Кошарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/sport/kosarka/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 08:36:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кошарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/sport/kosarka/ 32 32 Оклахома ги победи Лејкерси за четврта победа во низа https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/oklahoma-gi-pobedi-lejkersi-za-chetvrta-pobeda-vo-niza/ Sat, 30 Nov 2024 08:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=843313

Кошаркарите на Оклахома Сити ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од НБА лигата со 101:93.

Најефикасен играч на средбата беше Шеј Гилџес-Александер од Оклахома со 36 поени.

Во поразениот тим се истакна дебитантот Далтон Кнехт кој постигна 20 поени.

Овој триумф за Оклахома е четвртата победа во низа со што води во Западната конференција. Лејкерси, пак, се седми на Западот.

The post Оклахома ги победи Лејкерси за четврта победа во низа appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Оклахома Сити ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од НБА лигата со 101:93. Најефикасен играч на средбата беше Шеј Гилџес-Александер од Оклахома со 36 поени. Во поразениот тим се истакна дебитантот Далтон Кнехт кој постигна 20 поени. Овој триумф за Оклахома е четвртата победа во низа со што води во Западната конференција. Лејкерси, пак, се седми на Западот.

The post Оклахома ги победи Лејкерси за четврта победа во низа appeared first on Република.

]]>
Македонија се искачи на 57. место на ФИБА ранкингот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/makedonija-se-iskachi-na-57-mesto-na-fiba-rankingot/ Fri, 29 Nov 2024 19:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=843238

Копаркарската репрезентација на Македонија се искачи едно место погоре на ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација.

Македонската машка сениорска репрезентација е на 57. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите од ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Од нашите противници во групата, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода.

Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17.позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови, додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода.

Лидер во светскиот поредок останува САД кој има 839 бодови, на втората позиција остана Србија која собра 759.6 поени, пред Германија која има 755.3 бода.

Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.

The post Македонија се искачи на 57. место на ФИБА ранкингот appeared first on Република.

]]>

Копаркарската репрезентација на Македонија се искачи едно место погоре на ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација. Македонската машка сениорска репрезентација е на 57. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите од ноемврискиот ФИБА „прозорец“. По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА. Од нашите противници во групата, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода. Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17.позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови, додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода. Лидер во светскиот поредок останува САД кој има 839 бодови, на втората позиција остана Србија која собра 759.6 поени, пред Германија која има 755.3 бода. Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.

The post Македонија се искачи на 57. место на ФИБА ранкингот appeared first on Република.

]]>
Леброн со нов трипл дабл https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-so-nov-tripl-dabl/ Thu, 28 Nov 2024 09:22:19 +0000 https://republika.mk/?p=842630

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска со трипл-дабл ефект (16 поени, 10 скока и 11 асистенции) го предводеше својот тим до гостинска победа над Сан Антонио со 119:101.

По оваа победа, Леброн го надмина Тим Данкан и се искачи на  второто место во победи во НБА вклучувајќи ги и плејофот.

Ѕвездата на Лејкерси стигна до 1.159 победи.

Првото место му припаѓа на Карим Абдул-Џабар со 1228, односно 69 повеќе од Џејмс

The post Леброн со нов трипл дабл appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска со трипл-дабл ефект (16 поени, 10 скока и 11 асистенции) го предводеше својот тим до гостинска победа над Сан Антонио со 119:101. По оваа победа, Леброн го надмина Тим Данкан и се искачи на  второто место во победи во НБА вклучувајќи ги и плејофот. Ѕвездата на Лејкерси стигна до 1.159 победи. Првото место му припаѓа на Карим Абдул-Џабар со 1228, односно 69 повеќе од Џејмс

The post Леброн со нов трипл дабл appeared first on Република.

]]>
Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/povredata-na-dimitrijevik-ne-e-seriozna-beshe-samo-silen-grch-se-ke-bide-vo-red-nabrzo/ Sun, 24 Nov 2024 20:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=841394

Бекот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ покажа одлична игра во поразот од Литванија со 94-72 во Арената „Швитурио“ во Клаипеда.

Тој постигна 43 поени на гостувањето против Литванија за 34 минути игра и се повреди, а последните шест се покажаа како пресудни за домаќинот да стигне до убедлив триумф.

-Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо,  изјави Димитријевиќ по натпреварот.

The post Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо appeared first on Република.

]]>

Бекот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ покажа одлична игра во поразот од Литванија со 94-72 во Арената „Швитурио“ во Клаипеда. Тој постигна 43 поени на гостувањето против Литванија за 34 минути игра и се повреди, а последните шест се покажаа како пресудни за домаќинот да стигне до убедлив триумф.
-Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо,  изјави Димитријевиќ по натпреварот.

The post Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо appeared first on Република.

]]>
Македонија поразена од Литванија иако Нено Димитријевиќ постигна 43 поени https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/makedonija-porazena-od-litvanija-iako-neno-dimitrijevik-postigna-43-poeni/ Sun, 24 Nov 2024 20:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=841392

Нено Димитријевиќ се обиде да ни донесе победа, постигна неверојатни 43 поени, имаше шест асистенции и четири скокови за само 29 одиграни минути, но тоа не беше доволно за да победиме.

Водевме на полувремето со 46-43, беше изедначено и на почетокот од последниот период. Но, се повреди Димитријевиќ, Литванците го искористија тоа и дојдоа до победа од дури 22 разлика, беше 94-72 за нив.

Ние немавме ниту еден друг кошаркар со двоцифрен број на поени, Крстевски, Маслинко и Стајиќ постигнаа по шест. Во составот на Литванија Радџевициус постигна 18 поени, имаше и 11 скокови.

За Македонија шансите не се загубени благодарение на Полска која со 88-86 ја совлада Естонија.

Во последните два меча од квалификациите ќе мора да ги победиме Полска и Естонија, со Естонците ќе мора и кош разликата да ни биде подобра. Тие ја совладаа Македонија со пет поени разлика во Скопје.

The post Македонија поразена од Литванија иако Нено Димитријевиќ постигна 43 поени appeared first on Република.

]]>

Нено Димитријевиќ се обиде да ни донесе победа, постигна неверојатни 43 поени, имаше шест асистенции и четири скокови за само 29 одиграни минути, но тоа не беше доволно за да победиме. Водевме на полувремето со 46-43, беше изедначено и на почетокот од последниот период. Но, се повреди Димитријевиќ, Литванците го искористија тоа и дојдоа до победа од дури 22 разлика, беше 94-72 за нив. Ние немавме ниту еден друг кошаркар со двоцифрен број на поени, Крстевски, Маслинко и Стајиќ постигнаа по шест. Во составот на Литванија Радџевициус постигна 18 поени, имаше и 11 скокови. За Македонија шансите не се загубени благодарение на Полска која со 88-86 ја совлада Естонија. Во последните два меча од квалификациите ќе мора да ги победиме Полска и Естонија, со Естонците ќе мора и кош разликата да ни биде подобра. Тие ја совладаа Македонија со пет поени разлика во Скопје.

The post Македонија поразена од Литванија иако Нено Димитријевиќ постигна 43 поени appeared first on Република.

]]>
Базен, теретана, раскош: Ѕирнете во домот на Никола Јокиќ https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/bazen-teretana-raskosh-zirnete-vo-domot-na-nikola-jokik/ Sun, 24 Nov 2024 12:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=841268

Никола Јокиќ има вила во Америка, што  е чист луксуз, а изгледа исто како од вистински холивудски филмови.Српскиот кошаркар  купи замок со 29 соби во предградието на селото Чери Хилс, на 10 километри од Денвер, за 4,5 милиони долари на крајот на 2021 година за 5,3 милиони долари.

.
Полн со мермер и лустери, домот од 1.140 квадратни метри е секако раскошен. Неверојатните погодности вклучуваат домашно кино со 12 седишта, теретана и апартмани за гости.

The post Базен, теретана, раскош: Ѕирнете во домот на Никола Јокиќ appeared first on Република.

]]>

Никола Јокиќ има вила во Америка, што  е чист луксуз, а изгледа исто како од вистински холивудски филмови.Српскиот кошаркар  купи замок со 29 соби во предградието на селото Чери Хилс, на 10 километри од Денвер, за 4,5 милиони долари на крајот на 2021 година за 5,3 милиони долари. . Полн со мермер и лустери, домот од 1.140 квадратни метри е секако раскошен. Неверојатните погодности вклучуваат домашно кино со 12 седишта, теретана и апартмани за гости.

The post Базен, теретана, раскош: Ѕирнете во домот на Никола Јокиќ appeared first on Република.

]]>
Јокиќ пиел четири литри газиран сок дневно https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/jokik-piel-chetiri-litri-gaziran-sok-dnevno/ Sat, 23 Nov 2024 21:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=840663

Кошаркарот Никола Јокиќ се присети дека имал проблем со вишокот килограми, кој брзо го преболел.

– Можеби не треба да кажам како се хранев порано. Пиев скоро четири литри газиран пијалок дневно! Го сакав. Но, не сум испил ни капка во последнава година ипол – изјави лани Јокиќ.

Јокиќ за 42 дена успеа да ослабе 14 килограми, а клучна улога во тоа имаше фитнес тренерот Стив Хес.

– Мислам дека слабеењето е една од најдобрите работи што сум ги направил во кариерата. Хес ми помогна да ја балансирам тежината, ми направи посебен режим на исхрана. Сега јадам шест до осум пати на ден, протеински шејкови, салати, пилешко, риба – рече Никола и додаде:

– Ама сето тоа се приготвува на здрав начин, со специфично масло кое..е Бљак! Ужасно е, но научив да се хранам здраво и сакам да продолжам да го правам тоа. Не јадам глупости, слатки, масни и лути.

Вака се храни Никола

1. Урамнотежен внес на протеини

Протеините се клучни за регенерација на мускулите, што е особено важно за спортистите како Јокиќ. Тој се потпира на квалитетни извори на протеини како пилешко, риба, јајца, а понекогаш и црвено месо.

2. Претпочита сложени јаглехидрати

Јокиќ се фокусира на потрошувачката на сложени јаглехидрати како леб од цело зрно, кафеав ориз, овесна каша и зеленчук, кои му ја обезбедуваат потребната енергија за долгорочни тренинзи и натпревари.

3. Многу овошје и зеленчук

Како дел од урамнотежена исхрана, Јокиќ јаде многу свежо овошје и зеленчук, кои му обезбедуваат витамини, минерали и антиоксиданси, кои се клучни за закрепнување и општото здравје.

4. Контролиран внес на масти

Внимавајте на внесот на здрави масти кои потекнуваат од маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови и риба. Тие се важни за одржување на енергијата и здравјето на срцето.

5. Добра хидратација

Никола сега најмногу троши обична вода и се грижи да внесува доволно количество течност за да остане хидриран, што е клучно за најдобри можни перформанси.

The post Јокиќ пиел четири литри газиран сок дневно appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот Никола Јокиќ се присети дека имал проблем со вишокот килограми, кој брзо го преболел.
– Можеби не треба да кажам како се хранев порано. Пиев скоро четири литри газиран пијалок дневно! Го сакав. Но, не сум испил ни капка во последнава година ипол – изјави лани Јокиќ.
Јокиќ за 42 дена успеа да ослабе 14 килограми, а клучна улога во тоа имаше фитнес тренерот Стив Хес. – Мислам дека слабеењето е една од најдобрите работи што сум ги направил во кариерата. Хес ми помогна да ја балансирам тежината, ми направи посебен режим на исхрана. Сега јадам шест до осум пати на ден, протеински шејкови, салати, пилешко, риба – рече Никола и додаде:
– Ама сето тоа се приготвува на здрав начин, со специфично масло кое..е Бљак! Ужасно е, но научив да се хранам здраво и сакам да продолжам да го правам тоа. Не јадам глупости, слатки, масни и лути.
Вака се храни Никола 1. Урамнотежен внес на протеини Протеините се клучни за регенерација на мускулите, што е особено важно за спортистите како Јокиќ. Тој се потпира на квалитетни извори на протеини како пилешко, риба, јајца, а понекогаш и црвено месо. 2. Претпочита сложени јаглехидрати Јокиќ се фокусира на потрошувачката на сложени јаглехидрати како леб од цело зрно, кафеав ориз, овесна каша и зеленчук, кои му ја обезбедуваат потребната енергија за долгорочни тренинзи и натпревари. 3. Многу овошје и зеленчук Како дел од урамнотежена исхрана, Јокиќ јаде многу свежо овошје и зеленчук, кои му обезбедуваат витамини, минерали и антиоксиданси, кои се клучни за закрепнување и општото здравје. 4. Контролиран внес на масти Внимавајте на внесот на здрави масти кои потекнуваат од маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови и риба. Тие се важни за одржување на енергијата и здравјето на срцето. 5. Добра хидратација Никола сега најмногу троши обична вода и се грижи да внесува доволно количество течност за да остане хидриран, што е клучно за најдобри можни перформанси.

The post Јокиќ пиел четири литри газиран сок дневно appeared first on Република.

]]>
Димитријевиќ ќе настапи на утрешниот натпревар против Литванија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/dimitrijevik-ke-nastapi-na-utreshniot-natprevar-protiv-litvanija/ Sat, 23 Nov 2024 20:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=841172

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре, од 18.30 часот ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите од групата „Х“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

На тимот му се приклучи и Ненад Димитријевиќ кој ќе настапи на утрешниот натпревар. Плејмејкерот на Олимпија Милано синоќа, одвоено од репрезентативците, пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи.

Според планот, нашата најдобра селекција ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, во периодот од 10:30 до 11:30 часо

The post Димитријевиќ ќе настапи на утрешниот натпревар против Литванија appeared first on Република.

]]>

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре, од 18.30 часот ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите од групата „Х“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година. На тимот му се приклучи и Ненад Димитријевиќ кој ќе настапи на утрешниот натпревар. Плејмејкерот на Олимпија Милано синоќа, одвоено од репрезентативците, пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи. Според планот, нашата најдобра селекција ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, во периодот од 10:30 до 11:30 часо

The post Димитријевиќ ќе настапи на утрешниот натпревар против Литванија appeared first on Република.

]]>
Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/nikolov-i-vaka-oslabeni-pokazhavme-karakter-protiv-litvanija/ Thu, 21 Nov 2024 21:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=840574

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов и покрај поразот од Литванија (67-82) во евроквалификациите, истакна дека е задоволен од покажаниот карактер на теренот и изрази надеж во подобар резултат на реваншот в недела.

Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме сè што можевме, верувам дека ќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија, изјави Николов.

Репрезентативниот бек беше најефикасниот македонски кошаркар, завршувајќи го дуелот против Литванците со 18 поени на кои додаде и шест асистенции.

Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа. Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно, додаде Николов по натпреварот.

Со овој пораз Македонија значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот 2025 пред завршните три дуели во рамки на квалификациската група Х.

Пред избраниците на селекторот Александар Јончевски в недела е реваншот против Литванија во Клеипеда, пред дуелите во февруари идната година против лидерот во групата Естонија и Полска.

The post Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов и покрај поразот од Литванија (67-82) во евроквалификациите, истакна дека е задоволен од покажаниот карактер на теренот и изрази надеж во подобар резултат на реваншот в недела.
Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме сè што можевме, верувам дека ќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија, изјави Николов.
Репрезентативниот бек беше најефикасниот македонски кошаркар, завршувајќи го дуелот против Литванците со 18 поени на кои додаде и шест асистенции.
Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа. Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно, додаде Николов по натпреварот.
Со овој пораз Македонија значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот 2025 пред завршните три дуели во рамки на квалификациската група Х. Пред избраниците на селекторот Александар Јончевски в недела е реваншот против Литванија во Клеипеда, пред дуелите во февруари идната година против лидерот во групата Естонија и Полска.

The post Николов: И вака ослабени, покажавме карактер против Литванија appeared first on Република.

]]>
Овие 12 ќе и се спротистават на големата Литванија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/ovie-12-ke-i-se-sprotistavat-na-golemata-litvanija/ Thu, 21 Nov 2024 11:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=840323

Селекторот на македонската репрезентација, Александар Јончевски ги одбра дванаесетте кошаркари за натпреварот со Литванија.

Јончевски нема да може да смета на најдобрите играчи, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс имаат натпревари во Евролигата, Итан Хап е повреден, а Андреј Јакимовски настапува во НЦАА каде сезоната е во полн ек.

На списокот на Јончевски се: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Лејсон Зеќири, Страхил Николов, Стојан Ѓуроски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ и Кристијан Николов

Натпреварот ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

По две кола во Х-групата, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода.

The post Овие 12 ќе и се спротистават на големата Литванија appeared first on Република.

]]>

Селекторот на македонската репрезентација, Александар Јончевски ги одбра дванаесетте кошаркари за натпреварот со Литванија. Јончевски нема да може да смета на најдобрите играчи, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс имаат натпревари во Евролигата, Итан Хап е повреден, а Андреј Јакимовски настапува во НЦАА каде сезоната е во полн ек. На списокот на Јончевски се: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Лејсон Зеќири, Страхил Николов, Стојан Ѓуроски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ и Кристијан Николов Натпреварот ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје. По две кола во Х-групата, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода.

The post Овие 12 ќе и се спротистават на големата Литванија appeared first on Република.

]]>
Било губење време: Леброн се одјави од социјалните мрежи https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/bilo-gubene-vreme-lebron-se-odjavi-od-sotsijalnite-mrezhi/ Thu, 21 Nov 2024 08:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=840178

 Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.

- АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе – напиша Леброн.

Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.

- Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.

The post Било губење време: Леброн се одјави од социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

 Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.
- АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе – напиша Леброн.
Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот. - Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.

The post Било губење време: Леброн се одјави од социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
Денеска навиваме за македонските кошаркари https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/deneska-navivame-za-makedonskite-kosharkari/ Thu, 21 Nov 2024 08:15:07 +0000 https://republika.mk/?p=840167

 Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија.

Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса.

Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс ниту Итан Хап и ова е огромен хендикеп.

Првиот натпревар ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот се игра во Клаипеда на 24 ноември.

По две кола во Х-групата, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода.

На Евробаскет 2025 година пласман автоматски како домаќин пласман обезбеди Полска, а нејзе ќе и се приклучат уште две најдобропласирани репрезентации.

The post Денеска навиваме за македонските кошаркари appeared first on Република.

]]>

 Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија. Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса. Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс ниту Итан Хап и ова е огромен хендикеп. Првиот натпревар ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот се игра во Клаипеда на 24 ноември. По две кола во Х-групата, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода. На Евробаскет 2025 година пласман автоматски како домаќин пласман обезбеди Полска, а нејзе ќе и се приклучат уште две најдобропласирани репрезентации.

The post Денеска навиваме за македонските кошаркари appeared first on Република.

]]>
Леброн се разигра на стари години https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-se-razigra-na-stari-godini/ Thu, 14 Nov 2024 14:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=837520

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари.

Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред.

Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од НБА-лигата, додека Мемфис кој го претрпе петтиот пораз е на 7. место.

Следен натпревар на Лејкерс е в сабота на гостински терен со Сан Антонио спарс

The post Леброн се разигра на стари години appeared first on Република.

]]>

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари. Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред. Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од НБА-лигата, додека Мемфис кој го претрпе петтиот пораз е на 7. место. Следен натпревар на Лејкерс е в сабота на гостински терен со Сан Антонио спарс

The post Леброн се разигра на стари години appeared first on Република.

]]>
Легендарниот тренер на НБА, Грег Попович имаше мозочен удар https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/legendarniot-trener-na-nba-greg-popovich-imashe-mozochen-udar/ Wed, 13 Nov 2024 20:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=837402

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103). Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем.

Времето за целосно да закрепне легендарниот тренер во НБА-лигата сè уште не е одредено.

Во отсуство на Попович, како главен тренер на Сан Антонио ќе ја извршува помошниот тренер Мич Џонсон.

The post Легендарниот тренер на НБА, Грег Попович имаше мозочен удар appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович доживеал мал мозочен удар на 2 ноември. Седумдесет и петгодишниот кошаркарски стручњак се чувствуваше лошо пред мечот со Минесота (113:103). Тогаш беше објавено дека тренерот ќе биде надвор од терените на неодредено време поради сериозен здравствен проблем. Времето за целосно да закрепне легендарниот тренер во НБА-лигата сè уште не е одредено. Во отсуство на Попович, како главен тренер на Сан Антонио ќе ја извршува помошниот тренер Мич Џонсон.

The post Легендарниот тренер на НБА, Грег Попович имаше мозочен удар appeared first on Република.

]]>
Почеток е на сезоната а Јокиќ веќе е кандидат за МВП https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/pochetok-e-na-sezonata-a-jokik-veke-e-kandidat-za-mvp/ Tue, 12 Nov 2024 15:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=836858

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ рано се истакна за уште една награда за МВП во НБА-лигата, објави „Basketball Reference“.

Според пресметките на американскиот портал за резултати, статистика и историја во НБА-лигата, шансите на Јокиќ за успех се 91,2%.

Најголем конкурент на Србинот е Џејсон Тејтум од Бостон селтикс.

Просеците на Србинот по 10 натпревари се 29,7 поени, 13,7 скока, 11,7 асистенции, 1,7 украдени топки и 1,0 блокирани шут.

Во изминатите четири сезони, Јокиќ три пати беше прогласен за најкорисен играч во најсилната кошаркарска лига на светот

The post Почеток е на сезоната а Јокиќ веќе е кандидат за МВП appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ рано се истакна за уште една награда за МВП во НБА-лигата, објави „Basketball Reference“. Според пресметките на американскиот портал за резултати, статистика и историја во НБА-лигата, шансите на Јокиќ за успех се 91,2%. Најголем конкурент на Србинот е Џејсон Тејтум од Бостон селтикс. Просеците на Србинот по 10 натпревари се 29,7 поени, 13,7 скока, 11,7 асистенции, 1,7 украдени топки и 1,0 блокирани шут. Во изминатите четири сезони, Јокиќ три пати беше прогласен за најкорисен играч во најсилната кошаркарска лига на светот

The post Почеток е на сезоната а Јокиќ веќе е кандидат за МВП appeared first on Република.

]]>
Кливленд со 12 победи во низа https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/klivlend-so-12-pobedi-vo-niza/ Tue, 12 Nov 2024 08:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=836594

Кливленд кавалирс ноќеска го победи Чикаго булс со 119:113 на гостински терен во натпреварот од регуларната дел на НБА-сезоната.

За Кавалирс победата беше 12-та по ред на стартот од сезоната. Кливленд стана осмиот тим во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со 12 победи во 12 натпревари.

Тимот предводен од Кени Аткинсон води на табелата во Источната конференција.

Следен натпревар на Кливленд е на 14 ноември кога ќе гостува кај Филаделфија

The post Кливленд со 12 победи во низа appeared first on Република.

]]>

Кливленд кавалирс ноќеска го победи Чикаго булс со 119:113 на гостински терен во натпреварот од регуларната дел на НБА-сезоната. За Кавалирс победата беше 12-та по ред на стартот од сезоната. Кливленд стана осмиот тим во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со 12 победи во 12 натпревари. Тимот предводен од Кени Аткинсон води на табелата во Источната конференција. Следен натпревар на Кливленд е на 14 ноември кога ќе гостува кај Филаделфија

The post Кливленд со 12 победи во низа appeared first on Република.

]]>
Леброн на 40 години со трипл дабл https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-na-40-godini-so-tripl-dabl/ Mon, 11 Nov 2024 12:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=836332

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА-лигата.

Лејкерси рано утрово ја извојуваа шестата победа сезонава победувајќи го Торонто со 123:103. Леброн постигна трипл-дабл 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути.

Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, стана најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара.

На претходната средба со Филаделфија, Џејмс постигна 21 поен, 12 скока и 13 асистенции. Вкупно ова е трет трипл-дабл за него во тековната сезона.

The post Леброн на 40 години со трипл дабл appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА-лигата. Лејкерси рано утрово ја извојуваа шестата победа сезонава победувајќи го Торонто со 123:103. Леброн постигна трипл-дабл 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути. Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, стана најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара. На претходната средба со Филаделфија, Џејмс постигна 21 поен, 12 скока и 13 асистенции. Вкупно ова е трет трипл-дабл за него во тековната сезона.

The post Леброн на 40 години со трипл дабл appeared first on Република.

]]>
Балканското дерби за Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/balkanskoto-derbi-za-denver-jokik-so-nov-tripl-dabl/ Mon, 11 Nov 2024 08:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=836218

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ го постигна четвртиот последователен трипл-дабл сезонава во НБА-лигата.

Србинот ноќеска во победата над Далас со 122:120, постигна 37 поени, 18 скока и 15 асистенции за 38 минути поминати на теренот.

Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 37 поени, 18 скока и 15 асистенции во еден натпревар.

Најдобар во гостинската екипа бешеБ Кајри Ирвинг со 43 поени, пет скока и пет асистенции.

Денвер со биланс седум победи и три порази се наоѓа на 4.место во Западната конференција, додека Далас има пет победи и исто толку порази и е на 11. позиција

The post Балканското дерби за Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ го постигна четвртиот последователен трипл-дабл сезонава во НБА-лигата. Србинот ноќеска во победата над Далас со 122:120, постигна 37 поени, 18 скока и 15 асистенции за 38 минути поминати на теренот. Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 37 поени, 18 скока и 15 асистенции во еден натпревар. Најдобар во гостинската екипа бешеБ Кајри Ирвинг со 43 поени, пет скока и пет асистенции. Денвер со биланс седум победи и три порази се наоѓа на 4.место во Западната конференција, додека Далас има пет победи и исто толку порази и е на 11. позиција

The post Балканското дерби за Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл appeared first on Република.

]]>
Toлку од синот на Леброн во Лејкерси https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/tolku-od-sinot-na-lebron-vo-lejkersi/ Fri, 08 Nov 2024 15:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=835387

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го префрли бекот Брони Џејмс во тимот Саут Беј, кој настапува во Џи лигата, пренесе „МСН“.

Синот на Леброн Џејмс ќе дебитира за својот нов клуб в сабота против Солт Лејк Сити. Лејкерси се надеваат дека 20-годишниот кошаркар ќе стекне натпреварувачко искуство и ќе ги подобри своите вештини.

Брони беше 55-ти севкупен пик на драфтот во НБА во 2024 година и го имаше своето деби во НБА на 23 октомври во победата со 110-103 над Минесота, играјќи заедно со својот татко.

На овој натпревар на паркетот мина речиси 3 минути и запиша еден скок. Играше и против Кливленд (110:134) и постигна 2 поени.

The post Toлку од синот на Леброн во Лејкерси appeared first on Република.

]]>

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го префрли бекот Брони Џејмс во тимот Саут Беј, кој настапува во Џи лигата, пренесе „МСН“. Синот на Леброн Џејмс ќе дебитира за својот нов клуб в сабота против Солт Лејк Сити. Лејкерси се надеваат дека 20-годишниот кошаркар ќе стекне натпреварувачко искуство и ќе ги подобри своите вештини. Брони беше 55-ти севкупен пик на драфтот во НБА во 2024 година и го имаше своето деби во НБА на 23 октомври во победата со 110-103 над Минесота, играјќи заедно со својот татко. На овој натпревар на паркетот мина речиси 3 минути и запиша еден скок. Играше и против Кливленд (110:134) и постигна 2 поени.

The post Toлку од синот на Леброн во Лејкерси appeared first on Република.

]]>
Видеото јасно покажува дека Едина Муса прва удри навивачка со дете, се вклучува и Мачка, реагираат од КК Пелистер https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/videoto-jasno-pokazhuva-deka-edina-musa-prva-udri-navivachka-so-dete-se-vkluchuva-i-machka-reagiraat-od-kk-pelister/ Thu, 07 Nov 2024 17:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=835257

Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув, велат од КК Пелистер по одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ да им додели суспензија поради хаосот на трибините пред крајот на неодамнешната средба пресметка со Кожув, а мечот против Феникс од 6. коло од Првата лига ќе се одигра без публика во Битола.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани,

Сакаме да Ве информираме дека натпреварот од 6. коло што според распоред требаше да го играме на гостински терен против Феникс, во договор на двата клуба ќе биде одигран во Битола, но пред празни трибини.

Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув кои беа иницирани од страна на членови на највисокото раководство на гостинскиот клуб.

Сведоци бевме на 39 минути перфектна спортска атмосфера на теренот и на трибините, и кога нашиот тим беше во водство, но и кога противникот имаше позитива.

Пред крајот дојде до тензија, но истата беше иницирана исклучиво од гостите. Конкретно, од поранешниот македонски репрезентативец Александар Димитровски, сега претседател на КК Кожув, како и од неговата втора животна сопатничка, Едина Муса, исто така поранешна македонска кошаркарска репрезентативка.

Видео-снимката јасно покажува како Муса удира женско лице кое со своето дете го следи мечот на трибините, по што се вклучува и Димитровски, па мораше да следи интервенција од обезбедувањето, по што се крена и тензија во салата.

Како во целокупниот опширен извештај на КФСМ на официјалните лица не е наведено кој е виновникот за она што се случи, ниту пак истите се санкционирани, би сакале некој јасно и децидно да ни објасни. Во прилог на ова соопштение го објавуваме и видеото од немилата случка иницирана од Димитровски и Муса, од кое сите јасно можат да видат кој е иницијаторот....

Гостите беа свесни дека го губат мечот на терен,па почнаа да прават притисок врз официјалните лица, а во главна улога беше токму таткото на претседателот, кој влезе во конфликт и со дел од нашата управа, во обид уште повеќе да ја крене тензијата. Сето ова е јасно видливо на видео-снимката од натпреварот што Комесарот за натпреварување ја има на располагање, ако сака да ја види истата, кога веќе се повикува на неа и решава да казнува едни, а однесувањето на другите целосно да го игнорира. Таткото на претседателот заедно со помошниот тренер се закануваа на нашата публика, а првиот тренер на Кожув се обраќаше на публиката, повикувајќи ги на физичка пресметка плукајќи кон нив.

Членот на нашата управа, Марјан Илиевски мечот го следеше од трибините и се спушти долу на терен со една единствена цел – да ги смири тензиите за да не се расплинува ситуацијата и да се случи нешто несакано. Тој успеа во тоа, причинителите на инцидентот ги напуштија трибините и ги снема по своја желба, а останува нејасно зошто тие што го направија инцидентот ја одбија поканата на управата на КК Пелистеер, на која беа само членовите на раководството на битолскиот клуб.

Илиевски се обрати кон клупата на гостите со сугестија да се смират тензиите и да не се разгоруваат непотребно страстите. Целта беше добронамерна, но првиот тренер на Кожув наспроти тоа му се обрати со вулгарни зборови покажувајќи сила (сето ова исто така е видливо на видео-снимката). Ако Комесарот смета дека тоа е „злочин“ за казна од 32.000 денари, секоја чест за неговите критериуми...

КК Пелистер отсекогаш бил и ќе биде беспрекорен домаќин, честитки за тоа добиваме од сите гости кои доаѓаат во нашата Битола за АБА2 лигата, за што сме особено горди. Ланската сезона загубивме куп-финале на една топка од МЗТ, пред полни трибини и немаше апсолутно никаков инцидент. Тоа е најдобар доказ за спортската култура на КК Пелистер и на битолската публика.

Проблем немаше да има ниту викендов, да не беше истиот инициран од гостите од Гевгелија.

На нив, но и на оние кои ги изрекоа овие трагикомични санкции, нека им служи на чест, а Пелистер и во иднина ќе продолжи по зацртаниот пат, на спортски терен, а не преку шеми и „монтирани проблеми“ ми да доаѓа до највисоки резултати.

А ако веќе го казнувате КК Пелистер (како што очигледно сте решиле, по секоја цена), покажете храброст па санкционирајте ги и вистинските виновници...

Со почит,
КК Пелистер

The post Видеото јасно покажува дека Едина Муса прва удри навивачка со дете, се вклучува и Мачка, реагираат од КК Пелистер appeared first on Република.

]]>

Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув, велат од КК Пелистер по одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ да им додели суспензија поради хаосот на трибините пред крајот на неодамнешната средба пресметка со Кожув, а мечот против Феникс од 6. коло од Првата лига ќе се одигра без публика во Битола. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост: Почитувани, Сакаме да Ве информираме дека натпреварот од 6. коло што според распоред требаше да го играме на гостински терен против Феникс, во договор на двата клуба ќе биде одигран во Битола, но пред празни трибини. Шокирани сме од одлуката на Комесарот за натпреварување при КФСМ и жестоките казни за КК Пелистер и членови на нашата управа, за инцидентите пред самиот финиш од натпреварот со Кожув кои беа иницирани од страна на членови на највисокото раководство на гостинскиот клуб. Сведоци бевме на 39 минути перфектна спортска атмосфера на теренот и на трибините, и кога нашиот тим беше во водство, но и кога противникот имаше позитива. Пред крајот дојде до тензија, но истата беше иницирана исклучиво од гостите. Конкретно, од поранешниот македонски репрезентативец Александар Димитровски, сега претседател на КК Кожув, како и од неговата втора животна сопатничка, Едина Муса, исто така поранешна македонска кошаркарска репрезентативка. Видео-снимката јасно покажува како Муса удира женско лице кое со своето дете го следи мечот на трибините, по што се вклучува и Димитровски, па мораше да следи интервенција од обезбедувањето, по што се крена и тензија во салата. Како во целокупниот опширен извештај на КФСМ на официјалните лица не е наведено кој е виновникот за она што се случи, ниту пак истите се санкционирани, би сакале некој јасно и децидно да ни објасни. Во прилог на ова соопштение го објавуваме и видеото од немилата случка иницирана од Димитровски и Муса, од кое сите јасно можат да видат кој е иницијаторот.... Гостите беа свесни дека го губат мечот на терен,па почнаа да прават притисок врз официјалните лица, а во главна улога беше токму таткото на претседателот, кој влезе во конфликт и со дел од нашата управа, во обид уште повеќе да ја крене тензијата. Сето ова е јасно видливо на видео-снимката од натпреварот што Комесарот за натпреварување ја има на располагање, ако сака да ја види истата, кога веќе се повикува на неа и решава да казнува едни, а однесувањето на другите целосно да го игнорира. Таткото на претседателот заедно со помошниот тренер се закануваа на нашата публика, а првиот тренер на Кожув се обраќаше на публиката, повикувајќи ги на физичка пресметка плукајќи кон нив. Членот на нашата управа, Марјан Илиевски мечот го следеше од трибините и се спушти долу на терен со една единствена цел – да ги смири тензиите за да не се расплинува ситуацијата и да се случи нешто несакано. Тој успеа во тоа, причинителите на инцидентот ги напуштија трибините и ги снема по своја желба, а останува нејасно зошто тие што го направија инцидентот ја одбија поканата на управата на КК Пелистеер, на која беа само членовите на раководството на битолскиот клуб. Илиевски се обрати кон клупата на гостите со сугестија да се смират тензиите и да не се разгоруваат непотребно страстите. Целта беше добронамерна, но првиот тренер на Кожув наспроти тоа му се обрати со вулгарни зборови покажувајќи сила (сето ова исто така е видливо на видео-снимката). Ако Комесарот смета дека тоа е „злочин“ за казна од 32.000 денари, секоја чест за неговите критериуми... КК Пелистер отсекогаш бил и ќе биде беспрекорен домаќин, честитки за тоа добиваме од сите гости кои доаѓаат во нашата Битола за АБА2 лигата, за што сме особено горди. Ланската сезона загубивме куп-финале на една топка од МЗТ, пред полни трибини и немаше апсолутно никаков инцидент. Тоа е најдобар доказ за спортската култура на КК Пелистер и на битолската публика. Проблем немаше да има ниту викендов, да не беше истиот инициран од гостите од Гевгелија. На нив, но и на оние кои ги изрекоа овие трагикомични санкции, нека им служи на чест, а Пелистер и во иднина ќе продолжи по зацртаниот пат, на спортски терен, а не преку шеми и „монтирани проблеми“ ми да доаѓа до највисоки резултати. А ако веќе го казнувате КК Пелистер (како што очигледно сте решиле, по секоја цена), покажете храброст па санкционирајте ги и вистинските виновници... Со почит, КК Пелистер

The post Видеото јасно покажува дека Едина Муса прва удри навивачка со дете, се вклучува и Мачка, реагираат од КК Пелистер appeared first on Република.

]]>