Филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/scena/film/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 12:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/scena/film/ 32 32 Ревија на современ италијански филм од 6-8 декември https://arhiva3.republika.mk/scena/film/revija-na-sovremen-italijanski-film-od-6-8-dekemvri/ Fri, 29 Nov 2024 12:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=843100

Од 6-8 декември ќе се одржи второт издание на Ревија на современ италијански филм во Cineplexx Skopje City Mall.

Петок 6 декември 19 часот Глорија! / Gloria!
(2024, Margherita Vicario)
Сабота 07/12 19.00ч - сала 5 Бојно поле / Campo di battaglia
(2024, Gianni Amelio)
Сабота 07/12 21.00ч - сала 5 Доверба / Confidenza
(2023, Daniele Luchetti)
Недела 08/12 19.00ч - сала 5 Другиот живот / La vita accanto
(2024, Marco Tullio Giordana)
Недела 08/12 21.00ч - сала 5 Вермиљо / Vermiglio
(2024, Maura Delpero)

The post Ревија на современ италијански филм од 6-8 декември appeared first on Република.

]]>

Од 6-8 декември ќе се одржи второт издание на Ревија на современ италијански филм во Cineplexx Skopje City Mall. Петок 6 декември 19 часот Глорија! / Gloria! (2024, Margherita Vicario) Сабота 07/12 19.00ч - сала 5 Бојно поле / Campo di battaglia (2024, Gianni Amelio) Сабота 07/12 21.00ч - сала 5 Доверба / Confidenza (2023, Daniele Luchetti) Недела 08/12 19.00ч - сала 5 Другиот живот / La vita accanto (2024, Marco Tullio Giordana) Недела 08/12 21.00ч - сала 5 Вермиљо / Vermiglio (2024, Maura Delpero)

The post Ревија на современ италијански филм од 6-8 декември appeared first on Република.

]]>
Со проекцијата на филмот „Сто лаги“ вечерва се затвора неделата на јапонски филм во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-proektsijata-na-filmot-sto-lagi-vecherva-se-zatvora-nedelata-na-japonski-film-vo-kinoteka/ Fri, 29 Nov 2024 09:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=843037

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм „Сто лаги“. Со оваа проекција се затвора неделата на јапонски филм.

Филмот раскажува за еден излитен трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

СТО ЛАГИ e комедија е во режија она Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од нагледаните современи јапонски режисери. Неговоиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

Возрасна категорија: 12 години

СТО ЛАГИ

(We make antiques!)

Игран филм, Јапонија

2018, 110 мин., колор, ДЦП

Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take)

Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai)

Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki)

The post Со проекцијата на филмот „Сто лаги“ вечерва се затвора неделата на јапонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм „Сто лаги“. Со оваа проекција се затвора неделата на јапонски филм. Филмот раскажува за еден излитен трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.   СТО ЛАГИ e комедија е во режија она Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од нагледаните современи јапонски режисери. Неговоиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке. Возрасна категорија: 12 години   СТО ЛАГИ (We make antiques!)   Игран филм, Јапонија 2018, 110 мин., колор, ДЦП Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take) Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai) Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki)

The post Со проекцијата на филмот „Сто лаги“ вечерва се затвора неделата на јапонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Недела на јапонски филм: Проекција на „TRAIN BRAIN EXPRESS“ вечерва во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nedela-na-japonski-film-proektsija-na-train-brain-express-vecherva-vo-kinoteka/ Thu, 28 Nov 2024 11:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=842712

28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

TRAIN BRAIN EXPRESS
(TRAIN BRAIN EXPRESS)
Игран филм, Јапонија
2012, 117 мин., колор, ДЦП
Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)
Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)
Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya)
Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?
TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

The post Недела на јапонски филм: Проекција на „TRAIN BRAIN EXPRESS“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>

28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.   НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ TRAIN BRAIN EXPRESS (TRAIN BRAIN EXPRESS) Игран филм, Јапонија 2012, 117 мин., колор, ДЦП Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto) Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya) Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот? TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

The post Недела на јапонски филм: Проекција на „TRAIN BRAIN EXPRESS“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Недела на јапонски филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Уште не сосема мртов“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nedela-na-japonski-film-vo-kinoteka-vecherva-proektsija-na-ushte-ne-sosema-mrtov/ Wed, 27 Nov 2024 12:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=842315

Неделата на јапонски филм во Кинотека, продолжува вечерва со проекцијата на играниот филм „Уште не сосема мртов“. Проекцијата е закажана за 20:00 часот.

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со нејзиниот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија Нобата. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.

Тимот од научници на Хакару случајно открива лек кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата.

Возрасна категорија: 12 години

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ

(Not quite dead yet/Ichido shinde mita)

Игран филм, Јапонија

2020, 93 мин., колор, ДЦП

Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френк (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky)

The post Недела на јапонски филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Уште не сосема мртов“ appeared first on Република.

]]>

Неделата на јапонски филм во Кинотека, продолжува вечерва со проекцијата на играниот филм „Уште не сосема мртов“. Проекцијата е закажана за 20:00 часот. УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со нејзиниот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија Нобата. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.   Тимот од научници на Хакару случајно открива лек кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата. Возрасна категорија: 12 години   УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ (Not quite dead yet/Ichido shinde mita)   Игран филм, Јапонија 2020, 93 мин., колор, ДЦП Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki) Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto) Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френк (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky)

The post Недела на јапонски филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Уште не сосема мртов“ appeared first on Република.

]]>
„Јон Вардар против Галаксијата“ повторно на фестивал во Бразил https://arhiva3.republika.mk/scena/film/jon-vardar-protiv-galaksijata-povtorno-na-festival-vo-brazil/ Wed, 27 Nov 2024 12:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=842290

После Јужноамериканската премиера на Јон Вардар против Галаксијата на еден од најголемите филмски фестивали во Латинска Америка, престижниот Мостра до Сао Паоло, првиот македонски долгометражен анимиран филм повторно патува за Бразил.

Овојпат, Јон Вардар ќе биде прикажан во „бразилското Сен Тропе“ на 6. декември, на 14тото издание на меѓународниот филмски фестивал Балнеарио Камбориу.

Режисерот Цветановски изјави дека поканата за учество ја добил од директорот на фестивалот веднаш после проекцијата во Сао Паоло.

„Се‘ уште сум воодушевен од реакцијата на бразилската публика. После првата проекција се сликав со група весели ученици со кои разговаравме за филмот, а потоа следеше и интервјуто за бразилскиот сервис на ‘Си-ен-ен’. Драго ми е што филмот наиде на интерес во Бразил и повторно ќе биде прикажан таму“, изјави Цветановски.

Ова е четврта фестивалска презентација на Јон Вардар против Галаксијата, а Цветановски најави возбудливи новости во текот на 2025.

The post „Јон Вардар против Галаксијата“ повторно на фестивал во Бразил appeared first on Република.

]]>

После Јужноамериканската премиера на Јон Вардар против Галаксијата на еден од најголемите филмски фестивали во Латинска Америка, престижниот Мостра до Сао Паоло, првиот македонски долгометражен анимиран филм повторно патува за Бразил. Овојпат, Јон Вардар ќе биде прикажан во „бразилското Сен Тропе“ на 6. декември, на 14тото издание на меѓународниот филмски фестивал Балнеарио Камбориу. Режисерот Цветановски изјави дека поканата за учество ја добил од директорот на фестивалот веднаш после проекцијата во Сао Паоло. „Се‘ уште сум воодушевен од реакцијата на бразилската публика. После првата проекција се сликав со група весели ученици со кои разговаравме за филмот, а потоа следеше и интервјуто за бразилскиот сервис на ‘Си-ен-ен’. Драго ми е што филмот наиде на интерес во Бразил и повторно ќе биде прикажан таму“, изјави Цветановски. Ова е четврта фестивалска презентација на Јон Вардар против Галаксијата, а Цветановски најави возбудливи новости во текот на 2025.

The post „Јон Вардар против Галаксијата“ повторно на фестивал во Бразил appeared first on Република.

]]>
Проекција на јапонскиот игран филм „Train Brain Express“ вечерва во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsija-na-japonskiot-igran-film-train-brain-express-vecherva-vo-kinoteka/ Tue, 26 Nov 2024 19:03:28 +0000 https://republika.mk/?p=842021

Вчера, на 25 ноември (понеделник), во 20 часот во Кинотеката на Македонија се отвори Неделата на јапонски филм

Беше прикажан играниот филм ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН во режија на Кенџи Мисуми.

На публиката ѝ се обратија в.д директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја.

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, а во рамките на неделата на јапонски филм, ќе биде прикажан играниот филм „Train Brain Express“.

Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страствени љубители на возови. Ова нивното хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку глатко. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?

TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира на идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

Возрасна категорија: 12 години

TRAIN BRAIN EXPRESS

(Train Brain Express)

Игран филм, Јапонија

2012, 117 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Кеничи Мацујама, Еиа, Шихору Канџиа (Kenichi Matsuyama Eita, Shihori Kanjiya)

The post Проекција на јапонскиот игран филм „Train Brain Express“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Вчера, на 25 ноември (понеделник), во 20 часот во Кинотеката на Македонија се отвори Неделата на јапонски филм

Беше прикажан играниот филм ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН во режија на Кенџи Мисуми.

На публиката ѝ се обратија в.д директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски и амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја.

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, а во рамките на неделата на јапонски филм, ќе биде прикажан играниот филм „Train Brain Express“. Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страствени љубители на возови. Ова нивното хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку глатко. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?

TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира на идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил. Возрасна категорија: 12 години

TRAIN BRAIN EXPRESS (Train Brain Express)

Игран филм, Јапонија 2012, 117 мин., колор, ДЦП Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita) Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Sawamoto) Улоги: Кеничи Мацујама, Еиа, Шихору Канџиа (Kenichi Matsuyama Eita, Shihori Kanjiya)

The post Проекција на јапонскиот игран филм „Train Brain Express“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zavrshi-snimaneto-na-kratkiot-igran-film-za-eva/ Tue, 26 Nov 2024 13:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=841942

Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Режисер на филмот е Бојан Василев. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.

Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.

Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ appeared first on Република.

]]>

Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Режисер на филмот е Бојан Василев. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска. Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“. Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.  

The post Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ appeared first on Република.

]]>
Македонскиот филм „М“ со ново Гран При, овојпат во Шведска https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskiot-film-m-so-novo-gran-pri-ovojpat-vo-shvedska/ Tue, 26 Nov 2024 12:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=841921

Македонскиот филм „М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на „Фокус Покус“, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.

Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, подеднакво визуелно и тематски. Филм кој не’ остава со надеж, но и скршено срце“ – беше образложението на интернационалното жири.

Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хорор. “Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела кои не стигнуваат во широка дистрбуција“, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот.

“М“ не запира со својата фестивалска турнеја. Следни проекции ќе се одржат на почетокот на декември, каде “М“ ќе ги има својата холандска и финска премиера - во рамките на официјалните селекции на фестивалот “Eastern Neighbors” во Хаг и Интернационалниот Скандинавски Филмски Фестивал во Хелсинки.

The post Македонскиот филм „М“ со ново Гран При, овојпат во Шведска appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм „М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на „Фокус Покус“, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.
Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, подеднакво визуелно и тематски. Филм кој не’ остава со надеж, но и скршено срце“ – беше образложението на интернационалното жири.
Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хорор. “Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела кои не стигнуваат во широка дистрбуција“, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот. “М“ не запира со својата фестивалска турнеја. Следни проекции ќе се одржат на почетокот на декември, каде “М“ ќе ги има својата холандска и финска премиера - во рамките на официјалните селекции на фестивалот “Eastern Neighbors” во Хаг и Интернационалниот Скандинавски Филмски Фестивал во Хелсинки.

The post Македонскиот филм „М“ со ново Гран При, овојпат во Шведска appeared first on Република.

]]>
Филмот „Убиј ги прво децата“ вечерва во киното „Мис Стон“ во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmot-ubij-gi-prvo-detsata-vecherva-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/ Tue, 26 Nov 2024 09:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=841834

Вечерва (26 ноември) во 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикажува филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец.

Во филмот играат: Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на Владимир Самоиловски, дизајнер на продукцијата е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографијата е на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката е на Игор Василев-Новоградска.

Филмот „Убиј ги прво децата“ имаше светска премиера на 30. Филмски фестивал во Сараево, а беше прикажан и на затворањето на 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола.

The post Филмот „Убиј ги прво децата“ вечерва во киното „Мис Стон“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Вечерва (26 ноември) во 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикажува филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец. Во филмот играат: Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на Владимир Самоиловски, дизајнер на продукцијата е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографијата е на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката е на Игор Василев-Новоградска. Филмот „Убиј ги прво децата“ имаше светска премиера на 30. Филмски фестивал во Сараево, а беше прикажан и на затворањето на 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола.

The post Филмот „Убиј ги прво децата“ вечерва во киното „Мис Стон“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Декември во Кинотека на Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dekemvri-vo-kinoteka-na-makedonija/ Tue, 26 Nov 2024 08:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=841790

Декември во Кинотека на Македонија ветува богат филмски репертоар. Овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови.

Декемвриската програма ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со проекции на „До Балчак“, „Бал-Кан-Кан“, „Мис Стоун“, „Како убив светец“, „Тони Манџа“, „Бубачки“, „Големата вода“, „Созерцание“ и „Илузија“, публиката ќе има можност повторно да се потсети на овие маестрални дела, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот.

Покрај јубилејните остварувања, на големото платно ќе бидат прикажани и два од најактуелните годинешни фестивалски хитови, „Супстанца“ и „Анора“, кои продолжуваат да освојуваат признанија и да ја одбележуваат кинематографијата на меѓународната сцена.

Месецот ќе биде дополнително збогатен со одбележување на два големи филмски јубилеја. Ќе се одбележат 35 години од култниот југословенски филм „Како пропадна рокенролот“, кој со својата уникатна нарација и хумор останува неизбришлив дел од регионалната поп-култура.

Дополнително, ќе бидат одбележани и 25 години од премиерата на иновативниот филм „Да се биде Џон Малкович“ – ремек-дело на Спајк Џонз, филм кој револуционизираше жанровски одредници и ја преобликуваше модерната кинематографија.

The post Декември во Кинотека на Македонија appeared first on Република.

]]>

Декември во Кинотека на Македонија ветува богат филмски репертоар. Овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови. Декемвриската програма ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со проекции на „До Балчак“, „Бал-Кан-Кан“, „Мис Стоун“, „Како убив светец“, „Тони Манџа“, „Бубачки“, „Големата вода“, „Созерцание“ и „Илузија“, публиката ќе има можност повторно да се потсети на овие маестрални дела, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот. Покрај јубилејните остварувања, на големото платно ќе бидат прикажани и два од најактуелните годинешни фестивалски хитови, „Супстанца“ и „Анора“, кои продолжуваат да освојуваат признанија и да ја одбележуваат кинематографијата на меѓународната сцена. Месецот ќе биде дополнително збогатен со одбележување на два големи филмски јубилеја. Ќе се одбележат 35 години од култниот југословенски филм „Како пропадна рокенролот“, кој со својата уникатна нарација и хумор останува неизбришлив дел од регионалната поп-култура. Дополнително, ќе бидат одбележани и 25 години од премиерата на иновативниот филм „Да се биде Џон Малкович“ – ремек-дело на Спајк Џонз, филм кој револуционизираше жанровски одредници и ја преобликуваше модерната кинематографија.

The post Декември во Кинотека на Македонија appeared first on Република.

]]>
Филмска вечер посветена на македонската концептуална уметница Јана Луловска во КИЦ во Загреб https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmska-vecher-posvetena-na-makedonskata-kontseptualna-umetnitsa-jana-lulovska-vo-kits-vo-zagreb/ Mon, 25 Nov 2024 09:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=841504

Во КИЦ во Загреб, во рамките на филмската вечер посветена на македонската концептуална уметница Јана Луловска, беше претставен дел од творештвото на Луловска. Беа прикажани неколку нејзини експериментални филмови преку кои публиката директно се запозна со клучните елементи на нејзината специфична естетско-визуелна концепција.

Луловска е уметник во чија поетика се преплетуваат повеќе комуникациски и уметнички медиуми. Тие медуими, колку навидум да се слични, сепак имаат свој спечифичен јазик. Луловска го знае тоа и вешто го користи, со што создава еден впечатлив еклектички израз преку кој допира до нишките на нашето културно наследство, богатата традиција и, пред сè, до нашиот менталитет. Во нејзините филмови уметноста се сфаќа синкретички и таа, уметноста, се гледа како безграничен простор низ кој провејува слободата на мислата, создавањето и дејствувањето, рече директорката на Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, во воведното обраќање.

Воедно, во рамките на филмската вечер беше претставена и книгата „Градот и идентитетот“ од Елена Копртла.

The post Филмска вечер посветена на македонската концептуална уметница Јана Луловска во КИЦ во Загреб appeared first on Република.

Недела на јапонски филм од денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nedela-na-japonski-film-od-deneska-vo-kinoteka/ Mon, 25 Nov 2024 08:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=841473

Од 25- 29 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество.

Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика.

Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства.

Селектор на програмата: Бојан Станишиќ, Уредник на филмската програма при Кинотека.

25 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН

(The Return Of Majin)

Игран филм, Јапонија

1966, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Кенџи Мисуми  (Kenji Misumi)

Сценарио: Тецуро Јошида (Tetsuro Yoshida)

Улоги: Коџиро Хонго, Шихо Фуџимура, Таро Маруи (Kojiro Hongo, Shiho Fujimura, Taro Marui)

Градот на еден самурајски господар е поразен и војниците ja уништуваат џиновската статуа на Даимаџин, џиновскиот бог воин. Кога свршеницата на самурајскиот господар му се моли на Даимаџин, тој се крева од дното на езерото и ги поразува напаѓачите.

ВРАЌАЊЕТО НА ДАИМАЏИН е вториот дел од филмската трилогија за Даимаџин, џиновскиот бог воин. Оваа трилогија е од токусацу (tokusatsu) жанрот. Тоа се филмови со фантастична и натприродна тема во кои се користат многу специјални ефекти. Трите филма се снимени истовремено  од тројца различни режисери и имаат сличен заплет: обичните селани го повикуваат Даимаџин да ги спаси од насилниците.

Со текот на времето овие филмови и ликот на Даимиџин добиваат култен статус, така што во 2010 година е направена и телевизиска адаптација на серијалот.

Овој дел е режиран од Тецуро Јошида, еден од најактивните и најгледани јапонски режисери од тоа време, кој е познат како зачетник на Затоичи, еден од најпознатите филмски ликови на јапонската кинематагорафија, овековечен во истоимениот филм на Такеши Китано.

26 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

TRAIN BRAIN EXPRESS

(TRAIN BRAIN EXPRESS )

Игран филм, Јапонија

2012, 117  мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита  (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Савамото  (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Кеничи Мацујама, Еита, Шихори Канџиа  (Kenichi Matsuyama, Eita, Shihori Kanjiya)

Комачи, вработен во компанија за недвижнини и Кодама, наследникот на челичарницата, се страсни љубители на возови. Ова нивно хоби се покажува корисно за работата и напредокот во нивните кариери, но со романтичниот дел од нивните животи работите не одат толку мазно. Дали незгодниот Кодама и неодлучниот Комачи ќе ги најдат љубовите на својот живот?

TRAIN BRAIN EXPRESS е последниот филм на ветеранот Јошимицу Морита, познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА, И ПОТОА, ИЗГУБЕНИОТ РАЈ, БРАЌАТА МАМИЈА. Ова е негов тестаментален и личен филм. Приказната се базира врз идеја на која Морита работел повеќе од 10 години, а која е поврзана со неговиот интерес за возовите и раскажана преку неговиот уникатен комичен стил.

27 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ

(Not quite dead yet/Ichido shinde mita)

Игран филм, Јапонија

2020, 93 мин., колор, ДЦП

Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френки (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky)

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со својот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија „Нобата“. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата, поради што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.

Тимот од научници на Хакару случајно открива лек, кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата.

28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

БРАЌАТА МАМИЈА

(Mamiya Kyoudai/The Mamiya Brothers)

Игран филм, Јапонија

2006, 119 мин., колор, ДЦП

Режисер: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Сценарио: Јошимицу Морита (Yoshimitsu Morita)

Улоги: Кураносуке Саски, Муга Цукаџи, Такако Токива, Ерика Саваџири, Кеико Китагава, Мијуки Накаџима (Kuranosuke Sasaki, Muga Tsukaji, Takako Tokiwa, Erika Sawajiri, Keiko Kitagawa, Miyuki Nakajima)

Браќата Мамија живеат заедно повеќе од 30 години. Постариот брат Акинобу (35) работи во пиварница. Помладиот брат Тецунобу (32) работи како чувар во основно училиште. Без разлика дали се работи за гледање на нивниот омилен бејзбол тим пред телевизорот или за решавање на крстозбори, тие уживаат да се заедно. Но, кога станува збор за љубовта, и двајцата се тотално „неискусни“. Тие решаваат да преземат нешто во врска со тоа и канат две девојки во својот стан на забава со карти: Јорико, наставничка во основното училиште и Наоми,  вработена во видеотеката која браќата секојдневно ја посетуваат.

Но, за браќата Мамија светот исполнет со сериозност и страв е друг свет. Тие сакаат да имаат девојки, само без да го жртвуваат времето поминато со својот брат. Секој ден е толку прекрасен. Зошто би се впуштиле во некаква комплицирана врска?

Браќата Мамија е комедија базирана врз истоимениот роман на познатиот јапонски писател Каори Екуни.  Филмот е во режија на Јошимицу Морита, еден од најуспешните и најпочитувани јапонски режисери со препознатлив комичен талент, кој бил активен и како продуцент, сценарист, есеист и актер познат по филмовите СЕМЕЈНАТА ИГРА (1983), И ПОТОА( 1985), ИЗГУБЕНИОТ РАЈ (1997).

29 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

СТО ЛАГИ

(We make antiques!)

Игран филм, Јапонија

2018, 110 мин., колор, ДЦП

Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take)

Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai)

Улоги:  Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki)

Филмот ни раскажува за еден изветреан трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја за чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе му се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

СТО ЛАГИ e комедија во режија на Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од најгледаните современи јапонски режисери. Неговиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке, која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

The post Недела на јапонски филм од денеска во Кинотека appeared first on Република.

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/film/lokalnoto-novinarstvo-vo-fokusot-na-osmoto-izdanie-na-mediumskiot-festival-skopje/ Mon, 25 Nov 2024 08:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=841442

Осмиот Медиумски фестивал Скопје од утре до четврток ќе се одржи во мултимедијалниот простор Котур, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА. Оваа година, фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството - локалното известување.

Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните гласови и новинарството на локално ниво“, каде што ќе се разгледаат предизвиците и улогата на локалните медиумски работници, како и проблемите со кои тие се соочуваат.

Филмската програма ја отвораат документарците „За весникот” на добитничката на наградата „Еми“, Хедер Кортни, и „Лош печат”, преку чии примери се отсликува судбината на безброј локални весници ширум светот.

На вториот фестивалски ден ќе се прикажат „Залутани тела”, за принудниот т.н. медицински туризам во Европа и „Небото над Зеница” за погубното загадување во Босна. Фестивалот го затвора „Промена на вестите”, за дигитална платформа создадена како обид да се разбие едноличната машка доминација во редакциите во САД.

МФС традиционално ги разгледува предизвиците со кои се соочуваат жените во медиумската сфера во Македонија, годинава преку дискусија за солидарноста и градењето заедница меѓу жените во медиумите.

Третиот фестивалски ден е фокусиран на учеството на младите во медиумите, започнувајќи со работилница за фотоновинарство каде на младите новинари ќе им биде претставена моќта на визуелните приказни. А дискусија за како да се поттикне вклучување на младите во новинарската професија ќе следи веднаш по прикажувањето на два кратки документарни филма изработени во рамки на Програмата за млади новинари на ПИНА.

The post Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје appeared first on Република.

Од денеска може да се гледа филмот „Вон памет“: Актерката со попреченост во својот прв филм глуми со својата хероина од вистинскиот живот, Џенифер Анистон https://arhiva3.republika.mk/scena/film/od-deneska-mozhe-da-se-gleda-filmot-von-pamet-akterkata-so-poprechenost-vo-svojot-prv-film-glumi-so-svojata-heroina-od-vistinskiot-zhivot-dhenifer-aniston/ Fri, 22 Nov 2024 13:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=840869

Фиби-Реј Тејлор е американска глумица со церебрална парализа која во првиот свој филм воопшто, глуми со својата хероина од вистинскиот живот – Џенифер Анистон.

Филмот „Вон памет“ (Out of My Mind) се прикажува од денеска, 22 ноември, на „Дизни плус“ платформата, и во него актерката која користи ортопедска количка, првпат се појавува во улогата на Мелоди, шестоодделенка со телесна, но и говорна попреченост – таа не зборува. Така, Тејлор „не можела да престане да плаче“ кога дознала дека „внатрешните мисли“ на Мелоди ќе бидат вокализирани од Анистон.

Тинејџерката за „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment) раскажува и како го добила името по ликот на Лиза Кудроу од ТВ-серијата „Пријатели“ (Фиби).

– „Пријатели“ беа голем дел од мојот живот додека растев. „Лудо“ е затоа што ја сакав уште кога бев мала, рече младата глумица за Анистон. – Отсекогаш сум ја сакала. Таа ми помогна многу во мојот живот.

https://www.youtube.com/watch?v=AvVxyoQQzFs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.brif.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Од денеска може да се гледа филмот „Вон памет“: Актерката со попреченост во својот прв филм глуми со својата хероина од вистинскиот живот, Џенифер Анистон appeared first on Република.

]]>

Фиби-Реј Тејлор е американска глумица со церебрална парализа која во првиот свој филм воопшто, глуми со својата хероина од вистинскиот живот – Џенифер Анистон. Филмот „Вон памет“ (Out of My Mind) се прикажува од денеска, 22 ноември, на „Дизни плус“ платформата, и во него актерката која користи ортопедска количка, првпат се појавува во улогата на Мелоди, шестоодделенка со телесна, но и говорна попреченост – таа не зборува. Така, Тејлор „не можела да престане да плаче“ кога дознала дека „внатрешните мисли“ на Мелоди ќе бидат вокализирани од Анистон. Тинејџерката за „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment) раскажува и како го добила името по ликот на Лиза Кудроу од ТВ-серијата „Пријатели“ (Фиби). – „Пријатели“ беа голем дел од мојот живот додека растев. „Лудо“ е затоа што ја сакав уште кога бев мала, рече младата глумица за Анистон. – Отсекогаш сум ја сакала. Таа ми помогна многу во мојот живот. https://www.youtube.com/watch?v=AvVxyoQQzFs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.brif.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Од денеска може да се гледа филмот „Вон памет“: Актерката со попреченост во својот прв филм глуми со својата хероина од вистинскиот живот, Џенифер Анистон appeared first on Република.

]]>
Премиера на германско-иранската драма „Празни мрежи“ во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/premiera-na-germansko-iranskata-drama-prazni-mrezhi-vo-skopje-i-bitola/ Fri, 22 Nov 2024 10:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=840352

Германско – иранската драма „Празни мрежи“, филмското деби на режисерот Бехруз Карамизаде премиерно се прикажува во кината низ републиката. Филмот е на редовен репертоар на киното „Милениум“ во Скопје, секој работен ден од 21 до 27 ми ноември во терминот од 18 часот, додека за викенд во терминот од 16 часот. Денеска на пладне филмот ќе има проекција во скопска Кинотека.
Оваа моќна реалистична драма на Бехруз Карамизаде, ја раскажува приказна за Амир и Наргес, двајца млади во своите дваесетти, кои се чини дека ја пронашле вистинската љубов во родниот крај на брегот на Каспиското Море. Но во денешен Иран, љубовта сама по себе не е доволна за да создадат заеднички живот, па затоа нивната врска мора да остане во тајност. За да ја добие наклоноста на богатото семејство на Наргес и да собере пари за соодветен мираз, Амир е принуден да заработи набрзина. Притиснат од околностите, тој прифаќа работа во локалниот рибен пазар, каде што се вовлекува во опасниот, но профитабилен свет на шверцот со кавијар. Во меѓувреме, Наргес купува време и се обидува да го одложи договорениот брак што нејзините родители го планираат за неа.
Дали нивната љубов, надежите и соништата ќе успеат да опстојат во заплетканата мрежа на традиции, корупција и социјална хиерархија која и понатаму ги контролира животите на новата генерација во Иран?
Филмот имаше премиера на фестивалот во Карлови Вари во главната конкуренција. Во 2021 година ја освои German Screenplay Award, а во 2022 наградата за пичирање на European Work in Progress во Келн.
Дистрибутер на филмот е „КТ Филм и Медиа“ од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од German Films.

The post Премиера на германско-иранската драма „Празни мрежи“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Германско – иранската драма „Празни мрежи“, филмското деби на режисерот Бехруз Карамизаде премиерно се прикажува во кината низ републиката. Филмот е на редовен репертоар на киното „Милениум“ во Скопје, секој работен ден од 21 до 27 ми ноември во терминот од 18 часот, додека за викенд во терминот од 16 часот. Денеска на пладне филмот ќе има проекција во скопска Кинотека. Оваа моќна реалистична драма на Бехруз Карамизаде, ја раскажува приказна за Амир и Наргес, двајца млади во своите дваесетти, кои се чини дека ја пронашле вистинската љубов во родниот крај на брегот на Каспиското Море. Но во денешен Иран, љубовта сама по себе не е доволна за да создадат заеднички живот, па затоа нивната врска мора да остане во тајност. За да ја добие наклоноста на богатото семејство на Наргес и да собере пари за соодветен мираз, Амир е принуден да заработи набрзина. Притиснат од околностите, тој прифаќа работа во локалниот рибен пазар, каде што се вовлекува во опасниот, но профитабилен свет на шверцот со кавијар. Во меѓувреме, Наргес купува време и се обидува да го одложи договорениот брак што нејзините родители го планираат за неа. Дали нивната љубов, надежите и соништата ќе успеат да опстојат во заплетканата мрежа на традиции, корупција и социјална хиерархија која и понатаму ги контролира животите на новата генерација во Иран? Филмот имаше премиера на фестивалот во Карлови Вари во главната конкуренција. Во 2021 година ја освои German Screenplay Award, а во 2022 наградата за пичирање на European Work in Progress во Келн. Дистрибутер на филмот е „КТ Филм и Медиа“ од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од German Films.  

The post Премиера на германско-иранската драма „Празни мрежи“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Смртта на велосипедистот“ вечерва во Кинотека во рамките на Недела на шпански филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/smrtta-na-velosipedistot-vecherva-vo-kinoteka-vo-ramkite-na-nedela-na-shpanski-film/ Thu, 21 Nov 2024 09:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=840247

НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ

https://www.youtube.com/watch?v=tKkSrt84c0Q&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

СМРТТА НА ВЕЛОСИПЕДИСТОТ

(Muerte de un ciclista/ Death of a Cyclist)

Игран филм, Шпанија

1955 г., 88 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem)

Сценарио: Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem)

Улоги: Лусија Босе, Алберто Клосас, Бруна Кора (Lucia Bosé, Alberto Closas, Bruna Corrà)

Маж и жена што се во тајна љубовна афера удираат со нивниот автомобил во велосипедист, и од страв да не бидат откриени како љубовници, не му пружаат помош. Велосипедистот умира.

Хуан е академски образован човек, предава на Универзитетот поради борба за престиж со неговиот зет. Марија Хозе е богато омажена: во бракот и животот ѝ е досадно, но не би се откажала од удобностите што ги ужива. Двајцата се љубовници. Откако ќе го усмртат случајниот велосипедист, Хуан е вознемирен и неправеден кон студентите, па еден од нив паѓа на испит. Рафа, научник од нивниот круг на пријатели, навестува дека знае нешто, и тој се заканува дека ќе му ја открие нивната врска на Мигел, сопругот на Марија. Но, токму горделивоста на Мигел можеби е најголемата надеж на љубовниците: Хуан им предлага решение…

Возрасна категорија: 16 години
Влез бесплатен

The post „Смртта на велосипедистот“ вечерва во Кинотека во рамките на Недела на шпански филм appeared first on Република.

]]>

НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ https://www.youtube.com/watch?v=tKkSrt84c0Q&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE СМРТТА НА ВЕЛОСИПЕДИСТОТ (Muerte de un ciclista/ Death of a Cyclist) Игран филм, Шпанија 1955 г., 88 мин., црно-бел, ДСП Режија: Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem) Сценарио: Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem) Улоги: Лусија Босе, Алберто Клосас, Бруна Кора (Lucia Bosé, Alberto Closas, Bruna Corrà) Маж и жена што се во тајна љубовна афера удираат со нивниот автомобил во велосипедист, и од страв да не бидат откриени како љубовници, не му пружаат помош. Велосипедистот умира. Хуан е академски образован човек, предава на Универзитетот поради борба за престиж со неговиот зет. Марија Хозе е богато омажена: во бракот и животот ѝ е досадно, но не би се откажала од удобностите што ги ужива. Двајцата се љубовници. Откако ќе го усмртат случајниот велосипедист, Хуан е вознемирен и неправеден кон студентите, па еден од нив паѓа на испит. Рафа, научник од нивниот круг на пријатели, навестува дека знае нешто, и тој се заканува дека ќе му ја открие нивната врска на Мигел, сопругот на Марија. Но, токму горделивоста на Мигел можеби е најголемата надеж на љубовниците: Хуан им предлага решение… Возрасна категорија: 16 години Влез бесплатен

The post „Смртта на велосипедистот“ вечерва во Кинотека во рамките на Недела на шпански филм appeared first on Република.

]]>
Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ доживува голем успех на светската филмска сцена https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kratkometrazhniot-film-na-rezhiserkata-aleksandra-kardalevska-so-naslov-stsenarioto-dozhivuva-golem-uspeh-na-svetskata-filmska-stsena/ Thu, 21 Nov 2024 09:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=840208

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов Сценариото (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика.
По успешната светска премиера на престижниот 45-ти Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29-тиот Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали.
Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија.
Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за Најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио.
Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот.
Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска. Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ доживува голем успех на светската филмска сцена appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов Сценариото (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика. По успешната светска премиера на престижниот 45-ти Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29-тиот Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали. Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија. Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за Најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио. Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот. Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска. Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ доживува голем успех на светската филмска сцена appeared first on Република.

]]>
„Зелената граница“– Моќна приказна за бегалците, граничарите и човечноста https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zelenata-granitsa-mokna-prikazna-za-begaltsite-granicharite-i-chovechnosta/ Thu, 21 Nov 2024 08:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=840146

Во мракот на мочуришните шуми на „зелената граница“ меѓу Белорусија и Полска, се одвиваат приказни што ја потресуваат совеста на Европа. „Зелената граница“, новото ремек-дело на режисерката Агњешка Холанд, ги отвора најтешките прашања за моралот, човечноста и политичките игри кои го обликуваат светот денес.

Бегалци од Блискиот Исток и Африка, измамени од пропаганда која им ветува лесен премин во Европската унија, се соочуваат со студената природа и суровата реалност. Во овој хаос се испреплетуваат трите приказни: активистката Јулија, која го жртвува својот удобен живот за да помогне; младиот граничар Јан, разочаран од системот; и сириското семејство кое очајно бара безбедност. Нивните судбини се обединети на трогателен и непредвидлив начин.

Со извонредни актерски изведби од Џалал Алтавил, Маја Осташевска, Томаш Влосок и Бехи Џанати Атаи, под раководство на Холанд, филмот ја доловува комплексноста на човечките судбини и неумоливоста на политичките манипулации.

Премиерата на „Зелената граница“ ќе се одржи на 21 ноември 2024 година. Оваа драма од 152 минути, копродукција на Полска, Франција, Чешка и Белгија, е категоризирана во четвртата категорија. Таа нуди непроценливо искуство за сите кои бараат длабоки, емотивни приказни што го одразуваат денешното општество.

Не ја пропуштајте оваа храбра кинематографска творба која ги испитува границите на човечноста!

Зелената граница:

Во мочуришните шуми кои ја сочинуваат т.н „зелената граница“ меѓу Белорусија и Полска, заробени се бегалци од Блискиот Исток и Африка, кои се обидуваат да стигнат до Европската унија. Во обид да ја испровоцираат Европа, бегалците се намамени до границата со пропаганда која ветува лесен премин во ЕУ.

Како пион во скриена војна, испреплетени се животите на активистката Јулија, која се откажа од својот удобен живот, младиот граничари Јан и сириското семејство.

оригинален наслов: Green Border
режија: Agnieszka Holland
улоги: Jalal Altawil, Maja Ostaszewska, Tomasz Wlosok, Behi Djanati Atai
премиера: 21.11.2024
времетраење: 152′
земја: Полска, Франција, Чешка , Белгија
жанр: драма
категоризација: Четврта категорија

Комерцијална објава

The post „Зелената граница“– Моќна приказна за бегалците, граничарите и човечноста appeared first on Република.

]]>

Во мракот на мочуришните шуми на „зелената граница“ меѓу Белорусија и Полска, се одвиваат приказни што ја потресуваат совеста на Европа. „Зелената граница“, новото ремек-дело на режисерката Агњешка Холанд, ги отвора најтешките прашања за моралот, човечноста и политичките игри кои го обликуваат светот денес. Бегалци од Блискиот Исток и Африка, измамени од пропаганда која им ветува лесен премин во Европската унија, се соочуваат со студената природа и суровата реалност. Во овој хаос се испреплетуваат трите приказни: активистката Јулија, која го жртвува својот удобен живот за да помогне; младиот граничар Јан, разочаран од системот; и сириското семејство кое очајно бара безбедност. Нивните судбини се обединети на трогателен и непредвидлив начин. Со извонредни актерски изведби од Џалал Алтавил, Маја Осташевска, Томаш Влосок и Бехи Џанати Атаи, под раководство на Холанд, филмот ја доловува комплексноста на човечките судбини и неумоливоста на политичките манипулации. Премиерата на „Зелената граница“ ќе се одржи на 21 ноември 2024 година. Оваа драма од 152 минути, копродукција на Полска, Франција, Чешка и Белгија, е категоризирана во четвртата категорија. Таа нуди непроценливо искуство за сите кои бараат длабоки, емотивни приказни што го одразуваат денешното општество. Не ја пропуштајте оваа храбра кинематографска творба која ги испитува границите на човечноста!

Зелената граница:

Во мочуришните шуми кои ја сочинуваат т.н „зелената граница“ меѓу Белорусија и Полска, заробени се бегалци од Блискиот Исток и Африка, кои се обидуваат да стигнат до Европската унија. Во обид да ја испровоцираат Европа, бегалците се намамени до границата со пропаганда која ветува лесен премин во ЕУ. Како пион во скриена војна, испреплетени се животите на активистката Јулија, која се откажа од својот удобен живот, младиот граничари Јан и сириското семејство. оригинален наслов: Green Border режија: Agnieszka Holland улоги: Jalal Altawil, Maja Ostaszewska, Tomasz Wlosok, Behi Djanati Atai премиера: 21.11.2024 времетраење: 152′ земја: Полска, Франција, Чешка , Белгија жанр: драма категоризација: Четврта категорија
Комерцијална објава

The post „Зелената граница“– Моќна приказна за бегалците, граничарите и човечноста appeared first on Република.

]]>
Проекција на „Насмеаната Грузија“ на „Зимски МакеДокс“ во Центар-Јадро https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsija-na-nasmeanata-gruzija-na-zimski-makedoks-vo-tsentar-jadro/ Thu, 21 Nov 2024 07:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=840141

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“.

Вториот блок од серијата проекции ќе се одржи на 21 ноември, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Насмеаната Грузија“ (Грузија, Германија / 2023 / 62 мин.) на режисерот Лука Бераѕе.

Која е цената на полувистините на политичарите? Во 2012 година, грузискиот претседател сакал да ја насмее нацијата. Во трката за нов избор, владејачката партија ветувала субвенционирана грижа за забите за најсиромашните во земјата. Низ цела земја државните лекари почнале да вадат расипани заби, ветувајќи дека ќе ги заменат во надоаѓачките месеци – а потоа претседателот изгубил. Низ интервјуа со оние што најмногу биле погодени од кампањата гледаме приказна за каприците на политичката моќ и пркосот на оние што обично ја имаат најмалку – филм на кој му недостасуваат заби, но кој е далеку од беззаб.

Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители.

https://youtu.be/LGFSv3Xs_AU?si=b-hGab0FHJOix_yz

The post Проекција на „Насмеаната Грузија“ на „Зимски МакеДокс“ во Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. Вториот блок од серијата проекции ќе се одржи на 21 ноември, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Насмеаната Грузија“ (Грузија, Германија / 2023 / 62 мин.) на режисерот Лука Бераѕе. Која е цената на полувистините на политичарите? Во 2012 година, грузискиот претседател сакал да ја насмее нацијата. Во трката за нов избор, владејачката партија ветувала субвенционирана грижа за забите за најсиромашните во земјата. Низ цела земја државните лекари почнале да вадат расипани заби, ветувајќи дека ќе ги заменат во надоаѓачките месеци – а потоа претседателот изгубил. Низ интервјуа со оние што најмногу биле погодени од кампањата гледаме приказна за каприците на политичката моќ и пркосот на оние што обично ја имаат најмалку – филм на кој му недостасуваат заби, но кој е далеку од беззаб. Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители. https://youtu.be/LGFSv3Xs_AU?si=b-hGab0FHJOix_yz  

The post Проекција на „Насмеаната Грузија“ на „Зимски МакеДокс“ во Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskiot-kratkometrazhen-film-stsenarioto-na-aleksandra-kardalevska-so-golem-uspeh-na-svetskite-filmski-festivali/ Thu, 21 Nov 2024 07:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=840128

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика.

По успешната светска премиера на престижниот 45. Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29. Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали.

Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија.

Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио.
Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот.

Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска.

Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот филм на режисерката Александра Кардалевска со наслов „Сценариото“ (The Script), доживува голем успех на светската филмска сцена, освојувајќи бројни награди и селекции на реномирани фестивали ширум светот. Ова достигнување ја претставува македонската кинематографија на глобално ниво, истовремено носејќи уникатна и моќна приказна до интернационалната публика. По успешната светска премиера на престижниот 45. Московски филмски фестивал и меѓународната премиера на 29. Фестивал на фантастични филмови во Билбао, филмот имаше можност да се прикаже на бројни значајни филмски настани како што е „FilmQuest“- еден од водечките жанровски фестивали во светот што се одржува во Јута, САД, потоа Фестивалот Cinefantasy во Сао Паоло, Бразил, како и низа други меѓународни фестивали. Досега, филмот има освоено петнаесетина значајни награди, меѓу кои: Наградата од публика на 33-тиот Фестивал на фантастични филмови Манчестер; Големата награда од жирито на Бакунава Фест, Филипини, најстариот и најголем фестивал за жанровски филмови во Азија; награда на CineLibri во Бугарија; награди на Фестивалот Фантазмагорија во Колумбија; Фестивалот Paradise во Унгарија; наградата на Galactic Imaginarium во Романија; Descubierto Fantasy Film Festival во Перу; како и две значајни награди – Главната награда од жирито и Наградата од критиката – на фестивалот Fantasy Day во Италија. Исто така, филмот ја освои наградата за најдобро сценарио на „Balkan Nordic Film Festival“ во Стокхолм и награда за најдобра кинематографија на Cinematic European Film Festival во Романија. Филмот беше прикажан и пред домашната публика на неколку македонски фестивали каде ја освои наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот „Преку Езерото“ во Дојран и TIFF ODA во Тетово, а на Астер Фест во Струмица ја освои наградата за Најдобро сценарио. Со своето учество и успех на овие фестивали, “Сценариото” не само што придонесува за интернационалната промоција на македонската кинематографија, туку и ја носи уметноста на Кардалевска до публика ширум светот. Филмот раскажува фантастична приказна која одекна и кај публиката и кај критичарите, а неговиот успешен фестивалски живот е доказ за посветеноста на целата актерска и креативна екипа што стои зад филмот. Во „Сценариото“ кое е подржано од нашата Агенција за филм, играат истакнати актери, меѓу кои се Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Мони Дамевски и Ана Стојановска. Визуелната естетика на филмот е дело на директорот на фотографија Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Чачоровски, монтажата е на Блаже Дулев, а дизајнот на звукот го изработи Дарко Спасовски-Пацки. Дизајнот и изработката на костимите се на Онур Озџан, Маја Ѓуреска и Антонија Гугинска Јорданоска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска Живковска. Филмот е во продукција на Лајт Продакшн, во копродукција со Круг Филм и Алка Филмс од Скопје, Ikone Studio од Косово и Kube Studios од Албанија.

The post Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска со голем успех на светските филмски фестивали appeared first on Република.

]]>