Музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/scena/muzika/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 11:51:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/scena/muzika/ 32 32 Националниот џез оркестар вечерва ќе ги изведе најдобрите рок хитови со магијата на џезот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/natsionalniot-dhez-orkestar-vecherva-ke-gi-izvede-najdobrite-rok-hitovi-so-magijata-na-dhezot/ Sat, 30 Nov 2024 14:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=843397

Националниот Џез Оркестар вечерва најавува незаборавна вечер. Подгответе се за уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок хитови со магијата на џезот.

На 30-ти ноември, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, ќе се одржи концертот “Golden Rock Swings”.

Нашиот оркестар, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив.

Ексклузивни гости на концертот ќе бидат:
– Бранислав Николов од Фолтин
– Фантастичниот џез вокал Џон Илија Апелгреен
– Неверојатната Светлана Јовановска.

Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на “Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, велат организаторите.

The post Националниот џез оркестар вечерва ќе ги изведе најдобрите рок хитови со магијата на џезот appeared first on Република.

]]>

Националниот Џез Оркестар вечерва најавува незаборавна вечер. Подгответе се за уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок хитови со магијата на џезот. На 30-ти ноември, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, ќе се одржи концертот “Golden Rock Swings”.
Нашиот оркестар, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив. Ексклузивни гости на концертот ќе бидат: – Бранислав Николов од Фолтин – Фантастичниот џез вокал Џон Илија Апелгреен – Неверојатната Светлана Јовановска. Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на “Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, велат организаторите.

The post Националниот џез оркестар вечерва ќе ги изведе најдобрите рок хитови со магијата на џезот appeared first on Република.

]]>
„Апокалиптика“ вечерва во „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/apokaliptika-vecherva-vo-boris-trajkovski/ Fri, 29 Nov 2024 21:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=843260

Вечерва во „Борис Трајковски“, со почеток во 20:00 часот, ќе имате единствена можност да го пролследите настапот на една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica.

Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 “. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција!

 

Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале:

Sandra Nasic od Guano Apes, Dave Lombardo (Slayer) , Ville Valo (HIM), Lauri Ylönen ( Rasmus), Till Lindemann (Rammstein), Corey Taylor (Slipknot) Adam Gontier( Three Days Grace) , Gavin Rossdale,( Bush) и многу други.

The post „Апокалиптика“ вечерва во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во „Борис Трајковски“, со почеток во 20:00 часот, ќе имате единствена можност да го пролследите настапот на една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica. Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 “. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција!   Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале: Sandra Nasic od Guano Apes, Dave Lombardo (Slayer) , Ville Valo (HIM), Lauri Ylönen ( Rasmus), Till Lindemann (Rammstein), Corey Taylor (Slipknot) Adam Gontier( Three Days Grace) , Gavin Rossdale,( Bush) и многу други.

The post „Апокалиптика“ вечерва во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Ексклузивен концерт на „Јордан Костов Квартет“ вечерва во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ekskluziven-kontsert-na-jordan-kostov-kvartet-vecherva-vo-kavadartsi/ Fri, 29 Nov 2024 10:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=843057

Денес со почeток од 20 часот, во Дом на култура Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи ексклузивен “Концерт на Јордан Костов Квартет“.

Еден од музичарите кои го освојуваат светот со својата музика – Јордан Костов, со својот квартет доаѓа во родното Кавадарци. Ретка прилика во живо да се видат неговите музички мајстории.

Овој пат во состав:
Драган Теодосиев (Македонија) на тапани – најдобар млад македонски џез музичар за 2024 на Скопје Џез фест; Маки Хачија (Јапонија) на пијано – вокален перформер, пијанист, има издадено осум самостојни албуми.

Соработува со врвни професионални играчи, музичари, поети, ликовни уметници низ целиот свет; Јордан Костов (Македонија) на хармоника – музичар кој го освојува светот со својот инструмент и музика со десетина албуми во својот репертоа, што самостојни, што со неговите групи.

Описот на нивната музика оди вака: Публиката во Кавадарци ќе може да слушне испреплетување на повеќе музички свери, балансиран контраст на импро и комплексни и едноставни мелодии со моменти на космички звук , хармонски манипулации итн. Арт од енергична вокална техника, модерен џез и силна ритам секција.

Овој квартет ќе го донесе духот на алтернативата , подземјето и авангардата од Токио но и други свери, во исто време оживувајќи го духот на Никола Бадев.

Влезот на концертот е бесплатен. Се гледаме на светска музика!

The post Ексклузивен концерт на „Јордан Костов Квартет“ вечерва во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Денес со почeток од 20 часот, во Дом на култура Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи ексклузивен “Концерт на Јордан Костов Квартет“. Еден од музичарите кои го освојуваат светот со својата музика – Јордан Костов, со својот квартет доаѓа во родното Кавадарци. Ретка прилика во живо да се видат неговите музички мајстории. Овој пат во состав: Драган Теодосиев (Македонија) на тапани – најдобар млад македонски џез музичар за 2024 на Скопје Џез фест; Маки Хачија (Јапонија) на пијано – вокален перформер, пијанист, има издадено осум самостојни албуми. Соработува со врвни професионални играчи, музичари, поети, ликовни уметници низ целиот свет; Јордан Костов (Македонија) на хармоника – музичар кој го освојува светот со својот инструмент и музика со десетина албуми во својот репертоа, што самостојни, што со неговите групи. Описот на нивната музика оди вака: Публиката во Кавадарци ќе може да слушне испреплетување на повеќе музички свери, балансиран контраст на импро и комплексни и едноставни мелодии со моменти на космички звук , хармонски манипулации итн. Арт од енергична вокална техника, модерен џез и силна ритам секција. Овој квартет ќе го донесе духот на алтернативата , подземјето и авангардата од Токио но и други свери, во исто време оживувајќи го духот на Никола Бадев. Влезот на концертот е бесплатен. Се гледаме на светска музика!

The post Ексклузивен концерт на „Јордан Костов Квартет“ вечерва во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
„50 години Диско Селектор“ – последниот сценски танц на Драган Б. Костиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/50-godini-disko-selektor-posledniot-stsenski-tants-na-dragan-b-kostik/ Fri, 29 Nov 2024 10:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=843054

Зборот легенда во овој регион се користи многу често – без било какви аргументи. Ако некој заслужено го носи зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Драган Б. Костиќ. Авалон Продукција ќе го организира ,,последниот танц” на сцена на Драган Б. Костиќ, по повод 50 години од легендарната ,,Диско селектор”. Настанот ќе се случи вечерва во СЦ Јане Сандански, со почеток во 21:00 часот.

Драган Б. Костиќ е еден од најлегендарните фигури во македонската културна сцена – новинар и водител со преку 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон, диџеј со преку 2.000 настани, човек кој има пораснато и музички и културолошки едуцирано повеќе од 5 генерации.

 

Сосема случајно, но ете, така било пишано, последниот сценски танц на Драган е закажан токму за Денот на бившата голема Република, се вели во објавата од Авалон Продукција.

The post „50 години Диско Селектор“ – последниот сценски танц на Драган Б. Костиќ appeared first on Република.

]]>

Зборот легенда во овој регион се користи многу често – без било какви аргументи. Ако некој заслужено го носи зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Драган Б. Костиќ. Авалон Продукција ќе го организира ,,последниот танц” на сцена на Драган Б. Костиќ, по повод 50 години од легендарната ,,Диско селектор”. Настанот ќе се случи вечерва во СЦ Јане Сандански, со почеток во 21:00 часот. Драган Б. Костиќ е еден од најлегендарните фигури во македонската културна сцена – новинар и водител со преку 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон, диџеј со преку 2.000 настани, човек кој има пораснато и музички и културолошки едуцирано повеќе од 5 генерации.   Сосема случајно, но ете, така било пишано, последниот сценски танц на Драган е закажан токму за Денот на бившата голема Република, се вели во објавата од Авалон Продукција.

The post „50 години Диско Селектор“ – последниот сценски танц на Драган Б. Костиќ appeared first on Република.

]]>
Теа и Таско снимија акутстичната верзија на „Сатурн“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tea-i-tasko-snimija-akutstichnata-verzija-na-saturn/ Thu, 28 Nov 2024 12:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=842709

Mладите пејачи Теа Трајковска и раперот Таско се одлична спојка кога ќе ги вкрстат своите таленти за музика. Нивниот настап на овогодинешниот „Макфест” беше еден од најдобрите, а доказ за тоа е нивната песна „Сатурн”, која е апсолутен хит на сите наши радиостаници.

Испровоцирани од одличниот прием од публиката, Теа и Таско снимија и акустична верзија и „Сатурн” доби една поинаква димензија.

https://youtu.be/buiHwFxwKck?si=9AV_naHHNvuLkSsJ

The post Теа и Таско снимија акутстичната верзија на „Сатурн“ appeared first on Република.

]]>

Mладите пејачи Теа Трајковска и раперот Таско се одлична спојка кога ќе ги вкрстат своите таленти за музика. Нивниот настап на овогодинешниот „Макфест” беше еден од најдобрите, а доказ за тоа е нивната песна „Сатурн”, која е апсолутен хит на сите наши радиостаници. Испровоцирани од одличниот прием од публиката, Теа и Таско снимија и акустична верзија и „Сатурн” доби една поинаква димензија. https://youtu.be/buiHwFxwKck?si=9AV_naHHNvuLkSsJ

The post Теа и Таско снимија акутстичната верзија на „Сатурн“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва ќе се одржи петтото издание на Cotton Blues Festival https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vecherva-ke-se-odrzhi-pettoto-izdanie-na-cotton-blues-festival/ Thu, 28 Nov 2024 11:17:27 +0000 https://republika.mk/?p=842708

Вечерва, со почеток во 20:00 часот во едукативно културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, ќе се одржи петтото издание на „Cotton Blues Festival“.

Овогодинешното издание на фестивалот ќе го отвори нашата млада надеж Михајло Митев.

 

Следуваат In The Mood, дуото основано од Сашо Ѓорѓевски и Никола Џими Петровски, кое овој месец прослави 15 години постоење. Дуото досега брои преку 4.000 настапи низ Македонија, како и на фестивали во Хрватска, Бугарија, Албанија и други клупски настапи низ Европа. На Cotton Blues Festival, во живо ќе го промовираат нивното EP “Breeding ground for blues” На денот на фестивалот, ќе бидат достапни и примероци од EP-то.

После нив, ќе настапи великанот на блузот Alvin Youngblood Hart со акустичен сет. Hart има добиено Греми во 2005 година за албумот Beautiful Dreamer, а беше номиниран и за албумот Down in the Alley во категоријата Best Traditional Blues Album во 2003. Меѓу другите признанија, би ги спомнале и W.C. Handy Award за најдобар музичар во 1997, како и Down Beat magazine award за најдобар блуз албум (Territory,1999).

 

И за крај, следи голема блуз рок журка со триото од Австралија, Rob Tognoni Band. Триото има нов албум и моментално се на светска турнеја. После Скопје, тие ќе настапат во Германија, Австрија, Италија, Романија, Холандија, Белгија, Англија…Се работи за 38 настапи само во Европа. Новиот албум има наслов Rebel, со промовирани два сингла досега, а на албумот се забележува и преработката на Whiskey in the Jar од Thin Lizzy. Rob има зад себе 27 албуми и соработувал и свирел со легенди како Roy Buchanan, Lonnie Mack (ментор на Stevie Ray Vaughan), Joe Walsh од The Eagles, Peter Green, Johnny Winter, ZZ Top, Sting и Bo Diddley. Влијание има од Cream, Hendrix, BB King, но и од AC/DC, а тоа може да се почуствува на неговите албуми, и посебно на живите настапи.

На овогодинешното издание на Cotton Blues Festival, ќе се организира работилница за изработка на акустични гитари со Јани Павеза, а Ридан Андреев е домаќин на настанот. Ридан е гитарски ентузијаст, вљубеник во блузот и чест посетител на блуз концертите. Ридан се запозна со Павеза минатата година и тие одлучија соработката да ја продолжат и оваа година. Работилницата ќе започне во 14 часот во Лабораториум во т.н. училница.

 

Најновото музичко издание на Игор Станоевски – Iggy Man насловено како Bad People, ќе биде прв пат претставено на Cotton Blues Festival. Bad People содржи 5 нумери кои претставуваат сублимат од блуз, рок, ритам и блуз. На Cotton Blues Festival, EP-то ќе биде премиерно претставено како слушачка промоција после настапот на In The Mood, а пред легендарниот Alvin Youngblood Hart.

Годинава, за прв пат на Cotton blues festival ќе има вајарска колонија. Специјален гостин е Дејан Спасовиќ, мултимедијален уметник , вајар, ликовен уметник, музичар, режисер кој доби специјална покана од Игор Станоески да биде почесен гостин со што за време на настапите, ликовите на уметниците ќе бидат скулптирани на самата сцена. Сите дела од ликовната и вајарската колонија ќе бидат изложени во галеријата на културниот центар “Лабораториум”. Истите ќе бидат ставени на продажба, од кои поголем дел ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

The post Вечерва ќе се одржи петтото издание на Cotton Blues Festival appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 20:00 часот во едукативно културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, ќе се одржи петтото издание на „Cotton Blues Festival“. Овогодинешното издание на фестивалот ќе го отвори нашата млада надеж Михајло Митев.   Следуваат In The Mood, дуото основано од Сашо Ѓорѓевски и Никола Џими Петровски, кое овој месец прослави 15 години постоење. Дуото досега брои преку 4.000 настапи низ Македонија, како и на фестивали во Хрватска, Бугарија, Албанија и други клупски настапи низ Европа. На Cotton Blues Festival, во живо ќе го промовираат нивното EP “Breeding ground for blues” На денот на фестивалот, ќе бидат достапни и примероци од EP-то. После нив, ќе настапи великанот на блузот Alvin Youngblood Hart со акустичен сет. Hart има добиено Греми во 2005 година за албумот Beautiful Dreamer, а беше номиниран и за албумот Down in the Alley во категоријата Best Traditional Blues Album во 2003. Меѓу другите признанија, би ги спомнале и W.C. Handy Award за најдобар музичар во 1997, како и Down Beat magazine award за најдобар блуз албум (Territory,1999).   И за крај, следи голема блуз рок журка со триото од Австралија, Rob Tognoni Band. Триото има нов албум и моментално се на светска турнеја. После Скопје, тие ќе настапат во Германија, Австрија, Италија, Романија, Холандија, Белгија, Англија…Се работи за 38 настапи само во Европа. Новиот албум има наслов Rebel, со промовирани два сингла досега, а на албумот се забележува и преработката на Whiskey in the Jar од Thin Lizzy. Rob има зад себе 27 албуми и соработувал и свирел со легенди како Roy Buchanan, Lonnie Mack (ментор на Stevie Ray Vaughan), Joe Walsh од The Eagles, Peter Green, Johnny Winter, ZZ Top, Sting и Bo Diddley. Влијание има од Cream, Hendrix, BB King, но и од AC/DC, а тоа може да се почуствува на неговите албуми, и посебно на живите настапи. На овогодинешното издание на Cotton Blues Festival, ќе се организира работилница за изработка на акустични гитари со Јани Павеза, а Ридан Андреев е домаќин на настанот. Ридан е гитарски ентузијаст, вљубеник во блузот и чест посетител на блуз концертите. Ридан се запозна со Павеза минатата година и тие одлучија соработката да ја продолжат и оваа година. Работилницата ќе започне во 14 часот во Лабораториум во т.н. училница.   Најновото музичко издание на Игор Станоевски – Iggy Man насловено како Bad People, ќе биде прв пат претставено на Cotton Blues Festival. Bad People содржи 5 нумери кои претставуваат сублимат од блуз, рок, ритам и блуз. На Cotton Blues Festival, EP-то ќе биде премиерно претставено како слушачка промоција после настапот на In The Mood, а пред легендарниот Alvin Youngblood Hart. Годинава, за прв пат на Cotton blues festival ќе има вајарска колонија. Специјален гостин е Дејан Спасовиќ, мултимедијален уметник , вајар, ликовен уметник, музичар, режисер кој доби специјална покана од Игор Станоески да биде почесен гостин со што за време на настапите, ликовите на уметниците ќе бидат скулптирани на самата сцена. Сите дела од ликовната и вајарската колонија ќе бидат изложени во галеријата на културниот центар “Лабораториум”. Истите ќе бидат ставени на продажба, од кои поголем дел ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

The post Вечерва ќе се одржи петтото издание на Cotton Blues Festival appeared first on Република.

]]>
Урбаната музичка сцена низ изложба на музички плакати во Музеј на град Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/urbanata-muzichka-stsena-niz-izlozhba-na-muzichki-plakati-vo-muzej-na-grad-skopje/ Thu, 28 Nov 2024 09:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=842258

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните четириесет години.

Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да се потсетиме на важни моменти од музичката историја на нашиот град, преку визуелни спомени.

 

Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е можност да се навратиме на најубавите моменти што ги носи музиката, за да ги оживееме спомените на луѓето, местата и времињата кои ја обликуваа музичката сцена на Скопје.

 

Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на пијанистот Бобан Мирковски и гитаристот Мухамед Ибрахими. Исто така, во соработка со неколку средни училишта во Скопје, ќе бидат организирани посети на учениците, со цел младите да се запознаат со музичката историја на својот град и да го почувствуваат влијанието на музиката како важен дел од урбаната култура.

 

Изложбата е помогната од Град Скопје, ќе биде поставена до 7 декември и е бесплатна за сите посетители.

The post Урбаната музичка сцена низ изложба на музички плакати во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

]]>

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните четириесет години. Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да се потсетиме на важни моменти од музичката историја на нашиот град, преку визуелни спомени.   Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е можност да се навратиме на најубавите моменти што ги носи музиката, за да ги оживееме спомените на луѓето, местата и времињата кои ја обликуваа музичката сцена на Скопје.   Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на пијанистот Бобан Мирковски и гитаристот Мухамед Ибрахими. Исто така, во соработка со неколку средни училишта во Скопје, ќе бидат организирани посети на учениците, со цел младите да се запознаат со музичката историја на својот град и да го почувствуваат влијанието на музиката како важен дел од урбаната култура.   Изложбата е помогната од Град Скопје, ќе биде поставена до 7 декември и е бесплатна за сите посетители.

The post Урбаната музичка сцена низ изложба на музички плакати во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

]]>
Со поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски вечерва во Битола почнува Фестивалот на музика од светот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-poetska-vrteshka-so-branislav-nikolov-i-tihomir-janchovski-vecherva-vo-bitola-pochnuva-festivalot-na-muzika-od-svetot/ Thu, 28 Nov 2024 09:18:44 +0000 https://republika.mk/?p=842623

Вечерва почнува Фестивалот на музика од светот, а за ова разговаравме со директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски.

Првиот настан од овој фестивал е „Волкот на љубовта“, поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски.

Поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни во современата македонска поезија: стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски… Во вториот дел, изведувачите ќе презентираат свои песни, а ќе бидат отсвирени и најслушаните љубовни песни од македонските фестивали на 20-от век. Настанот е на новата сцена со почеток во 20:00 часот.

В петок од 20:00 часот на големата сцена на Центарот за култура за свеченото отвоирање на годинашниот фестивал „Етно симфонија“ со Кармерниот оркестар и специјалните гости, Сузана Спасовска – вокал, Благојче Трајковски – кларинет и Петар Горко – актер.

Сабота од 20:00 часот исто така на големата сцена на Центарот за култура Маноло Гименез, препознатливиот глас на „Gipsy Kings“, ќе приреди незаборавен концерт со хитови како „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и други.

Во декември 2010 година, Манило го напушти бендот за да формира своја циганска формација во јануари 2011 година: „MANOLO voice of Gipsy Kings“, со која ја претставува големината на неговиот непогрешлив глас ширум светските сцени.

Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со својот харизматичен настап, мешајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Секој негов концерт е вистинска прослава и покана за танц!

И на последната вечер од овој фестивал на 1 декември в недела од 20:00 часот „Балкан мјузик проџект“, Дувачки квинтет Македонија и Дувачки квинтет на Белградската филхармонија.

Илија Илиевски – Дувачки квинтет, Дејан Деспиќ – Вињети оп.43, Андре Капле – Персиска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Српска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Македонска суита за десет дувачи.

Дувачки квинтет Македонија – ансамбл составен од врвни музичари од НОБ, кои со своето долгогодишно искуство донесуваат нов звук во камерната музика.

Дувачки квинтет на Белградската филхармонија – етаблиран ансамбл со настапи на престижни фестивали како БЕМУС, НОМУС и многу други, познат и по работилници за музичко образование.

Во интервјуто со Андоновска-Илијевски зборуваме за тоа како го прават изборот за програмата на овој фестивал, за продажбата на влезниците и секогаш исполнетите сали до последно местo, за офф програмата и поддршката што ја имаат од Министерството за култура и Општина Битола.

The post Со поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски вечерва во Битола почнува Фестивалот на музика од светот appeared first on Република.

]]>

Вечерва почнува Фестивалот на музика од светот, а за ова разговаравме со директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски. Првиот настан од овој фестивал е „Волкот на љубовта“, поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски. Поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни во современата македонска поезија: стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски… Во вториот дел, изведувачите ќе презентираат свои песни, а ќе бидат отсвирени и најслушаните љубовни песни од македонските фестивали на 20-от век. Настанот е на новата сцена со почеток во 20:00 часот. В петок од 20:00 часот на големата сцена на Центарот за култура за свеченото отвоирање на годинашниот фестивал „Етно симфонија“ со Кармерниот оркестар и специјалните гости, Сузана Спасовска – вокал, Благојче Трајковски – кларинет и Петар Горко – актер.
Сабота од 20:00 часот исто така на големата сцена на Центарот за култура Маноло Гименез, препознатливиот глас на „Gipsy Kings“, ќе приреди незаборавен концерт со хитови како „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и други. Во декември 2010 година, Манило го напушти бендот за да формира своја циганска формација во јануари 2011 година: „MANOLO voice of Gipsy Kings“, со која ја претставува големината на неговиот непогрешлив глас ширум светските сцени. Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со својот харизматичен настап, мешајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Секој негов концерт е вистинска прослава и покана за танц! И на последната вечер од овој фестивал на 1 декември в недела од 20:00 часот „Балкан мјузик проџект“, Дувачки квинтет Македонија и Дувачки квинтет на Белградската филхармонија. Илија Илиевски – Дувачки квинтет, Дејан Деспиќ – Вињети оп.43, Андре Капле – Персиска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Српска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Македонска суита за десет дувачи. Дувачки квинтет Македонија – ансамбл составен од врвни музичари од НОБ, кои со своето долгогодишно искуство донесуваат нов звук во камерната музика. Дувачки квинтет на Белградската филхармонија – етаблиран ансамбл со настапи на престижни фестивали како БЕМУС, НОМУС и многу други, познат и по работилници за музичко образование. Во интервјуто со Андоновска-Илијевски зборуваме за тоа како го прават изборот за програмата на овој фестивал, за продажбата на влезниците и секогаш исполнетите сали до последно местo, за офф програмата и поддршката што ја имаат од Министерството за култура и Општина Битола.

The post Со поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски вечерва во Битола почнува Фестивалот на музика од светот appeared first on Република.

]]>
Слушачка промоција на „Крстена вода“-новиот, седми по ред албум на Крсте Роџевски вечерва во Аудиокултура https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/slushachka-promotsija-na-krstena-voda-noviot-sedmi-po-red-album-na-krste-rodhevski-vecherva-vo-audiokultura/ Wed, 27 Nov 2024 13:02:47 +0000 https://republika.mk/?p=842318

Вечерва со почеток во 20 часот во Аудиокултура ќе се одржи слушачка промоција на КРСТЕНА ВОДА,новиот (седми по ред) албум на Крсте Роџевски.

Станува збор за дванаесет нови песни, претставени во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.

Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки...). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.

The post Слушачка промоција на „Крстена вода“-новиот, седми по ред албум на Крсте Роџевски вечерва во Аудиокултура appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 20 часот во Аудиокултура ќе се одржи слушачка промоција на КРСТЕНА ВОДА,новиот (седми по ред) албум на Крсте Роџевски. Станува збор за дванаесет нови песни, претставени во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк. Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки...). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.

The post Слушачка промоција на „Крстена вода“-новиот, седми по ред албум на Крсте Роџевски вечерва во Аудиокултура appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Крстена вода“ на Роџевски во „Аудиокултура“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-krstena-voda-na-rodhevski-vo-audiokultura/ Wed, 27 Nov 2024 11:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=842235

Седмата албумска објава на Крсте Роџевски, „Крстена вода“ ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Дванаесет нови песни во отскриена, сува, наивна форма, нимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.

„Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат.

Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.

Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.

 

The post Промоција на „Крстена вода“ на Роџевски во „Аудиокултура“ appeared first on Република.

]]>

Седмата албумска објава на Крсте Роџевски, „Крстена вода“ ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Дванаесет нови песни во отскриена, сува, наивна форма, нимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк. „Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат. Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски. Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.  

The post Промоција на „Крстена вода“ на Роџевски во „Аудиокултура“ appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје!  https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/retrospektivna-izlozhba-na-plakati-koja-ja-raskazhuva-istorijata-na-muzichkiot-zhivot-na-skopje/ Tue, 26 Nov 2024 18:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=839808

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години.
Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да се потсетиме на важни моменти од музичката историја на нашиот град, преку визуелни спомени.

Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е можност да се навратиме на најубавите моменти што ги носи музиката, за да ги оживееме спомените на луѓето, местата и времињата кои ја обликуваа музичката сцена на Скопје. Ги покануваме сите љубители заедно да се потсетиме на моментите кои ја создавале урбаната душа на нашиот град, велат организаторите.

Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на пијанистот Бобан Мирковски и гитаристот Мухамед Ибрахими. Исто така, во соработка со неколку средни училишта во Скопје, ќе бидат организирани посети на учениците, со цел младите да се запознаат со музичката историја на својот град и да го почувствуваат влијанието на музиката како важен дел од урбаната култура.

За мене ова не е само изложба, туку благодарност и признание за сите уметници, артисти, групи, менаџери кои го создаваа музичкиот идентитет на Скопје. Секој плакат на оваа изложба раскажува приказна и ја чува историјата на урбаната култура на нашиот град. Ќе ми биде чест да ја споделам со сите оние кои сакаат да ја почувствуваат душата на Скопје преку музиката, вели Владимир Мандичевски Манде, организатор на изложбата.

The post Ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје!  appeared first on Република.

]]>

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години. Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да се потсетиме на важни моменти од музичката историја на нашиот град, преку визуелни спомени.
Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е можност да се навратиме на најубавите моменти што ги носи музиката, за да ги оживееме спомените на луѓето, местата и времињата кои ја обликуваа музичката сцена на Скопје. Ги покануваме сите љубители заедно да се потсетиме на моментите кои ја создавале урбаната душа на нашиот град, велат организаторите.
Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на пијанистот Бобан Мирковски и гитаристот Мухамед Ибрахими. Исто така, во соработка со неколку средни училишта во Скопје, ќе бидат организирани посети на учениците, со цел младите да се запознаат со музичката историја на својот град и да го почувствуваат влијанието на музиката како важен дел од урбаната култура.
За мене ова не е само изложба, туку благодарност и признание за сите уметници, артисти, групи, менаџери кои го создаваа музичкиот идентитет на Скопје. Секој плакат на оваа изложба раскажува приказна и ја чува историјата на урбаната култура на нашиот град. Ќе ми биде чест да ја споделам со сите оние кои сакаат да ја почувствуваат душата на Скопје преку музиката, вели Владимир Мандичевски Манде, организатор на изложбата.

The post Ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје!  appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Крстена вода“ на Крсте Роџевски во „Аудиокултура“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-krstena-voda-na-krste-rodhevski-vo-audiokultura/ Tue, 26 Nov 2024 08:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=841774

Слушачка промоција на седмата албумска објава на Крсте Роџевски на албумот „Крстена вода“ ќе се одржи во среда, на 27 ноември во 20 часот во „Аудиокултура“.

Дванаесет нови песни, во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.

„Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат: https://kristorodzevski.bandcamp.com/album/krstena-voda

Сите текстови и композиции се дело на Крсте Роџевски, како и сите вокали и инструменти: акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…

Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio.

Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff.

Продуцент на албумот е самиот Роџевски. Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.

 

The post Промоција на „Крстена вода“ на Крсте Роџевски во „Аудиокултура“ appeared first on Република.

]]>

Слушачка промоција на седмата албумска објава на Крсте Роџевски на албумот „Крстена вода“ ќе се одржи во среда, на 27 ноември во 20 часот во „Аудиокултура“. Дванаесет нови песни, во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк. „Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат: https://kristorodzevski.bandcamp.com/album/krstena-voda Сите текстови и композиции се дело на Крсте Роџевски, како и сите вокали и инструменти: акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки… Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски. Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.  

The post Промоција на „Крстена вода“ на Крсте Роџевски во „Аудиокултура“ appeared first on Република.

]]>
Акустичен концерт на групата „Културно-уметнички работници“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/akustichen-kontsert-na-grupata-kulturno-umetnichki-rabotnitsi/ Tue, 26 Nov 2024 08:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=841734

Во Културно - информативниот центар Скопје, вечер ќе се одржи акустичен концерт на рок групата „Културно-уметнички работници“.

Групата „Културно-уметнички работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе барот „Браво" помеѓу членовите на групите „Тотално Опуштање", „No Name Nation", „Бомбашки Процес", „Жолтица на Бродот Баунти" и „Рок Агресори".

 

The post Акустичен концерт на групата „Културно-уметнички работници“ appeared first on Република.

]]>

Во Културно - информативниот центар Скопје, вечер ќе се одржи акустичен концерт на рок групата „Културно-уметнички работници“. Групата „Културно-уметнички работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе барот „Браво" помеѓу членовите на групите „Тотално Опуштање", „No Name Nation", „Бомбашки Процес", „Жолтица на Бродот Баунти" и „Рок Агресори".  

The post Акустичен концерт на групата „Културно-уметнички работници“ appeared first on Република.

]]>
Ќе биде гламурозно, со прекрасни аранжмани и солисти, вели Гоце Стевковски, директорот на џезерите за саботниот концерт во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ke-bide-glamurozno-so-prekrasni-aranzhmani-i-solisti-veli-gotse-stevkovski-direktorot-na-dhezerite-za-sabotniot-kontsert-vo-filharmonija/ Mon, 25 Nov 2024 16:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=841634

Концертот ќе биде гламурозен, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти, вели Гоце Стевковски, директорот на Националниот џез оркестар (НЏО) кој ќе одржи концерт в сабота, на 30 ноември во 20 часот во салата на Македонската филхармонија во Скопје.

На концертот ќе бидат изведени композиции од албумот на Пол Енка „ Rock Swings“. Албумот содржи нумери кои беа хитови во 80-те и во 90-те години на минатиот век, а на концертот под диригентство на Џијан Емин, ќе бидат изведени во оригиналните аранжмани, платени за овој настан. Специјални гости на концертот се Бранислав Николов- Пијан славеј и џез вокалистите Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Секој од нив ќе испее по четири песни од албумот на Енка.

Оваа идеја за концертот ја имавме замислено поодамна. Ќе биде нешто ново, нечуено на овие простори. Пејачите, односно солистите кои ќе настапат се посебни, секој со својот карактер, и намерно беа одбрани за овој концерт. Концертот ќе биде гламурозен, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти, изјави Стевковски на денешната прес-конфренција.

Светлана Јовановска како изведувач на денешниот прес кажа дека публиката ги знае овие песни и ќе ужива на концертот, но песните ќе биде во едно ново поинакво светло.

Како што информира Џон Илија Апелгрен станува збор за албумот на Пол Енка „Rock swings“ со хитови од 80 години и 90 години рок и поп хитови меѓу кои се хитови на Spandau Ballet, Ерик Клептон, Ван Хален.

Аранжманите се прекрасни, а сите кои ќе присуствуваат на концертот ќе уживаат во звучната слика, порача Апелгрен.

Од НЏО велат дека саботната вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која публиката ќе ја остави без здив.

Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на „Golden Rock Swings" и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, порачаа од Националниот Џез оркестар.

 

The post Ќе биде гламурозно, со прекрасни аранжмани и солисти, вели Гоце Стевковски, директорот на џезерите за саботниот концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Концертот ќе биде гламурозен, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти, вели Гоце Стевковски, директорот на Националниот џез оркестар (НЏО) кој ќе одржи концерт в сабота, на 30 ноември во 20 часот во салата на Македонската филхармонија во Скопје. На концертот ќе бидат изведени композиции од албумот на Пол Енка „ Rock Swings“. Албумот содржи нумери кои беа хитови во 80-те и во 90-те години на минатиот век, а на концертот под диригентство на Џијан Емин, ќе бидат изведени во оригиналните аранжмани, платени за овој настан. Специјални гости на концертот се Бранислав Николов- Пијан славеј и џез вокалистите Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Секој од нив ќе испее по четири песни од албумот на Енка.
Оваа идеја за концертот ја имавме замислено поодамна. Ќе биде нешто ново, нечуено на овие простори. Пејачите, односно солистите кои ќе настапат се посебни, секој со својот карактер, и намерно беа одбрани за овој концерт. Концертот ќе биде гламурозен, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти, изјави Стевковски на денешната прес-конфренција.
Светлана Јовановска како изведувач на денешниот прес кажа дека публиката ги знае овие песни и ќе ужива на концертот, но песните ќе биде во едно ново поинакво светло. Како што информира Џон Илија Апелгрен станува збор за албумот на Пол Енка „Rock swings“ со хитови од 80 години и 90 години рок и поп хитови меѓу кои се хитови на Spandau Ballet, Ерик Клептон, Ван Хален.
Аранжманите се прекрасни, а сите кои ќе присуствуваат на концертот ќе уживаат во звучната слика, порача Апелгрен.
Од НЏО велат дека саботната вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која публиката ќе ја остави без здив.
Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на „Golden Rock Swings" и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, порачаа од Националниот Џез оркестар.
 

The post Ќе биде гламурозно, со прекрасни аранжмани и солисти, вели Гоце Стевковски, директорот на џезерите за саботниот концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Елвир Мекиќ се враќа на сцена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/elvir-mekik-se-vraka-na-stsena/ Mon, 25 Nov 2024 09:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=841510

Македонскиот музичар Христијан Настески - Пајак ги враќа на сцена идолите од времето на најголемата експанзија на македонската поп-музика.После Јован Јованов, следи и дуетот на Пајак со Елвир Мекиќ, под наслов „Негде после два”.

Судејќи според реакциите од „тизер“ рефренот на нивната нова песна со наслов „Негде после два“, несомнено ќе имаме уште еден хит. Елвир беше еден од најпопуларните пејачи на македонската поп-сцена пред 10 - 20 години. Па така, и новата песна, иако со модерен звук, го има стариот „вајб“ со примеси на ретро-РНБ од 2000-тата и потоа, велат од „Урбан рекордс продукција“.

Спотот е во режија на Гордан Божиновски од „Урбан рекордс продукција“. Се снимаше во „Дајмонд мол“ - гурман стрит и во хотелот „Лимак“. Во спотот се појавуваат манекенот и фитнес-модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.

https://youtu.be/AY1e891ahZU?si=hcSf0pJfDD7pCVnD

Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат, изјави Елвир.

Автор на музиката е Пајак, а текстот е на Мекиќ и е напишан од насловите од неговите најголеми хитови како „Некаде после два“, „Армија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и други. Аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов - Ивајо.

Инаку, Елвир со сопругата и сега синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија, вели, освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да ѝ се посвети и на музичката кариера.

The post Елвир Мекиќ се враќа на сцена appeared first on Република.

]]>

Македонскиот музичар Христијан Настески - Пајак ги враќа на сцена идолите од времето на најголемата експанзија на македонската поп-музика.После Јован Јованов, следи и дуетот на Пајак со Елвир Мекиќ, под наслов „Негде после два”.
Судејќи според реакциите од „тизер“ рефренот на нивната нова песна со наслов „Негде после два“, несомнено ќе имаме уште еден хит. Елвир беше еден од најпопуларните пејачи на македонската поп-сцена пред 10 - 20 години. Па така, и новата песна, иако со модерен звук, го има стариот „вајб“ со примеси на ретро-РНБ од 2000-тата и потоа, велат од „Урбан рекордс продукција“.
Спотот е во режија на Гордан Божиновски од „Урбан рекордс продукција“. Се снимаше во „Дајмонд мол“ - гурман стрит и во хотелот „Лимак“. Во спотот се појавуваат манекенот и фитнес-модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска. https://youtu.be/AY1e891ahZU?si=hcSf0pJfDD7pCVnD
Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат, изјави Елвир.
Автор на музиката е Пајак, а текстот е на Мекиќ и е напишан од насловите од неговите најголеми хитови како „Некаде после два“, „Армија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и други. Аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов - Ивајо. Инаку, Елвир со сопругата и сега синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија, вели, освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да ѝ се посвети и на музичката кариера.

The post Елвир Мекиќ се враќа на сцена appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Прес енд плеј“ на Ненад Георгиевски, кој ја прикажува македонската музичка сцена како уникатен спој од традиционални и современи елементи, културни влијанија и иновации https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-knigata-pres-end-plej-na-nenad-georgievski-koj-ja-prikazhuva-makedonskata-muzichka-stsena-kako-unikaten-spoj-od-traditsionalni-i-sovremeni-elementi-kulturni-vlijanija-i-inovatsii/ Mon, 25 Nov 2024 08:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=841477

Во просториите на Аудиокултура, на 2 декември (понеделник) во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play) на Ненад Георгиевски. Книгата ја претставува македонската музичка сцена преку серија рецензии и текстови напишани во период од 20 години, за странски публикации, како All About Jazz и Vintage Cafe. Таа е збирка од авторски текстови кои даваат детален увид во креативните активности на македонските музичари и нивните дела. Книгата за првпат беше објавена во јули 2020 и ова е второ, надополнето издание.

Самата книга е калеидоскоп од луѓе чии таленти, идеи и дела оставиле свој белег во Македонија и надвор од неа. Овие содржини ги испитуваат нивните амбиции и достигнувања, почнувајќи од инспирацијата со која создавале, оригиналноста, искуствата, начинот на работење, па сè до избраните решенија како илустрации, дизајн, визуелизации.

Публикацијата се состои од рецензии на албуми, на концерти и на фестивалски настапи на изведувачи, меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин,  Гоце Стевковски, Националниот џез-оркестар, Џон Апелгрен, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, Сашо Поповски и Стринг Форсис, Љубојна и многу други,  потоа на фестивали како Скопскиот џез-фестивал, „Офф-фест“ или на концерти на македонски изведувачи во држави како Србија, Хрватска, Грција, САД. Потоа, тука се критички осврти за видеоизданија, како и за книги од визуелните уметности, како „Џезтетика“ на Татјана Ранташа или „Cloud Arrangers“ на Жига Коритник.

„Press and Play“ ја прикажува македонската музичка сцена како уникатен спој од традиционални и современи елементи, културни влијанија и иновации. Преку рецензиите и текстовите, читателот добива увид во богатството и шаренилото на музичката култура во Македонија, како и во специфичните стилови и звуци кои ги прават македонските музичари препознатливи на глобално ниво.  Со своите содржини, книгата претставува единствен извор на информации за македонската музичка култура, напишани на англиски јазик и платформа достапна за милиони читатели.

Книгата е дело на новинарот Ненад Георгиевски, кој е добитник на наградата за публицистика за 2023 г. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и е автор на уште 4 книги од областа на публицистиката („Музика и муабети“, „Уште музика и муабети“, и „Ретки птици“). Издавач на книгата е Номад-Арт Скопје, а идејното решение е на Билјана Билбилоска.

 

 

The post Промоција на книгата „Прес енд плеј“ на Ненад Георгиевски, кој ја прикажува македонската музичка сцена како уникатен спој од традиционални и современи елементи, културни влијанија и иновации appeared first on Република.

]]>

Во просториите на Аудиокултура, на 2 декември (понеделник) во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play) на Ненад Георгиевски. Книгата ја претставува македонската музичка сцена преку серија рецензии и текстови напишани во период од 20 години, за странски публикации, како All About Jazz и Vintage Cafe. Таа е збирка од авторски текстови кои даваат детален увид во креативните активности на македонските музичари и нивните дела. Книгата за првпат беше објавена во јули 2020 и ова е второ, надополнето издание. Самата книга е калеидоскоп од луѓе чии таленти, идеи и дела оставиле свој белег во Македонија и надвор од неа. Овие содржини ги испитуваат нивните амбиции и достигнувања, почнувајќи од инспирацијата со која создавале, оригиналноста, искуствата, начинот на работење, па сè до избраните решенија како илустрации, дизајн, визуелизации. Публикацијата се состои од рецензии на албуми, на концерти и на фестивалски настапи на изведувачи, меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин,  Гоце Стевковски, Националниот џез-оркестар, Џон Апелгрен, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, Сашо Поповски и Стринг Форсис, Љубојна и многу други,  потоа на фестивали како Скопскиот џез-фестивал, „Офф-фест“ или на концерти на македонски изведувачи во држави како Србија, Хрватска, Грција, САД. Потоа, тука се критички осврти за видеоизданија, како и за книги од визуелните уметности, како „Џезтетика“ на Татјана Ранташа или „Cloud Arrangers“ на Жига Коритник. „Press and Play“ ја прикажува македонската музичка сцена како уникатен спој од традиционални и современи елементи, културни влијанија и иновации. Преку рецензиите и текстовите, читателот добива увид во богатството и шаренилото на музичката култура во Македонија, како и во специфичните стилови и звуци кои ги прават македонските музичари препознатливи на глобално ниво.  Со своите содржини, книгата претставува единствен извор на информации за македонската музичка култура, напишани на англиски јазик и платформа достапна за милиони читатели. Книгата е дело на новинарот Ненад Георгиевски, кој е добитник на наградата за публицистика за 2023 г. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и е автор на уште 4 книги од областа на публицистиката („Музика и муабети“, „Уште музика и муабети“, и „Ретки птици“). Издавач на книгата е Номад-Арт Скопје, а идејното решение е на Билјана Билбилоска.    

The post Промоција на книгата „Прес енд плеј“ на Ненад Георгиевски, кој ја прикажува македонската музичка сцена како уникатен спој од традиционални и современи елементи, културни влијанија и иновации appeared first on Република.

]]>
Концерт на Мешовитиот хор од Солун во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-meshovitiot-hor-od-solun-vo-filharmonija/ Mon, 25 Nov 2024 08:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=836442

В понеделник, 25 ноември 2024 година, во 19.30 часот, ќе се одржи специјален настап на Мешовитиот хор од Солун.
Амбасада на Грција во Скопје организира специјален настап на Мешан хор на Солун кој ќе се одржи во малата сала на Филхармонија.

Репертоарот вклучува парчиња од класична музика и грчки мелодии

Диригент: Мери Константиниду
Пијанист: Атанасиос Папаисиу
Солист: Георгиос Сагкурис

Концертот започнува во 20:00 часот

 

The post Концерт на Мешовитиот хор од Солун во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

В понеделник, 25 ноември 2024 година, во 19.30 часот, ќе се одржи специјален настап на Мешовитиот хор од Солун. Амбасада на Грција во Скопје организира специјален настап на Мешан хор на Солун кој ќе се одржи во малата сала на Филхармонија. Репертоарот вклучува парчиња од класична музика и грчки мелодии Диригент: Мери Константиниду Пијанист: Атанасиос Папаисиу Солист: Георгиос Сагкурис Концертот започнува во 20:00 часот  

The post Концерт на Мешовитиот хор од Солун во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт на Сашко Костов вечерва во КИЦ: Композиции од театарските претстави „Рацин“, „Инферно“, „Медеја“ и „Црна дупка“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-sashko-kostov-vecherva-vo-kits-kompozitsii-od-teatarskite-pretstavi-ratsin-inferno-medeja-i-tsrna-dupka/ Fri, 22 Nov 2024 09:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=840703

Вечерва во Салон 19:19, во Културно Информативниот Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на Сашко Костов. Настап кој е составен од музика за театарски претстави од Сашко Костов, начин на творење кое стана негова голема пасија и во континуитет ја создава веќе 14 години.

Музиката на овој концерт ќе биде сосема нова и различна од она што ги знаеме Сашко и Орхидеја претходно на сцената. Во главно ќе се изведат композиции од театарските претстави: “Рацин”, “Инферно” “Медеја” и “Црна дупка”. Дуетот активно работи 3 години и исполнува музика во живо за театарски претстави. Овој дует има амбиции во иднина да прерасне во поголем оркестар.

 

Орхидеја Дукова – Вокал
Сашко Костов – Тапан, перкусии, гитари, клавијатура, програминг, саксофон, рециклирани инструменти и вокал.

The post Концерт на Сашко Костов вечерва во КИЦ: Композиции од театарските претстави „Рацин“, „Инферно“, „Медеја“ и „Црна дупка“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Салон 19:19, во Културно Информативниот Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на Сашко Костов. Настап кој е составен од музика за театарски претстави од Сашко Костов, начин на творење кое стана негова голема пасија и во континуитет ја создава веќе 14 години. Музиката на овој концерт ќе биде сосема нова и различна од она што ги знаеме Сашко и Орхидеја претходно на сцената. Во главно ќе се изведат композиции од театарските претстави: “Рацин”, “Инферно” “Медеја” и “Црна дупка”. Дуетот активно работи 3 години и исполнува музика во живо за театарски претстави. Овој дует има амбиции во иднина да прерасне во поголем оркестар.   Орхидеја Дукова – Вокал Сашко Костов – Тапан, перкусии, гитари, клавијатура, програминг, саксофон, рециклирани инструменти и вокал.

The post Концерт на Сашко Костов вечерва во КИЦ: Композиции од театарските претстави „Рацин“, „Инферно“, „Медеја“ и „Црна дупка“ appeared first on Република.

]]>
Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот џез оркестар во Велес https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/avtorski-kontsert-na-vladimir-nikolov-i-natsionalniot-dhez-orkestar-vo-veles-3/ Thu, 21 Nov 2024 12:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=838114

На 23-ти ноември во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и прв негов целовечерен авторски концерт со овој оркестар.

Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на изразни средства и жанри, користејќи ги искуствата во класичната музика и џезот како точка на поаѓање. Веќе подолго време е "зад сцената" во улога на аранжер во светски оркестарски проекти, но често настапува и како диригент со реномирани солисти и ансамбли.

Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот - Метропол Оркест, соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс Бакли и Џејкоб Колиер. Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албума со ансамблот Николов-Ивановиќ Ундектет. Угледниот магазин JazzTimes овој ансамбл го оценува како „извонреден, еден од моментално најкреативните големи џез ансамбли во Европа”, а Downbeat музиката на овој ансамбл ја оценува како „ритмички сложенa, хармонски евокативнa, беспрекорно аранжиранa”.

Овие квалитети прострујуваат и во неговата музика за Биг Бенд оркестар која соединува различни стилови во еден органски сублимат. За своите композиции и аранжмани за Биг Бенд е добитник на бројни награди и признанија. Авторскиот концерт насловен „Crossover Stories” вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.

The post Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот џез оркестар во Велес appeared first on Република.

]]>

На 23-ти ноември во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и прв негов целовечерен авторски концерт со овој оркестар. Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на изразни средства и жанри, користејќи ги искуствата во класичната музика и џезот како точка на поаѓање. Веќе подолго време е "зад сцената" во улога на аранжер во светски оркестарски проекти, но често настапува и како диригент со реномирани солисти и ансамбли. Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот - Метропол Оркест, соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс Бакли и Џејкоб Колиер. Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албума со ансамблот Николов-Ивановиќ Ундектет. Угледниот магазин JazzTimes овој ансамбл го оценува како „извонреден, еден од моментално најкреативните големи џез ансамбли во Европа”, а Downbeat музиката на овој ансамбл ја оценува како „ритмички сложенa, хармонски евокативнa, беспрекорно аранжиранa”. Овие квалитети прострујуваат и во неговата музика за Биг Бенд оркестар која соединува различни стилови во еден органски сублимат. За своите композиции и аранжмани за Биг Бенд е добитник на бројни награди и признанија. Авторскиот концерт насловен „Crossover Stories” вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.

The post Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот џез оркестар во Велес appeared first on Република.

]]>
Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле: Офицерскиот дом ќе добие Музичка соба https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bitola-ja-raskazhuva-svojata-istorija-niz-muzikata-i-lichnostite-koi-tvorele-ofitserskiot-dom-ke-dobie-muzichka-soba/ Wed, 20 Nov 2024 13:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=839957

Јавната општинска установа Културно-информативен центар-Битола, во својот објект, Офицерски дом, ќе отвори Музичка соба.

Станува збор за проект за чија реализација упатуваме јавна покана за соработка со граѓаните и колекционерите кои можат да дадат свој придонес кон овој проект. Доволно е само да ги споделат своите спомени, фотографии, раритети, изјави за МИА, Тоше Ивановски, координатор на проектот.

За Битола велат дека е најопеаниот град на Балканот. За славната конзулска Битола, од дамнина па до денес, испеани се над тристотини песни. Битола е градот кој на македонската музика им ги даде Кирил Македонски и првата македонска опера „Гоце“, но и маестро Георѓи Здравев, Михајло Николовски, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Пепи Бафтировски, Вевки Амедов,Тале Огненовски, Сашка Петковска, Славе Димитров, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов, Кире Костов, Петар Георгиев Калица, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак, Сотир Спасевски и други исполнители, композитори и автори на музика, истакна Ивановски.

Во Офицерски дом ќе бидат поместени информации и за прославениот хор на КУД „Стив Наумов“, групите Гром, Мадригали, БТ Топ, Буба Мара,Чоканче, Фолтин, Паркети, Памперс, потоа големите трубачи како Гоце Димитровски, Благој Ангелевски, Ковачевски, трубачот и мулти инструменталист Вангел Мачковски, и секако првиот Почесен граѓани на Битола и автор на химната на градот „Битола мој роден крај“, Ајри Демировски.

Да се пее за Битола, значи да се пее со љубов и болка во исто време. Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле. Од првите гајдаџии како Тале гајдаџијата, Јован Несторов Цветковски,Трајан Димовски-Балто до Блаже Илиев Стојановски – Пифка, потоа Нестор Црниот-кавалџијата, гусларите Ташку Павлов, Коста Михајлов Најче и Апостол Секуловски, посочи Ивановски.

Во посебната Музичка соба ќе бидат истакнати информации за првите клавири, прочуениот Димитрие Лала, ученик и соработник на Рихард Вагнер, виолината на д-р Константин Робе, првите музичките кутии, првите чалгикси орекстри, еврејските орекестри како „Хатиква“ (Надеж), ромските музички тајфи, преку формирањето на Радио Битола, до првите рок паради и серенади за Битола, за кои пишувале многумина наши сограѓани кои живееле или живеат во Битола, но некои сега се и надвор од градот, и токму затоа до крајот на годината ќе биде отворен јавниот повик за вклучување во овој проект, нагласи Ивановски.

Во битолскиот Офицерски дом освен информации, се очекува да бидат изложени и музички инструменти кои ќе бидат на достап на јавноста што ќе го посетува овој импозантен објект во градот.

The post Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле: Офицерскиот дом ќе добие Музичка соба appeared first on Република.

]]>

Јавната општинска установа Културно-информативен центар-Битола, во својот објект, Офицерски дом, ќе отвори Музичка соба.

Станува збор за проект за чија реализација упатуваме јавна покана за соработка со граѓаните и колекционерите кои можат да дадат свој придонес кон овој проект. Доволно е само да ги споделат своите спомени, фотографии, раритети, изјави за МИА, Тоше Ивановски, координатор на проектот.
За Битола велат дека е најопеаниот град на Балканот. За славната конзулска Битола, од дамнина па до денес, испеани се над тристотини песни. Битола е градот кој на македонската музика им ги даде Кирил Македонски и првата македонска опера „Гоце“, но и маестро Георѓи Здравев, Михајло Николовски, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Пепи Бафтировски, Вевки Амедов,Тале Огненовски, Сашка Петковска, Славе Димитров, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов, Кире Костов, Петар Георгиев Калица, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак, Сотир Спасевски и други исполнители, композитори и автори на музика, истакна Ивановски.
Во Офицерски дом ќе бидат поместени информации и за прославениот хор на КУД „Стив Наумов“, групите Гром, Мадригали, БТ Топ, Буба Мара,Чоканче, Фолтин, Паркети, Памперс, потоа големите трубачи како Гоце Димитровски, Благој Ангелевски, Ковачевски, трубачот и мулти инструменталист Вангел Мачковски, и секако првиот Почесен граѓани на Битола и автор на химната на градот „Битола мој роден крај“, Ајри Демировски.
Да се пее за Битола, значи да се пее со љубов и болка во исто време. Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле. Од првите гајдаџии како Тале гајдаџијата, Јован Несторов Цветковски,Трајан Димовски-Балто до Блаже Илиев Стојановски – Пифка, потоа Нестор Црниот-кавалџијата, гусларите Ташку Павлов, Коста Михајлов Најче и Апостол Секуловски, посочи Ивановски.
Во посебната Музичка соба ќе бидат истакнати информации за првите клавири, прочуениот Димитрие Лала, ученик и соработник на Рихард Вагнер, виолината на д-р Константин Робе, првите музичките кутии, првите чалгикси орекстри, еврејските орекестри како „Хатиква“ (Надеж), ромските музички тајфи, преку формирањето на Радио Битола, до првите рок паради и серенади за Битола, за кои пишувале многумина наши сограѓани кои живееле или живеат во Битола, но некои сега се и надвор од градот, и токму затоа до крајот на годината ќе биде отворен јавниот повик за вклучување во овој проект, нагласи Ивановски. Во битолскиот Офицерски дом освен информации, се очекува да бидат изложени и музички инструменти кои ќе бидат на достап на јавноста што ќе го посетува овој импозантен објект во градот.

The post Битола ја раскажува својата историја низ музиката и личностите кои твореле: Офицерскиот дом ќе добие Музичка соба appeared first on Република.

]]>