Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/balkan/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 14:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/vesti/balkan/ 32 32 Убиено момче во Сплит – уапсени двајца од тројцата браќа што нападнале https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubieno-momche-vo-split-uapseni-dvajtsa-od-trojtsata-braka-shto-napadnale/ Sat, 24 Feb 2024 09:07:23 +0000 https://republika.mk/?p=747711

Дваесет и двегодишен маж починал како последица на убод со нож во Сплит. Според сплитско-далматинската полиција некаде околу 1 часот по полноќ неколку лица биле турнати на улица, при што бил избодено момчето кое подлегнало на повредите. Иако итно бил пренесен во сплитската болница, тој починал дваесетина минути по нанесената повреда. Полицијата привелатри лица кои се поврзани со споменатиот настан. Полицијата утрово излезе со ново соопштение.

„Вечерва, еден час по полноќ во Сплит, на улица „Мажураниќево шеталиште“ 22-годишник бил нападнат од маж кој го прободел во пределот на градниот кош. Повредениот 22-годишен маж со возило на Брза помош е пренесен во болница, каде што ноќеска починал како последица од здобиените повреди. Веднаш по добивањето на пријавата, полициските службеници излегоа на местото на настанот, кое го обезбедувале и преземале дејствија за пронаоѓање на лица поврзани со настанот. Известен е заменикот на жупаниското државно правобранителство, кој излегол на местото на настанот и ја водел истрагата.

Во службените простории се донесени повеќе лица, од кои две се уапсени во врска со убиството, а против нив се води кривична истрага со цел утврдување кривична одговорност“, соопштија од полицијата.

Според Слободна Далмација, трите уапсени лица се браќа, наводно наркозависници. Нападот се случил пред зградата во која живеат.
Како што пишува медиумот по судирот мешу убиениот и уапсените, најстариот брат отишол во станот во кој живеат за да земе нож. Со него му нанел неколку тешки рани на младиот човек кој им подлегнал. Кога пристигнала полицијата, тој дал отпор при апсењето. Кога бил внесен во службеното возило, тој удрил со главата во жичената преграда во возилото и врескал на цел глас.

„Не знам дали претходно нападнале некого, но знаат да влезат во продавници, пекари и кафулиња и да крадат пари. Не забележав дека се агресивни. Ништо не слушнав додека итната помош и Полицијата дојде со сирени. Којзнае зошто го нападна кутриот и тоа тројца на еден“, изјави за Слободна станар од блиската зграда.

The post Убиено момче во Сплит – уапсени двајца од тројцата браќа што нападнале appeared first on Република.

]]>

Дваесет и двегодишен маж починал како последица на убод со нож во Сплит. Според сплитско-далматинската полиција некаде околу 1 часот по полноќ неколку лица биле турнати на улица, при што бил избодено момчето кое подлегнало на повредите. Иако итно бил пренесен во сплитската болница, тој починал дваесетина минути по нанесената повреда. Полицијата привелатри лица кои се поврзани со споменатиот настан. Полицијата утрово излезе со ново соопштение.
„Вечерва, еден час по полноќ во Сплит, на улица „Мажураниќево шеталиште“ 22-годишник бил нападнат од маж кој го прободел во пределот на градниот кош. Повредениот 22-годишен маж со возило на Брза помош е пренесен во болница, каде што ноќеска починал како последица од здобиените повреди. Веднаш по добивањето на пријавата, полициските службеници излегоа на местото на настанот, кое го обезбедувале и преземале дејствија за пронаоѓање на лица поврзани со настанот. Известен е заменикот на жупаниското државно правобранителство, кој излегол на местото на настанот и ја водел истрагата. Во службените простории се донесени повеќе лица, од кои две се уапсени во врска со убиството, а против нив се води кривична истрага со цел утврдување кривична одговорност“, соопштија од полицијата.
Според Слободна Далмација, трите уапсени лица се браќа, наводно наркозависници. Нападот се случил пред зградата во која живеат. Како што пишува медиумот по судирот мешу убиениот и уапсените, најстариот брат отишол во станот во кој живеат за да земе нож. Со него му нанел неколку тешки рани на младиот човек кој им подлегнал. Кога пристигнала полицијата, тој дал отпор при апсењето. Кога бил внесен во службеното возило, тој удрил со главата во жичената преграда во возилото и врескал на цел глас.
„Не знам дали претходно нападнале некого, но знаат да влезат во продавници, пекари и кафулиња и да крадат пари. Не забележав дека се агресивни. Ништо не слушнав додека итната помош и Полицијата дојде со сирени. Којзнае зошто го нападна кутриот и тоа тројца на еден“, изјави за Слободна станар од блиската зграда.

The post Убиено момче во Сплит – уапсени двајца од тројцата браќа што нападнале appeared first on Република.

]]>
Опасна дрога доаѓа на Балканот, први случаи на предозирање во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opasna-droga-doaga-na-balkanot-prvi-sluchai-na-predozirane-vo-slovenija/ Sat, 24 Feb 2024 08:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=747704

Фентанил, дрогата за зомби, се приближува на Балканот. Во Словенија се забележани случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар.

Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат познат во јавноста како дрога за зомби што ги преплави САД и од чии разорни ефекти годишно умираат приближно 100.000 зависници во таа земја.

Фентанил стигна до улиците од здравствените установи, каде што законски се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања. Неговото дејство е слично на морфинот, но е приближно сто пати посилно. Затоа, зависниците од хероин на улица често посегнуваат по него.

Посебно загрижува тоа што и едно консумирање може да го претвори човекот во сериозен зависник, а многу мала количина може да доведе до срцев удар. Доволно е одреден број луѓе да нарачаат фентанил преку Интернет, кој поради непрофесионално ракување, особено од страна на деца и малолетници, вдишување прашина од отворен поштенски плик ќе доведе до труење и смрт поради откажување на белите дробови, предупредуваат експертите.

Дилерите во него препознаа предност во однос на другите таканаречени тешки дроги по тоа што може да го произведуваат во импровизирани лаборатории, односно не треба да се увезува како хероинот од Авганистан.

Освен тоа, има посилно дејство од хероинот, поевтин е и полесен за шверц. Дилерите често им го испраќаат на своите клиенти по пошта или со писма. Сето горенаведено предизвикува огромни главоболки на полицијата која во САД, но и пошироко во светот на организациите кои се занимаваат со сузбивање на трговијата со опијати.

The post Опасна дрога доаѓа на Балканот, први случаи на предозирање во Словенија appeared first on Република.

]]>

Фентанил, дрогата за зомби, се приближува на Балканот. Во Словенија се забележани случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар. Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат познат во јавноста како дрога за зомби што ги преплави САД и од чии разорни ефекти годишно умираат приближно 100.000 зависници во таа земја. Фентанил стигна до улиците од здравствените установи, каде што законски се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања. Неговото дејство е слично на морфинот, но е приближно сто пати посилно. Затоа, зависниците од хероин на улица често посегнуваат по него. Посебно загрижува тоа што и едно консумирање може да го претвори човекот во сериозен зависник, а многу мала количина може да доведе до срцев удар. Доволно е одреден број луѓе да нарачаат фентанил преку Интернет, кој поради непрофесионално ракување, особено од страна на деца и малолетници, вдишување прашина од отворен поштенски плик ќе доведе до труење и смрт поради откажување на белите дробови, предупредуваат експертите. Дилерите во него препознаа предност во однос на другите таканаречени тешки дроги по тоа што може да го произведуваат во импровизирани лаборатории, односно не треба да се увезува како хероинот од Авганистан. Освен тоа, има посилно дејство од хероинот, поевтин е и полесен за шверц. Дилерите често им го испраќаат на своите клиенти по пошта или со писма. Сето горенаведено предизвикува огромни главоболки на полицијата која во САД, но и пошироко во светот на организациите кои се занимаваат со сузбивање на трговијата со опијати.

The post Опасна дрога доаѓа на Балканот, први случаи на предозирање во Словенија appeared first on Република.

]]>
Втор дел од извештајот на ЦИА: „Голема Албанија“ со делови од Македонија била голема желба на Албанците уште од пред Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vtor-del-od-izveshtajot-na-tsia-golema-albanija-so-delovi-od-makedonija-bila-golema-zhelba-na-albantsite-ushte-od-pred-vtorata-svetska-vojna/ Fri, 23 Feb 2024 18:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=747257

Британската разузнавачка служба активно го поддржувала формирањето на движењето Бали Комбетар (Национален фронт) во Албанија, а американското разузнавање успеало со напорите да ја поткопа албанската држава со помош на ова движење по крајот на Втората светска војна, се вели во извештајот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) од 1950 година кој е декласифициран.

https://republika.mk/vesti/balkan/izveshtaj-na-tsia-albantsite-ne-se-starosedeltsi-na-balkanot-poteknuvaat-od-azerbejdhan/

Движењето кое ја застапувало идејата за „Голема Албанија“ било вооружено од западните сили, соработувало со нацистичка Германија, а по Втората светска војна дел од неговите членови нашле засолниште во Италија, каде што биле обучени во еден од камповите.

Движењето е основано во 1939 година со идеја за ослободување на земјата од италијанската окупација, а неговото формирање кореспондира со британската политика која сакала да ги опструира италијанските намери во Албанија, Британците секојдневно биле во контакт со лидерите на Националниот фронт.

Пишувајќи за историјата на Албанија, ЦИА ги споменува нејзините државни граници, но и „етничките“. Како што истакнуваат, „во етничка смисла, Албанија зазема многу поголема површина од нејзините национални граници“ опфаќајќи ја, како што е опишано, Црна Гора (планина Румија), регионот Санџак, рамнината на косовските полиња до другата страна на Приштина, а потоа оди по реката Вардар, делумно опфаќајќи го Скопје до Титов Велес, каде што свртува југозападно кон Струга и северниот брег на Охридското Езеро.

The post Втор дел од извештајот на ЦИА: „Голема Албанија“ со делови од Македонија била голема желба на Албанците уште од пред Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Британската разузнавачка служба активно го поддржувала формирањето на движењето Бали Комбетар (Национален фронт) во Албанија, а американското разузнавање успеало со напорите да ја поткопа албанската држава со помош на ова движење по крајот на Втората светска војна, се вели во извештајот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) од 1950 година кој е декласифициран. https://republika.mk/vesti/balkan/izveshtaj-na-tsia-albantsite-ne-se-starosedeltsi-na-balkanot-poteknuvaat-od-azerbejdhan/ Движењето кое ја застапувало идејата за „Голема Албанија“ било вооружено од западните сили, соработувало со нацистичка Германија, а по Втората светска војна дел од неговите членови нашле засолниште во Италија, каде што биле обучени во еден од камповите. Движењето е основано во 1939 година со идеја за ослободување на земјата од италијанската окупација, а неговото формирање кореспондира со британската политика која сакала да ги опструира италијанските намери во Албанија, Британците секојдневно биле во контакт со лидерите на Националниот фронт. Пишувајќи за историјата на Албанија, ЦИА ги споменува нејзините државни граници, но и „етничките“. Како што истакнуваат, „во етничка смисла, Албанија зазема многу поголема површина од нејзините национални граници“ опфаќајќи ја, како што е опишано, Црна Гора (планина Румија), регионот Санџак, рамнината на косовските полиња до другата страна на Приштина, а потоа оди по реката Вардар, делумно опфаќајќи го Скопје до Титов Велес, каде што свртува југозападно кон Струга и северниот брег на Охридското Езеро.

The post Втор дел од извештајот на ЦИА: „Голема Албанија“ со делови од Македонија била голема желба на Албанците уште од пред Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Османи: Косово не може само, односите со западните сојузници се егзистенцијални https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-kosovo-ne-mozhe-samo-odnosite-so-zapadnite-sojuznitsi-se-egzistentsijalni/ Fri, 23 Feb 2024 17:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=747542

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ги повика косовските институции да ги третираат односите со западните сојузници „не само како важни, туку и егзистенцијални“ за иднината на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на медиумите по денешната конференција во Приштина посветена на европските перспективи на Западен Балкан, Османи рече дека историјата потврдила оти односите со сојузниците се клучни за успехот на државата Косово.

Ги охрабрувам сите институции на Република Косово… да дадат се од себе за да ги подобрат овие односи, особено со САД, Обединетото Кралство и земјите од ЕУ, кои отсекогаш стоеле покрај нас. Да ги сметаме не само како важни, туку и егзистенцијални за успехот на нашата држава, затоа што тоа историјата го докажа и истото се потврдува со секоја наша постапка“, рече Османи пред новинарите.

Таа ги нагласи и безбедносните проблеми со кои се соочува земјата, порачувајќи дека Србија постојано има планира агресија врз Косово и присвојување на неговата територија.

Косово е земја која секако дека е развиена и консолидирана демократија, но да не заборавиме дека имаме големи безбедносни проблеми. На граница имаме држава која секој ден има за цел агресија кон Косово, која секој ден има за цел да ја проголта нашата територија, која секој ден има за цел и денес, 25 години по војната, да ги убива нашите граѓани, како што видовме со убиството на херојот Африм Буњаку (полицаецот убиен во нападот на северот на Косово во септември 2023), рече Османи.

Таа нагласи дека „Косово не може самостојно да оди напред“ и дека сојузниците не му требаат „само во знак на благодарност за она што го направиле во минатото“.

Во овие предизвици ни требаат нашите сојузници, ни требаат нашите партнери. Значи, не само во знак на благодарност за она што го направиле во минатото, туку и како визија за она што ни треба во иднина. Косово не може самостојно да оди напред. Всушност, ниту една земја во светот не може да оди напред сама, рече Османи.

 

The post Османи: Косово не може само, односите со западните сојузници се егзистенцијални appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ги повика косовските институции да ги третираат односите со западните сојузници „не само како важни, туку и егзистенцијални“ за иднината на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на медиумите по денешната конференција во Приштина посветена на европските перспективи на Западен Балкан, Османи рече дека историјата потврдила оти односите со сојузниците се клучни за успехот на државата Косово.
Ги охрабрувам сите институции на Република Косово… да дадат се од себе за да ги подобрат овие односи, особено со САД, Обединетото Кралство и земјите од ЕУ, кои отсекогаш стоеле покрај нас. Да ги сметаме не само како важни, туку и егзистенцијални за успехот на нашата држава, затоа што тоа историјата го докажа и истото се потврдува со секоја наша постапка“, рече Османи пред новинарите.
Таа ги нагласи и безбедносните проблеми со кои се соочува земјата, порачувајќи дека Србија постојано има планира агресија врз Косово и присвојување на неговата територија.
Косово е земја која секако дека е развиена и консолидирана демократија, но да не заборавиме дека имаме големи безбедносни проблеми. На граница имаме држава која секој ден има за цел агресија кон Косово, која секој ден има за цел да ја проголта нашата територија, која секој ден има за цел и денес, 25 години по војната, да ги убива нашите граѓани, како што видовме со убиството на херојот Африм Буњаку (полицаецот убиен во нападот на северот на Косово во септември 2023), рече Османи.
Таа нагласи дека „Косово не може самостојно да оди напред“ и дека сојузниците не му требаат „само во знак на благодарност за она што го направиле во минатото“.
Во овие предизвици ни требаат нашите сојузници, ни требаат нашите партнери. Значи, не само во знак на благодарност за она што го направиле во минатото, туку и како визија за она што ни треба во иднина. Косово не може самостојно да оди напред. Всушност, ниту една земја во светот не може да оди напред сама, рече Османи.
 

The post Османи: Косово не може само, односите со западните сојузници се егзистенцијални appeared first on Република.

]]>
Уапсена е група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“ во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsena-e-grupa-balkantsi-koi-vrabotuvale-luge-na-tsrno-vo-germanija/ Fri, 23 Feb 2024 11:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=747386

Во опсежна операција, припадници на германската царина разбиле банда која организирала нелегална работа во Германија.

Приведени се десет лица, меѓу кои и државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ, јавуваат локалните медиуми. Според медиумските извештаи, осомничените носеле и вработувале луѓе „на црно“, најмногу на германски градилишта. На акцијата и претходела опсежна истрага, спроведена во тајност.

Портпаролот на царината соопшти дека се уапсени тројца српски државјани, тројца Хрвати, еден државјанин на БиХ, еден Германец и еден Црногорец.

Во претресените објекти, освен телефони и компјутери, пронајдено е оружје и околу 75.000 евра.

Групата се сомничи дека со организирање работење „на црно“ проневерила околу 10,4 милиони евра.

Германската царина пристапила и до одредени банкарски сметки и запленила три скапи автомобили.

Оваа акција продолжува, бидејќи постои сомнеж дека се вмешани 34 лица. Од германската царина изјавија и дека осомничените биле координирани и организирани и дека добро ги прикривале криминалните дела.

The post Уапсена е група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“ во Германија appeared first on Република.

]]>

Во опсежна операција, припадници на германската царина разбиле банда која организирала нелегална работа во Германија. Приведени се десет лица, меѓу кои и државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ, јавуваат локалните медиуми. Според медиумските извештаи, осомничените носеле и вработувале луѓе „на црно“, најмногу на германски градилишта. На акцијата и претходела опсежна истрага, спроведена во тајност. Портпаролот на царината соопшти дека се уапсени тројца српски државјани, тројца Хрвати, еден државјанин на БиХ, еден Германец и еден Црногорец. Во претресените објекти, освен телефони и компјутери, пронајдено е оружје и околу 75.000 евра. Групата се сомничи дека со организирање работење „на црно“ проневерила околу 10,4 милиони евра. Германската царина пристапила и до одредени банкарски сметки и запленила три скапи автомобили. Оваа акција продолжува, бидејќи постои сомнеж дека се вмешани 34 лица. Од германската царина изјавија и дека осомничените биле координирани и организирани и дека добро ги прикривале криминалните дела.

The post Уапсена е група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“ во Германија appeared first on Република.

]]>
Полиција пред училиштето во Србија каде што беше извршено масовно убиство поради дојава дека ученик донел нож https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/politsija-pred-uchilishteto-vo-srbija-kade-shto-beshe-izvrsheno-masovno-ubistvo-poradi-dojava-deka-uchenik-donel-nozh/ Fri, 23 Feb 2024 11:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=747380

Децата кои го посетуваат основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска се пратени дома, бидејќи во ранецот на едно од децата најверојатно бил пронајден нож, јави Н1.

Во пораката на Вибер, испратена до родителите, било наведено дека подоцна ќе добијат детални информации за се, а родителите добиле порака дека нема да продолжи наставата до крајот на денот.

Во исто време, на социјалните мрежи се појави информација дека кај ученик, наводно, од 8-мо одделение бил пронајден нож. Како што потврди еден од родителите на Н1, тие информации се вистинити. Според извештаите, ножот бил пронајден во ранецот.

На прашањето на Н1 како ножот влегол во училницата, покрај обезбедувањето, родителот рекол дека „обезбедувањето е никакво“.

Пред училиштето во моментов се распоредени полициски сили поради дојава дека ученик донел нож во училиштето.

Лани, на 3 мај во тоа училиште беше извршено масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет ученици и чувар.

The post Полиција пред училиштето во Србија каде што беше извршено масовно убиство поради дојава дека ученик донел нож appeared first on Република.

]]>

Децата кои го посетуваат основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска се пратени дома, бидејќи во ранецот на едно од децата најверојатно бил пронајден нож, јави Н1. Во пораката на Вибер, испратена до родителите, било наведено дека подоцна ќе добијат детални информации за се, а родителите добиле порака дека нема да продолжи наставата до крајот на денот. Во исто време, на социјалните мрежи се појави информација дека кај ученик, наводно, од 8-мо одделение бил пронајден нож. Како што потврди еден од родителите на Н1, тие информации се вистинити. Според извештаите, ножот бил пронајден во ранецот. На прашањето на Н1 како ножот влегол во училницата, покрај обезбедувањето, родителот рекол дека „обезбедувањето е никакво“. Пред училиштето во моментов се распоредени полициски сили поради дојава дека ученик донел нож во училиштето. Лани, на 3 мај во тоа училиште беше извршено масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет ученици и чувар.

The post Полиција пред училиштето во Србија каде што беше извршено масовно убиство поради дојава дека ученик донел нож appeared first on Република.

]]>
Земјотрес во Јадранското Море, почувствуван во Хрватска и Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjotres-vo-jadranskoto-more-pochuvstvuvan-vo-hrvatska-i-tsrna-gora/ Fri, 23 Feb 2024 10:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=747323

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Јадранското Море на длабочина од 10 километри, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 156 километри југозападно од Подгорица и 103 километри североисточно од италијанскиот град Бари.

Земјотресот бил почувствуван во Хрватска и во Црна Гора.

ЕМСЦ наведува дека нема опасност од цунами.

Неколку минути пред земјотресот во Јадранското Море, уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран и во Албанија, на 45 километри од Елбасан.

The post Земјотрес во Јадранското Море, почувствуван во Хрватска и Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Јадранското Море на длабочина од 10 километри, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 156 километри југозападно од Подгорица и 103 километри североисточно од италијанскиот град Бари. Земјотресот бил почувствуван во Хрватска и во Црна Гора. ЕМСЦ наведува дека нема опасност од цунами. Неколку минути пред земјотресот во Јадранското Море, уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран и во Албанија, на 45 километри од Елбасан.

The post Земјотрес во Јадранското Море, почувствуван во Хрватска и Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Можни нови внатрепартиски избори за лидер на СИРИЗА https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mozhni-novi-vnatrepartiski-izbori-za-lider-na-siriza/ Fri, 23 Feb 2024 09:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=747273

Пет месеци откако Стефанос Каселакис стана претседател на СИРИЗА, грчката опозициска партија можно е набргу да оди на нови избори за прв човек на партијата за, или да се потврди довербата за Каселакис или да се избере нов претседател, што доаѓа и поради внатрепартиските несогласувања и по реакцијата од поранешниот лидер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вчера се одржува четвртиот конгрес на СИРИЗА, а околу два часа пред почетокот и говорот на Каселакис, поранешниот лидер Алексис Ципрас излезе со писмена изјава преку социјалните мрежи, коментирајќи дека „партијата веќе подолго време е во континуирана и длабока криза“ и го повика актуелниот претседател да побара од членовите да му ја обноват довербата.

Каселакис, во говорот од конгресот одговори, порачувајќи дека партијата ќе оди на четирикратни избори: за организации на членови, за префектурите, за Централен комитет и за претседател.

-Најдете ми противник и одиме!, порача Каселакис.

Внатрепартиските изборни процедури во СИРИЗА се закажани за околу две седмици и останува отворено прашањето дали навистина ќе се одржи и избор на претседател, како и дали Каселакис ќе добие противник во трката за прв човек на партијата.

На 29 јуни минатата година, Ципрас се повлече од лидерската позиција, по што започна процесот за избор на нов претседател, а три месеци подоцна, на крајот на септември, Стефанос Каселакис, кој беше речиси непознат за грчката јавност, го презеде кормилото на партијата.

Веднаш потоа следеше и расцеп на партијата и заминување на неколку фракции, СИРИЗА од 47 пратеници избрани на изборите, остана со 36 со оглед на тоа дека 11, сега веќе поранешни пратеници, формираа независна пратеничка група во Парламентот.

Во пресрет на четвртиот партиски конгрес што од вчера до недела се одржува во Атина, Каселакис до членовите достави прашалник, а меѓу другото побара од нив да одговорат и на прашањата дали партијата треба да го промени името и симболот, што предизвика реакции во внатрешноста, што доведоа до вонреден состанок на политичкиот секретаријат и партијата стигна до точка да разговара за нови избори.

The post Можни нови внатрепартиски избори за лидер на СИРИЗА appeared first on Република.

]]>

Пет месеци откако Стефанос Каселакис стана претседател на СИРИЗА, грчката опозициска партија можно е набргу да оди на нови избори за прв човек на партијата за, или да се потврди довербата за Каселакис или да се избере нов претседател, што доаѓа и поради внатрепартиските несогласувања и по реакцијата од поранешниот лидер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина. Од вчера се одржува четвртиот конгрес на СИРИЗА, а околу два часа пред почетокот и говорот на Каселакис, поранешниот лидер Алексис Ципрас излезе со писмена изјава преку социјалните мрежи, коментирајќи дека „партијата веќе подолго време е во континуирана и длабока криза“ и го повика актуелниот претседател да побара од членовите да му ја обноват довербата. Каселакис, во говорот од конгресот одговори, порачувајќи дека партијата ќе оди на четирикратни избори: за организации на членови, за префектурите, за Централен комитет и за претседател. -Најдете ми противник и одиме!, порача Каселакис. Внатрепартиските изборни процедури во СИРИЗА се закажани за околу две седмици и останува отворено прашањето дали навистина ќе се одржи и избор на претседател, како и дали Каселакис ќе добие противник во трката за прв човек на партијата. На 29 јуни минатата година, Ципрас се повлече од лидерската позиција, по што започна процесот за избор на нов претседател, а три месеци подоцна, на крајот на септември, Стефанос Каселакис, кој беше речиси непознат за грчката јавност, го презеде кормилото на партијата. Веднаш потоа следеше и расцеп на партијата и заминување на неколку фракции, СИРИЗА од 47 пратеници избрани на изборите, остана со 36 со оглед на тоа дека 11, сега веќе поранешни пратеници, формираа независна пратеничка група во Парламентот. Во пресрет на четвртиот партиски конгрес што од вчера до недела се одржува во Атина, Каселакис до членовите достави прашалник, а меѓу другото побара од нив да одговорат и на прашањата дали партијата треба да го промени името и симболот, што предизвика реакции во внатрешноста, што доведоа до вонреден состанок на политичкиот секретаријат и партијата стигна до точка да разговара за нови избори.

The post Можни нови внатрепартиски избори за лидер на СИРИЗА appeared first on Република.

]]>
Извештај на ЦИА: Албанците не се староседелци на Балканот – потекнуваат од Азербејџан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izveshtaj-na-tsia-albantsite-ne-se-starosedeltsi-na-balkanot-poteknuvaat-od-azerbejdhan/ Thu, 22 Feb 2024 20:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=747026

Во извештајот од 1950 година посветен на Албанија, американската разузнавачка агенција дава кратка историја на земјата и наведува дека Албанците се преселиле од областа на денешен Азербејџан на Балканот - затоа, тие не се ниту Илири, ниту староседелци.

Во обемниот извештај на ЦИА од повеќе од сто страници за Албанија, кој беше декласифициран се тврди дека Албанците се преселиле на Балканот заедно со голема индоевропска група на народи, се вели во документот на ЦИА.

ЦИА се повикува на римскиот историчар Страбон, кој забележал дека во векот пред Христа, Албанците ја населувале областа околу реката Кура, во денешен Азербејџан, дека биле важна етничка група бидејќи можеле да соберат војска од 80.000 луѓе под оружје.

Луѓето што Страбон ги нарекува Албанци се состоеле од племиња управувани од „кралеви“  а кои биле притиснати од југ и исток и без можност понатаму ја бранат својата територија тргната во Големата преселба на народите и така стигнале до денешна Албанија.

The post Извештај на ЦИА: Албанците не се староседелци на Балканот – потекнуваат од Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Во извештајот од 1950 година посветен на Албанија, американската разузнавачка агенција дава кратка историја на земјата и наведува дека Албанците се преселиле од областа на денешен Азербејџан на Балканот - затоа, тие не се ниту Илири, ниту староседелци.
Во обемниот извештај на ЦИА од повеќе од сто страници за Албанија, кој беше декласифициран се тврди дека Албанците се преселиле на Балканот заедно со голема индоевропска група на народи, се вели во документот на ЦИА.
ЦИА се повикува на римскиот историчар Страбон, кој забележал дека во векот пред Христа, Албанците ја населувале областа околу реката Кура, во денешен Азербејџан, дека биле важна етничка група бидејќи можеле да соберат војска од 80.000 луѓе под оружје. Луѓето што Страбон ги нарекува Албанци се состоеле од племиња управувани од „кралеви“  а кои биле притиснати од југ и исток и без можност понатаму ја бранат својата територија тргната во Големата преселба на народите и така стигнале до денешна Албанија.

The post Извештај на ЦИА: Албанците не се староседелци на Балканот – потекнуваат од Азербејџан appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-najavija-nova-blokada-na-granichniot-premin-evzoni-kon-severna-makedonija/ Thu, 22 Feb 2024 18:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=747138

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време, најавија грчките земјоделци од северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.

The post Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија од 20 до 22 часот по локално, односно од 19 до 21 часот по македонско време, најавија грчките земјоделци од северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот граничен премин и вчера и завчера периодично беше затворен во вечерните часови, а според информациите од Грција, земјоделците со нивните активности и блокади ќе продолжат до понеделник 26 февруари.

The post Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Српската полиција демантира дека тепале мигранти, ги соблекле по гаќи и ги вратиле во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-politsija-demantira-deka-tepale-migranti-gi-soblekle-po-gaki-i-gi-vratile-vo-makedonija/ Thu, 22 Feb 2024 18:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=747136

Министерството за внатешни работи на Србија денеска ги демантираше наводите во медиумите дека нивни припадници тепале мигранти, пуштале службени кучиња врз нив, кои ги искасале, по што ги соблекле во долна облека и ги принудиле да се вратат во Македонија пеш, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во врска со предметното видео (објавено од Гардијан), нагласуваме дека Управата за гранична полиција добила барање од граничните власти на Македонија за изјава во врска со два настани во селото Лојане на територијата на Македонија, каде што во текот на ноќта и утрото тој ден биле пронајдени две групи нерегуларни мигранти, кои тврделе дека српските полицајци наводно ги тепале, им дозволиле да ги нападнат службени кучиња, кои ги искасале, по што ги соблекле во долна облека и ги принудиле да се вратат пеш во Македонија, стои во соопштението на МВР.

Како што се додава, српската полиција веднаш по добивањето на барањето извршила проверки во Регионалниот центар на граничната полиција кон Македонија и утврдила дека во тој момент на наведеното подрачје немало патроли на српска полиција.

– Потенцираме дека Управата за гранична полиција не користи службени кучиња во вршењето на надзор на државната граница, ниту ги поседува во рамките на својата организациона единица и дека нема потврда дека предметните настани се случиле на територијата на Р. Србија, се наведува во соопштението.

Во врска со овие наводни настани, Управата за гранична полиција побара дополнителни информации од надлежните органи на Македонија.

За потсетување е, наведуваат од МВР, дека од 13 јануари 2023 година, припадниците на Управата за гранична полиција ја надгледуваат државната граница меѓу Србија и Македонија со помош на полициски службеници од Австрија и Унгарија, во рамките на трилатералниот меморандум за соработка.

-Потенцираме дека припадниците на австриската и унгарската полиција досега не пријавиле инциденти или злоупотреби од страна на српската гранична полиција во нивните задачи за следење на државната граница, соопшти МВР.

Британскиот весник „Гардијан“ на својата веб-страница објави видео од група мажи во долна облека како шетаат по патот на студ и во темница. Според Гардијан, станува збор за мигранти на кои српската полиција им ја соблекла облеката и ги принудила да се вратат во Македонија.

Гардијан наведува дека не можел независно да ја потврди содржината на двете видеа и дека ги добил преку невладината организација Легис од Македонија. Според тврдењата на оваа организација, снимките се направени во близина на селото Лојане во близина на границата со Србија и се предадени на организацијата на 10 февруари.

https://republika.mk/vesti/balkan/srpskata-politsija-soblekla-grupa-migranti-po-dolna-obleka-i-gi-izbrkala-vo-makedonija/

The post Српската полиција демантира дека тепале мигранти, ги соблекле по гаќи и ги вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатешни работи на Србија денеска ги демантираше наводите во медиумите дека нивни припадници тепале мигранти, пуштале службени кучиња врз нив, кои ги искасале, по што ги соблекле во долна облека и ги принудиле да се вратат во Македонија пеш, јави дописникот на МИА од Белград.
-Во врска со предметното видео (објавено од Гардијан), нагласуваме дека Управата за гранична полиција добила барање од граничните власти на Македонија за изјава во врска со два настани во селото Лојане на територијата на Македонија, каде што во текот на ноќта и утрото тој ден биле пронајдени две групи нерегуларни мигранти, кои тврделе дека српските полицајци наводно ги тепале, им дозволиле да ги нападнат службени кучиња, кои ги искасале, по што ги соблекле во долна облека и ги принудиле да се вратат пеш во Македонија, стои во соопштението на МВР.
Како што се додава, српската полиција веднаш по добивањето на барањето извршила проверки во Регионалниот центар на граничната полиција кон Македонија и утврдила дека во тој момент на наведеното подрачје немало патроли на српска полиција.
– Потенцираме дека Управата за гранична полиција не користи службени кучиња во вршењето на надзор на државната граница, ниту ги поседува во рамките на својата организациона единица и дека нема потврда дека предметните настани се случиле на територијата на Р. Србија, се наведува во соопштението.
Во врска со овие наводни настани, Управата за гранична полиција побара дополнителни информации од надлежните органи на Македонија. За потсетување е, наведуваат од МВР, дека од 13 јануари 2023 година, припадниците на Управата за гранична полиција ја надгледуваат државната граница меѓу Србија и Македонија со помош на полициски службеници од Австрија и Унгарија, во рамките на трилатералниот меморандум за соработка.
-Потенцираме дека припадниците на австриската и унгарската полиција досега не пријавиле инциденти или злоупотреби од страна на српската гранична полиција во нивните задачи за следење на државната граница, соопшти МВР.
Британскиот весник „Гардијан“ на својата веб-страница објави видео од група мажи во долна облека како шетаат по патот на студ и во темница. Според Гардијан, станува збор за мигранти на кои српската полиција им ја соблекла облеката и ги принудила да се вратат во Македонија. Гардијан наведува дека не можел независно да ја потврди содржината на двете видеа и дека ги добил преку невладината организација Легис од Македонија. Според тврдењата на оваа организација, снимките се направени во близина на селото Лојане во близина на границата со Србија и се предадени на организацијата на 10 февруари. https://republika.mk/vesti/balkan/srpskata-politsija-soblekla-grupa-migranti-po-dolna-obleka-i-gi-izbrkala-vo-makedonija/

The post Српската полиција демантира дека тепале мигранти, ги соблекле по гаќи и ги вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>
Српската полиција соблекла група мигранти по долна облека и ги избркала во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-politsija-soblekla-grupa-migranti-po-dolna-obleka-i-gi-izbrkala-vo-makedonija/ Thu, 22 Feb 2024 17:11:54 +0000 https://republika.mk/?p=747038

Британскиот весник „Гардијан“ објави видео за кое тврди дека покажува група мигранти во долна облека како се движат во близина на границата меѓу Србија и Македонија. Видеото, кое весникот го добил од македонската невладина организација Легис, наводно прикажува ситуација во која српската полиција ги соголува мигрантите и ги принудува да се вратат во Македонија.

„Гардијан“ посочува дека не може да ја потврди автентичноста на снимките, но според информациите на организацијата Легис, настанот се случил во близина на селото Лојане во близина на границата со Србија, а инцидентите наводно се случиле на 10 февруари.

https://youtu.be/jfpcZ3Tf4Rw?si=CsNxfc44xfcli0Y0

Невладината организација тврди дека тој ден се случиле два понижувачки инцидента, каде што повеќе од 50 луѓе биле принудени да се соблечат во долна облека пред да бидат вратени во Македонија, од каде илегално влегле во Србија.

Според изјавите на еден од мажите на видеото, за кој е наведено дека е Сириец, ваквите настани станале пракса на границата.

The post Српската полиција соблекла група мигранти по долна облека и ги избркала во Македонија appeared first on Република.

]]>

Британскиот весник „Гардијан“ објави видео за кое тврди дека покажува група мигранти во долна облека како се движат во близина на границата меѓу Србија и Македонија. Видеото, кое весникот го добил од македонската невладина организација Легис, наводно прикажува ситуација во која српската полиција ги соголува мигрантите и ги принудува да се вратат во Македонија. „Гардијан“ посочува дека не може да ја потврди автентичноста на снимките, но според информациите на организацијата Легис, настанот се случил во близина на селото Лојане во близина на границата со Србија, а инцидентите наводно се случиле на 10 февруари. https://youtu.be/jfpcZ3Tf4Rw?si=CsNxfc44xfcli0Y0 Невладината организација тврди дека тој ден се случиле два понижувачки инцидента, каде што повеќе од 50 луѓе биле принудени да се соблечат во долна облека пред да бидат вратени во Македонија, од каде илегално влегле во Србија. Според изјавите на еден од мажите на видеото, за кој е наведено дека е Сириец, ваквите настани станале пракса на границата.

The post Српската полиција соблекла група мигранти по долна облека и ги избркала во Македонија appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-se-vrshi-pritisok-vrz-belgrad-i-vuchik-da-gi-distsipliniraat-banaluka-i-dodik/ Thu, 22 Feb 2024 17:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=747109

Министерот за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека врз Белград и претседателот Александар Вучиќ постои притисок да ги „дисциплинираат“ Бањалука и претседателот на Република Српска Милорад Додик, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ за Радио-телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина како пријателска соседна земја, составена од два еднакви ентитети и три конститутивни нации.

Според него, Белград, „за разлика од некои политички структури во Сараево“, многу јасно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

-Меѓутоа, политичката елита во Сараево не го почитува територијалниот интегритет на Србија, но тоа не може формално да го спроведе поради Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина во врска со прашањето за Косово и Метохија, изјави Вучевиќ.

Тој додаде дека Србија се грижи за опстанокот на Република Српска, и оцени дека сè она што исклучува еден народ и еден ентитет и „се што е наметнато“ не е добро за Босна и Херцеговина.

The post Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека врз Белград и претседателот Александар Вучиќ постои притисок да ги „дисциплинираат“ Бањалука и претседателот на Република Српска Милорад Додик, јави дописникот на МИА од Белград. Вучевиќ за Радио-телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина како пријателска соседна земја, составена од два еднакви ентитети и три конститутивни нации. Според него, Белград, „за разлика од некои политички структури во Сараево“, многу јасно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
-Меѓутоа, политичката елита во Сараево не го почитува територијалниот интегритет на Србија, но тоа не може формално да го спроведе поради Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина во врска со прашањето за Косово и Метохија, изјави Вучевиќ.
Тој додаде дека Србија се грижи за опстанокот на Република Српска, и оцени дека сè она што исклучува еден народ и еден ентитет и „се што е наметнато“ не е добро за Босна и Херцеговина.

The post Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик appeared first on Република.

]]>
Во Белград пријавена епидемија на мали сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-prijavena-epidemija-na-mali-sipanitsi/ Thu, 22 Feb 2024 16:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=747107

Во Белград е пријавена епидемија на мали сипаници, потврдија за медиумите во Градскиот завод за јавно здравје, јави дописникот на МИА од Белград.

Од 6 февруари кога беше пријавен првиот случај на мали сипаници до денеска во Белград се потврдени 11 случаи на мали сипаници.

Епидемиолозите и лекарите наведуваат дека најголем број заболени се или невакцинирани или со непознат статус на вакцинација.

Вакцината против морбили, ММР вакцината, децата ја примаат на возраст од 12-15 месеци и пред да тргнат на училиште.

Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ до сите здравствени установи во Србија достави предлог мерки за построг надзор.

Од Градскиот институт за јавно здравје потенцираат дека вакцинацијата е единствената ефикасна превентивна мерка која води до создавање цврст и долготрајен имунитет.

Сепак, предупредуваат дека е потребно 95 отсто од децата да се вакцинираат за да стекнат колективен имунитет со што би се спречило појавувањето на нови случаи.

Во Србија годинава се регистрирани 13 случаи на морбили.

Во 2023 година во Србија се регистрирани 50 случаи на мали сипаници, од кои повеќето (94 отсто) биле невакцинирани.

The post Во Белград пријавена епидемија на мали сипаници appeared first on Република.

]]>

Во Белград е пријавена епидемија на мали сипаници, потврдија за медиумите во Градскиот завод за јавно здравје, јави дописникот на МИА од Белград. Од 6 февруари кога беше пријавен првиот случај на мали сипаници до денеска во Белград се потврдени 11 случаи на мали сипаници. Епидемиолозите и лекарите наведуваат дека најголем број заболени се или невакцинирани или со непознат статус на вакцинација. Вакцината против морбили, ММР вакцината, децата ја примаат на возраст од 12-15 месеци и пред да тргнат на училиште. Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ до сите здравствени установи во Србија достави предлог мерки за построг надзор. Од Градскиот институт за јавно здравје потенцираат дека вакцинацијата е единствената ефикасна превентивна мерка која води до создавање цврст и долготрајен имунитет. Сепак, предупредуваат дека е потребно 95 отсто од децата да се вакцинираат за да стекнат колективен имунитет со што би се спречило појавувањето на нови случаи. Во Србија годинава се регистрирани 13 случаи на морбили. Во 2023 година во Србија се регистрирани 50 случаи на мали сипаници, од кои повеќето (94 отсто) биле невакцинирани.

The post Во Белград пријавена епидемија на мали сипаници appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-kosovo-na-site-vo-litse-im-kazhav-shto-nema-da-ispolnime-od-ohridskiot-dogovor/ Thu, 22 Feb 2024 14:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=747072

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на сите во лице им кажал што нема да исполнат од Охридскиот договор, пишува српска „Политика“.

По повод одлуката на Приштина за укинување на динарот на Косово, Вучиќ рече дека луѓето во јужната српска покраина мора да добијат плати и повтори дека Србија не може да исполни дел од договорот во однос на прифаќањето на Косово во меѓународните институции.

„Чекаме покана некој да оди во Брисел, но не знаеме за што да разговараме, бидејќи Курти нема да зборува за Заедницата на српските општини, тој го чува динарот и нема суспензија, има прикриена поддршка на одредени фактори на моќ, а нешто мора да се реши во деновите пред нас, бидејќи Србите на Косово треба да си ги земаат платите“, нагласи претседателот на Србија

Тој рече дека „мораме да ги заштити огништа и земјата во согласност со Уставот на Република Србија“.

Тој напомена дека денеска со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел разговарал за Србија, агендата за раст, Косово и Бањска.

Јас секогаш ќе бидам на страната на прогонетите Срби. Дали е моја вина? Јас сум крив, знам кој чија вина бара. Немаше насилство, ги избркаа од нивните огништа, но што да правиш. Мислам дека Европа мора да гледа на своите стратешки интереси и да и понуди нешто на Србија“, рече Вучиќ.

The post Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на сите во лице им кажал што нема да исполнат од Охридскиот договор, пишува српска „Политика“. По повод одлуката на Приштина за укинување на динарот на Косово, Вучиќ рече дека луѓето во јужната српска покраина мора да добијат плати и повтори дека Србија не може да исполни дел од договорот во однос на прифаќањето на Косово во меѓународните институции. „Чекаме покана некој да оди во Брисел, но не знаеме за што да разговараме, бидејќи Курти нема да зборува за Заедницата на српските општини, тој го чува динарот и нема суспензија, има прикриена поддршка на одредени фактори на моќ, а нешто мора да се реши во деновите пред нас, бидејќи Србите на Косово треба да си ги земаат платите“, нагласи претседателот на Србија Тој рече дека „мораме да ги заштити огништа и земјата во согласност со Уставот на Република Србија“. Тој напомена дека денеска со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел разговарал за Србија, агендата за раст, Косово и Бањска. Јас секогаш ќе бидам на страната на прогонетите Срби. Дали е моја вина? Јас сум крив, знам кој чија вина бара. Немаше насилство, ги избркаа од нивните огништа, но што да правиш. Мислам дека Европа мора да гледа на своите стратешки интереси и да и понуди нешто на Србија“, рече Вучиќ.

The post Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>
Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bislimi-ja-odbi-pokanata-za-sredba-so-srpskata-strana-vo-brisel-za-zabranata-na-dinarot-vo-kosovo-prashaneto-na-dinarot-ne-e-del-od-dijalogot/ Thu, 22 Feb 2024 14:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=747061

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

 

На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“.

Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба.

– Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди, рече Бислими.

Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил.

– Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните, рече Бислими.

На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единсгвено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употрабата на динарот.

The post Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот appeared first on Република.

]]>

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина.
 
 
На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“. Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба. – Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди, рече Бислими. Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил. – Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните, рече Бислими. На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единсгвено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употрабата на динарот.

The post Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот appeared first on Република.

]]>
Лајчак планира идната недела да организира состаноци со претставници на Косово и Србија за одлуката на КЦБ за укинувањето на динарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lajchak-planira-idnata-nedela-da-organizira-sostanotsi-so-pretstavnitsi-na-kosovo-i-srbija-za-odlukata-na-ktsb-za-ukinuvaneto-na-dinarot/ Thu, 22 Feb 2024 13:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=747031

Портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано потврди дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак планира следната недела да организира рунда состаноци со Србија и Косово на кои ќе се разговара за одлуката на Централната банка на Косово (КЦБ) да го укине користењето на динарот.

Стано исто така потврди и дека Лајчак упатил покана до Приштина и Белград за состанок што требаше да се одржи на 27 февруари.

„Обично не коментираме за преписките со партнерите. Меѓутоа, во писмото за покана на специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак не е прецизирано кој треба да ги претставува Косово и Србија - тоа им останува на страните“, објасни Стано во писмената реакција што ја достави до медиумите.

Овие коментари на портпаролот на Брисел доаѓаат откако еден ден претходно, на 21 февруари, главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими изјави дека ја одбил поканата на Лајчак, тврдејќи дека тоа не е состанок на кој мора да оди главниот преговарач, бидејќи, според за него, „прашањето за динарот не е дел од дијалогот“.

The post Лајчак планира идната недела да организира состаноци со претставници на Косово и Србија за одлуката на КЦБ за укинувањето на динарот appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано потврди дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак планира следната недела да организира рунда состаноци со Србија и Косово на кои ќе се разговара за одлуката на Централната банка на Косово (КЦБ) да го укине користењето на динарот. Стано исто така потврди и дека Лајчак упатил покана до Приштина и Белград за состанок што требаше да се одржи на 27 февруари.
„Обично не коментираме за преписките со партнерите. Меѓутоа, во писмото за покана на специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак не е прецизирано кој треба да ги претставува Косово и Србија - тоа им останува на страните“, објасни Стано во писмената реакција што ја достави до медиумите.
Овие коментари на портпаролот на Брисел доаѓаат откако еден ден претходно, на 21 февруари, главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими изјави дека ја одбил поканата на Лајчак, тврдејќи дека тоа не е состанок на кој мора да оди главниот преговарач, бидејќи, според за него, „прашањето за динарот не е дел од дијалогот“.

The post Лајчак планира идната недела да организира состаноци со претставници на Косово и Србија за одлуката на КЦБ за укинувањето на динарот appeared first on Република.

]]>
Албанија ја зајакнува кибер безбедноста, за пет години ќе вложи 111 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-ja-zajaknuva-kiber-bezbednosta-za-pet-godini-ke-vlozhi-111-milioni-evra/ Thu, 22 Feb 2024 12:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=746983

По серијата напади, кои зачестија од пред две година, Албанија подготви нов закон со цел да го зајакне нивото на кибер безбедноста во земјата, со кој преку зголемување на капацитетите за спречување на софистицирани напади, планира да инвестира 111 милиони евра во следните пет години.

-Кибер-нападите се веќе многу софистицирани. Сегашните капацитети се недоволни да гарантираат високо ниво на безбедност во мрежите и информациските системи. Од витално значење е да се воспостави правна рамка во условите во кои се наоѓаме, а за да се одговори на зголемените напади, неопходно е да се воспостави современа правна рамка според директивите на ЕУ, изјави Игли Тафа, директор на Националната управа на седница на парламентарната законодавна комисија.

Албанија во последниве години се соочи со серија софистицирани кибер-напади за кои владата ја обвини Исламската Република Иран.

Во извештајот на компанијата „Мајкрософт“, која беше повикана од албанската влада да помогне во одбивањето и истрагата на сајбер-нападот врз Албанија, се вели дека успеала да пронајде четири групи напаѓачи поврзани со разузнавачките служби на Иран.

Како одговор на нападите врз владините мрежи од Техеран, официјална Тирана одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран во почетокот на септември 2022 година и им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата за нападот како неосновани, а одлуката за прекин на дипломатските односи како „краткогледа“.

Двете земји имаа тензични односи од 2014 кога Албанија прими 4.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран, за кои изграден е посебен камп во близина на Драч.

The post Албанија ја зајакнува кибер безбедноста, за пет години ќе вложи 111 милиони евра appeared first on Република.

]]>

По серијата напади, кои зачестија од пред две година, Албанија подготви нов закон со цел да го зајакне нивото на кибер безбедноста во земјата, со кој преку зголемување на капацитетите за спречување на софистицирани напади, планира да инвестира 111 милиони евра во следните пет години.
-Кибер-нападите се веќе многу софистицирани. Сегашните капацитети се недоволни да гарантираат високо ниво на безбедност во мрежите и информациските системи. Од витално значење е да се воспостави правна рамка во условите во кои се наоѓаме, а за да се одговори на зголемените напади, неопходно е да се воспостави современа правна рамка според директивите на ЕУ, изјави Игли Тафа, директор на Националната управа на седница на парламентарната законодавна комисија.
Албанија во последниве години се соочи со серија софистицирани кибер-напади за кои владата ја обвини Исламската Република Иран. Во извештајот на компанијата „Мајкрософт“, која беше повикана од албанската влада да помогне во одбивањето и истрагата на сајбер-нападот врз Албанија, се вели дека успеала да пронајде четири групи напаѓачи поврзани со разузнавачките служби на Иран. Како одговор на нападите врз владините мрежи од Техеран, официјална Тирана одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран во почетокот на септември 2022 година и им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа. Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата за нападот како неосновани, а одлуката за прекин на дипломатските односи како „краткогледа“. Двете земји имаа тензични односи од 2014 кога Албанија прими 4.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран, за кои изграден е посебен камп во близина на Драч.

The post Албанија ја зајакнува кибер безбедноста, за пет години ќе вложи 111 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-investira-100-milioni-evra-vo-razvoj-na-veshtachka-inteligentsija-do-2026-godina/ Thu, 22 Feb 2024 11:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=746959

Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година, која ќе биде една од приоритетите на новата Влада на Србија, заедно со придружниот акционен план, соопшти денеска Национална алијанса за локален економски развој во Србија (НАЛЕД).

Целта е Србија да се рангира меѓу лидерите во регионот во таа област, беше соопштено на седницата на Алијансата за е-влада на НАЛЕД, пренесе Бета.

Според Стефан Баџа, шеф на тимот за специјални проекти во Кабинетот на премиерот на Србија, фокусот на работата на новата стратегија е да се обезбеди пофлексибилна регулатива и да се обезбедат капацитети за компаниите кои сакаат да имплементираат иновации.

The post Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година appeared first on Република.

]]>

Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година, која ќе биде една од приоритетите на новата Влада на Србија, заедно со придружниот акционен план, соопшти денеска Национална алијанса за локален економски развој во Србија (НАЛЕД). Целта е Србија да се рангира меѓу лидерите во регионот во таа област, беше соопштено на седницата на Алијансата за е-влада на НАЛЕД, пренесе Бета. Според Стефан Баџа, шеф на тимот за специјални проекти во Кабинетот на премиерот на Србија, фокусот на работата на новата стратегија е да се обезбеди пофлексибилна регулатива и да се обезбедат капацитети за компаниите кои сакаат да имплементираат иновации.

The post Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година appeared first on Република.

]]>
Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот со Италија за мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-so-italija-za-migranti/ Thu, 22 Feb 2024 10:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=746916

На денешната пленарна седница, која траеше само седум минути, помеѓу свирежи и навреди, албанскиот Парламент, со 77 гласови „за“ го ратификува договорот со Италија за отворање на два прифатни центри на албанска територија за сместување лица фатени во обид илегално да дојдат на италијанскиот брег.

Договорот, за кој беше потребно одобрение од просто мнозинство, од 140-члениот парламент, помина со гласовите на пратениците на владејачката Социјалистичка партија и тројца пратеници на Партијата за правда и единство, при што опозицијата го бојкотираше гласањето.

Договорот, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, на 15 месецов го ратифкува и италијанскиот Сенат, со 93 гласа „за“ и 61 „против“.

Центри ќе функционираат во пристанишнот град Шенѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена воена база, и двата во околијата Лежа. Месечно ќе бидат сместувани три илјади мигранти или 36 илјади годишно.

Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите, кои треба да профункционираат оваа пролет, за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.

Италијанскиот Сенат договорот го ратификува на 15 месецов со 93 гласа „за“ и 61 „против“.

За разлика од овој, Предлог-законот за амнестија, беше повлечен од дневниот ред бидејќи не беа обезбедени потребните 84 гласови. Опозицијата пред седницата најави дека не го поддржува, обвинувајќи дека власта со овој закон се обидува да амнестира осудени функционери за корупција.

The post Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот со Италија за мигранти appeared first on Република.

]]>

На денешната пленарна седница, која траеше само седум минути, помеѓу свирежи и навреди, албанскиот Парламент, со 77 гласови „за“ го ратификува договорот со Италија за отворање на два прифатни центри на албанска територија за сместување лица фатени во обид илегално да дојдат на италијанскиот брег. Договорот, за кој беше потребно одобрение од просто мнозинство, од 140-члениот парламент, помина со гласовите на пратениците на владејачката Социјалистичка партија и тројца пратеници на Партијата за правда и единство, при што опозицијата го бојкотираше гласањето. Договорот, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, на 15 месецов го ратифкува и италијанскиот Сенат, со 93 гласа „за“ и 61 „против“. Центри ќе функционираат во пристанишнот град Шенѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена воена база, и двата во околијата Лежа. Месечно ќе бидат сместувани три илјади мигранти или 36 илјади годишно. Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите, кои треба да профункционираат оваа пролет, за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра. Италијанскиот Сенат договорот го ратификува на 15 месецов со 93 гласа „за“ и 61 „против“. За разлика од овој, Предлог-законот за амнестија, беше повлечен од дневниот ред бидејќи не беа обезбедени потребните 84 гласови. Опозицијата пред седницата најави дека не го поддржува, обвинувајќи дека власта со овој закон се обидува да амнестира осудени функционери за корупција.

The post Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот со Италија за мигранти appeared first on Република.

]]>