Спорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/sport/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 17:27:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/sport/ 32 32 По препорака од МВР, одложени натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/po-preporaka-od-mvr-odlozheni-natprevarite-od-17-kolo-vo-prvata-fudbalska-liga/ Sat, 30 Nov 2024 17:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=843489

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Според распоредот натпревари требаше да се одиграат утре, 1 декември (недела) со почеток во 13 часот.

Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари, соопшти ФФМ.

Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари за 3 декември (вторник) со почеток во 13 часот.

 

The post По препорака од МВР, одложени натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига appeared first on Република.

]]>

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Според распоредот натпревари требаше да се одиграат утре, 1 декември (недела) со почеток во 13 часот.
Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари, соопшти ФФМ.
Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари за 3 декември (вторник) со почеток во 13 часот.  

The post По препорака од МВР, одложени натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига appeared first on Република.

]]>
33-годишен хрватски фудбалер загина во тешка сообраќајна несреќа https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/33-godishen-hrvatski-fudbaler-zagina-vo-teshka-soobrakajna-nesreka/ Sat, 30 Nov 2024 15:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=843465

Во тешка сообраќајна несреќа загина 33-годишниот фудбалер од Хрватска, Иван Кожул.

Како што јавија хрватските медиуми, несреќата кај Задар се случила во доцните ноќни часови меѓу петокот и саботата.

„Задарски лист“ објави дека Кожул во моментот на несреќата бил на совозачкото седиште.

Локалната полиција не соопшти повеќе детали, освен дека е спроведена истрага.

Во својата кариера, фудбалерот настапуваше за Галовац, Паг и многу други нисколигашки тимови.

The post 33-годишен хрватски фудбалер загина во тешка сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Во тешка сообраќајна несреќа загина 33-годишниот фудбалер од Хрватска, Иван Кожул. Како што јавија хрватските медиуми, несреќата кај Задар се случила во доцните ноќни часови меѓу петокот и саботата. „Задарски лист“ објави дека Кожул во моментот на несреќата бил на совозачкото седиште. Локалната полиција не соопшти повеќе детали, освен дека е спроведена истрага. Во својата кариера, фудбалерот настапуваше за Галовац, Паг и многу други нисколигашки тимови.

The post 33-годишен хрватски фудбалер загина во тешка сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Оклахома ги победи Лејкерси за четврта победа во низа https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/oklahoma-gi-pobedi-lejkersi-za-chetvrta-pobeda-vo-niza/ Sat, 30 Nov 2024 08:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=843313

Кошаркарите на Оклахома Сити ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од НБА лигата со 101:93.

Најефикасен играч на средбата беше Шеј Гилџес-Александер од Оклахома со 36 поени.

Во поразениот тим се истакна дебитантот Далтон Кнехт кој постигна 20 поени.

Овој триумф за Оклахома е четвртата победа во низа со што води во Западната конференција. Лејкерси, пак, се седми на Западот.

The post Оклахома ги победи Лејкерси за четврта победа во низа appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Оклахома Сити ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од НБА лигата со 101:93. Најефикасен играч на средбата беше Шеј Гилџес-Александер од Оклахома со 36 поени. Во поразениот тим се истакна дебитантот Далтон Кнехт кој постигна 20 поени. Овој триумф за Оклахома е четвртата победа во низа со што води во Западната конференција. Лејкерси, пак, се седми на Западот.

The post Оклахома ги победи Лејкерси за четврта победа во низа appeared first on Република.

]]>
Македонија се искачи на 57. место на ФИБА ранкингот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/makedonija-se-iskachi-na-57-mesto-na-fiba-rankingot/ Fri, 29 Nov 2024 19:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=843238

Копаркарската репрезентација на Македонија се искачи едно место погоре на ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација.

Македонската машка сениорска репрезентација е на 57. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите од ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Од нашите противници во групата, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода.

Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17.позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови, додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода.

Лидер во светскиот поредок останува САД кој има 839 бодови, на втората позиција остана Србија која собра 759.6 поени, пред Германија која има 755.3 бода.

Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.

The post Македонија се искачи на 57. место на ФИБА ранкингот appeared first on Република.

]]>

Копаркарската репрезентација на Македонија се искачи едно место погоре на ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација. Македонската машка сениорска репрезентација е на 57. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите од ноемврискиот ФИБА „прозорец“. По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА. Од нашите противници во групата, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода. Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17.позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови, додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода. Лидер во светскиот поредок останува САД кој има 839 бодови, на втората позиција остана Србија која собра 759.6 поени, пред Германија која има 755.3 бода. Во ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.

The post Македонија се искачи на 57. место на ФИБА ранкингот appeared first on Република.

]]>
Ливерпул во проблеми: Конате се повреди и ќе отсуствува помеѓу 5 и 8 недели https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/liverpul-vo-problemi-konate-se-povredi-i-ke-otsustvuva-pomegu-5-i-8-nedeli/ Fri, 29 Nov 2024 19:34:41 +0000 https://republika.mk/?p=843235

Сериозен удар за Ливерпул ќе биде отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот на социјалните мрежи објави порака во која потврди дека е повреден.

Неговата повреда е на коленото и настанала по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик.

Многу е фрустрирачки да се повредите на крајот од одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодарам за уникатната поддршка на „Енфилд“, стои во дел од пораката на Ибрахима Конате.

Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува цел месец декември, а првичната прогноза е помеѓу 5 и 8 недели.

The post Ливерпул во проблеми: Конате се повреди и ќе отсуствува помеѓу 5 и 8 недели appeared first on Република.

]]>

Сериозен удар за Ливерпул ќе биде отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот на социјалните мрежи објави порака во која потврди дека е повреден. Неговата повреда е на коленото и настанала по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик.
Многу е фрустрирачки да се повредите на крајот од одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодарам за уникатната поддршка на „Енфилд“, стои во дел од пораката на Ибрахима Конате.
Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува цел месец декември, а првичната прогноза е помеѓу 5 и 8 недели.

The post Ливерпул во проблеми: Конате се повреди и ќе отсуствува помеѓу 5 и 8 недели appeared first on Република.

]]>
Teнисот веќе не е спорт само за богатите https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tenisot-veke-ne-e-sport-samo-za-bogatite/ Fri, 29 Nov 2024 14:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=843049

Повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот играат тенис, објави Меѓународната тениска федерација (ИТФ) во својот најнов извештај.

Во извештајот на ИТФ се наведува дека 106 милиони луѓе ширум светот играле тенис барем еднаш минатата година, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2019 година.

ИТФ очекува на оваа бројка да им се придружат уште 30 милиони играчи.

Вкупниот број на жени кои играат тенис се зголемил за осум проценти, но во 2019 година тие процентуално 47 отсто од вкупниот број тенисери во светот, а сега се 40 проценти.

ИТФ објави дека вкупниот број на тренери е зголемен за 13 отсто, при што 24 отсто од тренерите се жени.

Директорот за развој на ИТФ, Лука Сантили, рече дека „нема конкретна причина“ за падот на женското учество меѓу играчите и изрази очекување дека зголемувањето на бројот на женски тренери ќе помогне да се привлечат повеќе жени во тенисот.

The post Teнисот веќе не е спорт само за богатите appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот играат тенис, објави Меѓународната тениска федерација (ИТФ) во својот најнов извештај. Во извештајот на ИТФ се наведува дека 106 милиони луѓе ширум светот играле тенис барем еднаш минатата година, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2019 година. ИТФ очекува на оваа бројка да им се придружат уште 30 милиони играчи. Вкупниот број на жени кои играат тенис се зголемил за осум проценти, но во 2019 година тие процентуално 47 отсто од вкупниот број тенисери во светот, а сега се 40 проценти. ИТФ објави дека вкупниот број на тренери е зголемен за 13 отсто, при што 24 отсто од тренерите се жени. Директорот за развој на ИТФ, Лука Сантили, рече дека „нема конкретна причина“ за падот на женското учество меѓу играчите и изрази очекување дека зголемувањето на бројот на женски тренери ќе помогне да се привлечат повеќе жени во тенисот.

The post Teнисот веќе не е спорт само за богатите appeared first on Република.

]]>
Кој ќе биде најдобар светски фудбалер според ФИФА? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/koj-ke-bide-najdobar-svetski-fudbaler-spored-fifa/ Fri, 29 Nov 2024 14:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=843051

Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона. Единствениот кандидат кој не игра во Европа е Лионел Меси од Интер Мајами.

Родри на крајот на октомври ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал ја доделува на најдобриот играч од претходната година, а во финалето на тоа гласање беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше церемонијата.

Во женска конкуренција ФИФА номинираше 16 кандидатки за најдобра фудбалерка во 2024 година, меѓу кои се добитничката на „Златната топка“ Ајтана Бонмати (Барселона), Лорен Хемп (Манчестер Сити), Луси Бронзе (Барселона/Челзи) и Барбара Банда (Орландо).

Во категоријата тренер на годината се номинирани Карло Анчелоти (Рел Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).

Меѓу номинираните за најдобар голман се Андреј Лунин (Реал Мадрид), Давид Раја (Арсенал), Едерсон (Манчестер Сити), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Мајк Мањан (Милан) и Унај Симон (Атлетико Билбао).

Во изборот на годишните награди на ФИФА подеднакво учествуваат навивачите, капитените, селекторите на машките и женските репрезентации, како и новинарите.

Гласањето на официјалниот сајт Fifa.com ќе трае до 10 декември на полноќ

The post Кој ќе биде најдобар светски фудбалер според ФИФА? appeared first on Република.

]]>

Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона. Единствениот кандидат кој не игра во Европа е Лионел Меси од Интер Мајами. Родри на крајот на октомври ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал ја доделува на најдобриот играч од претходната година, а во финалето на тоа гласање беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше церемонијата. Во женска конкуренција ФИФА номинираше 16 кандидатки за најдобра фудбалерка во 2024 година, меѓу кои се добитничката на „Златната топка“ Ајтана Бонмати (Барселона), Лорен Хемп (Манчестер Сити), Луси Бронзе (Барселона/Челзи) и Барбара Банда (Орландо). Во категоријата тренер на годината се номинирани Карло Анчелоти (Рел Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен). Меѓу номинираните за најдобар голман се Андреј Лунин (Реал Мадрид), Давид Раја (Арсенал), Едерсон (Манчестер Сити), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Мајк Мањан (Милан) и Унај Симон (Атлетико Билбао). Во изборот на годишните награди на ФИФА подеднакво учествуваат навивачите, капитените, селекторите на машките и женските репрезентации, како и новинарите. Гласањето на официјалниот сајт Fifa.com ќе трае до 10 декември на полноќ

The post Кој ќе биде најдобар светски фудбалер според ФИФА? appeared first on Република.

]]>
Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shto-e-trimetazidin-na-koj-padna-shvojtek-go-zabrzuva-protokot-na-krvta/ Fri, 29 Nov 2024 07:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=842971

Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти дека ја прифаќа одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) во случајот со светската тенисерка број 2, Ига Швионтек.

Претходно денеска се дозна дека полската тенисерка дала позитивен допинг тест. Нејзиниот тест на 12 август 2024 година покажал присуство на забранетата супстанција „триметазидин“. Меѓутоа, истрагата утврдила дека изворот на супстанцијата е контаминиран лек, па ИТИА одлучиле дека нема невнимание од страна на Швионтек.

-ВТА целосно ја поддржува Ига во овој тежок момент. Таа постојано демонстрираше посветеност на фер-плејот и почитување на принципите на чист спорт, а овој несреќен инцидент ги истакнува тешкотиите со кои се соочуваат спортистите при употребата на лекови и додатоци, се вели во изјава на Женската тениска асоцијација, цитирана од светските агенции.

ВТА, исто така, забележува дека останува посветена на својата поддршка за чист спорт и ригорозни процеси кои го штитат интегритетот на натпреварувањето.

Швионтек оваа година освои четири ВТА титули и Ролан Гарос, забележувајќи вкупно 61 победа и 9 порази. Нејзе ќе и биде одбиена паричната награда за учество во Синсинати бидејќи турнирот се одржа веднаш откако и бил земен примерокот.

Што е триметазидин

Таа има позитивен резултат на допинг тест за недозволената супстанца триметазидин. Овој лек кој се користи за проблеми со срцето и го подобрува протокот на крв е на листата на забранети супстанци. Ига доби забрана да игра од страна на Меѓународната организација за интегритет во тенис (ITIA) на еден месец, иако го отслужи најголемиот дел од казната додека процесот беше во тек.

Интересно е да се истакне дека триметазидин е одобрен лек во Полска, но не и на глобално ниво. Ова е невообичаен случај, бидејќи одобрувањето во една земја не значи автоматски одобрување ширум светот.

The post Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта appeared first on Република.

]]>

Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти дека ја прифаќа одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) во случајот со светската тенисерка број 2, Ига Швионтек. Претходно денеска се дозна дека полската тенисерка дала позитивен допинг тест. Нејзиниот тест на 12 август 2024 година покажал присуство на забранетата супстанција „триметазидин“. Меѓутоа, истрагата утврдила дека изворот на супстанцијата е контаминиран лек, па ИТИА одлучиле дека нема невнимание од страна на Швионтек.
-ВТА целосно ја поддржува Ига во овој тежок момент. Таа постојано демонстрираше посветеност на фер-плејот и почитување на принципите на чист спорт, а овој несреќен инцидент ги истакнува тешкотиите со кои се соочуваат спортистите при употребата на лекови и додатоци, се вели во изјава на Женската тениска асоцијација, цитирана од светските агенции.
ВТА, исто така, забележува дека останува посветена на својата поддршка за чист спорт и ригорозни процеси кои го штитат интегритетот на натпреварувањето. Швионтек оваа година освои четири ВТА титули и Ролан Гарос, забележувајќи вкупно 61 победа и 9 порази. Нејзе ќе и биде одбиена паричната награда за учество во Синсинати бидејќи турнирот се одржа веднаш откако и бил земен примерокот.

Што е триметазидин

Таа има позитивен резултат на допинг тест за недозволената супстанца триметазидин. Овој лек кој се користи за проблеми со срцето и го подобрува протокот на крв е на листата на забранети супстанци. Ига доби забрана да игра од страна на Меѓународната организација за интегритет во тенис (ITIA) на еден месец, иако го отслужи најголемиот дел од казната додека процесот беше во тек. Интересно е да се истакне дека триметазидин е одобрен лек во Полска, но не и на глобално ниво. Ова е невообичаен случај, бидејќи одобрувањето во една земја не значи автоматски одобрување ширум светот.

The post Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта appeared first on Република.

]]>
Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна женското ЕП во ракомет https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonija-so-ubedliv-poraz-od-shvedska-go-zapochna-zhenskoto-ep-vo-rakomet/ Thu, 28 Nov 2024 21:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=842937

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18.

Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија на Шведска од 5-0 со која тие дојдоа до водство од 6-3.

Македонија се држеше до 10-7, а потоа следеше неверојатен пад. До крајот на првото полувреме не дадовме гол, првите 30 минути завршија со 15-7.

Серијата Шведска ја продолжи и во вториот дел, дојдоа до предност од 20-7. Ние 20 минути немавме постигнато гол. Швеѓанките неколкупати имаа и 16 голови предност, на крајот мечот заврши со 28-18.

Наш најдобар поединец беше голманката Јована Мицевска која имаше десет одбрани, најголемиот дел беа зицери. Ристовска, Младеновска, Кипријановска и Јанкуловска постигнаа по три гола. Најдобра на теренот беше Швеѓанката Хагман со девет голови.

Следниот натпревар на Македонија е во сабота против Турција од 20:30 часот. Тоа е меч на кој ние сме фаворити.

Во вториот меч од нашата група денеска Унгарија ја победи Турција со 30-24.

The post Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна женското ЕП во ракомет appeared first on Република.

]]>

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија на Шведска од 5-0 со која тие дојдоа до водство од 6-3. Македонија се држеше до 10-7, а потоа следеше неверојатен пад. До крајот на првото полувреме не дадовме гол, првите 30 минути завршија со 15-7. Серијата Шведска ја продолжи и во вториот дел, дојдоа до предност од 20-7. Ние 20 минути немавме постигнато гол. Швеѓанките неколкупати имаа и 16 голови предност, на крајот мечот заврши со 28-18. Наш најдобар поединец беше голманката Јована Мицевска која имаше десет одбрани, најголемиот дел беа зицери. Ристовска, Младеновска, Кипријановска и Јанкуловска постигнаа по три гола. Најдобра на теренот беше Швеѓанката Хагман со девет голови. Следниот натпревар на Македонија е во сабота против Турција од 20:30 часот. Тоа е меч на кој ние сме фаворити. Во вториот меч од нашата група денеска Унгарија ја победи Турција со 30-24.

The post Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна женското ЕП во ракомет appeared first on Република.

]]>
Германците бесни: „Maксимир“ е депонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germantsite-besni-maksimir-e-deponija/ Thu, 28 Nov 2024 18:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=842777

Борусија Дортмунд рутински го победи Динамо (3:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Најтиражниот германски и европски весник „Билд“ ја објави текст од натпреварот со наслов „ Борусија во буниште/шупа/дупка/депонија“, како што го нарекуваа стадионот “Максимир“.

https://republika.mk/sport/fudbal/navivachite-na-borusija-se-pozhalija-hrvatskite-redari-n-fakaa-za-genitaliite/

- Источната трибина е целосно празна. Тоа е затоа што уште од сериозниот земјотрес во 2020 година, му се заканува колапс и не е безбеден за навивачите. Пукнатини има и низ целиот стадион и неговата внатрешност. Ова е вистинска депонија / барака / дупка / колиба! И покрај тоа, навивачите на Динамо го претворија Максимир во пеколен котел, но не можеа да ја вознемират Борусија.

The post Германците бесни: „Maксимир“ е депонија appeared first on Република.

]]>

Борусија Дортмунд рутински го победи Динамо (3:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Најтиражниот германски и европски весник „Билд“ ја објави текст од натпреварот со наслов „ Борусија во буниште/шупа/дупка/депонија“, како што го нарекуваа стадионот “Максимир“. https://republika.mk/sport/fudbal/navivachite-na-borusija-se-pozhalija-hrvatskite-redari-n-fakaa-za-genitaliite/
- Источната трибина е целосно празна. Тоа е затоа што уште од сериозниот земјотрес во 2020 година, му се заканува колапс и не е безбеден за навивачите. Пукнатини има и низ целиот стадион и неговата внатрешност. Ова е вистинска депонија / барака / дупка / колиба! И покрај тоа, навивачите на Динамо го претворија Максимир во пеколен котел, но не можеа да ја вознемират Борусија.

The post Германците бесни: „Maксимир“ е депонија appeared first on Република.

]]>
РК Алкалоид пред влез во осминалето на европскиот куп https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-alkaloid-pred-vlez-vo-osminaleto-na-evropskiot-kup/ Thu, 28 Nov 2024 14:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=842801

Македонскиот претставник во Европскиот куп, тимот на Алкалоид го очекува двомеч со Вест Виена. Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, верува во успех и пласман во осминафиналето од третото по квалитет европско ракометно натпреварување.

- Ни доаѓа противник кој во тимот има многу младински репрезентативци на Австрија. Се работи за добра екипа, технички доста поткована, во секој момент знаат што сакаат. Многу трчаат, играат сличен ракомет со нас, па се надевам дека гледачите ќе имаат можност да проследат два динамични, квалитетни натпревари во рок од 48 часа. Ние ќе се обидеме да одиграме квалитетно. Како и за секој противник, така и за овој, се подготвуваме максимално сериозно и очекувам две победи. Апел до публиката во што поголем број да дојде во Автокоманда и да даде поддршка на нашите ракометари кои ја заслужуваат, особено на европски натпревар, изјави Лазаров.

Во победа верува и десниот бек на тимот од Автокоманда, Мартин Серафимов кој сезонава игра во извонредна форма.

-Подготвени ги дочекуваме средбите со Вест Виена. Ќе ги исполниме обврските кои ни се дадени од тренерот, го прифаќаме предизвикот и верувам дека ќе победиме и ќе се пласираме во следната рунда, нагласи Серафимов.

Двата натпревара ќе се играат во салата во „Автокоманда“, првиот утревечер со почеток во 19 часот на кој официјален домаќин е Алкалоид. Вториот е в сабота, исто така од 19 часот, како домаќин ќе се води австрискиот тим.

The post РК Алкалоид пред влез во осминалето на европскиот куп appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претставник во Европскиот куп, тимот на Алкалоид го очекува двомеч со Вест Виена. Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, верува во успех и пласман во осминафиналето од третото по квалитет европско ракометно натпреварување.
- Ни доаѓа противник кој во тимот има многу младински репрезентативци на Австрија. Се работи за добра екипа, технички доста поткована, во секој момент знаат што сакаат. Многу трчаат, играат сличен ракомет со нас, па се надевам дека гледачите ќе имаат можност да проследат два динамични, квалитетни натпревари во рок од 48 часа. Ние ќе се обидеме да одиграме квалитетно. Како и за секој противник, така и за овој, се подготвуваме максимално сериозно и очекувам две победи. Апел до публиката во што поголем број да дојде во Автокоманда и да даде поддршка на нашите ракометари кои ја заслужуваат, особено на европски натпревар, изјави Лазаров.
Во победа верува и десниот бек на тимот од Автокоманда, Мартин Серафимов кој сезонава игра во извонредна форма. -Подготвени ги дочекуваме средбите со Вест Виена. Ќе ги исполниме обврските кои ни се дадени од тренерот, го прифаќаме предизвикот и верувам дека ќе победиме и ќе се пласираме во следната рунда, нагласи Серафимов. Двата натпревара ќе се играат во салата во „Автокоманда“, првиот утревечер со почеток во 19 часот на кој официјален домаќин е Алкалоид. Вториот е в сабота, исто така од 19 часот, како домаќин ќе се води австрискиот тим.

The post РК Алкалоид пред влез во осминалето на европскиот куп appeared first on Република.

]]>
„Балистите“ го честитаат Денот на сите Албанци во светот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/balistite-go-chestitaat-denot-na-site-albantsi-vo-svetot/ Thu, 28 Nov 2024 14:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=842814

Навивачите на Шкендија го четитаат Денот на знамето на Албанија.„ Балистите“ на Фејсбук напишаа:
Честит 28 ноември, Денот на знамето на сите Албанци ширум светот. 🇦 🇱
ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА И СУВЕРЕНА АЛБАНИЈА !!!

The post „Балистите“ го честитаат Денот на сите Албанци во светот appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Шкендија го четитаат Денот на знамето на Албанија.„ Балистите“ на Фејсбук напишаа:
Честит 28 ноември, Денот на знамето на сите Албанци ширум светот. 🇦 🇱
ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА И СУВЕРЕНА АЛБАНИЈА !!!

The post „Балистите“ го честитаат Денот на сите Албанци во светот appeared first on Република.

]]>
Навивачите на Борусија се пожалија: Хрватските редари нѐ фаќаа за гениталиите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivachite-na-borusija-se-pozhalija-hrvatskite-redari-n-fakaa-za-genitaliite/ Thu, 28 Nov 2024 13:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=842793

На натпреварот меѓу Динамо и Дортмунд пристигнаа голем број германски навивачи.По натпреварот тие се обратија до раководството на својот клуб и дадоа забелешки за домаќините.

При влезот на јужната трибина навивачите се пожалија дека редарите наводно ги пипкале во интимните делови на влезот. Затоа поднеле жалба до европската куќа на фудбалот, односно УЕФА, пишуваат хрватските медиуми.

Во оваа прилика клубот од Дортмунд соопшти:

- Добивме бројни поплаки за однесувањето на полицијата и обезбедувањето, кои го утврдуваа идентитетот на лицата. Го осудуваме овој метод на контрола и сме во контакт со УЕФА и Динамо Загреб за детална истрага за овој инцидент - соопштија од германскиот клуб.

The post Навивачите на Борусија се пожалија: Хрватските редари нѐ фаќаа за гениталиите appeared first on Република.

]]>

На натпреварот меѓу Динамо и Дортмунд пристигнаа голем број германски навивачи.По натпреварот тие се обратија до раководството на својот клуб и дадоа забелешки за домаќините. При влезот на јужната трибина навивачите се пожалија дека редарите наводно ги пипкале во интимните делови на влезот. Затоа поднеле жалба до европската куќа на фудбалот, односно УЕФА, пишуваат хрватските медиуми. Во оваа прилика клубот од Дортмунд соопшти:
- Добивме бројни поплаки за однесувањето на полицијата и обезбедувањето, кои го утврдуваа идентитетот на лицата. Го осудуваме овој метод на контрола и сме во контакт со УЕФА и Динамо Загреб за детална истрага за овој инцидент - соопштија од германскиот клуб.

The post Навивачите на Борусија се пожалија: Хрватските редари нѐ фаќаа за гениталиите appeared first on Република.

]]>
Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/arkan-bil-donesen-za-da-gi-sozdade-deliite/ Thu, 28 Nov 2024 10:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=842691

Новинарот Марко Лопушина изнесе досега непознати детали за Жељко Ражнатовиќ Аркан.Тој тврди дека Аркан бил донесен од странство за да создаде инавивачка група, која подоцна ќе се нарече „Делији“.

Тоа беше направено од две причини. Првата - СПС и ЈУЛ немаа младост. Вук Драшковиќ и Воислав Шешељ имаа следбеници кај младите. Жељко дојде како голем фан на Црвена звезда за да собере фанови, стане нивни лидер и да ги зачлени во  СПС и ЈУЛ изјави Лопушина.

The post Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“ appeared first on Република.

]]>

Новинарот Марко Лопушина изнесе досега непознати детали за Жељко Ражнатовиќ Аркан.Тој тврди дека Аркан бил донесен од странство за да создаде инавивачка група, која подоцна ќе се нарече „Делији“.
Тоа беше направено од две причини. Првата - СПС и ЈУЛ немаа младост. Вук Драшковиќ и Воислав Шешељ имаа следбеници кај младите. Жељко дојде како голем фан на Црвена звезда за да собере фанови, стане нивни лидер и да ги зачлени во  СПС и ЈУЛ изјави Лопушина.

The post Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“ appeared first on Република.

]]>
Aнчелоти конечно малку го пофали Мбапе https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ancheloti-konechno-malku-go-pofali-mbape/ Thu, 28 Nov 2024 09:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=842648

 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на промашениот удар од белата точка на Килијан Мбапе во 5. коло од Лигата на шампионите против Ливерпул.

- Мбапе ја има сета наша поддршка и наскоро ќе ја сврти ситуацијата во своја полза. Килијан е извонреден играч, мора да бидеме трпеливи. Тој добро се справува со притисокот и се прилагодува на тимот. Реал е со него, го цитира Анчелоти новинарот Фабрицио Романо.

Реал Мадрид е на 24. место во поредокот во Лигата на шампионите со шест бодови

The post Aнчелоти конечно малку го пофали Мбапе appeared first on Република.

]]>

 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на промашениот удар од белата точка на Килијан Мбапе во 5. коло од Лигата на шампионите против Ливерпул.
- Мбапе ја има сета наша поддршка и наскоро ќе ја сврти ситуацијата во своја полза. Килијан е извонреден играч, мора да бидеме трпеливи. Тој добро се справува со притисокот и се прилагодува на тимот. Реал е со него, го цитира Анчелоти новинарот Фабрицио Романо.
Реал Мадрид е на 24. место во поредокот во Лигата на шампионите со шест бодови

The post Aнчелоти конечно малку го пофали Мбапе appeared first on Република.

]]>
Леброн со нов трипл дабл https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-so-nov-tripl-dabl/ Thu, 28 Nov 2024 09:22:19 +0000 https://republika.mk/?p=842630

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска со трипл-дабл ефект (16 поени, 10 скока и 11 асистенции) го предводеше својот тим до гостинска победа над Сан Антонио со 119:101.

По оваа победа, Леброн го надмина Тим Данкан и се искачи на  второто место во победи во НБА вклучувајќи ги и плејофот.

Ѕвездата на Лејкерси стигна до 1.159 победи.

Првото место му припаѓа на Карим Абдул-Џабар со 1228, односно 69 повеќе од Џејмс

The post Леброн со нов трипл дабл appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска со трипл-дабл ефект (16 поени, 10 скока и 11 асистенции) го предводеше својот тим до гостинска победа над Сан Антонио со 119:101. По оваа победа, Леброн го надмина Тим Данкан и се искачи на  второто место во победи во НБА вклучувајќи ги и плејофот. Ѕвездата на Лејкерси стигна до 1.159 победи. Првото место му припаѓа на Карим Абдул-Џабар со 1228, односно 69 повеќе од Џејмс

The post Леброн со нов трипл дабл appeared first on Република.

]]>
Кој го извлече подебелиот крај: Погледнете ја тепачката меѓу Делиите и навивачите на Штутгарт https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/koj-go-izvleche-podebeliot-kraj-poglednete-ja-tepachkata-megu-deliite-i-navivachite-na-shtutgart/ Thu, 28 Nov 2024 08:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=842580

Приведени се српски и германски навивачи по вчерашната тепачка пред мечот Црвена Звезда и Штутгарт.

https://republika.mk/sport/fudbal/kakva-nok-vo-belgrad-zvezda-go-srushi-shtutgart/

Најголем дел од приведените се од Германија, а донесени се вкупно 10, а потоа е уапсен и државјанин на Србија, навивач на Црвена звезда, кој се сомничи дека учествувал во тепачката.

Дополнително, кај уште двајца навивачи од Германија биле пронајдени факел и фантомка, а приведени се еден државјанин на Босна и Херцеговина, како и еден државјанин на Швајцарија.

The post Кој го извлече подебелиот крај: Погледнете ја тепачката меѓу Делиите и навивачите на Штутгарт appeared first on Република.

]]>

Приведени се српски и германски навивачи по вчерашната тепачка пред мечот Црвена Звезда и Штутгарт. https://republika.mk/sport/fudbal/kakva-nok-vo-belgrad-zvezda-go-srushi-shtutgart/ Најголем дел од приведените се од Германија, а донесени се вкупно 10, а потоа е уапсен и државјанин на Србија, навивач на Црвена звезда, кој се сомничи дека учествувал во тепачката. Дополнително, кај уште двајца навивачи од Германија биле пронајдени факел и фантомка, а приведени се еден државјанин на Босна и Херцеговина, како и еден државјанин на Швајцарија.

The post Кој го извлече подебелиот крај: Погледнете ја тепачката меѓу Делиите и навивачите на Штутгарт appeared first on Република.

]]>
Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/od-deneska-navivame-za-makedonskite-rakometarki-na-evropskoto-prvenstvo/ Thu, 28 Nov 2024 07:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=842562

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин.

Во А-групата ќе играат и селекциите на Турција и домаќинот Унгарија.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.

-Шведска е апсолутен фаворит. Ние сакаме да се претставиме во добро светло. Наша главна цел е натпреварот со Турција каде гледаме шанса за освојување бодови, изјави Грчевски.

Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации

The post Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин. Во А-групата ќе играат и селекциите на Турција и домаќинот Унгарија. Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.
-Шведска е апсолутен фаворит. Ние сакаме да се претставиме во добро светло. Наша главна цел е натпреварот со Турција каде гледаме шанса за освојување бодови, изјави Грчевски.
Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации

The post Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство appeared first on Република.

]]>
Ливерпул лидер во ЛШ, погледнете каде се наоѓа ЛШ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/liverpul-lider-vo-lsh-poglednete-kade-se-naoga-lsh/ Thu, 28 Nov 2024 07:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=842556

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, по синоќешната победа над Реал Мадрид (2:0) се осврна на  промашените пенали на Килијан Мбапе и Мохамед Салах.

Мбапе во 61.минута пропушти шанса да му донесе изедначување на Реал, додека Салах во 70.минута не го зголеми водството на домаќините.

- Денес и двајцата ни покажаа дека и тие се исти луѓе како сите нас. Во случајот со Мбапе, Келехер беше неверојатен. Тој направи нешто несекојдневно за нас, како и нашиот друг голман (Алисон), кој не е ништо помалку величествен, изјави Слот за сајтот на УЕФА.

Ливерпул има пет победи на исто толку натпревари и води во поредокот на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид е на 24. место со шест бода

The post Ливерпул лидер во ЛШ, погледнете каде се наоѓа ЛШ appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, по синоќешната победа над Реал Мадрид (2:0) се осврна на  промашените пенали на Килијан Мбапе и Мохамед Салах. Мбапе во 61.минута пропушти шанса да му донесе изедначување на Реал, додека Салах во 70.минута не го зголеми водството на домаќините.
- Денес и двајцата ни покажаа дека и тие се исти луѓе како сите нас. Во случајот со Мбапе, Келехер беше неверојатен. Тој направи нешто несекојдневно за нас, како и нашиот друг голман (Алисон), кој не е ништо помалку величествен, изјави Слот за сајтот на УЕФА.
Ливерпул има пет победи на исто толку натпревари и води во поредокот на Лигата на шампионите. Реал Мадрид е на 24. место со шест бода

The post Ливерпул лидер во ЛШ, погледнете каде се наоѓа ЛШ appeared first on Република.

]]>
Монца останува дел од Формула 1 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/montsa-ostanuva-del-od-formula-1/ Wed, 27 Nov 2024 21:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=842543

Челниците на Формула 1 најавија дека најбрзиот караван сигурно ќе ја посетува познатата италијанска патека, Монца до 2031 година.

Монца ќе остане дел од тркачкиот календар како дом на Италијанското ГП откако потпиша нов шестгодишен договор. Претходниот важеше до крајот на следната сезона.

Соработката ќе продолжи бидејќи Монца спроведе значителни подобрувања на патеката и околниот комплекс.

Неодамна, дури 335.000 фанови присуствуваа на тркачкиот викенд во величественото здание кога возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои победата на Големата награда на Италија.

„Храмот на брзината“ е изграден во 1922 година и е член на календарот на Формула 1 секоја сезона од основањето на натпреварувањето (во 1950 година), со исклучок на 1980 година, кога тоа беше невозможно поради реновирање.

Патеката е долга 5,8 километри, а самата патека е особено популарна затоа што дури и во 80 отсто од времето на возењето, натпреварувачите не ја тргаат ногата од педалата за гас.

Петмина активни возачи во караванот во Формула 1 триумфираа во Монца – Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, шампионот Макс Верстапен и споменатиот Леклер.

The post Монца останува дел од Формула 1 appeared first on Република.

]]>

Челниците на Формула 1 најавија дека најбрзиот караван сигурно ќе ја посетува познатата италијанска патека, Монца до 2031 година. Монца ќе остане дел од тркачкиот календар како дом на Италијанското ГП откако потпиша нов шестгодишен договор. Претходниот важеше до крајот на следната сезона. Соработката ќе продолжи бидејќи Монца спроведе значителни подобрувања на патеката и околниот комплекс. Неодамна, дури 335.000 фанови присуствуваа на тркачкиот викенд во величественото здание кога возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои победата на Големата награда на Италија. „Храмот на брзината“ е изграден во 1922 година и е член на календарот на Формула 1 секоја сезона од основањето на натпреварувањето (во 1950 година), со исклучок на 1980 година, кога тоа беше невозможно поради реновирање. Патеката е долга 5,8 километри, а самата патека е особено популарна затоа што дури и во 80 отсто од времето на возењето, натпреварувачите не ја тргаат ногата од педалата за гас. Петмина активни возачи во караванот во Формула 1 триумфираа во Монца – Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, шампионот Макс Верстапен и споменатиот Леклер.

The post Монца останува дел од Формула 1 appeared first on Република.

]]>