Економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/ekonomija/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 11:04:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/ekonomija/ 32 32 Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrov-za-14-e-namalen-brojot-na-vraboteni-vo-tekstilniot-sektor-najgolem-pad-vo-izminatite-15-godini/ Sat, 30 Nov 2024 11:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=843367

Во текстилниот сектор за 14% е намален бројот на работници во текот на оваа година, покажуваат анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Тој посочува дека во изминатите 15 години ова е најголемиот пад на вработени во овој сектор. Причината е што кризата во Германија се рефлектира врз работата на македонските текстилни компании, кои традиционално се поврзани со овој пазар и со нарачките од партнерите. Излезот од кризата тој го гледа во крајот на војната во Украина и враќање на оптимизмот на германската економија.

-Вкупниот број на работници го достигна минимумот за последните петнаесет години, значи помалку од 30.000 работници. И мислам дека додека состојбата во Германија не се поправи, додека оптимизмот кај тие граѓани не се поправи, да не мислат на скривници, на заштита од нуклеарен напад, мислам дека состојбата наредната година би се влошила уште повеќе, вели Димитров.

Според Димитров кредитите од унгарскиот заем се стимул за стопанството, во делот на инвестициите. Додека за текстилниот сектор поволностите од кредитите можат да ги искористат компаниите кои произведуваат работна облека, додека оние кои шијат лонг и се во делот на модната индустрија се соочуваат со намален обем на производството.

- Ако се земе во предвид каматната стапка тоа се поволни кредити. Дел од текстилната индустрија која произведува репро матрејали или работна облека, ќе искористи дел од тие кредити. Се разбира имаме гранки кои се во подобра состојба и се надевам дека ќе ги искористат овие можности. Сакам да кажам дека како идеја е одлична, вели Димитров.

Прашан кога ќе се одржи Економско-социјалниот совет, Димитров одговори дека се очекува на почетокот на декември. На седницата освен точката за минималната плата, која е предлог на Сојузот на синдикатите на Македонија, од страна на бизнис секторот ќе се бара и да се стават и други точки, а тоа се барањата за прочистување на списокот на невработени, законски измени за пензионерите кои сакаат да работат, како и за потрошувачката кошничка. Димитров смета дека доколку потрошувачката кошничка ја објавува Државниот завод за статистика ќе биде многу пореална и врз критериуми кои се прифатени од Светска банка.

The post Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години appeared first on Република.

]]>

Во текстилниот сектор за 14% е намален бројот на работници во текот на оваа година, покажуваат анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Тој посочува дека во изминатите 15 години ова е најголемиот пад на вработени во овој сектор. Причината е што кризата во Германија се рефлектира врз работата на македонските текстилни компании, кои традиционално се поврзани со овој пазар и со нарачките од партнерите. Излезот од кризата тој го гледа во крајот на војната во Украина и враќање на оптимизмот на германската економија. -Вкупниот број на работници го достигна минимумот за последните петнаесет години, значи помалку од 30.000 работници. И мислам дека додека состојбата во Германија не се поправи, додека оптимизмот кај тие граѓани не се поправи, да не мислат на скривници, на заштита од нуклеарен напад, мислам дека состојбата наредната година би се влошила уште повеќе, вели Димитров. Според Димитров кредитите од унгарскиот заем се стимул за стопанството, во делот на инвестициите. Додека за текстилниот сектор поволностите од кредитите можат да ги искористат компаниите кои произведуваат работна облека, додека оние кои шијат лонг и се во делот на модната индустрија се соочуваат со намален обем на производството. - Ако се земе во предвид каматната стапка тоа се поволни кредити. Дел од текстилната индустрија која произведува репро матрејали или работна облека, ќе искористи дел од тие кредити. Се разбира имаме гранки кои се во подобра состојба и се надевам дека ќе ги искористат овие можности. Сакам да кажам дека како идеја е одлична, вели Димитров. Прашан кога ќе се одржи Економско-социјалниот совет, Димитров одговори дека се очекува на почетокот на декември. На седницата освен точката за минималната плата, која е предлог на Сојузот на синдикатите на Македонија, од страна на бизнис секторот ќе се бара и да се стават и други точки, а тоа се барањата за прочистување на списокот на невработени, законски измени за пензионерите кои сакаат да работат, како и за потрошувачката кошничка. Димитров смета дека доколку потрошувачката кошничка ја објавува Државниот завод за статистика ќе биде многу пореална и врз критериуми кои се прифатени од Светска банка.

The post Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години appeared first on Република.

]]>
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-na-narodnata-banka-i-ebor-za-novata-strategija-za-zemjava-za-2025-2030-godina/ Sat, 30 Nov 2024 09:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=843342

Гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во нашата земја. Поводот за состанокот беше консултативната мисија на делегацијата за финализирање на новата Стратегија за земјата за периодот од 2025-2030 година.

Од НБ информираат дека целта на состанокот била да се споделат видувањата и разменат податоци за спроведување на транспарентен и инклузивен процес за изработка на новата стратегиска рамка за соработка со земјава. Дискусиите биле фокусирани на идентификување на приоритетите и можностите за поддршка на одржлив економски развој на земјава, поддршка на растот на приватниот сектор, како и на зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата, согласно целите на ЕБОР.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска на средбата посочиле дека Народната банка е посветена на соработката со ЕБОР во насока на зајакнување на економската отпорност и финансиската стабилност во земјава. Во сложеното економско окружување, кое носи повеќе ризици поврзани со геоекономската фрагментација, климатските промени, како и забавувањето на потенцијалот за раст на поразвиените економии, сè поизразена е потребата за спроведување институционални и структурни реформи, коишто ќе ја зголемат продуктивноста и потенцијалот за раст, односно за побрза конверегенција на домашната економија. Во изминатите неколку кризни години доходовната конвергенција стагнираше.

На средбата е нагласена и досегашната успешна соработка помеѓу Народната банка и ЕБОР и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти, вклучително и во финансискиот систем.

ЕБОР е посветена на поддршката на националниот и регионалниот економски развој на земјата преку сеопфатен и стратешки пристап. Со преку 2,9 милијарди евра инвестирани во 196 проекти од 1993 година, ЕБОР одигра клучна улога во зајакнувањето на конкурентноста, подобрувањето на инфраструктурата и поттикнувањето на дигитализацијата, енергетската одржливост и регионалната интеграција. Остануваме фокусирани на развојот на приватниот сектор, каде што со нашите напори ќе поттикнеме подинамична и поотпорна деловна средина. Исто така, посветени сме на понатамошно зајакнување на финансиската отпорност на земјата, поддршка на растот на приватниот сектор и обезбедување зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата во согласност со нашите долгорочни цели за одржлив развој, изјавил Туркменоглу, се наведува во соопштението од НБ.

The post Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во нашата земја. Поводот за состанокот беше консултативната мисија на делегацијата за финализирање на новата Стратегија за земјата за периодот од 2025-2030 година. Од НБ информираат дека целта на состанокот била да се споделат видувањата и разменат податоци за спроведување на транспарентен и инклузивен процес за изработка на новата стратегиска рамка за соработка со земјава. Дискусиите биле фокусирани на идентификување на приоритетите и можностите за поддршка на одржлив економски развој на земјава, поддршка на растот на приватниот сектор, како и на зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата, согласно целите на ЕБОР. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска на средбата посочиле дека Народната банка е посветена на соработката со ЕБОР во насока на зајакнување на економската отпорност и финансиската стабилност во земјава. Во сложеното економско окружување, кое носи повеќе ризици поврзани со геоекономската фрагментација, климатските промени, како и забавувањето на потенцијалот за раст на поразвиените економии, сè поизразена е потребата за спроведување институционални и структурни реформи, коишто ќе ја зголемат продуктивноста и потенцијалот за раст, односно за побрза конверегенција на домашната економија. Во изминатите неколку кризни години доходовната конвергенција стагнираше. На средбата е нагласена и досегашната успешна соработка помеѓу Народната банка и ЕБОР и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти, вклучително и во финансискиот систем.
ЕБОР е посветена на поддршката на националниот и регионалниот економски развој на земјата преку сеопфатен и стратешки пристап. Со преку 2,9 милијарди евра инвестирани во 196 проекти од 1993 година, ЕБОР одигра клучна улога во зајакнувањето на конкурентноста, подобрувањето на инфраструктурата и поттикнувањето на дигитализацијата, енергетската одржливост и регионалната интеграција. Остануваме фокусирани на развојот на приватниот сектор, каде што со нашите напори ќе поттикнеме подинамична и поотпорна деловна средина. Исто така, посветени сме на понатамошно зајакнување на финансиската отпорност на земјата, поддршка на растот на приватниот сектор и обезбедување зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата во согласност со нашите долгорочни цели за одржлив развој, изјавил Туркменоглу, се наведува во соопштението од НБ.

The post Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ke-se-gradi-alternativen-pat-na-trasata-tetovo-gostivar-za-da-ne-se-otsechat-zhitelite-od-polog/ Fri, 29 Nov 2024 15:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=843176

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

Динамиката на терен е засилена, потенцираше вицепремиерот Николоски, се работи на експропријацијата, а планот е прво да се градат нови мостови, па потоа да се рушат старите мостови. Трасата е изместена поради изградбата на цевководот за наводување на Полошкиот регион.

Ако ги срушиме мостовите тоа ќе биде сериозeн проблем за жителите бидејќи цели села и општнини, на пример Брвеница па и Гостивар ќе останат отсечени. Затоа со Изведувачот се договоривме прво да се работи на алтернативниот пат па потоа да се гради мост по мост и тоа прво да се изгради нов мост па да се руши стар мост. Исто така експропријацијата и таму ни излезе како проблем бидејќи таму не се претпоставувало изградба на цевковод за наводнување на Полог. Прво мораме да ја измениме трасата а тоа подразбира нова експрипријација и очекувам дека до март следната година ќе ја завршиме експропријацијатa, истакна министерот Николоски.

Во однос на трасата Гостивар Букојчани, потенцираше дека очекувано е да се заврши во рок од три години односно до крај на 2027 година, а за следната година во буџетот предвидени се околу 8 милијарди денари за изградба на автопатите на Коридор 8 и 10д.

The post Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог appeared first on Република.

]]>

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски. Динамиката на терен е засилена, потенцираше вицепремиерот Николоски, се работи на експропријацијата, а планот е прво да се градат нови мостови, па потоа да се рушат старите мостови. Трасата е изместена поради изградбата на цевководот за наводување на Полошкиот регион.
Ако ги срушиме мостовите тоа ќе биде сериозeн проблем за жителите бидејќи цели села и општнини, на пример Брвеница па и Гостивар ќе останат отсечени. Затоа со Изведувачот се договоривме прво да се работи на алтернативниот пат па потоа да се гради мост по мост и тоа прво да се изгради нов мост па да се руши стар мост. Исто така експропријацијата и таму ни излезе како проблем бидејќи таму не се претпоставувало изградба на цевковод за наводнување на Полог. Прво мораме да ја измениме трасата а тоа подразбира нова експрипријација и очекувам дека до март следната година ќе ја завршиме експропријацијатa, истакна министерот Николоски.
Во однос на трасата Гостивар Букојчани, потенцираше дека очекувано е да се заврши во рок од три години односно до крај на 2027 година, а за следната година во буџетот предвидени се околу 8 милијарди денари за изградба на автопатите на Коридор 8 и 10д.

The post Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог appeared first on Република.

]]>
Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pad-na-industriskoto-proizvodstvo-vo-oktomvri-od-1-1-protsent/ Fri, 29 Nov 2024 13:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=843138

Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика.

Според денеска објавените податоци, пад од 20,9 проценти е забележано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 8,2 проценти во секторот Рударство и вадење на камен.

Во секторот Преработувачка индустрија е забележан раст од 3,1 процент и тоа е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во производството на тутунски производи, печатење и продукција на снимени медиуми, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство
на електрична опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани индустриското производство бележи опаѓање од 3,8 проценти.

The post Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент appeared first on Република.

]]>

Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика. Според денеска објавените податоци, пад од 20,9 проценти е забележано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 8,2 проценти во секторот Рударство и вадење на камен. Во секторот Преработувачка индустрија е забележан раст од 3,1 процент и тоа е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во производството на тутунски производи, печатење и продукција на снимени медиуми, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел. Во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани индустриското производство бележи опаѓање од 3,8 проценти.

The post Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-utvrdeni-se-uslovite-za-ungarskiot-kredit-ochekuvam-800-milioni-evra-investitsiski-tsiklus-toa-e-5-protsenti-od-bruto-domashniot-proizvod/ Fri, 29 Nov 2024 12:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=843130

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави:

Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на Македонската банка за поддршка на развојот, а таа потоа да комуницира со комерцијалните банки. Таа комуникација очекувам веќе да се случи во текот на следната недела и официјално да започне овој проект. Секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, тоа е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку, минимум. Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвер и така натаму, производни капацитети од обновлива енергија коишто ќе произведуваат енергија од обновливи извори на енергија.

Понатаму, исто така се опфатени сите оние компании коишто сакааат да инвестираат во административен простор, во магацински простор и така натаму, бидејќи еден производен погон вие мора градежно да го затворите, мора тоа да го изградите. Така што очекувам најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус. И заедно со оние 500 милиони евра коишто ги реалоцираме кон општините, ќе дојдеме до вкупна бројка од 800 милиони евра или тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ, ако го проектираме на 16 милијарди евра, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

The post Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави:
Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на Македонската банка за поддршка на развојот, а таа потоа да комуницира со комерцијалните банки. Таа комуникација очекувам веќе да се случи во текот на следната недела и официјално да започне овој проект. Секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, тоа е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку, минимум. Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвер и така натаму, производни капацитети од обновлива енергија коишто ќе произведуваат енергија од обновливи извори на енергија. Понатаму, исто така се опфатени сите оние компании коишто сакааат да инвестираат во административен простор, во магацински простор и така натаму, бидејќи еден производен погон вие мора градежно да го затворите, мора тоа да го изградите. Така што очекувам најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус. И заедно со оние 500 милиони евра коишто ги реалоцираме кон општините, ќе дојдеме до вкупна бројка од 800 милиони евра или тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ, ако го проектираме на 16 милијарди евра, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

The post Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ appeared first on Република.

]]>
Да се користат безбедни интернет врски, никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа: Народна банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/da-se-koristat-bezbedni-internet-vrski-nikogash-da-ne-se-kupuva-preku-javna-wi-fi-mrezha-narodna-banka-so-preporaki-do-graganite-za-bezbedno-onlajn-kupuvane/ Fri, 29 Nov 2024 09:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=843022

Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење.

Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.

Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет - купувајте паметно, останете заштитени!, препорачуваат од Народната банка.

Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по намалени цени.

The post Да се користат безбедни интернет врски, никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа: Народна банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување appeared first on Република.

]]>

Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење. Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции. Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет - купувајте паметно, останете заштитени!, препорачуваат од Народната банка. Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по намалени цени.

The post Да се користат безбедни интернет врски, никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа: Народна банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до Битиќи: Заврши времето кога некои инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-do-bitiki-zavrshi-vremeto-koga-nekoi-investitori-imale-privilegii-poradi-interes-na-odredeni-politichki-moknitsi/ Thu, 28 Nov 2024 17:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=842888

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го имате вие“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.

„Ако ние сме ги менувале позициите согласно потребите ниту Акуо Енерџи, ниту Митилинеос сончевиот парк во Пехчево, ниту белгиската инвестиција не се најдоа во парламент. А не се најдоа во Парламент и нема да се најдат во Парламент под тие услови кои вие ги прифативте поради многу причини. А тие причини овие сите инвестиции ги разликува од оваа инвестиција за која што јас зборував Алказар“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски објасни детално зошто Алказар инвестира во државата и објасни дека за истата таа компанија нема поволности, како и дека не е согласност Законот за стратешки инвестиции, туку самата компанија настапува на слободниот пазар.

„За инвестицијата Алказар, господине Фатмир Битиќи не е потребно да има владина седница, затоа што нема поволности и не е согласност Законот за стратешки инвестиции, затоа што самата компанија настапува на слободниот пазар со производот кој што ќе го произведе откако ќе биде готов овој ветерен парк. Не нудиме загарантиран откуп со загарантирана цена за период од 15, 20 или 25 години, не нудиме даночни ослободувања и слично. Не нудиме земја гратис, туку урбанизација и се разбира купување на таа земја согласно процедурите и применливото право, приклучок согласност правилата на МЕПСО без повластени тарифи, без повластени договори, без тајни и скриени агенди итн. Со други зборови разликата помеѓу оваа инвестиција за која јас зборам од половина милијарда долари и овие за кои вие зборувате е црно бела, бидејќи кај оваа нема никакви привилегии а кај овие другите инвестиции вие дававте се“, додаде премиерот Мицкоски.

„Еве ќе почнам од првата. Акуо Енерџи точно станува збор за реномирана француска компанија и беа кај мене. И разговаравме и кога бевме во опозиција и разговаравме и кога сум претседател на Владата. Им ги кажав трите суштински забелешки. Еве ќе ви ги кажам и вас, не можам да се сложам опфат на сончева централа да биде земјоделско земјиште да биде од прва, втора или трета категорија. Затоа што мислам и убеден сум дека таквото земјоделско земјиште треба да се обработува, да носи производи и од тие производи да се хранат македонските граѓани. И затоа им предложив во опфатот да си обезбедат земја која што ќе биде четврта и повисока категорија, затоа што таквата земја нашите земјоделци не ја користат или многу малку ја користат“, нагласи Мицкоски.

„Второ, не можеме во четири очи. Туку тоа мора да биде јавна и транспарентна постапка која што ќе ја прави општината. Не можеме преку четири очи преку законот за стратешки инвестиции. Трето, имајќи во предвид дека соларните централи се трудово неизнтензивни објекти, не вработуваат луѓе, можеби неколкумина кои се грижат за безбедноста и целиот мониторинг на производство на телефон, толкава инсталирана моќност може да направи технички импликации на системот. И ги поставив прашањата кои ќе ве балансира, затоа што во еден момент вие ќе имате 400 мега вати кои нема да ви требаат, прашањето беше кој ќе ве балансира, им понудив да си инсталираат батерии. Се прави законот преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство и им го понудив како опција тоа. И конечно на крај, не можеме ние да им понудиме како опција 55 евра мегават час само на нив, а на останатите кои што денеска произведуваат електрична енергија од сончеви панели и ја продаваат на слободниот пазар да не им го понудиме истото тоа. Што се тие по привилегирани од останатите“, дециден е Мицкоски.

„Прво Митилинеос дури и кога беше донесен стратешкиот договор овде беше со измината банкарска гаранција. Второ тие услови кои вие им ги понудивте, јас ви гарантирам дека најмалку 10 македонски бизнисмени утре ќе инвестираат. Зошто да го дадеме тоа на Митилинеос, ајде нека го инвестира ЕСМ или некој македонски бизнисмен, рече тој и посочи дека истото важи за сите инвестиции“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски порача доколку другите инвеститори сакаат да инвестираат под условите како Алказар, слободно да дојдат утре да потпишат договор, укажувајќи дека времето „како до сега“ каде одредени инвеститори имале привилегии затоа што некој политички моќник имал интерес заврши.

„Не може ние да даваме привилегии, ако на еден дадеме ќе мора на сите да дадеме. Не може на едни да дадеме затоа што некој политички моќник имал интерес, а на другите да не даваме. Тие времиња „како до сега“ завршија. Сакам да бидам најдиректен, разликата е огромна, под истите услови кои што инвестира Алказар, сите овие нека дојдат утре ќе ги потпишеме договорите“, порача Мицкоски.

The post Мицкоски до Битиќи: Заврши времето кога некои инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници appeared first on Република.

]]>

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го имате вие“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.
„Ако ние сме ги менувале позициите согласно потребите ниту Акуо Енерџи, ниту Митилинеос сончевиот парк во Пехчево, ниту белгиската инвестиција не се најдоа во парламент. А не се најдоа во Парламент и нема да се најдат во Парламент под тие услови кои вие ги прифативте поради многу причини. А тие причини овие сите инвестиции ги разликува од оваа инвестиција за која што јас зборував Алказар“, изјави тој. Премиерот Мицкоски објасни детално зошто Алказар инвестира во државата и објасни дека за истата таа компанија нема поволности, како и дека не е согласност Законот за стратешки инвестиции, туку самата компанија настапува на слободниот пазар.
„За инвестицијата Алказар, господине Фатмир Битиќи не е потребно да има владина седница, затоа што нема поволности и не е согласност Законот за стратешки инвестиции, затоа што самата компанија настапува на слободниот пазар со производот кој што ќе го произведе откако ќе биде готов овој ветерен парк. Не нудиме загарантиран откуп со загарантирана цена за период од 15, 20 или 25 години, не нудиме даночни ослободувања и слично. Не нудиме земја гратис, туку урбанизација и се разбира купување на таа земја согласно процедурите и применливото право, приклучок согласност правилата на МЕПСО без повластени тарифи, без повластени договори, без тајни и скриени агенди итн. Со други зборови разликата помеѓу оваа инвестиција за која јас зборам од половина милијарда долари и овие за кои вие зборувате е црно бела, бидејќи кај оваа нема никакви привилегии а кај овие другите инвестиции вие дававте се“, додаде премиерот Мицкоски.
„Еве ќе почнам од првата. Акуо Енерџи точно станува збор за реномирана француска компанија и беа кај мене. И разговаравме и кога бевме во опозиција и разговаравме и кога сум претседател на Владата. Им ги кажав трите суштински забелешки. Еве ќе ви ги кажам и вас, не можам да се сложам опфат на сончева централа да биде земјоделско земјиште да биде од прва, втора или трета категорија. Затоа што мислам и убеден сум дека таквото земјоделско земјиште треба да се обработува, да носи производи и од тие производи да се хранат македонските граѓани. И затоа им предложив во опфатот да си обезбедат земја која што ќе биде четврта и повисока категорија, затоа што таквата земја нашите земјоделци не ја користат или многу малку ја користат“, нагласи Мицкоски.
„Второ, не можеме во четири очи. Туку тоа мора да биде јавна и транспарентна постапка која што ќе ја прави општината. Не можеме преку четири очи преку законот за стратешки инвестиции. Трето, имајќи во предвид дека соларните централи се трудово неизнтензивни објекти, не вработуваат луѓе, можеби неколкумина кои се грижат за безбедноста и целиот мониторинг на производство на телефон, толкава инсталирана моќност може да направи технички импликации на системот. И ги поставив прашањата кои ќе ве балансира, затоа што во еден момент вие ќе имате 400 мега вати кои нема да ви требаат, прашањето беше кој ќе ве балансира, им понудив да си инсталираат батерии. Се прави законот преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство и им го понудив како опција тоа. И конечно на крај, не можеме ние да им понудиме како опција 55 евра мегават час само на нив, а на останатите кои што денеска произведуваат електрична енергија од сончеви панели и ја продаваат на слободниот пазар да не им го понудиме истото тоа. Што се тие по привилегирани од останатите“, дециден е Мицкоски.
„Прво Митилинеос дури и кога беше донесен стратешкиот договор овде беше со измината банкарска гаранција. Второ тие услови кои вие им ги понудивте, јас ви гарантирам дека најмалку 10 македонски бизнисмени утре ќе инвестираат. Зошто да го дадеме тоа на Митилинеос, ајде нека го инвестира ЕСМ или некој македонски бизнисмен, рече тој и посочи дека истото важи за сите инвестиции“, вели премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски порача доколку другите инвеститори сакаат да инвестираат под условите како Алказар, слободно да дојдат утре да потпишат договор, укажувајќи дека времето „како до сега“ каде одредени инвеститори имале привилегии затоа што некој политички моќник имал интерес заврши.
„Не може ние да даваме привилегии, ако на еден дадеме ќе мора на сите да дадеме. Не може на едни да дадеме затоа што некој политички моќник имал интерес, а на другите да не даваме. Тие времиња „како до сега“ завршија. Сакам да бидам најдиректен, разликата е огромна, под истите услови кои што инвестира Алказар, сите овие нека дојдат утре ќе ги потпишеме договорите“, порача Мицкоски.

The post Мицкоски до Битиќи: Заврши времето кога некои инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници appeared first on Република.

]]>
АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ad-esm-ponudi-tsena-povisoka-za-dve-evra-na-tenderot-na-evn-houm/ Thu, 28 Nov 2024 16:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=842879

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално од еден до три проценти.

The post АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година. Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари. Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално од еден до три проценти.

The post АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум appeared first on Република.

]]>
Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-bugarskata-strana-da-sobere-hrabrost-da-se-odrzhi-tretiot-sostanok-za-izgradbata-na-prugata-2/ Thu, 28 Nov 2024 15:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=842741

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри да се одржи третата средбата што беше плаирана за неделава за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија.

Одговарајќи на прашање од пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски дали свесно и намерно се одолговлекува изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 и за давање приоритет на Коридорот 10, Николоски рече дека апсолутно е потребна првин рехабилитација и реконструкција на пругата на Коридор 10 и оти секако големата визија е брза пруга, на која би се оперилало со 200 километри на час во патничкиот сообраќај и 120 во товарниот.

-Тоа, според мене би бил крвотокот на Македонија но исто така и користење на стратешката позиција. Додека  тоа го правиме се работи и на Коридорот 8 каде има три дела, рече Николоски. Првиот дел од пругата Куманово-Белјаковце во должина од 31 километар најави дека ќе биде завршен до крајот на годината. За вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, посочи дека активностите се одвиваат споро и повикува да постапува Обвинителството.

- Причина е изведувачот, изградени се 27,3 проценти, а рокот е октомври 2026. Го повикувам Обвинителството да истражи како е избрана компанијата Ѓулермак, дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање и на тој начин е отфрлена конкуренцијата. За ова имам доставено и пријави до ЈО  како и ревизроски извештаи, но досега не е направено ништо, рече министерот за транспорт.

Во однос на третата фаза, соопшти дека бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.

- Очекувам да соберат храброст да се одржи и третиот состанок кој беше договорен, еден имаше во Брисел, еден во Софија. Неделава требаше да е во Скопје, сега замолуваат за следната, па за следната. Нека соберат храброст нека дојдат да ја затвориме оваа тема и еднаш засекогаш ова прашање да се затвори, затоа што нашите аргумети се јасни и тие стојат - мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра да чини изградба на пруга сосе електрификација, мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел што треба да ги спојува двете држави и да си го завршат нивниот дел од работата односно да се спојат до граница, рече Николоски.

Нагласи дека апсолутно треба да ја користиме стратешката позиција на Македонија како крстосница и тоа треба да е приоритет број еден, но, како што рече, исто така треба да сме свесни дека ништо не се правело односно многу малку се правело во однос на ова во минатото.

Во тој контекст оцени дека состојбата со Железницата е повеќе од катастрофална, откако станал министер е обезбедена редовна исплата на плати во железничките претпријатија и оти следен горлив проблем е реструктуирањето и на МЖ Инфраструктура и на МЖ Транспорт.

Николоски тврди дека како резултат на одговорно работење двете железнички претпријатија ќе завршат со позитивни резултати за периодот од втората половина од годината, но оти сепак, поради работењето во првите шест месеци на крај ќе завршат со негативен биланс.

Истакна дека ја подобруваат и лошата состојба што ја наследиле во патничкиот и во товарниот сообраќај.

- Патнички возови скоро и да немаше можност да оперираат. За товарниот имавме тешки напори да се стави во функција, кога станав министер на пругите имаше над 24 композиции за кои немаше локомотива бидејќи на почеток на јуни имаше нула функционални локомотиви. Сега состојбата е подобра, имаме шест функционални локомотиви, а очекувам до крајот на годната да има девет. Не е некое достигнување,  но од нула е многу подобро и веќе се стабилизира карго сообраќајот. Имаме амбиција за стабилизирање и на патничкиот, од декември ќе имаме два воза дневно до Гевгелија, наведе Николоски

The post Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри да се одржи третата средбата што беше плаирана за неделава за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија. Одговарајќи на прашање од пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски дали свесно и намерно се одолговлекува изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 и за давање приоритет на Коридорот 10, Николоски рече дека апсолутно е потребна првин рехабилитација и реконструкција на пругата на Коридор 10 и оти секако големата визија е брза пруга, на која би се оперилало со 200 километри на час во патничкиот сообраќај и 120 во товарниот. -Тоа, според мене би бил крвотокот на Македонија но исто така и користење на стратешката позиција. Додека  тоа го правиме се работи и на Коридорот 8 каде има три дела, рече Николоски. Првиот дел од пругата Куманово-Белјаковце во должина од 31 километар најави дека ќе биде завршен до крајот на годината. За вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, посочи дека активностите се одвиваат споро и повикува да постапува Обвинителството. - Причина е изведувачот, изградени се 27,3 проценти, а рокот е октомври 2026. Го повикувам Обвинителството да истражи како е избрана компанијата Ѓулермак, дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање и на тој начин е отфрлена конкуренцијата. За ова имам доставено и пријави до ЈО  како и ревизроски извештаи, но досега не е направено ништо, рече министерот за транспорт. Во однос на третата фаза, соопшти дека бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.
- Очекувам да соберат храброст да се одржи и третиот состанок кој беше договорен, еден имаше во Брисел, еден во Софија. Неделава требаше да е во Скопје, сега замолуваат за следната, па за следната. Нека соберат храброст нека дојдат да ја затвориме оваа тема и еднаш засекогаш ова прашање да се затвори, затоа што нашите аргумети се јасни и тие стојат - мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра да чини изградба на пруга сосе електрификација, мора да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел што треба да ги спојува двете држави и да си го завршат нивниот дел од работата односно да се спојат до граница, рече Николоски.
Нагласи дека апсолутно треба да ја користиме стратешката позиција на Македонија како крстосница и тоа треба да е приоритет број еден, но, како што рече, исто така треба да сме свесни дека ништо не се правело односно многу малку се правело во однос на ова во минатото. Во тој контекст оцени дека состојбата со Железницата е повеќе од катастрофална, откако станал министер е обезбедена редовна исплата на плати во железничките претпријатија и оти следен горлив проблем е реструктуирањето и на МЖ Инфраструктура и на МЖ Транспорт. Николоски тврди дека како резултат на одговорно работење двете железнички претпријатија ќе завршат со позитивни резултати за периодот од втората половина од годината, но оти сепак, поради работењето во првите шест месеци на крај ќе завршат со негативен биланс. Истакна дека ја подобруваат и лошата состојба што ја наследиле во патничкиот и во товарниот сообраќај.
- Патнички возови скоро и да немаше можност да оперираат. За товарниот имавме тешки напори да се стави во функција, кога станав министер на пругите имаше над 24 композиции за кои немаше локомотива бидејќи на почеток на јуни имаше нула функционални локомотиви. Сега состојбата е подобра, имаме шест функционални локомотиви, а очекувам до крајот на годната да има девет. Не е некое достигнување,  но од нула е многу подобро и веќе се стабилизира карго сообраќајот. Имаме амбиција за стабилизирање и на патничкиот, од декември ќе имаме два воза дневно до Гевгелија, наведе Николоски

The post Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-sostojbata-vo-budhetot-koja-shto-ja-nasledivme-beshe-alarmantna-jo-da-go-istrazhi-raboteneto-vo-rek-bitola-dolgot-e-5-milijardi-denari/ Thu, 28 Nov 2024 13:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=842791

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата која што ја наследил била алармантна, укажувајќи дека оваа Влада е единствената Влада која во процес на формирање беше нападната од опозицијата, но и од одредени здруженија и синдикални организации.

Состојбата не беше тешка, туку алармантна. И можеби оваа Влада е единствената Влада уште во процесот на формирање беше нападната од страна на денешната опозиција, но истовремено нападната и од одредени здруженија на граѓани, синдикални организации дека е против работничките права, зголемување на платите, вели тој.

Претседателот на Владата Мицкоски потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат.

Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано излегуваа на површина акумулирани долгови што тоа не загрижи и велевме сега што правиме и како ќе ја завршиме годината, имајќи во предвид дека за редовните исплати недостасуваа средства. Недисциплина, демотивирање во администрацијата, моралот беше на ниско ниво, се уште во институциите распослани кадри од претходната власт на СДСМ и ДУИ.

Само за редовна исплата на пензии, недостасуваа 5 милијарди денари во Буџетот. Точно 5 милијарди денари во Буџетот. Но, не било заборавено да бидат исплатени авансите за проектите кои што никогаш не тргнале. Еве на пример не бил заборавен да се исплати речиси 300 милиони евра за еден клучен проект, кој што требаше оваа Влада да дојде, да ги откочи сите проекти, и да може денеска тој проект да се движи и тоа се гледа на лице место. Тоа е проектот кој што ќе ги поврзува во иднина Гостивар со селото Букојчани и Прилеп со Битола, истакна тој.

Еве јас го повикувам јавниот обвинител да влезе и да види кој е подизведувач на делницата од Гостивар до Букојчани и дали тој подизведувач е сопственик на позната куќа која што цела Македонија ја знае во едно рурално место од Западна Македонија, во близина на Тетово. И дали на тој подизведувач му е одземена лиценцата поради тоа што му се урна мостот бидејќи тој „случајно“ бил подизведувач и на еден друг проект на пругата кој што е дел од коридорот 8. Му се урна мостот, истакна премиерот и го повика повторно јавниот обвинител да го истражи целиот случај доколку е подготвен.

Премиерот Мицкоски додаде дека со ребаланс на Буџетот, Владата обезбедила и 1 милијарда денари за к15 на вработените во администрацијата.

Понатаму, бидејќи сме за работничките права 1 милијарда денари недостасуваа за К15. Не ја предвиделе во Буџетот, со ребалансот ние и тие ги обезбедивме, 1 милијарда денари сега во декември ќе се исплати на вработените повеќе од 83 илјади во јавната администрација, додаде Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ закочила половина милијарда евра пари обезбедени од ЕИБ за комунални проекти во општините, бидејќи поголем број од градоначалниците биле од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сегашниот министер за животна средина Меџити го откочил овој процес бидејќи тие пари се за проекти за граѓаните.

Оваа Влада обезбеди речиси 500 милиони евра инвестиции во сите општини во цела Македонија без разлика дали градоначалникот е од ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, независен, ВРЕДИ значи не се бираше. А знаете што правела претходната Влада, бидејќи јас очекував за тоа да се збори кога станува збор за Министерството за животна средина, 50 милиони евра земени пари, одобрени пари од Европска инвестициска банка за проекти за комунална инфраструктура, водоводи и канализации стоеле затоа што градоначалниците најголем дел биле од опозицијата во тоа време. Е дојде сега овој министер Изет Меџити го одглави процесот без разлика што ќе има корисници од различни политички партии, тоа е за граѓаните. Пола милијарда евра за граѓаните.

Кога зборувавме за овој инвестициски бран, тогаш сите велеа дека ќе има партиска чистка, ние што велевме еве и тие кои што немаат подготвено проектна документација дадовме дополнителен рок до 15 ноември доставија и ќе добијат. Тука ќе има проекти и во Липково, и во Желино и во Тетово, Штип, Струмица, и во Струга, и во Делчево и во Пробиштип, и во Врапчиште и во Боговиње. Но, за жал се уште поедини политичари живеат во времето од пред 100 години, наместо да гледаме напред за 100 години, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека Јавниот обвинител треба да го истражи и работењето во РЕК Битола, бидејќи како што рече таму долгот е 5 милијарди денари.

Немаше предвидено за плати во неколку јавни претпријатија и во институции. Но, бидејќи го спомнавте РЕК Битола 5 милијарди денари е долгот. И еве повторно го повикувам Јавниот обвинител ако не е анкциозен, со повисока температура, со грчеви во стомакот и цревата да влезат во компанијата и да истражат како инстант компании, јас ќе им ги дадам адресите од рурални места во Западна Македонија преку ноќ стануваат милионери, еве јас ќе им ги дадам адресите, име и презиме од сопствениците на тие компании.

The post Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата која што ја наследил била алармантна, укажувајќи дека оваа Влада е единствената Влада која во процес на формирање беше нападната од опозицијата, но и од одредени здруженија и синдикални организации.
Состојбата не беше тешка, туку алармантна. И можеби оваа Влада е единствената Влада уште во процесот на формирање беше нападната од страна на денешната опозиција, но истовремено нападната и од одредени здруженија на граѓани, синдикални организации дека е против работничките права, зголемување на платите, вели тој.
Претседателот на Владата Мицкоски потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат.
Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано излегуваа на површина акумулирани долгови што тоа не загрижи и велевме сега што правиме и како ќе ја завршиме годината, имајќи во предвид дека за редовните исплати недостасуваа средства. Недисциплина, демотивирање во администрацијата, моралот беше на ниско ниво, се уште во институциите распослани кадри од претходната власт на СДСМ и ДУИ. Само за редовна исплата на пензии, недостасуваа 5 милијарди денари во Буџетот. Точно 5 милијарди денари во Буџетот. Но, не било заборавено да бидат исплатени авансите за проектите кои што никогаш не тргнале. Еве на пример не бил заборавен да се исплати речиси 300 милиони евра за еден клучен проект, кој што требаше оваа Влада да дојде, да ги откочи сите проекти, и да може денеска тој проект да се движи и тоа се гледа на лице место. Тоа е проектот кој што ќе ги поврзува во иднина Гостивар со селото Букојчани и Прилеп со Битола, истакна тој. Еве јас го повикувам јавниот обвинител да влезе и да види кој е подизведувач на делницата од Гостивар до Букојчани и дали тој подизведувач е сопственик на позната куќа која што цела Македонија ја знае во едно рурално место од Западна Македонија, во близина на Тетово. И дали на тој подизведувач му е одземена лиценцата поради тоа што му се урна мостот бидејќи тој „случајно“ бил подизведувач и на еден друг проект на пругата кој што е дел од коридорот 8. Му се урна мостот, истакна премиерот и го повика повторно јавниот обвинител да го истражи целиот случај доколку е подготвен.
Премиерот Мицкоски додаде дека со ребаланс на Буџетот, Владата обезбедила и 1 милијарда денари за к15 на вработените во администрацијата.
Понатаму, бидејќи сме за работничките права 1 милијарда денари недостасуваа за К15. Не ја предвиделе во Буџетот, со ребалансот ние и тие ги обезбедивме, 1 милијарда денари сега во декември ќе се исплати на вработените повеќе од 83 илјади во јавната администрација, додаде Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ закочила половина милијарда евра пари обезбедени од ЕИБ за комунални проекти во општините, бидејќи поголем број од градоначалниците биле од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сегашниот министер за животна средина Меџити го откочил овој процес бидејќи тие пари се за проекти за граѓаните.
Оваа Влада обезбеди речиси 500 милиони евра инвестиции во сите општини во цела Македонија без разлика дали градоначалникот е од ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, независен, ВРЕДИ значи не се бираше. А знаете што правела претходната Влада, бидејќи јас очекував за тоа да се збори кога станува збор за Министерството за животна средина, 50 милиони евра земени пари, одобрени пари од Европска инвестициска банка за проекти за комунална инфраструктура, водоводи и канализации стоеле затоа што градоначалниците најголем дел биле од опозицијата во тоа време. Е дојде сега овој министер Изет Меџити го одглави процесот без разлика што ќе има корисници од различни политички партии, тоа е за граѓаните. Пола милијарда евра за граѓаните. Кога зборувавме за овој инвестициски бран, тогаш сите велеа дека ќе има партиска чистка, ние што велевме еве и тие кои што немаат подготвено проектна документација дадовме дополнителен рок до 15 ноември доставија и ќе добијат. Тука ќе има проекти и во Липково, и во Желино и во Тетово, Штип, Струмица, и во Струга, и во Делчево и во Пробиштип, и во Врапчиште и во Боговиње. Но, за жал се уште поедини политичари живеат во времето од пред 100 години, наместо да гледаме напред за 100 години, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека Јавниот обвинител треба да го истражи и работењето во РЕК Битола, бидејќи како што рече таму долгот е 5 милијарди денари.
Немаше предвидено за плати во неколку јавни претпријатија и во институции. Но, бидејќи го спомнавте РЕК Битола 5 милијарди денари е долгот. И еве повторно го повикувам Јавниот обвинител ако не е анкциозен, со повисока температура, со грчеви во стомакот и цревата да влезат во компанијата и да истражат како инстант компании, јас ќе им ги дадам адресите од рурални места во Западна Македонија преку ноќ стануваат милионери, еве јас ќе им ги дадам адресите, име и презиме од сопствениците на тие компании.
 
The post Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари appeared first on Република.

]]>
Владата и банките постигнаа договор: Средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-i-bankite-postignaa-dogovor-sredstvata-od-ungarskiot-kredit-ke-go-pridvizhat-stopanstvoto/ Thu, 28 Nov 2024 09:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=842654

Постигнат е договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.

На седница на Влада се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитната линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.

Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови: минимален износ по корисник до 10 милиони евра, рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс-период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс-периодот. Фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување, сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата - посочи Митева.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва, ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата. Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5% од БДП, средства кои што очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост - посочи Митева.

The post Владата и банките постигнаа договор: Средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството appeared first on Република.

]]>

Постигнат е договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството, информира портпаролката на Владата, Марија Митева. На седница на Влада се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитната линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.
Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови: минимален износ по корисник до 10 милиони евра, рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс-период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс-периодот. Фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување, сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата - посочи Митева.
Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва, ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.
Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата. Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5% од БДП, средства кои што очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост - посочи Митева.

The post Владата и банките постигнаа договор: Средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-so-poddrshka-od-oetsd-makedonija-ke-stane-del-od-zemjite-koi-gi-implementiraat-standardite-za-avtomatska-razmena-na-podatotsi/ Thu, 28 Nov 2024 09:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=842633

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.

Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите - рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.

Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци.

Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.

The post Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци appeared first on Република.

]]>

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај. Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.
Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите - рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.
Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци. Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.

The post Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци appeared first on Република.

]]>
Блек фрајдеј – светско шопинг лудило во македонска режија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/blek-frajdej-svetsko-shoping-ludilo-vo-makedonska-rezhija/ Thu, 28 Nov 2024 09:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=841915

Утрешниот ден, последниот петок од ноември, сите го бележат како ден кога владее вистинско шопинг лудило.

Во Америка од каде и потекнува инцијативата за блек фрајдеј, попустите се навистина попусти. Тамошните трговци во трка да се ослободат од старата роба и да направат место на новите нарачки, продаваат пошто пото, спуштајќи ги цените до максимум, па таму на овој црн ден паѓаат и тепачки во очаен обид да се купи некое парче техника, облека, обувки.

Кај нас ситуацијата е малку поинаква. Од секаде вриштат натписи, попуст, сале до 70, 80 или дури и 90 отсто, па луѓето како маѓепсани трчаат од продавница, до продавница да се искористи нели попустот. Дали е реален и навистина дали има попуст, е дискутабилно, со оглед на тоа дека трговците, барем во државава, успеваат претходно максимално да ги набилдаат цените, па потоа као пуштаат попуст. Така, наместо вистински попуст, купувачот плаќа цена која е блиска или идентична на редовната.

Честопати, најголемите попусти се однесуваат на ограничени количини или стари залихи кои трговците сакаат да ги расчистат. Тоа значи дека „70% попуст“ може да важи само за неколку примероци или за модели кои повеќе не се популарни.

Воедно трговците користат неколку производи со екстремни попусти како „мамец“ за да ги привлечат купувачите, додека остатокот од понудата има минимални или никакви намалувања, но луѓето се лажат дека божем пазареле со попуст.

Истражувања спроведени од потрошувачки здруженија во Европа и САД покажуваат дека: Само околу 20% од производите навистина се продаваат по најниска цена на „Блек Фрајдеј“.

Дури 40% од производите се продаваат по истата цена или малку пониска од онаа пред неколку недели.
Некои производи, особено електроника и мали апарати, понекогаш се поевтини во други периоди на годината.

Управата за јавни приходи (УЈП) во пресрет на најавениот „блек фрајдеј-викенд“ упати препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги да ги изразат и наведат при издавање на сметката.

Пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.
Директорката на УЈП, Елена Петрова укажува на што треба да се внимава за време на утрешниот ден.

Од УЈП потсетуваат дека потрошувачите при купувањето се должни да побараат фискална сметка и да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот поради контрола.

Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки, потенцираат од УЈП.

Како и да е, не е на одмет да се направи некој круг низ продавниците, па можеби и ќе се најде нешто поевтино.

Автор: Александрија С.Николовска
Снимател: Александар Ивановски
Монтажа: Александар Арсовски

The post Блек фрајдеј – светско шопинг лудило во македонска режија appeared first on Република.

]]>

Утрешниот ден, последниот петок од ноември, сите го бележат како ден кога владее вистинско шопинг лудило. Во Америка од каде и потекнува инцијативата за блек фрајдеј, попустите се навистина попусти. Тамошните трговци во трка да се ослободат од старата роба и да направат место на новите нарачки, продаваат пошто пото, спуштајќи ги цените до максимум, па таму на овој црн ден паѓаат и тепачки во очаен обид да се купи некое парче техника, облека, обувки. Кај нас ситуацијата е малку поинаква. Од секаде вриштат натписи, попуст, сале до 70, 80 или дури и 90 отсто, па луѓето како маѓепсани трчаат од продавница, до продавница да се искористи нели попустот. Дали е реален и навистина дали има попуст, е дискутабилно, со оглед на тоа дека трговците, барем во државава, успеваат претходно максимално да ги набилдаат цените, па потоа као пуштаат попуст. Така, наместо вистински попуст, купувачот плаќа цена која е блиска или идентична на редовната. Честопати, најголемите попусти се однесуваат на ограничени количини или стари залихи кои трговците сакаат да ги расчистат. Тоа значи дека „70% попуст“ може да важи само за неколку примероци или за модели кои повеќе не се популарни. Воедно трговците користат неколку производи со екстремни попусти како „мамец“ за да ги привлечат купувачите, додека остатокот од понудата има минимални или никакви намалувања, но луѓето се лажат дека божем пазареле со попуст. Истражувања спроведени од потрошувачки здруженија во Европа и САД покажуваат дека: Само околу 20% од производите навистина се продаваат по најниска цена на „Блек Фрајдеј“. Дури 40% од производите се продаваат по истата цена или малку пониска од онаа пред неколку недели. Некои производи, особено електроника и мали апарати, понекогаш се поевтини во други периоди на годината. Управата за јавни приходи (УЈП) во пресрет на најавениот „блек фрајдеј-викенд“ упати препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги да ги изразат и наведат при издавање на сметката. Пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена. Директорката на УЈП, Елена Петрова укажува на што треба да се внимава за време на утрешниот ден. Од УЈП потсетуваат дека потрошувачите при купувањето се должни да побараат фискална сметка и да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот поради контрола. Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки, потенцираат од УЈП. Како и да е, не е на одмет да се направи некој круг низ продавниците, па можеби и ќе се најде нешто поевтино.
Автор: Александрија С.Николовска Снимател: Александар Ивановски Монтажа: Александар Арсовски

The post Блек фрајдеј – светско шопинг лудило во македонска режија appeared first on Република.

]]>
АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ad-esm-deneska-treba-da-dostavi-ponuda-na-tenderot-na-evn-houm/ Thu, 28 Nov 2024 07:42:43 +0000 https://republika.mk/?p=842568

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година.

Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година.

Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Од Владата во неколку наврати најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе биде од 58 до 62 евра за мегават час. Одлуката за цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата.

The post АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година. Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Од Владата во неколку наврати најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе биде од 58 до 62 евра за мегават час. Одлуката за цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата.

The post АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум appeared first on Република.

]]>
Директорот на ТИРЗ ја посети компанијата Џојсон Сејфти Системс https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/direktorot-na-tirz-ja-poseti-kompanijata-dhojson-sejfti-sistems/ Wed, 27 Nov 2024 19:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=842465

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска ја посети компанијата Џојсон Сејфти Системс во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево.

Како што информира ТИРЗ, оваа посета е дел од новиот концепт заснован на активна и континуирана соработка, сѐ со цел да се овозможи директна поддршка на компаниите.

Директорот Димовски ја потенцирал важноста на ваквите инвестиции кои се од особено значење за економскиот раст на државата.

Главната цел за нас како институција е да пружиме директна и ефективна поддршка на компаниите. Со посетите од ваков карактер, не само што успеваме да добиеме подетален увид во работата и предизвиците со кои се соочува секоја компанија, туку исто така ја јакнеме соработката која е клучна за заеднички успех, рече Димовски.

Од страна на менаџментот на Џојсон Сејфти Системс, на чело со Клаудиа Хопт и Флориан Рот, беше изразена посебна благодарност за поддршката од институциите како Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше нагласена нивната посветеност на долгорочниот раст и развој.

Нашиот успех е резултат на силната тимска работа, поддршка од нашите партнери и постојаното вложување во истражување и развој. Џојсон Сејфти Системс е компанија посветена на унапредување на безбедноста во автомобилската индустрија преку иновации, квалитет и одржливост. Нашето присуство во Македонија е од клучно значење за нашата глобална стратегија, изјави Димче Нелоски, директор на фабриката.

Компанијата, која е дел од глобалниот автомобилски гигант Нингбо Џојсон Електроник, е водечки производител на надувувачи, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси, а нејзиниот глобален успех е резултат на високите стандарди и посветеноста на квалитетот.

Со свои 34 продажни, дизајнирани и производствени објекти во светот и мрежа од околу 50.000 вработени, Џојсон Сејфти Системс претставува еден од најголемите работодавачи во автомобилската индустрија. Нивната инвестиција во Македонија, која обезбедува стотици работни места, ја зацврстува позицијата на земјата како атрактивна дестинација за странски вложувања.

The post Директорот на ТИРЗ ја посети компанијата Џојсон Сејфти Системс appeared first on Република.

]]>

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска ја посети компанијата Џојсон Сејфти Системс во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево. Како што информира ТИРЗ, оваа посета е дел од новиот концепт заснован на активна и континуирана соработка, сѐ со цел да се овозможи директна поддршка на компаниите. Директорот Димовски ја потенцирал важноста на ваквите инвестиции кои се од особено значење за економскиот раст на државата.
Главната цел за нас како институција е да пружиме директна и ефективна поддршка на компаниите. Со посетите од ваков карактер, не само што успеваме да добиеме подетален увид во работата и предизвиците со кои се соочува секоја компанија, туку исто така ја јакнеме соработката која е клучна за заеднички успех, рече Димовски.
Од страна на менаџментот на Џојсон Сејфти Системс, на чело со Клаудиа Хопт и Флориан Рот, беше изразена посебна благодарност за поддршката од институциите како Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше нагласена нивната посветеност на долгорочниот раст и развој.
Нашиот успех е резултат на силната тимска работа, поддршка од нашите партнери и постојаното вложување во истражување и развој. Џојсон Сејфти Системс е компанија посветена на унапредување на безбедноста во автомобилската индустрија преку иновации, квалитет и одржливост. Нашето присуство во Македонија е од клучно значење за нашата глобална стратегија, изјави Димче Нелоски, директор на фабриката.
Компанијата, која е дел од глобалниот автомобилски гигант Нингбо Џојсон Електроник, е водечки производител на надувувачи, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси, а нејзиниот глобален успех е резултат на високите стандарди и посветеноста на квалитетот. Со свои 34 продажни, дизајнирани и производствени објекти во светот и мрежа од околу 50.000 вработени, Џојсон Сејфти Системс претставува еден од најголемите работодавачи во автомобилската индустрија. Нивната инвестиција во Македонија, која обезбедува стотици работни места, ја зацврстува позицијата на земјата како атрактивна дестинација за странски вложувања.

The post Директорот на ТИРЗ ја посети компанијата Џојсон Сејфти Системс appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања во следните 4 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-nova-investitsija-na-germanskata-kostal-od-50-milioni-evra-i-novi-250-vrabotuvana-vo-slednite-4-godini/ Wed, 27 Nov 2024 14:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=842405

За мене претставува навистина задоволство кога можам да го поминам денот во една ваква производна единица како што е компанијата „Костал Македонија“, рече денеска Премиерот Мицкоски.

Она коешто го видов внатре прво ме инспирира како универзитетски професор, како човек којшто предава предмети од полето на мехатрониката, навистина импресивно. Би рекол заедно со најсовремените и најмодерните светски текови се произведува овде кај нас во Охрид.

Повеќе од 1150-тина вработени го произведуваат тоа. Директорот тоа го кажа каде сè се вградува сето тоа како модули во кои возила, во кои марки на возила, брендови, зборуваме за светските топ бренд возила, Мерцедес, Фолксваген итн. Нешто што е навистина импресивно.

Импресивни се и плановите за во иднина. Импресивни се и новите инвестиции од 50-тина милиони евра во следниве 4 години, но и планот за извоз поголем од половина милијарда.

Кога на сето ова ќе се додадат и други можни инвестиции во Македонија од страна на „Костал“ тоа значи дека ние како Влада треба да имаме, но и мислам дека имаме, посебен пристап кон однесувањето на инвеститорите без разлика дали се тоа странски или домашни, но ваков тип на инвестиции треба да ги поддржуваме и да ги охрабруваме што повеќе да инвестираат и да ги задржиме тука кај нас.

Затоа што многу лесно ако ние се однесуваме неодговорно како што изминатите години бевме сведоци се однесуваа претходните Влади, тогаш многу лесно можеме и да ги изгубиме.

Јас како претседател на Владата апсолутно многу пати во минатото сум го кажал, ќе го кажам и ќе го повторам тоа и сега дека сè што можеме како Влада да бидеме пријатели на бизнисот на економијата, го правиме и ќе продолжиме тоа да го правиме, бидејќи денешниот современ патриотизам е токму тоа.

Инвестирање, обезбедување на добро платени работни места и извоз. Само така можеме да бидеме во радарот и на мапата на светските случувања. Сè останато е импровизација.

Можеби скромно од претставниците на „Костал“ не беше кажано но јас ќе си дозволам, ако ми дозволат да кажам, дека тие помагаат како компанија и во делот на општествената одговорност и во средното образование, преку дуалното образование, дополнителната обука за наставниот кадар на учениците, но исто така и во високото образование. Така што мислам дека тоа претставува една одлична синергија помеѓу општеството, општината, политиката, Владата и компанијата „Костал“.

Јас сум убеден дека исклучително квалитетната соработка, благодарение на градоначалникот, којшто компанијата ја има и овде со Општина Охрид, ќе продолжи и во иднина. Ја поздравувам и работата на градоначалникот. Така што мислам дека има една исклучително голема и убава квалитетна енергија да оваа успешна приказна продолжи и понатаму да биде уште поуспешна.

The post Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања во следните 4 години appeared first on Република.

]]>

За мене претставува навистина задоволство кога можам да го поминам денот во една ваква производна единица како што е компанијата „Костал Македонија“, рече денеска Премиерот Мицкоски.
Она коешто го видов внатре прво ме инспирира како универзитетски професор, како човек којшто предава предмети од полето на мехатрониката, навистина импресивно. Би рекол заедно со најсовремените и најмодерните светски текови се произведува овде кај нас во Охрид. Повеќе од 1150-тина вработени го произведуваат тоа. Директорот тоа го кажа каде сè се вградува сето тоа како модули во кои возила, во кои марки на возила, брендови, зборуваме за светските топ бренд возила, Мерцедес, Фолксваген итн. Нешто што е навистина импресивно. Импресивни се и плановите за во иднина. Импресивни се и новите инвестиции од 50-тина милиони евра во следниве 4 години, но и планот за извоз поголем од половина милијарда. Кога на сето ова ќе се додадат и други можни инвестиции во Македонија од страна на „Костал“ тоа значи дека ние како Влада треба да имаме, но и мислам дека имаме, посебен пристап кон однесувањето на инвеститорите без разлика дали се тоа странски или домашни, но ваков тип на инвестиции треба да ги поддржуваме и да ги охрабруваме што повеќе да инвестираат и да ги задржиме тука кај нас. Затоа што многу лесно ако ние се однесуваме неодговорно како што изминатите години бевме сведоци се однесуваа претходните Влади, тогаш многу лесно можеме и да ги изгубиме. Јас како претседател на Владата апсолутно многу пати во минатото сум го кажал, ќе го кажам и ќе го повторам тоа и сега дека сè што можеме како Влада да бидеме пријатели на бизнисот на економијата, го правиме и ќе продолжиме тоа да го правиме, бидејќи денешниот современ патриотизам е токму тоа. Инвестирање, обезбедување на добро платени работни места и извоз. Само така можеме да бидеме во радарот и на мапата на светските случувања. Сè останато е импровизација. Можеби скромно од претставниците на „Костал“ не беше кажано но јас ќе си дозволам, ако ми дозволат да кажам, дека тие помагаат како компанија и во делот на општествената одговорност и во средното образование, преку дуалното образование, дополнителната обука за наставниот кадар на учениците, но исто така и во високото образование. Така што мислам дека тоа претставува една одлична синергија помеѓу општеството, општината, политиката, Владата и компанијата „Костал“. Јас сум убеден дека исклучително квалитетната соработка, благодарение на градоначалникот, којшто компанијата ја има и овде со Општина Охрид, ќе продолжи и во иднина. Ја поздравувам и работата на градоначалникот. Така што мислам дека има една исклучително голема и убава квалитетна енергија да оваа успешна приказна продолжи и понатаму да биде уште поуспешна.

The post Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања во следните 4 години appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги кредитираат компаниите од унгарскиот заем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-rechisi-site-banki-prifatija-da-gi-kreditiraat-kompaniite-od-ungarskiot-zaem/ Wed, 27 Nov 2024 14:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=842404

Речиси сити банки прифатиле да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат македонските компании, информираше денеска од Охрид, премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека кредитите за компаниите ќе бидат до десет милиони евра и тоа за инвестиции. Минималното учество на инвеститорот е 20 проценти, од самиот проект.

Каматата ќе биде 1,95 проценти која што ќе ја добијат компаниите, нешто што претставува најниско во регионот и во Европа, до три години грејс период, до 15 години рок на отплата во зависност од барањата на кредитобарателот, има компании коишто сакаат помали рокови. Затоа го ставивме тоа да биде и флексибилно. Така што, сите оние коишто ќе инвестираат во основни средства за работа, во производни системи од обновлива енергија ќе користат итн., ќе бидат дел од овој проект - изјави Мицкоски.

Прашан како ги коментира изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за издавањето на кредитите за стопанството, Мицкоски со одговор дека понекогаш се чуди на изјавите од опозицијата.

Имам чувство како некој намерно да го мести. Тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување итн., и благодарности, само од него успеавме да слушнеме критика. Немам што да коментирам - вели Мицкоски.

Тој упати и совет до опозицискиот лидер, Филипче што побргу расчисти во неговите советнички тимови и како што рече Мицкоски „толку подобро ќе биде и за државата, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција“.

Затоа што ваков тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме, бидејќи станува збор сепак за најголема опозициска партија, но навистина се чудам. Во најмала смисла се чудам - изјави Мицкоски.

Прашан за коментар на средбата меѓу претседателката Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на СДСМ, Мицкоски вели дека ова треба да биде пракса, бидејќи и тој кога бил избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ побарал средба со тогашниот претседателот Ѓорѓе Иванов и премиер Зоран Заев.

Јас жалам што изминатите пет месеци новоизбраниот претседател на СДСМ не побара средба со лидерството на државата. Но, добро го оценувам и позитивно го оценувам чекорот да побара средба со претседателот на државата, професорката Гордана Силјановска-Давкова. Така што, ова треба да биде една пракса во иднина - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги кредитираат компаниите од унгарскиот заем appeared first on Република.

Загубите на струја по иста цена како и до сега, утре ќе се знае дали ќе поскапи за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zagubite-na-struja-po-ista-tsena-kako-i-do-sega-utre-ke-se-znae-dali-ke-poskapi-za-graganite/ Wed, 27 Nov 2024 14:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=842394

Загубите во Електродистрибуција ќе се покриваат со струја од ЕСМ. Отакако на претходниот тендер компанијата обезбеди количини за  дел од загуби, по цена од 110 евра, според информации до кој дојде Телма, на денешниот тендер за останатата половина ЕСМ им понудиле цена од 100 евра за мегават. Со тоа просечната ќе изнесува колку сегашната од околу 105 евра. На тендерот за загубите ,се пријавиле и СОЛЕ 24-  трговец со струја кој и е добро познат на јавноста, затоа што државните електрани до сега неколку пати купуваа електрична енергија од нив за да ги надоместата потребите. Покривањето на загубите е еден параметар кои влегува во одлуката која треба да покаже колку ќе изнесува цената за преносот и дистрибуцијата во сметките на граѓаните, а која ја носи Регуалторната комисија за енергетика. Но, во овој дел  влегуваат и барањата на МЕПСО и МЕМО.

Паралелно ЕСМ ќе достави и нова понуда по која цена ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач од која најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните идната година. Одлуката за ова е донесена вчера на затворена седница на Влада, а утре ЕСМ треба да ја достави на тендерот на ЕВН ХОУМ.

Сега, струјата од ЕСМ за домаќинствата се продава по 60 евра за мегават час. Од Владата тврдат дека нема да има големи поместувања и дека ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра. Новата цена на струјата треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од први јануари.

The post Загубите на струја по иста цена како и до сега, утре ќе се знае дали ќе поскапи за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Загубите во Електродистрибуција ќе се покриваат со струја од ЕСМ. Отакако на претходниот тендер компанијата обезбеди количини за  дел од загуби, по цена од 110 евра, според информации до кој дојде Телма, на денешниот тендер за останатата половина ЕСМ им понудиле цена од 100 евра за мегават. Со тоа просечната ќе изнесува колку сегашната од околу 105 евра. На тендерот за загубите ,се пријавиле и СОЛЕ 24-  трговец со струја кој и е добро познат на јавноста, затоа што државните електрани до сега неколку пати купуваа електрична енергија од нив за да ги надоместата потребите. Покривањето на загубите е еден параметар кои влегува во одлуката која треба да покаже колку ќе изнесува цената за преносот и дистрибуцијата во сметките на граѓаните, а која ја носи Регуалторната комисија за енергетика. Но, во овој дел  влегуваат и барањата на МЕПСО и МЕМО. Паралелно ЕСМ ќе достави и нова понуда по која цена ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач од која најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните идната година. Одлуката за ова е донесена вчера на затворена седница на Влада, а утре ЕСМ треба да ја достави на тендерот на ЕВН ХОУМ. Сега, струјата од ЕСМ за домаќинствата се продава по 60 евра за мегават час. Од Владата тврдат дека нема да има големи поместувања и дека ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра. Новата цена на струјата треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од први јануари.

The post Загубите на струја по иста цена како и до сега, утре ќе се знае дали ќе поскапи за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Минималец од 600 евра е желбата на Дурмиши, ССМ се надева на 450 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalets-od-600-evra-e-zhelbata-na-durmishi-ssm-se-nadeva-na-450-evra/ Wed, 27 Nov 2024 14:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=842391

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она што е сигурни е дека во март минималната плата ќе се зголеми  околу 1.700 денари. За ова пари во буџетот се предвидени, но повторно нема да се достигне бројката од 450 евра, нешто што синдикатите го бараат со месеци. Велат дека и овој износ веќе не е доволен, но ќе се обидат на следниот состанок со владата и работодавачите кој најверојатно ќе биде на почетокот од декември, освен за законското покачување да се најдат плус пари за минимална плата од 450 евра.

Мислам дека на наредната седница, на ЕСС ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме затоа што мораме да се убедуваме за потребите од растот на сите плати вклучително и минималната плата, вели претседателот на ССМ,  Слободан Трендафилов.

Министерот за економија Дурмиши пак вели дека неговата желба е таа да биде 600 евра, но за тоа мора да се консултира и со работодавачите и со останатите колеги од владата.

Јас сакам минималната плата и 600 евра да биде. Реално барањето е 450 евра, но јас сакам 600 евра да биде но ајде да ги видиме сите засегнати страни да се отвори темата на маса, во првите денови од декември, таму ќе ги видиме и можностите на Владата да има можност да ги покријат тие и ќе ги видиме барањата на работодавачите, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Токму ниските плати се една од причините за иселувањето, поради што државата се доведе во ситуација да увезува работна сила.

Главната причина поради кога луѓето заминуваат се ниските плати. Ако вие ги плаќате мизерно тогаш може да очекувате дека тие имаат пари за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија, додава Трендафилов.

Инаку, наскоро  ќе биде соопштена и новогодишната кошничка во која се планира да се најдат 600 производи. И покрај сугестијата од министерката за финансии Кочоска, но и на дел од економистите дека ваквите кошнички не даваат резултати и дека институциите немаат капацитет да проверуваат дали се почитуваат, се одлучи повторно да се донесе а министерот Дурмиши е убеден дека ќе може да се контролира.

Со претходната ваква кошничка имаше производи кои воопшто не поевтинија а некои минимално, граѓаните се пожалија дека нема ефект, а инспекторитее регистрираа низа неправилности и манипулации.

The post Минималец од 600 евра е желбата на Дурмиши, ССМ се надева на 450 евра appeared first on Република.

]]>

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она што е сигурни е дека во март минималната плата ќе се зголеми  околу 1.700 денари. За ова пари во буџетот се предвидени, но повторно нема да се достигне бројката од 450 евра, нешто што синдикатите го бараат со месеци. Велат дека и овој износ веќе не е доволен, но ќе се обидат на следниот состанок со владата и работодавачите кој најверојатно ќе биде на почетокот од декември, освен за законското покачување да се најдат плус пари за минимална плата од 450 евра.
Мислам дека на наредната седница, на ЕСС ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме затоа што мораме да се убедуваме за потребите од растот на сите плати вклучително и минималната плата, вели претседателот на ССМ,  Слободан Трендафилов.
Министерот за економија Дурмиши пак вели дека неговата желба е таа да биде 600 евра, но за тоа мора да се консултира и со работодавачите и со останатите колеги од владата.
Јас сакам минималната плата и 600 евра да биде. Реално барањето е 450 евра, но јас сакам 600 евра да биде но ајде да ги видиме сите засегнати страни да се отвори темата на маса, во првите денови од декември, таму ќе ги видиме и можностите на Владата да има можност да ги покријат тие и ќе ги видиме барањата на работодавачите, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Токму ниските плати се една од причините за иселувањето, поради што државата се доведе во ситуација да увезува работна сила.
Главната причина поради кога луѓето заминуваат се ниските плати. Ако вие ги плаќате мизерно тогаш може да очекувате дека тие имаат пари за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија, додава Трендафилов.
Инаку, наскоро  ќе биде соопштена и новогодишната кошничка во која се планира да се најдат 600 производи. И покрај сугестијата од министерката за финансии Кочоска, но и на дел од економистите дека ваквите кошнички не даваат резултати и дека институциите немаат капацитет да проверуваат дали се почитуваат, се одлучи повторно да се донесе а министерот Дурмиши е убеден дека ќе може да се контролира. Со претходната ваква кошничка имаше производи кои воопшто не поевтинија а некои минимално, граѓаните се пожалија дека нема ефект, а инспекторитее регистрираа низа неправилности и манипулации.

The post Минималец од 600 евра е желбата на Дурмиши, ССМ се надева на 450 евра appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Премиерот Мицкоски денеска во Костал, трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sledete-vo-zhivo-premierot-mitskoski-deneska-vo-kostal-treta-investitsiska-faza-od-40-45-milioni-evra-i-250-vrabotuvana/ Wed, 27 Nov 2024 13:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=842129

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид.

Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија во Охрид е во износ од 45- 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028.

Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места. Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство.

Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска електроника наменета за најновите модели на електрични и плуг-ин хибридни возила на групацијата „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за Мерцедес.

КОСТАЛ во 2023 беше 9ти најголем извозник од Македонија. Компанијата работи веќе 8 години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст. Клиентите на КОСТАЛ Македонија се „Фолксваген“ Групација (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат), Мерцедес, БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.

https://www.youtube.com/watch?v=Gts6Q4nmSX0

The post Следете во живо: Премиерот Мицкоски денеска во Костал, трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија во Охрид е во износ од 45- 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028. Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места. Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство. Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска електроника наменета за најновите модели на електрични и плуг-ин хибридни возила на групацијата „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за Мерцедес. КОСТАЛ во 2023 беше 9ти најголем извозник од Македонија. Компанијата работи веќе 8 години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст. Клиентите на КОСТАЛ Македонија се „Фолксваген“ Групација (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат), Мерцедес, БМВ, Јагуар, Ланд Ровер. https://www.youtube.com/watch?v=Gts6Q4nmSX0

The post Следете во живо: Премиерот Мицкоски денеска во Костал, трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања appeared first on Република.

]]>