој луѓето со својот глас решаваат кој ќе биде одговорен за јавниот простор во кој живеат. Развиваат свест дека градоначалникот е одговорен да си ги исполнува своите обврски, да се грижи за јавниот интерес и да го одржува јавниот простор во кој живеат... Исто така важно ми е да пратам и порака за дарување и донирање. Мојот авторски хонорар го пренаменив во примероци кои ги донирам за да стигнат до деца од поранливи категории – истакна Мангова.

Илина Мангова е политиколог, која работи на унапредување на демократските процеси во Македонија и регионот. Таа е регионална советничка за Европа во Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и соработува со политички партии, како и со извршната, законодавната и локалната власт во сферата на добро управување.

Александар Сотировски е македонски стрип-цртач и илустратор, автор на најновиот генерациски бран мејнстрим стрип-автори. Автор е на многу препознатливи стрипови и илустрации и има соработувано со повеќе домашни и светски продукциски и издавачки куќи.

The post Илина Мангова: Сликовницата „Градоначалник“ ги учи децата на одговорност appeared first on Република.

]]>

Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а на родителите и наставниците полесно да ги објаснат гломазните зборови, како политика, еманципација, екологија, идентитет и слично, издавачката куќа „Арс Ламина“, под импринтот за деца „Либи“ ја почна новата едиција „Големи зборови за мали уши“. Со оваа едиција учиме големи зборови преку мали приказни од секојдневието. Ги подготвуваме децата за светот што ги чека. Првиот наслов од оваа едиција е сликовницата „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, што беше промовирана вчеравечер (28 ноември), во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, во присуство на многубројни деца и нивните родители. Промоторката на изданието, уредничката Оливера Ќорвезироска, откри дека соработката на авторката Илина Мангова со „Арс Ламина“ почнала филмски, но и многу регуларно (нешто на што едуцира и самата сликовница), како што е редот, го пратила текстот за книгата на мејлот rakopisi@arslamina.com. По што ракописот бил разгледан од уредниците и прифатен за објавување. - Илина нè изненади со понудениот текст, зашто ја знаевме од друг општествен контекст, од друго деловно поле - политикологијата. Текстот е мошне свеж и различен, поинаков од нештата со кои постојано се соочуваме, од нештата што постојани ни се нудат во издавачката куќа. Видовме дека текстот засекува длабоко со актуелното секојдневие и во состојбите со децата, со образованието, со „лудото“ време во кое живееме и ни требаше малку време да го обмислиме во поширок издавачки контекст - истакна Ќорвезироска. Мангова откри дека идејата за приказната се родила кога учителката на нејзиниот син во градинка, Весна Пецeва, ги поканила родителите да бидат родители-учители на еден ден и својата работа да им ја претстават на децата. - За мене ова беше голем предизвик, бидејќи работам на политички теми преку соработка со политички актери и институции, што беше комплицирано и неинтересно да им го доловам на деца од претшколска возраст. Ми текна дека можам да им доловам некој демократски процес кој на нив ќе им биде разбирлив и истовремено интересен. Најопиплив процес за таа цел ми беа изборите за градоначалник бидејќи децата имаат претстава за околината во која живеат и можат лесно да разберат дека луѓето кои живеат на едно место избираат некој - градоначалник кој ќе биде „главен“ за тоа место, и ќе биде одговорен за тоа како таа околина изгледа и да ја одржува. Смислив приказна за град по името на групата од градинка, четири кандидати за градоначалник, направив гласачка кутија и ги пречекав децата на моето работно место. Откако им ги претставив кандидатите на децата, тие можеа тајно да гласаат за еден кандидат. На крајот заедно ги броевме гласовите и можеа да видат кој победил. На децата им беше многу интересно, а по некој ден сфатив дека имам едукативна и забавна приказна и доволно текст кој можам да го доработам во текст за сликовница – рече Илина. Главниот лик во оваа богато илустрирана книгичка, е малиот Тигран, кој од својата мајка добива одговор на прашањата - што е тоа градоначалник, што се избори и гласање. Преку јазик разбирлив за децата, таа му ги објаснува овие големи зборови, и процесот на гласање за нов градоначалник. - Да не беше Тигран немаше никогаш да ја напишам книгата, ниту да размислувам за детскиот свет. Разговорите со мојот син ми беа главната инспирација, затоа и најавтентично ми беше ликот да го носи неговото име. Кога првпат му кажав дека приказната сум ја преточила во сликовница само смирено ја прими информацијата, но кога ја донесов сликовницата дома и му покажав дека главниот лик е тој, многу се возбуди и беше многу радосен. Малку беше критичен дека детето на сликовницата не личи на него, но му објаснив дека илустраторот има креативна слобода да го нацрта како што го замислил. Потоа ја читавме и гласаше за кандидатот што многу сака да направи паркови во градот, а потоа почна да ги собира и нашите гласови, на баба му и на тетка му, за да види кој кандидат ќе победи на овие мали семејни избори – рече таа. Ова издание е корисен прирачник за сите родители, наставници и едукатори, кои сакаат да им го поедностават овој сложен збор и професија, но и да им помогнат да го разберат светот околу себе. - Главната порака која ја учат децата преку оваа книга е за одговорност. Дека сите ние имаме некакви одговорности и нив треба да ги исполнуваме. Неопходно е децата од мала возраст да ги учиме на одговорност со цел да градиме поодговорни генерации. Преку оваа сликовница исто така децата учат и за изборите како демократски процес во кој луѓето со својот глас решаваат кој ќе биде одговорен за јавниот простор во кој живеат. Развиваат свест дека градоначалникот е одговорен да си ги исполнува своите обврски, да се грижи за јавниот интерес и да го одржува јавниот простор во кој живеат... Исто така важно ми е да пратам и порака за дарување и донирање. Мојот авторски хонорар го пренаменив во примероци кои ги донирам за да стигнат до деца од поранливи категории – истакна Мангова. Илина Мангова е политиколог, која работи на унапредување на демократските процеси во Македонија и регионот. Таа е регионална советничка за Европа во Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и соработува со политички партии, како и со извршната, законодавната и локалната власт во сферата на добро управување. Александар Сотировски е македонски стрип-цртач и илустратор, автор на најновиот генерациски бран мејнстрим стрип-автори. Автор е на многу препознатливи стрипови и илустрации и има соработувано со повеќе домашни и светски продукциски и издавачки куќи.

The post Илина Мангова: Сликовницата „Градоначалник“ ги учи децата на одговорност appeared first on Република.

]]>
Книгата „Тито: вечниот партизан“ на германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ од денеска во „Или-Или“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigata-tito-vechniot-partizan-na-germanskata-istoricharka-mari-zhanin-chalik-od-deneska-vo-ili-ili/ Fri, 29 Nov 2024 10:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=843063

Книгата „Тито: вечниот партизан“ на германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ во издание на „Или-Или“ од денеска може да се набави во нивната книжарница.

Книгата претставува сеопфатен приказ на животот на Јосип Броз Тито, една од најзначајните личности на 20-от век. Авторката се занимава со животниот пат на Тито, од неговото скромно детство во Кумровец, преку улогата на водач на југословенските партизани за време на Втората светска војна, па сè до воспоставувањето и долгогодишното владеење во социјалистичка Југославија.

Чалиќ го анализира Тито како политичка и симболична фигура, нагласувајќи ја неговата способност да балансира помеѓу Истокот и Западот за време на Студената војна, што му донесе голем углед на меѓународната сцена. Книгата, исто така, ги истражува контроверзиите поврзани со неговиот авторитарен начин на владеење, политичките пресметки со ривалите и неговите напори за зачувување на сложената и разновидна југословенска федерација. Авторката му пристапува на Тито со историска дистанца и настојува да избегне идеализација или демонизација. Преку комбинација на архивски извори и современи истражувања, Чалиќ дава избалансиран портрет на човекот кој ја обележа историјата на Балканот и пошироко. Книгата е значаен придонес за разбирање на југословенската историја, како и на поширокиот контекст на 20-от век.

Мари-Жанин Чалиќ раскажува со големо знаење и со стил кој Ве повикува да продолжите да читате, страница по страница.

Михаел Мартенс, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

 

Историјата раскажана на достапен и живописен начин е белег на историчарката, која веќе има напишано две стандардни дела за подобро разбирање на мултиетничкиот лавиринт: „Историјата на Југославија во 20 век“ (2010) и „Југоисточна Европа. Светската историја на еден регион“ (2016)“.

Томас Розер, Тагеблат

 

Авторката успеала да создаде добра и, пред сè, многу читлива биографија. Таа не само што самоуверено продира, го совладува, уредува и презентира обемниот материјал, туку читателска публика има можност да дознае за нови важни аспекти од современата историја“. Клаус Бухенау, Годишници за историјата на Источна Европа

 

The post Книгата „Тито: вечниот партизан“ на германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ од денеска во „Или-Или“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Тито: вечниот партизан“ на германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ во издание на „Или-Или“ од денеска може да се набави во нивната книжарница. Книгата претставува сеопфатен приказ на животот на Јосип Броз Тито, една од најзначајните личности на 20-от век. Авторката се занимава со животниот пат на Тито, од неговото скромно детство во Кумровец, преку улогата на водач на југословенските партизани за време на Втората светска војна, па сè до воспоставувањето и долгогодишното владеење во социјалистичка Југославија. Чалиќ го анализира Тито како политичка и симболична фигура, нагласувајќи ја неговата способност да балансира помеѓу Истокот и Западот за време на Студената војна, што му донесе голем углед на меѓународната сцена. Книгата, исто така, ги истражува контроверзиите поврзани со неговиот авторитарен начин на владеење, политичките пресметки со ривалите и неговите напори за зачувување на сложената и разновидна југословенска федерација. Авторката му пристапува на Тито со историска дистанца и настојува да избегне идеализација или демонизација. Преку комбинација на архивски извори и современи истражувања, Чалиќ дава избалансиран портрет на човекот кој ја обележа историјата на Балканот и пошироко. Книгата е значаен придонес за разбирање на југословенската историја, како и на поширокиот контекст на 20-от век.
Мари-Жанин Чалиќ раскажува со големо знаење и со стил кој Ве повикува да продолжите да читате, страница по страница. Михаел Мартенс, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
 
Историјата раскажана на достапен и живописен начин е белег на историчарката, која веќе има напишано две стандардни дела за подобро разбирање на мултиетничкиот лавиринт: „Историјата на Југославија во 20 век“ (2010) и „Југоисточна Европа. Светската историја на еден регион“ (2016)“. Томас Розер, Тагеблат
 
Авторката успеала да создаде добра и, пред сè, многу читлива биографија. Таа не само што самоуверено продира, го совладува, уредува и презентира обемниот материјал, туку читателска публика има можност да дознае за нови важни аспекти од современата историја“. Клаус Бухенау, Годишници за историјата на Источна Европа
 

The post Книгата „Тито: вечниот партизан“ на германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ од денеска во „Или-Или“ appeared first on Република.

]]>
„Симбиоза“ – изложбата на слики од Роберт Цветковски вечерва во КИЦ- Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/simbioza-izlozhbata-na-sliki-od-robert-tsvetkovski-vecherva-vo-kits-skopje/ Fri, 29 Nov 2024 09:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=843046

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од Роберт Цветковски, насловена „Симбиоза“.

Цветковски е роден во Куманово, Македонија во 1965 година, а дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на насоката ликовна уметност. Суштината на неговите текстурирани слики е изградена преку експериментирање со примена на современи технолошки методи, како карактеристика на новата постмодерна естетика. Оваа фаза е особено свесна за сводовите низ Македонија. Неговите лакови еволуирале во симболи кои го одразуваат неговото истражување на односот помеѓу уметникот и местото. Овие пораки дејствуваат за да покажат не само од каде е авторот, туку тие се и приказни за тоа како природата и Универзумот постојано го менуваат начинот на кој ги гледаме работите. Има 37 самостојни изложби и над 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија; и постојани колекции во Центар за современа уметност-Подгорица, Црна Гора; Градскиот музеј на Скопје, Македонија и Академијата УККСА во Турција.

 

Самостојни изложби:

1994 – Скопје, P.Македонија, Галерија Стоби
1994 – Крива Паланка, Центар за култура P.Македонија
1995 – Куманово, P.Македонија, Центар за култура
1995 – Варна-Бугарија, P.Македонија, Галерија Палас
1998 – Неготино, P.Македонија, Градски музеј
1998 – Прилеп, P.Македонија, Центар за култура
2001 – Штип, P.Македонија, Центар за култура
2004 – Вилмингтон, NC, САД, Acme Art
2004 – Фајетвил NC, САД, музеј Фајетвил
2004 – Винстон Салем NC, САД, галерија Реалис
2005 – Питсборо NC, САД, галерија на Side Street
2007 – Carrboro/Chapel Hill NC, САД, Sizl Gallery
2007 – Пекинг, Кина, галерија Јун
2007 – Подгорица, Црна Гора, Павилјон за уметност
2008 – Крива Паланка, P.Македонија, Центар за култура
2008 – Карборо/ЧапелХил, NC, Main Street Gallery
2009 – Лексингтон NC, САД, галерија PAF
2010 – Скопје, P.Македонија, Културно информативен центар
2010 – Крива Паланка, P.Македонија, Центар за култура
2011 – Скопје, P.Македонија, галерија „Грал“.
2013 – Кавадарци, P.Македонија, Центар за култура
2013 – Неготино, P.Македонија, Градски музеј
2013 – Прилеп, P.Македонија, Центар за култура
2016 – Chapel Hill, NC, САД, Point Gallery
2019 – Њујорк Сити, Њујорк, САД, MC Gallery
2019 – Крива Паланка, P.Македонија, Културен центар и градски музеј
2019 – Струмица, P.Македонија, Центар за култура „Антон Панов“
2019 – Куманово, P.Македонија, Центар за култура
2020- Истанбул, Kuzey Makedonya Kültür Merkezi
2020- Софија, Бугарија, онлајн изложба за Културно-информативен центар на Македонија
2021 – Кавадарци, P.Македонија, Центар за култура
2021- Париз, Франција, Cité internationale des arts​​
2023 – Њујорк Сити, Њујорк, САД, MC Gallery
2023 – Грос Цимерн, Германија, Градски музеј
2023 – Крива Паланка, P.Македонија, Градски музеј
2024 – Крива Паланка, P.Македонија, Градски музеј
2024 – Загреб, Хрватска, Културно информативен центар на Р.Македонија

 

Изложбата ќе биде отворена до 16.12.2024 година.

The post „Симбиоза“ – изложбата на слики од Роберт Цветковски вечерва во КИЦ- Скопје appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од Роберт Цветковски, насловена „Симбиоза“. Цветковски е роден во Куманово, Македонија во 1965 година, а дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на насоката ликовна уметност. Суштината на неговите текстурирани слики е изградена преку експериментирање со примена на современи технолошки методи, како карактеристика на новата постмодерна естетика. Оваа фаза е особено свесна за сводовите низ Македонија. Неговите лакови еволуирале во симболи кои го одразуваат неговото истражување на односот помеѓу уметникот и местото. Овие пораки дејствуваат за да покажат не само од каде е авторот, туку тие се и приказни за тоа како природата и Универзумот постојано го менуваат начинот на кој ги гледаме работите. Има 37 самостојни изложби и над 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија; и постојани колекции во Центар за современа уметност-Подгорица, Црна Гора; Градскиот музеј на Скопје, Македонија и Академијата УККСА во Турција.   Самостојни изложби: 1994 – Скопје, P.Македонија, Галерија Стоби 1994 – Крива Паланка, Центар за култура P.Македонија 1995 – Куманово, P.Македонија, Центар за култура 1995 – Варна-Бугарија, P.Македонија, Галерија Палас 1998 – Неготино, P.Македонија, Градски музеј 1998 – Прилеп, P.Македонија, Центар за култура 2001 – Штип, P.Македонија, Центар за култура 2004 – Вилмингтон, NC, САД, Acme Art 2004 – Фајетвил NC, САД, музеј Фајетвил 2004 – Винстон Салем NC, САД, галерија Реалис 2005 – Питсборо NC, САД, галерија на Side Street 2007 – Carrboro/Chapel Hill NC, САД, Sizl Gallery 2007 – Пекинг, Кина, галерија Јун 2007 – Подгорица, Црна Гора, Павилјон за уметност 2008 – Крива Паланка, P.Македонија, Центар за култура 2008 – Карборо/ЧапелХил, NC, Main Street Gallery 2009 – Лексингтон NC, САД, галерија PAF 2010 – Скопје, P.Македонија, Културно информативен центар 2010 – Крива Паланка, P.Македонија, Центар за култура 2011 – Скопје, P.Македонија, галерија „Грал“. 2013 – Кавадарци, P.Македонија, Центар за култура 2013 – Неготино, P.Македонија, Градски музеј 2013 – Прилеп, P.Македонија, Центар за култура 2016 – Chapel Hill, NC, САД, Point Gallery 2019 – Њујорк Сити, Њујорк, САД, MC Gallery 2019 – Крива Паланка, P.Македонија, Културен центар и градски музеј 2019 – Струмица, P.Македонија, Центар за култура „Антон Панов“ 2019 – Куманово, P.Македонија, Центар за култура 2020- Истанбул, Kuzey Makedonya Kültür Merkezi 2020- Софија, Бугарија, онлајн изложба за Културно-информативен центар на Македонија 2021 – Кавадарци, P.Македонија, Центар за култура 2021- Париз, Франција, Cité internationale des arts​​ 2023 – Њујорк Сити, Њујорк, САД, MC Gallery 2023 – Грос Цимерн, Германија, Градски музеј 2023 – Крива Паланка, P.Македонија, Градски музеј 2024 – Крива Паланка, P.Македонија, Градски музеј 2024 – Загреб, Хрватска, Културно информативен центар на Р.Македонија   Изложбата ќе биде отворена до 16.12.2024 година.

The post „Симбиоза“ – изложбата на слики од Роберт Цветковски вечерва во КИЦ- Скопје appeared first on Република.

]]>
Со оперската претстава „Турандот“ вечерва завршува „Месец на Пучини“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-operskata-pretstava-turandot-utre-zavrshuva-mesets-na-puchini/ Fri, 29 Nov 2024 09:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=842671

Со оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини вечерва (29 ноември) во 20 часот ќе заврши манифестацијата „Месец на Пучини“.Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, ќе се изведе на сцената на МОБ под диригентската палка на гостинот од Италија, Роберто Џанола (Италија),  режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Настапувa врвна солистичка екипа: Хан Јинг Цо (Кина / Италија), Џејмс Ли (Јужна Кореја) ,Биљана Јосифов, Игор Дурловски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.  „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“(Nessun dorma).

The post Со оперската претстава „Турандот“ вечерва завршува „Месец на Пучини“ appeared first on Република.

]]>

Со оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини вечерва (29 ноември) во 20 часот ќе заврши манифестацијата „Месец на Пучини“.Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, ќе се изведе на сцената на МОБ под диригентската палка на гостинот од Италија, Роберто Џанола (Италија),  режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска. Настапувa врвна солистичка екипа: Хан Јинг Цо (Кина / Италија), Џејмс Ли (Јужна Кореја) ,Биљана Јосифов, Игор Дурловски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. „Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.  „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“(Nessun dorma).

The post Со оперската претстава „Турандот“ вечерва завршува „Месец на Пучини“ appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Не си одам дома“ на Клелија Живковиќ во „Мала станица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-ne-si-odam-doma-na-klelija-zhivkovik-vo-mala-stanitsa/ Fri, 29 Nov 2024 09:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=843024

Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ ќе се одржи на 3 декември во националната галерија „Мала станица“, со почеток во 20 часот.
Изложбата, којашто ќе биде отворена до 14 декември, е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ). Содржи дела создадени во периодот од 2023 - 2024 година.
- Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно се слуша. Изговореното и премолченото женско знаење. Молитвите и баењето долги колку еден здив. Насилството од кое се штитиме една со друга. Насилството што си го нанесуваме една на друга. Ужасот што го обзема односот кој некогаш бил безбеден. Она што не си дозволуваме да го именуваме, а кое клокоти во нашите клетки и не дозволува да биде занемарено. Угнетувањето на нашата планета и на нашите тела се истата приказна. Расткајувањето на светот што умира може да се случи само со љубов и грижа. Оваа изложба е мојот пренос од меѓусветот. Од несветот. Од разсветот. Ја сочинуваат неуредноста на оживувањето, блуењето на насилството, живоста на оплакувањето, еротичноста на распаѓањето. Му ја посветувам на мојот вресок - вели авторката Живковиќ.
Клелија Живковиќ, родена во 1989 година, е трансдисциплинарна уметница од Скопје. Таа е формално образована во неколку дизајн-дисциплини, а нејзината работа е теоретски, материјален и искуствен увид во границите, физичките, психолошките, емотивните и духовните бариери што ги создаваме за да се спознаеме себеси како битија што зафаќаат простор и кои ни овозможуваат површина за контакт со опкружувањето.
Во 2021 година, студиото „Приватен принт“ ја издаде нејзината прва уметничка книга „Prototyping tenderness: a personal log of a dying world”, каде се одржа и нејзината прва самостојна изложба со истото име.
Таа ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА Македонија за нејзиното предлог-истражување „Дизајн за оживување“ во 2022 година, а во 2023 година ја доби наградата „ДЕНЕС“ за млади визуелни уметници. Има учествувано на неколку групни изложби во Македонија и меѓународно, вклучувајќи го Биеналето за Западен Балкан во Јанина, „Под земја полесно се дише“ во Скопје, Биеналето на млади уметници и „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во Музејот на современата уметност - Скопје.

The post Изложбата „Не си одам дома“ на Клелија Живковиќ во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ ќе се одржи на 3 декември во националната галерија „Мала станица“, со почеток во 20 часот. Изложбата, којашто ќе биде отворена до 14 декември, е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ). Содржи дела создадени во периодот од 2023 - 2024 година. - Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно се слуша. Изговореното и премолченото женско знаење. Молитвите и баењето долги колку еден здив. Насилството од кое се штитиме една со друга. Насилството што си го нанесуваме една на друга. Ужасот што го обзема односот кој некогаш бил безбеден. Она што не си дозволуваме да го именуваме, а кое клокоти во нашите клетки и не дозволува да биде занемарено. Угнетувањето на нашата планета и на нашите тела се истата приказна. Расткајувањето на светот што умира може да се случи само со љубов и грижа. Оваа изложба е мојот пренос од меѓусветот. Од несветот. Од разсветот. Ја сочинуваат неуредноста на оживувањето, блуењето на насилството, живоста на оплакувањето, еротичноста на распаѓањето. Му ја посветувам на мојот вресок - вели авторката Живковиќ. Клелија Живковиќ, родена во 1989 година, е трансдисциплинарна уметница од Скопје. Таа е формално образована во неколку дизајн-дисциплини, а нејзината работа е теоретски, материјален и искуствен увид во границите, физичките, психолошките, емотивните и духовните бариери што ги создаваме за да се спознаеме себеси како битија што зафаќаат простор и кои ни овозможуваат површина за контакт со опкружувањето. Во 2021 година, студиото „Приватен принт“ ја издаде нејзината прва уметничка книга „Prototyping tenderness: a personal log of a dying world”, каде се одржа и нејзината прва самостојна изложба со истото име. Таа ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА Македонија за нејзиното предлог-истражување „Дизајн за оживување“ во 2022 година, а во 2023 година ја доби наградата „ДЕНЕС“ за млади визуелни уметници. Има учествувано на неколку групни изложби во Македонија и меѓународно, вклучувајќи го Биеналето за Западен Балкан во Јанина, „Под земја полесно се дише“ во Скопје, Биеналето на млади уметници и „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во Музејот на современата уметност - Скопје.

The post Изложбата „Не си одам дома“ на Клелија Живковиќ во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>
„MUSICAL“ – десетта јубилејна инклузивна танцова претстава! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/musical-desetta-jubilejna-inkluzivna-tantsova-pretstava/ Fri, 29 Nov 2024 09:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=843018

Dancers United оваа година одбележува 10 години од инклузивните танцови претстави каде сите танчари на танцовото студио ја слават различноста преку танц, музика и уметност.

Десеттата јубилејна инклузивна танцова претстава „MUSICAL“ по сценарио и режија на Сара Кочан ќе се одржи на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост во Македонскиот Народен Театар со почеток од 19:00 часот.

Во танцовата претстава „MUSICAL“ ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите без оглед на полот, возраста, можностите и способностите.

 

The post „MUSICAL“ – десетта јубилејна инклузивна танцова претстава! appeared first on Република.

]]>

Dancers United оваа година одбележува 10 години од инклузивните танцови претстави каде сите танчари на танцовото студио ја слават различноста преку танц, музика и уметност. Десеттата јубилејна инклузивна танцова претстава „MUSICAL“ по сценарио и режија на Сара Кочан ќе се одржи на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост во Македонскиот Народен Театар со почеток од 19:00 часот. Во танцовата претстава „MUSICAL“ ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите без оглед на полот, возраста, можностите и способностите.  

The post „MUSICAL“ – десетта јубилејна инклузивна танцова претстава! appeared first on Република.

]]>
Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-konkursot-za-godishni-nagradi-na-dpm/ Fri, 29 Nov 2024 09:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=843008

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 г.: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите. На конкурсот за најдобри книжевни дела објавени во 2024 г. можат да конкурираат автори на дела кои се активни членови на ДПМ, или нивните издавачи, со претходна согласност од авторот, а пријавувањето може да се оствари заклучно со 23 декември 2024, со достава на четири примероци од делото во просториите на ДПМ (лично, од понеделник до петок, од 9 до 13 часот, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, или по пошта). Пожелно е на електронската пошта на друштвото drustvonapisatelimk@gmail.com да биде испратена и е-верзија (PDF/DOC фајл) од доставеното дело.

 

ДПМ за свое особено богатство ја смета својата интеркултурна димензија, поради што посебно внимание посветува на наградата „Мост“. Во конкуренција за „Мост“ можат да бидат поднесени дела објавени двојазично, на изворниот и на македонски јазик, или дела што ќе бидат делумно преведени на македонски јазик, специјално за конкурсот. За „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади и книги со книжевна критика и есеистика, а за учеството потребно е да бидат доставени четири примероци од оригиналното дело, како и (доколку делото не е објавено двојазично) четири примероци од превод на македонски јазик: најмалку 20 страници (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани од говорител на македонски јазик. Дополнителен новитет оваа година во однос на наградата „Мост“ е тоа што УО на ДПМ одлучи да субвенционира половина однадоместокот за превод на извадокот на делото на македонски јазик, по цени што ќе бидат договорени со преведувачите/препејувачите на делата, и кои ќе се однесуваат на сите доставени преводи. Целта на оваа одлука е да се поттикнат авторите да конкурираат за наградата „Мост“ и да се обезбеди успешно издание на конкурсот.

 

Добитниците на годишните награди на ДПМ за 2024 г. ќе бидат објавени на прес-конференција во февруари 2025, а свеченото врачување на наградите традиционално ќе се одржи на денот на основањето на ДПМ, 13 февруари.

 

Добитници на годишните награди за ДПМ за 2023 се: Блаже Миневски (роман: „Ако се родат некакви чувства“, Матица), Зоран Анчевски (поетска збирка: „Коњски житија“, Арс-ламина), Билјана С. Црвенковска (пиеса за деца: „Земјата на заборавените сказни“, Чудна шума) и Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ (книжевна критика и есеистика: „Птици во аквариум“, Полица). Наградата „Мост“ минатата година не беше доделена поради недоволен број конкуренти (потребно е да се достават најмалку три дела).

 

The post Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 г.: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите. На конкурсот за најдобри книжевни дела објавени во 2024 г. можат да конкурираат автори на дела кои се активни членови на ДПМ, или нивните издавачи, со претходна согласност од авторот, а пријавувањето може да се оствари заклучно со 23 декември 2024, со достава на четири примероци од делото во просториите на ДПМ (лично, од понеделник до петок, од 9 до 13 часот, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, или по пошта). Пожелно е на електронската пошта на друштвото drustvonapisatelimk@gmail.com да биде испратена и е-верзија (PDF/DOC фајл) од доставеното дело.   ДПМ за свое особено богатство ја смета својата интеркултурна димензија, поради што посебно внимание посветува на наградата „Мост“. Во конкуренција за „Мост“ можат да бидат поднесени дела објавени двојазично, на изворниот и на македонски јазик, или дела што ќе бидат делумно преведени на македонски јазик, специјално за конкурсот. За „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади и книги со книжевна критика и есеистика, а за учеството потребно е да бидат доставени четири примероци од оригиналното дело, како и (доколку делото не е објавено двојазично) четири примероци од превод на македонски јазик: најмалку 20 страници (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани од говорител на македонски јазик. Дополнителен новитет оваа година во однос на наградата „Мост“ е тоа што УО на ДПМ одлучи да субвенционира половина однадоместокот за превод на извадокот на делото на македонски јазик, по цени што ќе бидат договорени со преведувачите/препејувачите на делата, и кои ќе се однесуваат на сите доставени преводи. Целта на оваа одлука е да се поттикнат авторите да конкурираат за наградата „Мост“ и да се обезбеди успешно издание на конкурсот.   Добитниците на годишните награди на ДПМ за 2024 г. ќе бидат објавени на прес-конференција во февруари 2025, а свеченото врачување на наградите традиционално ќе се одржи на денот на основањето на ДПМ, 13 февруари.   Добитници на годишните награди за ДПМ за 2023 се: Блаже Миневски (роман: „Ако се родат некакви чувства“, Матица), Зоран Анчевски (поетска збирка: „Коњски житија“, Арс-ламина), Билјана С. Црвенковска (пиеса за деца: „Земјата на заборавените сказни“, Чудна шума) и Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ (книжевна критика и есеистика: „Птици во аквариум“, Полица). Наградата „Мост“ минатата година не беше доделена поради недоволен број конкуренти (потребно е да се достават најмалку три дела).  

The post Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Да живее музиката! Да живее Македонската филхармонија! – свечено одбележан јубилејот на најстарата институција во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/da-zhivee-muzikata-da-zhivee-makedonskata-filharmonija-svecheno-odbelezhan-jubilejot-na-najstarata-institutsija-vo-zemjava/ Thu, 28 Nov 2024 23:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=842949

Да живее музиката! Да живее Македонската филхармонија, Да живее Република Македонија, рече вечерва од сцената Симон Трпчески, честитајќи го јубилејот -80 години постоење на Македонската филхармонија и неколку пати се врати на бис.

Тој со оркестарот на Филхармонијата за прв пат настапил на 15 години, реализирал уште неколку заеднички концерти низ годините, а вечерва настапи на роденденскиот концерт насловен „80 години – Љубов“, на кој го изведе „ Концертот за пијано и оркестар во а- мол“ од Едвард Григ.

Македонската филхармонија вечерва со грандиозен настан прослави јубилеј-80 години постоење. Свеченоста по повод јубилејот започна во фоајето на Филхармонија со настап на Академскиот хор „Мирче Ацев“, кој под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска- Каро ги изведе „Ленка“ од Трајко Прокопиев, Рапсодија 2 и „Македонска хумореска“ од Тодор Скаловски.

Пред концертот, во фоајето можеше да се види изложбата на фотографии, од развојот и најважните мигови во опстојот на Македонската филхармонија, а во салата, публиката имаше можност да погледне кус документарен филм за историјатот на Филхармонија, каде Тодор Скаловски говореше за нејзиното формирање и почетоците, а следуваа и инсерти, искажувања и фотографии од сите оние уметници кои биле дел од историјата на најстарата институција во земјава.

Формирана е на 24 ноември, 1944 година, само 11 дена по ослободувањето на Скопје во домот на композиторот Тодор Скаловски. Духот на слободата бил преточен во музика, во насушна потреба за креирање уметност, култура, идеали и вредности кои претставуваат фундамент на секоја држава.

Ретката можност на сцената со музичарите на Македонската филхармонија да се видат израелскиот диригент Јерухам Шаровски и Симон Трпчески, публиката во салата го поздрави со аплауз и уживаше во премиерната изведба на „Куклици“ од Ана Пандева, по што следуваше изведба на Концерт за пијано и оркестар во а-мол, Оп. 16 од Едвард Григ и Симфонија бр. 1 „Титан“ во Де – дур од Густав Малер.

Меѓу гостите на концертот, покрај претставници на политичкиот и културниот живот на земјава, дипломатскиот кор, беа и директорите на Филхармонијата од Софија и на Симфонискиот оркестар од Солун, пред првиот заеднички настап со нашата Филхармонија, на 17. февруари идната година во салата НДК.

Како најстара институција во земјава, Македонската филхармонија осум децении гради успешна музичка приказна-создава трајни уметнички вредности, едуцира, ја промовира класичната музика на највисоко ниво.

Низа генерации учествувале во  креирањето на нејзиното јадро и ја обликуваа во највисок репрезент на симфониското музицирање, а голем дел од нив и вечерва присуствуваа на одбележувањето на јубилејот на својата матична куќа.

 

The post Да живее музиката! Да живее Македонската филхармонија! – свечено одбележан јубилејот на најстарата институција во земјава appeared first on Република.

]]>

Да живее музиката! Да живее Македонската филхармонија, Да живее Република Македонија, рече вечерва од сцената Симон Трпчески, честитајќи го јубилејот -80 години постоење на Македонската филхармонија и неколку пати се врати на бис.
Тој со оркестарот на Филхармонијата за прв пат настапил на 15 години, реализирал уште неколку заеднички концерти низ годините, а вечерва настапи на роденденскиот концерт насловен „80 години – Љубов“, на кој го изведе „ Концертот за пијано и оркестар во а- мол“ од Едвард Григ. Македонската филхармонија вечерва со грандиозен настан прослави јубилеј-80 години постоење. Свеченоста по повод јубилејот започна во фоајето на Филхармонија со настап на Академскиот хор „Мирче Ацев“, кој под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска- Каро ги изведе „Ленка“ од Трајко Прокопиев, Рапсодија 2 и „Македонска хумореска“ од Тодор Скаловски. Пред концертот, во фоајето можеше да се види изложбата на фотографии, од развојот и најважните мигови во опстојот на Македонската филхармонија, а во салата, публиката имаше можност да погледне кус документарен филм за историјатот на Филхармонија, каде Тодор Скаловски говореше за нејзиното формирање и почетоците, а следуваа и инсерти, искажувања и фотографии од сите оние уметници кои биле дел од историјата на најстарата институција во земјава. Формирана е на 24 ноември, 1944 година, само 11 дена по ослободувањето на Скопје во домот на композиторот Тодор Скаловски. Духот на слободата бил преточен во музика, во насушна потреба за креирање уметност, култура, идеали и вредности кои претставуваат фундамент на секоја држава. Ретката можност на сцената со музичарите на Македонската филхармонија да се видат израелскиот диригент Јерухам Шаровски и Симон Трпчески, публиката во салата го поздрави со аплауз и уживаше во премиерната изведба на „Куклици“ од Ана Пандева, по што следуваше изведба на Концерт за пијано и оркестар во а-мол, Оп. 16 од Едвард Григ и Симфонија бр. 1 „Титан“ во Де – дур од Густав Малер. Меѓу гостите на концертот, покрај претставници на политичкиот и културниот живот на земјава, дипломатскиот кор, беа и директорите на Филхармонијата од Софија и на Симфонискиот оркестар од Солун, пред првиот заеднички настап со нашата Филхармонија, на 17. февруари идната година во салата НДК. Како најстара институција во земјава, Македонската филхармонија осум децении гради успешна музичка приказна-создава трајни уметнички вредности, едуцира, ја промовира класичната музика на највисоко ниво. Низа генерации учествувале во  креирањето на нејзиното јадро и ја обликуваа во највисок репрезент на симфониското музицирање, а голем дел од нив и вечерва присуствуваа на одбележувањето на јубилејот на својата матична куќа.  

The post Да живее музиката! Да живее Македонската филхармонија! – свечено одбележан јубилејот на најстарата институција во земјава appeared first on Република.

]]>
Симон Трпчески пред вечерашниот роденденски концерт на Македонската филхармонија: Секогаш кога се свири дома е посебно чувство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/simon-trpcheski-pred-vecherashniot-rodendenski-kontsert-na-makedonskata-filharmonija-sekogash-koga-se-sviri-doma-e-posebno-chuvstvo/ Thu, 28 Nov 2024 13:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=842802

Симон Трпчески со оркестарот на Филхармонијата за прв пат настапил на 15 години, реализирал уште неколку заеднички концерти низ годините, а вечерва ќе настапи на роденденскиот концерт насловен „80 години - Љубов“, на кој ќе го изведе „ Концертот за пијано и оркестар во а- мол“ од Едвард Григ.

Мило ми е што сум еве дел од нив. Секогаш кога се свири дома е посебно чувство. А, кога се има повод за особено еден ваков, сериозен и многу голем и убав јубилеј, секако дека чувствата работат со поголем интензитет. И мислам дека тоа се чувства кај сите колеги од оркестарот и им посакувам сѐ најдобро, вели Трпчески во изјава за Телма телевизија .

Покрај делото на Григ, ќе биде изведена праизведбата на „ Куклици“ од Ана Пандевска, со што продолжува традицијата на нашиот најголем симфониски оркестар за афирмација на домашното творештво, а во завршиницата ќе биде изведена Симфонијата бр 1- „Титан “ , од Густав Малер.

Меѓу гостите на концертот, ќе бидат и директорите на Филхармонијата од Софија и на Симфонискиот оркестар од Солун, пред првиот заеднички настап со нашата Филхармонија, на 17. февруари идната година во салата НДК.

Пред концертот, во фоајето ќе може да се види изложбата на фотографии, од развојот и најважните мигови во опстојот на Македонската филхармонија. А, ќе натапи и хорот „ Мирче Ацев“, со три композиции од основоположниците на овој оркестар, Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев.

Македонската филхармонија е формирана на 24 ноември 1944 година во домот на композиторот Тодор Скаловски. Првично се викала Државен симфониски оркестар. За 80 години постоење , одржала над 2500 концерти, со учество на над 3500 уметници.

The post Симон Трпчески пред вечерашниот роденденски концерт на Македонската филхармонија: Секогаш кога се свири дома е посебно чувство appeared first on Република.

]]>

Симон Трпчески со оркестарот на Филхармонијата за прв пат настапил на 15 години, реализирал уште неколку заеднички концерти низ годините, а вечерва ќе настапи на роденденскиот концерт насловен „80 години - Љубов“, на кој ќе го изведе „ Концертот за пијано и оркестар во а- мол“ од Едвард Григ.
Мило ми е што сум еве дел од нив. Секогаш кога се свири дома е посебно чувство. А, кога се има повод за особено еден ваков, сериозен и многу голем и убав јубилеј, секако дека чувствата работат со поголем интензитет. И мислам дека тоа се чувства кај сите колеги од оркестарот и им посакувам сѐ најдобро, вели Трпчески во изјава за Телма телевизија .
Покрај делото на Григ, ќе биде изведена праизведбата на „ Куклици“ од Ана Пандевска, со што продолжува традицијата на нашиот најголем симфониски оркестар за афирмација на домашното творештво, а во завршиницата ќе биде изведена Симфонијата бр 1- „Титан “ , од Густав Малер. Меѓу гостите на концертот, ќе бидат и директорите на Филхармонијата од Софија и на Симфонискиот оркестар од Солун, пред првиот заеднички настап со нашата Филхармонија, на 17. февруари идната година во салата НДК. Пред концертот, во фоајето ќе може да се види изложбата на фотографии, од развојот и најважните мигови во опстојот на Македонската филхармонија. А, ќе натапи и хорот „ Мирче Ацев“, со три композиции од основоположниците на овој оркестар, Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев. Македонската филхармонија е формирана на 24 ноември 1944 година во домот на композиторот Тодор Скаловски. Првично се викала Државен симфониски оркестар. За 80 години постоење , одржала над 2500 концерти, со учество на над 3500 уметници.

The post Симон Трпчески пред вечерашниот роденденски концерт на Македонската филхармонија: Секогаш кога се свири дома е посебно чувство appeared first on Република.

]]>