Ракомет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/sport/rakomet/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 21:55:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ракомет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/sport/rakomet/ 32 32 Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна женското ЕП во ракомет https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonija-so-ubedliv-poraz-od-shvedska-go-zapochna-zhenskoto-ep-vo-rakomet/ Thu, 28 Nov 2024 21:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=842937

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18.

Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија на Шведска од 5-0 со која тие дојдоа до водство од 6-3.

Македонија се држеше до 10-7, а потоа следеше неверојатен пад. До крајот на првото полувреме не дадовме гол, првите 30 минути завршија со 15-7.

Серијата Шведска ја продолжи и во вториот дел, дојдоа до предност од 20-7. Ние 20 минути немавме постигнато гол. Швеѓанките неколкупати имаа и 16 голови предност, на крајот мечот заврши со 28-18.

Наш најдобар поединец беше голманката Јована Мицевска која имаше десет одбрани, најголемиот дел беа зицери. Ристовска, Младеновска, Кипријановска и Јанкуловска постигнаа по три гола. Најдобра на теренот беше Швеѓанката Хагман со девет голови.

Следниот натпревар на Македонија е во сабота против Турција од 20:30 часот. Тоа е меч на кој ние сме фаворити.

Во вториот меч од нашата група денеска Унгарија ја победи Турција со 30-24.

The post Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна женското ЕП во ракомет appeared first on Република.

]]>

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија на Шведска од 5-0 со која тие дојдоа до водство од 6-3. Македонија се држеше до 10-7, а потоа следеше неверојатен пад. До крајот на првото полувреме не дадовме гол, првите 30 минути завршија со 15-7. Серијата Шведска ја продолжи и во вториот дел, дојдоа до предност од 20-7. Ние 20 минути немавме постигнато гол. Швеѓанките неколкупати имаа и 16 голови предност, на крајот мечот заврши со 28-18. Наш најдобар поединец беше голманката Јована Мицевска која имаше десет одбрани, најголемиот дел беа зицери. Ристовска, Младеновска, Кипријановска и Јанкуловска постигнаа по три гола. Најдобра на теренот беше Швеѓанката Хагман со девет голови. Следниот натпревар на Македонија е во сабота против Турција од 20:30 часот. Тоа е меч на кој ние сме фаворити. Во вториот меч од нашата група денеска Унгарија ја победи Турција со 30-24.

The post Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна женското ЕП во ракомет appeared first on Република.

]]>
РК Алкалоид пред влез во осминалето на европскиот куп https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-alkaloid-pred-vlez-vo-osminaleto-na-evropskiot-kup/ Thu, 28 Nov 2024 14:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=842801

Македонскиот претставник во Европскиот куп, тимот на Алкалоид го очекува двомеч со Вест Виена. Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, верува во успех и пласман во осминафиналето од третото по квалитет европско ракометно натпреварување.

- Ни доаѓа противник кој во тимот има многу младински репрезентативци на Австрија. Се работи за добра екипа, технички доста поткована, во секој момент знаат што сакаат. Многу трчаат, играат сличен ракомет со нас, па се надевам дека гледачите ќе имаат можност да проследат два динамични, квалитетни натпревари во рок од 48 часа. Ние ќе се обидеме да одиграме квалитетно. Како и за секој противник, така и за овој, се подготвуваме максимално сериозно и очекувам две победи. Апел до публиката во што поголем број да дојде во Автокоманда и да даде поддршка на нашите ракометари кои ја заслужуваат, особено на европски натпревар, изјави Лазаров.

Во победа верува и десниот бек на тимот од Автокоманда, Мартин Серафимов кој сезонава игра во извонредна форма.

-Подготвени ги дочекуваме средбите со Вест Виена. Ќе ги исполниме обврските кои ни се дадени од тренерот, го прифаќаме предизвикот и верувам дека ќе победиме и ќе се пласираме во следната рунда, нагласи Серафимов.

Двата натпревара ќе се играат во салата во „Автокоманда“, првиот утревечер со почеток во 19 часот на кој официјален домаќин е Алкалоид. Вториот е в сабота, исто така од 19 часот, како домаќин ќе се води австрискиот тим.

The post РК Алкалоид пред влез во осминалето на европскиот куп appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претставник во Европскиот куп, тимот на Алкалоид го очекува двомеч со Вест Виена. Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, верува во успех и пласман во осминафиналето од третото по квалитет европско ракометно натпреварување.
- Ни доаѓа противник кој во тимот има многу младински репрезентативци на Австрија. Се работи за добра екипа, технички доста поткована, во секој момент знаат што сакаат. Многу трчаат, играат сличен ракомет со нас, па се надевам дека гледачите ќе имаат можност да проследат два динамични, квалитетни натпревари во рок од 48 часа. Ние ќе се обидеме да одиграме квалитетно. Како и за секој противник, така и за овој, се подготвуваме максимално сериозно и очекувам две победи. Апел до публиката во што поголем број да дојде во Автокоманда и да даде поддршка на нашите ракометари кои ја заслужуваат, особено на европски натпревар, изјави Лазаров.
Во победа верува и десниот бек на тимот од Автокоманда, Мартин Серафимов кој сезонава игра во извонредна форма. -Подготвени ги дочекуваме средбите со Вест Виена. Ќе ги исполниме обврските кои ни се дадени од тренерот, го прифаќаме предизвикот и верувам дека ќе победиме и ќе се пласираме во следната рунда, нагласи Серафимов. Двата натпревара ќе се играат во салата во „Автокоманда“, првиот утревечер со почеток во 19 часот на кој официјален домаќин е Алкалоид. Вториот е в сабота, исто така од 19 часот, како домаќин ќе се води австрискиот тим.

The post РК Алкалоид пред влез во осминалето на европскиот куп appeared first on Република.

]]>
Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/od-deneska-navivame-za-makedonskite-rakometarki-na-evropskoto-prvenstvo/ Thu, 28 Nov 2024 07:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=842562

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин.

Во А-групата ќе играат и селекциите на Турција и домаќинот Унгарија.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.

-Шведска е апсолутен фаворит. Ние сакаме да се претставиме во добро светло. Наша главна цел е натпреварот со Турција каде гледаме шанса за освојување бодови, изјави Грчевски.

Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации

The post Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин. Во А-групата ќе играат и селекциите на Турција и домаќинот Унгарија. Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.
-Шведска е апсолутен фаворит. Ние сакаме да се претставиме во добро светло. Наша главна цел е натпреварот со Турција каде гледаме шанса за освојување бодови, изјави Грчевски.
Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации

The post Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство appeared first on Република.

]]>
Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-1961-so-pobeda-go-zavrshi-nastapot-na-evropskata-stsena/ Tue, 26 Nov 2024 21:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=842091

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва во Скопје лидерот во германското првенство Мелсунген со 32-30 (17-17) и со победа го завршија настапот оваа сезона во Лига Европа.

За македонскиот претставник ова беше втора победа и петти освоен бод во групата Ф, заверувајќи го на крајот третото место.

Пласман во нокаут фазата од оваа група обезбедија Мелсунген, кој во Скопје го претрпе првиот европски пораз, како и Порто, кој два пати го совлада Вардар во групната фаза.

До втората европска победа Вардар 1961 вечерва го предводеа Ларс Коиј со осум и Младен Крсманчиќ со шест голови.

Одлична партија на голот на „црвено – црните“ прикажа Мигуел Фереира, кој запиша 15 одбрани.

The post Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва во Скопје лидерот во германското првенство Мелсунген со 32-30 (17-17) и со победа го завршија настапот оваа сезона во Лига Европа. За македонскиот претставник ова беше втора победа и петти освоен бод во групата Ф, заверувајќи го на крајот третото место. Пласман во нокаут фазата од оваа група обезбедија Мелсунген, кој во Скопје го претрпе првиот европски пораз, како и Порто, кој два пати го совлада Вардар во групната фаза. До втората европска победа Вардар 1961 вечерва го предводеа Ларс Коиј со осум и Младен Крсманчиќ со шест голови. Одлична партија на голот на „црвено – црните“ прикажа Мигуел Фереира, кој запиша 15 одбрани.

The post Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена appeared first on Република.

]]>
Хаос на ракометен натпревар во Црна Гора: Навивачи фрлаа стаклени шишиња на теренот и скандираа „Косово е Србија“ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/haos-na-rakometen-natprevar-vo-tsrna-gora-navivachi-frlaa-stakleni-shishina-na-terenot-i-skandiraa-kosovo-e-srbija/ Mon, 25 Nov 2024 19:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=841694

На ракометниот натпревар помеѓу Ловќен и Беране во црногорскиот шампионат дојде до вистински хаос откако навивачи испраќаа погрдни зборови од трибините, а потоа скандираа „Косово е Србија“. Освен тоа тие фрлаа и стаклени шишиња кон ракометарите на теренот.

Медиумите во Црна Гора пренесуваат и дека дел од навивачите влегле на теренот со цел да се пресметаат со гостинските ракометари, па поради тоа средбата привремено и била прекината.

The post Хаос на ракометен натпревар во Црна Гора: Навивачи фрлаа стаклени шишиња на теренот и скандираа „Косово е Србија“ appeared first on Република.

]]>

На ракометниот натпревар помеѓу Ловќен и Беране во црногорскиот шампионат дојде до вистински хаос откако навивачи испраќаа погрдни зборови од трибините, а потоа скандираа „Косово е Србија“. Освен тоа тие фрлаа и стаклени шишиња кон ракометарите на теренот. Медиумите во Црна Гора пренесуваат и дека дел од навивачите влегле на теренот со цел да се пресметаат со гостинските ракометари, па поради тоа средбата привремено и била прекината.

The post Хаос на ракометен натпревар во Црна Гора: Навивачи фрлаа стаклени шишиња на теренот и скандираа „Косово е Србија“ appeared first on Република.

]]>
Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-podobar-od-alkaloid-vo-derbito-na-rakometnata-superliga/ Sun, 24 Nov 2024 21:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=841398

Ракометниот клуб Вардар 1961 забележа победа над Алкалоид од 29:27 (15:13) во дерби натпреварот од 12. коло на Суперлигата.

Ова беше прв пораз за избраниците на Кирил Лазаров во кампањата.

Сепак „црвено-црните“ не го анулираа поразот од три разлика од Автокоманда (33:30) кој на крајот може да се покаже и како клучен во битката за титулата.

Најефикасни кај победникот беа Хориха со седум и Срдановиќ со шест реализации, додека на спротивната страна Митев постигна пет погодоци.

The post Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига appeared first on Република.

]]>

Ракометниот клуб Вардар 1961 забележа победа над Алкалоид од 29:27 (15:13) во дерби натпреварот од 12. коло на Суперлигата. Ова беше прв пораз за избраниците на Кирил Лазаров во кампањата. Сепак „црвено-црните“ не го анулираа поразот од три разлика од Автокоманда (33:30) кој на крајот може да се покаже и како клучен во битката за титулата. Најефикасни кај победникот беа Хориха со седум и Срдановиќ со шест реализации, додека на спротивната страна Митев постигна пет погодоци.

The post Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига appeared first on Република.

]]>
Новиот тренер на Пелистерци е горд на тимот https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/noviot-trener-na-pelistertsi-e-gord-na-timot/ Thu, 21 Nov 2024 08:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=840174

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа ремизираа (29:29) дома против Фредериција во осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Битолскиот тим стигна до четвртиот освоен бод и се наоѓа на шестата позиција која води во осминафинале од елитното европско натпреварување.

Тренерот Раул Алонсо е задоволен од играта на неговите избраници и од поддршката од навивачите на „зелоно-белите“.

- За мене ова беше посебен натпревар. Имавме краток период за одмор и да се подготвиме заа ваков ривал беше проблем. Воодушевен сум од дочекот на навивачите и горд на борбата на теренот. Не се откажавме се боревме цело време и бркавме негатива. Во првото полувреме можеби не изгледавме најдобро, но во продолжение знаевме дека со помош на публиката може да се вратиме. Имавме шанси и да победиме, но ако не ги искористите шансите не заслужувате да победите, бодот сепак е добар за нас. Сега ќе одмориме пред лигашкиот натпревар, а потоа одиме на гости кај Веспрем. Се надевам нема да имаме проблеми со повреди, истакна Алонсо по натпреварот со данскиот претставник.

The post Новиот тренер на Пелистерци е горд на тимот appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа ремизираа (29:29) дома против Фредериција во осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Битолскиот тим стигна до четвртиот освоен бод и се наоѓа на шестата позиција која води во осминафинале од елитното европско натпреварување. Тренерот Раул Алонсо е задоволен од играта на неговите избраници и од поддршката од навивачите на „зелоно-белите“.
- За мене ова беше посебен натпревар. Имавме краток период за одмор и да се подготвиме заа ваков ривал беше проблем. Воодушевен сум од дочекот на навивачите и горд на борбата на теренот. Не се откажавме се боревме цело време и бркавме негатива. Во првото полувреме можеби не изгледавме најдобро, но во продолжение знаевме дека со помош на публиката може да се вратиме. Имавме шанси и да победиме, но ако не ги искористите шансите не заслужувате да победите, бодот сепак е добар за нас. Сега ќе одмориме пред лигашкиот натпревар, а потоа одиме на гости кај Веспрем. Се надевам нема да имаме проблеми со повреди, истакна Алонсо по натпреварот со данскиот претставник.

The post Новиот тренер на Пелистерци е горд на тимот appeared first on Република.

]]>
Пелистер пак одигра реми во ЛШ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/pelister-pak-odigra-remi-vo-lsh/ Thu, 21 Nov 2024 06:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=840111

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа вечера во Битола во дуелот со данскиот тим Фредериција, одигрувајќи 29-29 во рамки на 8 коло во групата А во Лигата на шампиони.

Со вечерашното реми и четвртиот освоен бод, актуелниот македонскиот првак остана на шестото место на табелата кое носи пласман во нокаут фазата во елитното клупско натпреварување.

Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше 13-16, но многу поангажирано го отвори вториот дел и откако во 45 минута го израмни резултатот (22-22), две минути подоцна капитенот Филип Кузмановски му донесе и прво водство на битолскиот тим (24-23).

Натпреварот влезе резултатски израмнет во последната минута (29-29), но Еурофарм Пелистер не успеа да го реализира завршниот напад и со тоа втор пат за три недели да го совлада данскиот вицепрвак.

Богдан Радивојевиќ со седум и Кузмановски со пет голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Никола Митревски запиша пет одбрани.

Во следното 9 коло ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на лидерот на табелата Веспрем на 28 оовој месец

The post Пелистер пак одигра реми во ЛШ appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа вечера во Битола во дуелот со данскиот тим Фредериција, одигрувајќи 29-29 во рамки на 8 коло во групата А во Лигата на шампиони. Со вечерашното реми и четвртиот освоен бод, актуелниот македонскиот првак остана на шестото место на табелата кое носи пласман во нокаут фазата во елитното клупско натпреварување. Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше 13-16, но многу поангажирано го отвори вториот дел и откако во 45 минута го израмни резултатот (22-22), две минути подоцна капитенот Филип Кузмановски му донесе и прво водство на битолскиот тим (24-23). Натпреварот влезе резултатски израмнет во последната минута (29-29), но Еурофарм Пелистер не успеа да го реализира завршниот напад и со тоа втор пат за три недели да го совлада данскиот вицепрвак. Богдан Радивојевиќ со седум и Кузмановски со пет голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Никола Митревски запиша пет одбрани. Во следното 9 коло ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на лидерот на табелата Веспрем на 28 оовој месец

The post Пелистер пак одигра реми во ЛШ appeared first on Република.

]]>
РК Вардар вечерва на Исланд https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-vardar-vecherva-na-island/ Tue, 19 Nov 2024 07:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=839371

Вардар се наоѓа во Исланд каде  го игра мечот од 5. коло од групната фаза на Лига Европа против тимот на Валур во Рејкјавик.
На првиот меѓусебен дуел одигран во Скопје, на почетокот на минатиот месец Вардар победи со 33-26.

The post РК Вардар вечерва на Исланд appeared first on Република.

]]>

Вардар се наоѓа во Исланд каде  го игра мечот од 5. коло од групната фаза на Лига Европа против тимот на Валур во Рејкјавик. На првиот меѓусебен дуел одигран во Скопје, на почетокот на минатиот месец Вардар победи со 33-26.

The post РК Вардар вечерва на Исланд appeared first on Република.

]]>
Новиот тренер на Пелистер: Битола е ракометно историски град https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/noviot-trener-na-pelister-bitola-e-rakometno-istoriski-grad/ Tue, 19 Nov 2024 07:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=839344

Многу сум среќен и возбуден што сум тука. Имав топло добредојде од сите и ми покажаа дека им е драго што сум тука. Едвај чекам да работам со тимот. Заедно одработивме еден тренинг, на почеток сме на проектот. Среќен сум што сум дел од градот и клубот, изјави новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо во своето прво интервју за клупскиот сајт.

-Од она што го видов имам многу импресии поврзани со тимот. Има простор за голем напредок и можност екипата да биде во корелација со емоциите од трибините, од овој ракометно историски град. Знам дека нашата сала и нашите навивачи се посебни. Ова е ново животно искуство за мене, тимот има потенцијал, но мора и многу да работи, истакна Алонсо.

Тој им порача на фановите дека е среќен што се приклучил на тимо.

-Доаѓам на место кое бара многу од еден тренер, но може да кажам само што рече Јирген Клоп: Да создадеме култура во која сомнежите ќе ги претвориме во луѓе кои веруваат. Ние веруваме, мора да веруваме, секојдневно да работиме за да ги задоволиме нашите навивачи. Но, и порачуваме дека и тие ни се потребни, бидејќи со нив имаме еден, дури и два играчи повеќе, додаде новиот тренер на битолскиот тим.

The post Новиот тренер на Пелистер: Битола е ракометно историски град appeared first on Република.

Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-go-zadrzha-maksimalniot-efekt-vo-rakometnata-superliga/ Sat, 16 Nov 2024 21:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=838675

Ракометарите на Алкалоид успешно поминаа уште една пречка во Суперлигата, откако на гостувањето во ГРК Охрид забележаа убедлива победа со 29:22.

За тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров ова беше 11 победа на исто толку средби во домашното првенство.

Со натпреварот во Охрид се комплетира првиот дел од првата фаза во македонскиот шампионат.

Резултати на другите средби од 11. коло:

Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24

Струга – Вардар 25:34

Куманово – Радовиш 30:26

Бисинов – Тиквеш 22:33

Тинекс Пролет – Бутел 24:19

Табела: Алкалоид 22 бода, Вардар 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Тинекс Пролет 10, Прилеп 9, Куманово, 6, Струга 4, Бисинов 3 и Радовиш 1.

Следуваат 11 рунди од вториот дел по кои најдобрите шест екипи ќе продолжат во втората фаза.

The post Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Алкалоид успешно поминаа уште една пречка во Суперлигата, откако на гостувањето во ГРК Охрид забележаа убедлива победа со 29:22. За тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров ова беше 11 победа на исто толку средби во домашното првенство. Со натпреварот во Охрид се комплетира првиот дел од првата фаза во македонскиот шампионат. Резултати на другите средби од 11. коло: Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24 Струга – Вардар 25:34 Куманово – Радовиш 30:26 Бисинов – Тиквеш 22:33 Тинекс Пролет – Бутел 24:19 Табела: Алкалоид 22 бода, Вардар 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Тинекс Пролет 10, Прилеп 9, Куманово, 6, Струга 4, Бисинов 3 и Радовиш 1. Следуваат 11 рунди од вториот дел по кои најдобрите шест екипи ќе продолжат во втората фаза.

The post Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига appeared first on Република.

]]>
Со овие ракометари ќе настапиме на СП https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/so-ovie-rakometari-ke-nastapime-na-sp/ Fri, 15 Nov 2024 15:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=838175

Македонскиот селектор Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

На списокот на Лазаров се најдоа 35 ракометари, од кои 25 се од актуелниот првак Еурофарм и вицешампионот Алкалоид.

Единствените тројца повикани интернационалци се Мартин Томовски од германски Потсдам, Филип Талевски од Бенфика и Мартин Карапалевски од Ваљадолид.

Македонија на СП 2025 е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Избраниците на Лазаров ќе го отворат Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, по што следуваат дуелите со Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).

За македонската ракометна репрезентација, која натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Вараждин, ова ќе биде деветто учество на светските првенства, а седмо едноподруго

The post Со овие ракометари ќе настапиме на СП appeared first on Република.

]]>

Македонскиот селектор Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот на Лазаров се најдоа 35 ракометари, од кои 25 се од актуелниот првак Еурофарм и вицешампионот Алкалоид. Единствените тројца повикани интернационалци се Мартин Томовски од германски Потсдам, Филип Талевски од Бенфика и Мартин Карапалевски од Ваљадолид. Македонија на СП 2025 е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја. Избраниците на Лазаров ќе го отворат Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, по што следуваат дуелите со Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари). За македонската ракометна репрезентација, која натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Вараждин, ова ќе биде деветто учество на светските првенства, а седмо едноподруго

The post Со овие ракометари ќе настапиме на СП appeared first on Република.

]]>
Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на СП во 2025 година https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/slave-nikolov-i-gorgi-nachevski-ke-sudat-na-sp-vo-2025-godina/ Thu, 14 Nov 2024 18:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=837832

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и понатаму ќе бидат дел од големите ракометни настани и ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство, кое на почетокот на јануари следната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка,

ИХФ ги објави судиските двојки кои ќе ја делат правдата на планетарниот собир, а очекувано меѓу нив е и нашата судиска двојка.

The post Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на СП во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и понатаму ќе бидат дел од големите ракометни настани и ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство, кое на почетокот на јануари следната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, ИХФ ги објави судиските двојки кои ќе ја делат правдата на планетарниот собир, а очекувано меѓу нив е и нашата судиска двојка.

The post Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на СП во 2025 година appeared first on Република.

]]>
Ракометните репрезентативци се опарија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rakometnite-reprezentativtsi-se-oparija/ Thu, 14 Nov 2024 14:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=837590

 Ракометната федерација на Македонија денес ги исплати наградите на машката и женската сениорска репрезентација, како и за машкиот национален тим до 20 години.

Сениорите ќе поделат два милиони денари, добиени за пласманот на Светското првенство 2025 кое ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

Ракометарките добија исто така два милиони денари за пласманот на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Еден милион денари се префрлени на младинската  машка репрезентација за освоеното 9. место на Европското првенство 2024 во Словенија.

Македонската сениорска репрезентација на Мундијалот 2025 својот настап ќе го имаат во Вараждин, Хрватска и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија , Холандија и Гвинеја.

Женската сениорска репрезентација на Европското првенство 2024 својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска во градот Дебрецин, Унгарија

The post Ракометните репрезентативци се опарија appeared first on Република.

]]>

 Ракометната федерација на Македонија денес ги исплати наградите на машката и женската сениорска репрезентација, како и за машкиот национален тим до 20 години. Сениорите ќе поделат два милиони денари, добиени за пласманот на Светското првенство 2025 кое ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска. Ракометарките добија исто така два милиони денари за пласманот на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија. Еден милион денари се префрлени на младинската  машка репрезентација за освоеното 9. место на Европското првенство 2024 во Словенија. Македонската сениорска репрезентација на Мундијалот 2025 својот настап ќе го имаат во Вараждин, Хрватска и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија , Холандија и Гвинеја. Женската сениорска репрезентација на Европското првенство 2024 својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска во градот Дебрецин, Унгарија

The post Ракометните репрезентативци се опарија appeared first on Република.

]]>
Додевски: Време е за независно тело за обезбедување кредибилитет и интегритет на спортот https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/dodevski-vreme-e-za-nezavisno-telo-za-obezbeduvane-kredibilitet-i-integritet-na-sportot/ Wed, 13 Nov 2024 22:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=837243

Време е секоја спортска федерација или Министерството за спорт во соработка со Министерството за внатрешни работи да формира независно тело (комисија) за обезбедување кредибилитет и интегритет на спортот како на теренот така и надвор од него, а инволвираните страни доколку се утврди било каква неправилност да одговараат кривично пред државата- смета Филип Додевски, членот на Управниот Одбор на ЖРК Куманово, кој поседува сертификат од специјализираната програма „Европски ракометен менаџер“ што ја организираше Европската Ракометна Федерација.

Ваквата реакција на Додевски доаѓа откако во меч од Купот на Македонија на дуелот меѓу Скопје и Гевгелија, во последните пет минути од средбата ракометарките си даваа автоголови, шутираа над голот или покрај, додаваа погрешно се со цел да не постигнат гол. Победникот од средбата од Купот требаше да продолжи понатаму, но со оглед на аутсајдерската улога веројатно и двете екипи веројатно не сакаа да прават дополнителни трошоци, околу организирање на нов меч или пак патување.

Тој додава дека Европската ракометна федерација реагирала уште во 2018 година за заштита на правичноста во ракометот, како и за обезбедување на интегритетот и кредибилитетот на спортот, како на теренот, така и надвор од него и создала платформа за откривање на било какви нерегуларности во ракометот.

Ваквa платформа (WHISTLEB) беше подржана од членките на европската ракометна федерација уште на конгресот во Глазгов во 2018 година, а иницијатор беше Ирската олимписка ракометна федерација. На кој начин функционира ваквата независна платформа (WHISTLEB)?
Прво ЕХФ сфаќа дека лицето кое што сака да пријави за некоја нерегуларност сака да остане анонимно, а следствено на тоа да се обезбеди и високо ниво на доверба меѓу анонимниот пријавувач и оној кој што ја прима вашата пријава (иницијатор на постапката).
Иницијатор на постапката е лице кое дејствува независно од било кое тело или комисија на ЕХФ и ќе го третира вашиот извештај без пристрасност. На сајтот report.whistleb.com си има инструкции како да ја испратите вашата пријава. Откако ќе ја испратите вашата порака, ќе добиете ID и лозинка на екранот. Иницијаторот на постапката ќе биде ваша директна точка на контакт и ќе се погрижи известувањето и сите дополнителни прашања да останат доверливи додека не се смета дека е неопходно да се преземат понатамошни чекори. При пријавата не мора да давате никакви лични или контакт информации доколку не сакате - објаснува серфистивираниот европски ракометен менаџер,

Тој додава дека според информации кои ги има оваа платформа успешно работи и има откриено неколку сомнителни обложувања во европскиот ракомет.

Затоа сметам дека доколку постои ваква комисија, независно тело или слично на ова може да се спречи уште пред да се случи било каква неправилност во спортот без разлика дали се вклучени спортистите, тренерите, судиите или било кој од спортските работници - објаснува Додевски.

Министерот за спорт, Борко Ристовски реагираше по скандалозниот натпревар во Купот на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија во кој во неверување двата тима постигнуваа голови во сопствената мрежа и намерно промашуваа обиди кон противничкиот гол. Тој веднаш најави дека на двата клуба ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат, што и беше направено.

The post Додевски: Време е за независно тело за обезбедување кредибилитет и интегритет на спортот appeared first on Република.

]]>

Време е секоја спортска федерација или Министерството за спорт во соработка со Министерството за внатрешни работи да формира независно тело (комисија) за обезбедување кредибилитет и интегритет на спортот како на теренот така и надвор од него, а инволвираните страни доколку се утврди било каква неправилност да одговараат кривично пред државата- смета Филип Додевски, членот на Управниот Одбор на ЖРК Куманово, кој поседува сертификат од специјализираната програма „Европски ракометен менаџер“ што ја организираше Европската Ракометна Федерација.
Ваквата реакција на Додевски доаѓа откако во меч од Купот на Македонија на дуелот меѓу Скопје и Гевгелија, во последните пет минути од средбата ракометарките си даваа автоголови, шутираа над голот или покрај, додаваа погрешно се со цел да не постигнат гол. Победникот од средбата од Купот требаше да продолжи понатаму, но со оглед на аутсајдерската улога веројатно и двете екипи веројатно не сакаа да прават дополнителни трошоци, околу организирање на нов меч или пак патување. Тој додава дека Европската ракометна федерација реагирала уште во 2018 година за заштита на правичноста во ракометот, како и за обезбедување на интегритетот и кредибилитетот на спортот, како на теренот, така и надвор од него и создала платформа за откривање на било какви нерегуларности во ракометот.
Ваквa платформа (WHISTLEB) беше подржана од членките на европската ракометна федерација уште на конгресот во Глазгов во 2018 година, а иницијатор беше Ирската олимписка ракометна федерација. На кој начин функционира ваквата независна платформа (WHISTLEB)? Прво ЕХФ сфаќа дека лицето кое што сака да пријави за некоја нерегуларност сака да остане анонимно, а следствено на тоа да се обезбеди и високо ниво на доверба меѓу анонимниот пријавувач и оној кој што ја прима вашата пријава (иницијатор на постапката). Иницијатор на постапката е лице кое дејствува независно од било кое тело или комисија на ЕХФ и ќе го третира вашиот извештај без пристрасност. На сајтот report.whistleb.com си има инструкции како да ја испратите вашата пријава. Откако ќе ја испратите вашата порака, ќе добиете ID и лозинка на екранот. Иницијаторот на постапката ќе биде ваша директна точка на контакт и ќе се погрижи известувањето и сите дополнителни прашања да останат доверливи додека не се смета дека е неопходно да се преземат понатамошни чекори. При пријавата не мора да давате никакви лични или контакт информации доколку не сакате - објаснува серфистивираниот европски ракометен менаџер,
Тој додава дека според информации кои ги има оваа платформа успешно работи и има откриено неколку сомнителни обложувања во европскиот ракомет.
Затоа сметам дека доколку постои ваква комисија, независно тело или слично на ова може да се спречи уште пред да се случи било каква неправилност во спортот без разлика дали се вклучени спортистите, тренерите, судиите или било кој од спортските работници - објаснува Додевски.
Министерот за спорт, Борко Ристовски реагираше по скандалозниот натпревар во Купот на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија во кој во неверување двата тима постигнуваа голови во сопствената мрежа и намерно промашуваа обиди кон противничкиот гол. Тој веднаш најави дека на двата клуба ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат, што и беше направено.

The post Додевски: Време е за независно тело за обезбедување кредибилитет и интегритет на спортот appeared first on Република.

]]>
Министерството за спорт им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ministerstvoto-za-sport-im-gi-ponishti-reshenijata-za-dejnost-sport-na-zhrk-gevgelija-i-zhrk-skopje/ Wed, 13 Nov 2024 11:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=837156

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија испратија заедничко соопштение до јавноста, по скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови во насока на конструирање на конечниот резултат.

Па, по сето тоа, откако претходно РФМ изрече суспензии за двата клуба, сега и Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија уште еднаш упатија и порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест.

СООПШТЕНИЕТО ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

МИНИСТЕРСТВО ЗА СПОРТ

Ракометна федерација на Македонија

Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Истото резултираше со исклучување на двете екипи од Ракометната федерација на Македонија и изрекување мерки на суспензија за повиканите официјални лица.

По изрекувањето на овие мерки од страна на РФМ, Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест.

The post Министерството за спорт им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје appeared first on Република.

Македонските ракометари поразени во Литванија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-porazeni-vo-litvanija/ Sun, 10 Nov 2024 18:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=836164

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија лесни голови во транзиција.

Најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски со осум, Мартин Серафимов и Жарко Пешевски со пет погодоци.

На другиот натпревар од Групата-1, Словенија ја победи Естонија на гости со 29:28.

Табела: Словенија 4 бода, Македонија 2, Литванија 2, Естонија 0.

Директен пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации по завршување на групната фаза.

The post Македонските ракометари поразени во Литванија appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија лесни голови во транзиција. Најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски со осум, Мартин Серафимов и Жарко Пешевски со пет погодоци. На другиот натпревар од Групата-1, Словенија ја победи Естонија на гости со 29:28. Табела: Словенија 4 бода, Македонија 2, Литванија 2, Естонија 0. Директен пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации по завршување на групната фаза.

The post Македонските ракометари поразени во Литванија appeared first on Република.

]]>
Maкедонија оди на победа во Литванија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonija-odi-na-pobeda-vo-litvanija/ Sun, 10 Nov 2024 14:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=836047

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи една измина во составот во однос на средбата со Естонија.

За денешниот меч со Литванија Лазаров одлучи на местото на Мартин Томовски во составот да биде Иван Галевски.

Младиот голман на Алкалоид натпреварот со Естонија во Скопје го следеше од трибините, па попладне во Вилнус ќе чека шанса за деби во националниот тим.

Покрај Галевски, Лазаров на располагање ќе ги има: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Кузмановски, Александар Петковски, Валентин Карасманакис, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов и Павле Атансаијевиќ.

Натпреварот Литванија – Македонија од второто квалификациско коло за Европското првенство во 2026 година почнува во 17 часот

The post Maкедонија оди на победа во Литванија appeared first on Република.

]]>

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи една измина во составот во однос на средбата со Естонија. За денешниот меч со Литванија Лазаров одлучи на местото на Мартин Томовски во составот да биде Иван Галевски. Младиот голман на Алкалоид натпреварот со Естонија во Скопје го следеше од трибините, па попладне во Вилнус ќе чека шанса за деби во националниот тим. Покрај Галевски, Лазаров на располагање ќе ги има: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Кузмановски, Александар Петковски, Валентин Карасманакис, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов и Павле Атансаијевиќ. Натпреварот Литванија – Македонија од второто квалификациско коло за Европското првенство во 2026 година почнува во 17 часот

The post Maкедонија оди на победа во Литванија appeared first on Република.

]]>
Мириса на местенка: Ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за клубовите https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/mirisa-na-mestenka-rakometarki-si-postignuvaa-avtogolovi-ministerot-ristovski-najavi-odzemane-na-litsentsite-za-klubovite/ Sat, 09 Nov 2024 19:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=835950

Натпреварот Скопје - Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.

Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.

The post Мириса на местенка: Ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за клубовите appeared first on Република.

]]>

Натпреварот Скопје - Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат. Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16. Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.

The post Мириса на местенка: Ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за клубовите appeared first on Република.

]]>
Миленикот на Вардарци ја заврши репрезентативната кариера https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/milenikot-na-varartsi-ja-zavrshi-reprezentativnata-kariera/ Thu, 07 Nov 2024 11:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=835138

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера, соопшти Рaкометната федерација на Србија.

Во соопштението се наведува дека актуелниот член на Пелистер и поранешен ракометар на скопски Врадар, во кој помина 7 години, се простил од репрезентацијата на Србија пред почетокот на натпреварот од првото коло од квалификациите за ЕП 2026 против Летонија (38:25).

Абутовиќ има 36 години, а за српската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 22 гола

The post Миленикот на Вардарци ја заврши репрезентативната кариера appeared first on Република.

]]>

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера, соопшти Рaкометната федерација на Србија. Во соопштението се наведува дека актуелниот член на Пелистер и поранешен ракометар на скопски Врадар, во кој помина 7 години, се простил од репрезентацијата на Србија пред почетокот на натпреварот од првото коло од квалификациите за ЕП 2026 против Летонија (38:25). Абутовиќ има 36 години, а за српската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 22 гола

The post Миленикот на Вардарци ја заврши репрезентативната кариера appeared first on Република.

]]>